Правда и внатрешни работи


Ве молиме опишете ги реформите на полицијата кои се имплементирани во последниве години



бет28/51
Дата29.06.2016
өлшемі3.39 Mb.
#166383
1   ...   24   25   26   27   28   29   30   31   ...   51

12. Ве молиме опишете ги реформите на полицијата кои се имплементирани во последниве години.

Уставот на Република Македонија (17 ноември 1991 година) создаде основа за воспоставување правна држава врз демократски принципи и начела, што подразбира легалитет и легитимитет во постапувањето на сите државни органи, вклучувајќи ја и полицијата.

Во процесот на транзиција карактеристични се промените во областа на етиологијата и феноменологијата на криминалитетот, појава на нови форми и облици на криминал со елементи на насилство, појава на организиран и транснационален криминал (трговија со луѓе, трговија со оружје и дрога, тероризам, перење пари, корупција и сл.). Изминатите години се преземаа интензивни активности со цел развивање на соодветна безбедносна структура, адекватна на потребата од превенција и спречување на наведените облици на криминал.

Преземени се низа чекори за зајакнување на капацитетите за функционирање на Министерството за внатрешни работи согласно целите и основните принципи на работа, унапредување на методологијата на работа, како и соодветно структуирање и димензионирање на полицијата, согласно потребите на целокупниот безбедносен систем во Република Македонија.



Преземање на надлежноста за Гранична полиција

Трансферот на надлежноста за безбедноста на границата од Армијата на полицијата е една од карактеристиките на реформските процеси во полицијата, кој се реализира согласно утврената Стратегија (види Оддел А на ова поглавје).



Азил и миграција

Прашањата за миграција и азил се од посебен интерес во рамките на Министерството за внатрешни работи, особено што истите согласно Пактот за стабилност по својата суштина претставуваат национални и регионални прашања. Согласно донесениот Национален акционен план за миграција и азил, усогласено е националното законодавство со европските стандарди ,зајакната е регионалната соработка во оваа сфера, што целосно кореспондира со целите на процесот на стабилизација и асоцијација на Република Македонија во структурите на Европската унија.



Развој на човечки ресурси

Начинот на образование и обука на полициски кадри за потребите на Министерството за внатрешни работи и другите безбедносни структури во Република Македонија во изминатиот период се остваруваше преку Средното полициско училиште (формирано 1972 година) и Факултетот за безбедност и општествена самозаштита (формиран 1977 година). Во периодот од 1995 година, согласно Законот за основање на Центар за образование на кадри за областа на безбедноста (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.27/95 и 98/2002), Центарот за образование на кадри за областа на безбедноста е образовна установа за средно стручно образование на кадри за потребите на Министерството за внатрешни работи. Од учебната 1997/98 година не се врши упис на кандидати во Средното полициско училиште, така што последната генерација го заврши школувањето во учебната 1999/2000 година. Со истиот закон е укинат Факултетот за безбедност и општествена самозаштита, кој престана со вршењето на дејноста на 31.09.2003 година.

Со укинувањето на редовното високо образование од оваа област, поради укинувањето на Факултетот за безбедност, како и престанување со запишување на учесници во Средното полициско училиште, се создаде своевиден вакум што имаше негативни последици во областа на обезбедувањето на континуирано образование на кадри за потребите на Министерството за внатрешни работи и за другите безбедносни структури во Република Македонија. Оттука, се конципираше на нов систем на образование на кадри за областа на безбедноста, во кој преку различни степени на полициска едукација, со јасно прецизирани цели ќе се обезбеди профил на полициска оспособеност согласно европските и светските стандарди.

Со Законотот за Полициската академија (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.40/2003 се основа Полициска академија - како високообразовна државна , установа од областа на безбедноста, каде се образуваат кадри за потребите на Министерството за внатрешни работи, други државни органи, како и други организации, установи и правни лица кои вршат дејност од областа на безбедноста и воспоставување на модерен и заокружен систем за образование на кадри, како за стекнување на високо образование, стручен степен – специјалист, научен степен - магистер и научен степен – доктор на науки, така и за стекнување на континуирано образование за лица со веќе стекнат степен на образование (основна обука за полицаец, специјална обука и обука за раководење во подрачја на безбедноста - менаџмент во безбедноста), со што ќе се обезбеди профил на полициска оспособеност и култура со висок степен на иницијативност, професионалност и стручност во извршувањето на работните задачи.



Етаблирање на систем на професионални стандарди

Министерството за внатрешни работи континуирано работи на создавање институционални капацитети кои ќе овозможат непосредно разрешување и документирање на пречекорувањата на законските овластувања, злоупотребата на службената положба, како и други противзаконски дејствија преземени од страна на припадници на Министерството.

Во Министерството за внатрешни работи функционира и континуирано се развива овој сегмент преку конкретна организациона форма – Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди, надградувајќи го својот капацитет од организациски, легислативен и едукативен аспект согласно најдобрите светски стандарди и практики во оваа област.

Наведените заложби се детерминирани пред се од потребата за создавање на повисок квалитет во извршувањето на истрагите по основ на жалби и поплаки кои се однесуваат на незаконско и непрофесионално однесување на припадниците на Министерството за внатрешни работи, како и откривање и соодветно документирање на незаконските дејствија и постапки сторени од припадници на Министерството за внатрешни работи. Согласно компаративните искуства и стандарди, во оваа организациона единица е предвидена и компонента за надзор над реализацијата на финансиски и материјални средства, односно редовно и континуирано следење на располагањето со финансиските средства на Министерството и нивното правилно и законито користење.

Согласно надлежностите на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, Министерството за внатрешни работи задолжително ги испитува случаите каде е употребено огнено оружје од страна на неговите припадници, кои резултирале со повреда на одредено лице или во кои настапиле смртни последици. Овие случаи, кои согласно досегашната методологија на работа ги испитуваше посебно тело, односно комисија во рамките на Министерството, според основните постулати на системот на внатрешна контрола и професионални стандарди преминуваат во надлежност на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи.

Концепт ,,Community policing’’

Соработката меѓу полицијата и граѓаните претставува суштинска определба на Министерството за внатрешни работи поседните години, која произлегува од стратешката цел на Република Македонија за приближување кон европските стандарди во сите области на нејзиното функционирање, а конкретно во областа на безбедноста. Оваа определба се остварува во рамките на реформскиот процес што на Министерството треба да му овозможи доближување до најдобрите практики на Европската унија, преку конструирање модел на полициска организација насочена кон афирмација на социјалните вредности во функција на граѓанинот, односно модел на ефективно ангажирање и целосно вршење на полициската функција, што ќе придонесе и за подобрување на квалитетот на живеење, заштита на правата и обезбедување мир и сожителство меѓу сите граѓани на Република Македонија

Министерството за внатрешни работи, во рамките на законските надлежности и во соработка со меѓународните организации во Република Македонија, по успешното имплементирање на Главниот план за враќање на полицијата во поранешните кризни подрачја, враќањето на поголемиот дел од внатрешно-раселените лица и по воспоставувањето на полициската функција преку привремените полициски станици и патролирањето на етнички мешаните патроли, во полициските станици и во подрачните организациони единици на Министерството, спроведе обемни и интензивни активности за градење меѓусебна доверба и партнерство меѓу полицијата и населението на локално ниво.

Користејќи ги компаративните искуства на голем број земји каде успешно функционира соработката помеѓу полицијата и локалното население, Министерството за внатрешни работи, во соработка со Одделот за развој на полицијата при ОБСЕ, работи на континуирана имплементација на овој концепт, чија цел е зајакнување на односите помеѓу населението и полицијата преку партнерство, подобрување на комуникацијата и размена на информации.

Наведениот концепт на соработка меѓу полицијата и граѓаните претставува еден од основните постулати на Проектот Стратегија за реформи во полицијата, преку планирање на соодветна имплементација на истиот во рамките на надлежностите на Министерството за внатрешни работи како современ модел на полициска организација, чие воспоставување е предвидено во процесот на реформи во полицијата.

Меѓународна полициска соработка и меѓународна соработка

Во годините по осамостојувањето, а особено од 1992 година, Министерството за внатрешни работи започна интензивни активности за воспоставување на меѓународна соработка и тоа најнапред преку етаблирање на билатерална соработка на полето на безбедноста со соседните земји и земјите од регионот, преку воспоставување на билатерална и мултилатерална соработка со земјите во Европа и светот.

Согледувајќи ја заканата од феноменот на организираниот криминалитет, Република Македонија презема широк аспект на активности и мерки, за обезбедување соодветен и ефективен пристап на овој проблем, согласно релевантните стандарди и најдобри практики на Европската унија.

Дел од активностите на Министерството за внатрешни работи е создавање институционални капацитети за воспоставување на меѓународна полициска соработка и нивно концентрирање во една организациона единица во рамките на Министерството за внатрешни работи. По стекнување на статус на земја – членка на ИНТЕРПОЛ, Република Македонија презеде активности за воспоставување на организационен облик во структурите на Министерството за внатрешни работи и формира посебно Одделение ИНТЕРПОЛ – Скопје, кое постепено се развива и зајакнува, добивајќи статус на посебен Сектор за НЦБ ИНТЕРПОЛ, односно Сектор за меѓунарoдна полициска соработка – Скопје.

Соочувајќи се со организираниот криминал како една од најсериозните закани за секоја држава, а истовремено согледувајќи го местото и организационата поставеност на службите чија задача е соработка со криминалистичките полиции на странски држави, Министерството за внатрешни работи, во рамките на континуираната подготовка на постојните институционални капацитети во оваа област, во текот на 2003 година формира Сектор за меѓународна полициска соработка, во чиј состав се опфатени релевантните сегменти во меѓународната полициска соработка на Министерството со INTERPOL, SECI, EUROPOL, SIRENE и сл.

Во Министерството за внатрешни работи формирана е посебна организациона единица – Сектор за меѓународна соработка, чија основна надлежност е следење, организација и координација на меѓународната активност и соработка на Министерството за внатрешни работи на меѓудржавно, регионално и меѓународно ниво преку склучување и имплементација на меѓународно-правни инструменти, со посебно Одделение за европска интеграција, како организациона единица надлежна за организирање, координирање и синхронизација на процесот на европска интеграција во областа на внатрешните работи.




Достарыңызбен бөлісу:
1   ...   24   25   26   27   28   29   30   31   ...   51




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет