Општина Гевгелија и во текот на 2013 година настојуваше преку унапредување на меѓународната соработка да ја афирмира општината и можностите за инвестирање



Дата09.07.2016
өлшемі47.19 Kb.
#185912
Општина Гевгелија и во текот на 2013 година настојуваше преку унапредување на меѓународната соработка да ја афирмира општината и можностите за инвестирање. Истовремено, преку меѓуопштинската соработка со земји-членки на ЕУ да стекне нови искуства, но и настапи со заеднички проекти пред меѓународните институции. Во поглед пак на прекуграничната соработка и минатата година активностите беа насочени кон реализација на одобрените проекти во рамките на ИПА- Програмата за прекугранична соработка со Грција и Бугарија.

Организирањето на саемот на производи „Гевгелија 2013“, како дел од проектот за отворање на Бизнис центар, финансиран од ИПА-ППС со Грција, претставуваше убава можност за презентација на гевгелиската прехранбена индустрија во пограничниот регион. Од друга страна, средбите на градоначалникот на општината со претставници на странските држави во нашата земја и нивниот престој во Гевгелија, пред се, американскиот, рускиот, австрискиот, словачкиот и амбасадорот на ЕУ во нашата земја, претставуваа добра можност за афирмација на општината. Секако и запознавање со нејзиниот развој и можности за странски вложувања.

Прекуграничната соработка, главно, беше насочена кон реализација на одобрените проекти во рамките на ИПА-Програмата за прекугранична соработка со Република Грција и Република Бугарија. Во втората половина од 2013 година беа потпишани договорите и иницирани подготвителните активностии за изградба на одводниот канал за атмосферски води во Негорци, како дел од проектот „Развој на механизми за одржливо управување со речните сливови како мерка за претпазливост против поројните феномени. Беше презентиран и проектот Промовирање на одржлив туризам и заштита на животната средина преку партнерство“ со кој се предвидува изградба на еко патека на Вардарски рид кај Гевгелија, која ќе биде уредена и опремена со места за набљудување (видиковци) и информативни табли кои содржат информации за флората и фауната во општината и поширокиот регион. Проектот заеднички се реализира со општина Разлог од Бугарија, во рамките на ИПА-ППС со Бугарија. Од истата програма на општина Гевгелија, како партнер, и беше одобрен уште еден проект – реконструкција на покривот на Пионерскиот дом, каде што лидер партнер е општина Банско од Бугарија. За реализација на овие три проекти на општина Гевгелија и беа доделени над 500.000 евра.

Со збратимувањето на општина Гевгелија со градот Пазин продолжи проширувањето на соработката со општини во земјите-членки на ЕУ. Со потпишаниот меморандум за збратимување со Пазин беа отворени можности за конкретизирање на соработката на стопански и културен план. Во таа насока беа и воспоставените контакти меѓу надлежните одделенија на двете администрации за утврдување на посебна програма за културна размена, како и поврзување на бизнис заедниците од двете општини. Минатата година продолжија контактите и размената на искуства и со другите збратимени општини.

Минатата година општина Гевгелија ја продолжи воспоставената соработка со меѓународните институции и фондови, во рамките на веќе одобрените проекти, но и преку аплицирањето кон новите програми. За поуспешно остварување на соработката беа потпишани договори со Делегацијата на ЕУ, а продолжи соработката со УНДП, УСАИД, Швајцарската агенција за развој, KFW банката преку реализацијата на конкретни проекти и активности.

Значајно е да се одбележи дека Денот на Европа во Гевгелија беше одбележан со отворање на ЕУ Инфо-точка, како дел од европската комуникациска мрежа. EУ инфо-точката се наоѓа во Туристичко-информативниот центар, во центарот на Гевгелија. Со тоа на граѓаните на општината Гевгелија им е овозможено полесно да доаѓаат до информации за ЕУ. Отворањето на ЕУ инфо-точката е уште една потврда за успешната соработка со општина Гевгелија, порачаа од делегацијата на ЕУ во нашата земја, кои што организираа и посета на ЕУ-автобусот во Миравци.

ПРОЕКТИ ПОДРЖАНИ ОД МЕЃУНАРОДНИ ИНСТИТУЦИИ И ФОНДОВИ

проект

евра

носител / донатор



















Прекугранична соработка

"Основање на центар за посредување при вработување и создавање бизниси и на локален саем во прекуграничниот регион"

95.000

Општина Гевгелија
ИПА-ППС меѓу Република Грција и Република Македонија

Прекугранична соработка Промовирање на одржлив туризам и заштита на животната средина преку партнерство“

173.838

Општина Гевгелија
ИПА –ППС меѓу Република Македонија и Република Бугарија

Прекугранична соработка

Промовирање на иновативно претприемништво преку формирање на кластер за ароматични и фармацевтски производи“



83.550

Фондација за локален развој
ИПА-ППС меѓу Република Грција и Република Македонија

Прекугранична соработка

Развој на електронска берза за земјоделско – прехранбени производи во прекуграничната област “



90.000

Фондација за локален развој
ИПА-ППС меѓу Република Грција и Република Македонија

Прекугранична соработка

Вмрежување и трансфер на знаење за одржлив економски туристички развој“



50.000

Фондација за локален развој
ИПА-ППС меѓу Република Бугарија и Република Македонија

Развој на механизми за одржливо управување со речните сливови како мерка за претпазливост против поројните феномени

190.652


Општина Гевгелија
ИПА- ППС меѓу Република Македонија и Република Грција

Меѓуопштинска соработка во енергетската ефикасност– општини Гевгелија, Валандово и Богданци

18.000


УНДП


Пречистителна станица

9.600.000

Влади на Швајцарија, на Грција и на Македонија

Програма за кредитирање на водоснабдување

489.000

KFW банка




Достарыңызбен бөлісу:




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет