ОБЈава бр. 02/2016 за продажба на движни ствари- разновиден отпад по пат на електронско јавно наддавање 1



Дата20.06.2016
өлшемі113 Kb.
#149395

Согласно член 47, 48 и 49 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република“ бр. 78/15, 106/15 и 153/15) и Одлуките за продажба на движни ствари бр. 42-685/1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12 од 01.03.2016 година, Комисијата за недвижни и движни ствари на Министерството за одбрана објавува


ОБЈАВА бр.02/2016

за продажба на движни ствари- разновиден отпад

по пат на електронско јавно наддавање
1. Предмет на продажба се движни ствари – разновиден отпад утврден со Одлуките за продажба на движни ствари бр. 42-685/1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12 од 01.03.2016 и решенијата на министерот за одбрана бр. 03-1831/2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12 и 13 од 18.03.2016 година и тоа:


Ред.

бр.


Номенклатурен број и назив

Ед.

мер.


Количина

Проценета вредност денари



9905-0000-0481-5

Отпадок од отпадно масло



кг

463

463



9905-0000-0667-8

Отпадок од никлокадмиум



кг

13.002

65.010



9905-1284-1647-2

Отпадок од стакло



кг

10

10



9905-0000-0028-7

Отпадок од пластика



кг

13.400

93.800



9905-0000-0391-4

Отпадок од гума



кг

25.050

50.100



9905-0000-0062-7

Отпадок од електрометал



кг

24.958

374.370



9905-0000-0234-2

Отпадок од оловни акумулатори



кг

8.050

241.500



9905-0000-0035-4

Отпадок од олово



кг

125

5.625



9905-0000-0017-2

Отпадок од алуминиум



кг

9.700

485.000



9905-0000-0015-9

Отпадок од месинг



кг

3.218

353.980



9905-0000-0023-8

Отпадок од лим



кг

25.000

100.000



9905-0000-0012-3

Отпадок од железо



кг

276.081

418.446




Вкупна вредност на стварите

2.188.304

2. Продажбата на движните ствари ќе ја спроведе Комисијата за недвижни и движни ствари на Министерството за одбрана, формирана со Решение бр.02-4910/1 од 03.09.2016 година по пат на електронско јавно наддавање.

3. Јавното електронско наддавање ќе се изврши на интернет страницата е-aukcii.finance.gov.mk на 25.04.2016 година со почеток во 11.00 часот.

4. Увидот на движните ствари – разновиден отпад, ќе се одржи на локација – Собирно продажен центар во Ѓорче Петров - Скопје на ден 15.04.2016 од 13.00 до 14.00 часот.

5. Цената за продажба на движните ствари – разновиден отпад, е утврдена со проценка од страна на Бирото за судски вештачења – Скопје бр. СВ V223/15.

6. Пријавувањето за учество на јавното наддавање се врши електронски на следната интернет адреса: е-aukcii.finance.gov.mk

Право на учество на јавното електронско наддавање имаат сите домашни и странски правни лица кои ќе достават:


  • Пријава за учество,

  • Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2% од проценетата вредност на движните ствари со рок на важење 60 дена од издавањето во корист на Министерство за одбрана, трезорска сметка 100000000063095, сметка на МО 050010011663115, приходна шифра на Министерството за одбрана 725939, програма 22. Банкарската гаранција се доставува во оригинал во архивата на Министерството за одбрана со назнака за Комисија за недвижни и движни ствари на МО - Објава 2/2016.

  • ДРД образец со наведена регистрирана дејност;

  • Тековна состојба на правното лице од единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица.

  • Изјава дека во последните 5 (пет) години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари;

  • Потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;

  • Потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;

  • Потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство јавно-приватно партнерство; 

  • Потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;

  • Потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност;

  • Дозвола за вршење на дејност собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад;

  • Дозвола за вршење на дејноста складирање и третман на отпад (со ставки за неопасен и опасен отпад);

  • Дозвола за постапување со отпадна електрична и електронска опрема (OEEO);

  • Доказ дека поседува мобилна авто преса за балирање;

Документите се прикачуваат електронски на софтверот и не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци.
7. За учество на јавното наддавање, учесниците се должни електронски да се пријават на системот до истекот на 10-от ден, сметано од денот на објавување на објавата во дневните весници и на интернет страницата.

Комисијата на подносителите кои во системот за електронско јавно наддавање се пријавиле со комплет документи во прилог, наведени во точка 6 од објавата, во рок од три дена по истекот на времетраењето на објавата ќе им достави корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.

8. Начин и постапка за спроведување на јавното наддавање:

- Јавното наддавање се спроведува во согласност со одредбите во член 26 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15, 106/15 и 153/15).



- За да се одржи јавното наддавање, потребно е да има најмалку еден учесник.

- За најповолен понудувач на јавното наддавање се смета учесникот кој понудил последна цена, која претставува највисока цена за продажба на движните ствари.

- Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од приемот на писменото известување за избор, да уплати средства согласно постигнатата крајна цена од наддавањето, во спротивно нема да се пристапи кон склучување на договор, а банкарската гаранција за сериозност на понудата ќе биде активирана и понудувачот во период од 1 година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната движна ствар.

- Носителот на правото на сопственост со најповолниот понудувач, ќе склучи договор за купопродажба во рок од 5 работни дена по извршената уплата на цената на движната ствар.

- Данокот за додадена вредност и евентуалните нотарски трошоци за купопродажба на движните ствари ќе паднат на товар на купувачот.

9. Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање. Приговорот се доставува до Комисијата во рок од 3 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање. Комисијата одлучува по приговорот со решение во рок од 5 дена од приемот на приговорот. Против решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
За поблиски информации заинтересираните лица да се обратат до Министерството за одбрана, лице за контакт Елвин Ејуб тел. 02/328-2377 и 070-403-123.
Комисија за недвижни и движни ствари

на Министерство за одбрана








Достарыңызбен бөлісу:




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет