Посета на членови од О. О. Свети Николе на Берово На 31 Октомври 2013 година, членови на нзспш од Општинскиот Огранок Свети Николе беа во еднодневна посета на Берово



Дата11.07.2016
өлшемі21.09 Kb.
#190029
Посета на членови од О.О. Свети Николе на Берово

На 31 Октомври 2013 година, членови на НЗСПШ од Општинскиот Огранок Свети Николе беа во еднодневна посета на Берово. На иницијатива на претседателот на огранокот, г-дин Стојан Гигов, 30 члена од огранокот учествуваа во т.н. „еднодневна екскурзија до Берово“. Повод за посетата е запознавање на членството со процесот на производство и користење на дрвениот чипс како и уживање во природните убавини на Малешевијата.

Активноста започна со пристигнување на групата пред магацинот во с. Смојмирово каде НЗСПШ го складира произведениот дрвен чипс и ја чува машината за производство на истиот (чипер). Тука членовите имаа можност преку прашања да се запознаат со начинот на работа, техничките спецификации и останати карактеристики на чиперот. Откако се одговорија сите прашања и се објаснија сите нејаснотии во врска со чиперот и процесот на производство на дрвен чипс, групата продолжи кон с. Двориште. По претходен договор, по патот застанавме во месноста Сливница, за појадок. Присутните беа изненадени од убавината и чистиот воздух во овој дел од Македонија, а наспроти предвидувањата, денот започна со убаво и сончево време. Се беше предодредено за една убава екскурзија. Како што спомнавме главна причина за посетата беше запознавање со целосниот циклус на греење на дрвен чипс, од производство до горење. За ваквиот начин на затоплување и Општина Св.Николе пројави интерес. За таа цел со групата требаше да дојде и нејзин претставник, кој во последен момент бил спречен во тоа. Сепак огранокот зема за обврска да ја пренесе информацијата во општината која својот интерес го покажа давајќи го на огранокот да го користи општинскиот автобус за потребите на посетата. По пристигнувањето во с.Двориште се упативме кон подрачното училиште. Можеби до тогаш се уште имаше некој резервиран став кон идејата за затоплување со дрвен чипс, но откако го видоа целосниот автоматизиран систем, и последните сомнежи беа надминати. За голема жал, поради топлото време, членовите не можеа да го видат системот во работа, но затоа до детали, од страна на домаќинот во училиштето, им беше објаснета секоја фаза, од складишниот простор за чипс до последната цевка во котларата. Дури тогаш членовите од огранокот кои лобираа ваков систем да се инсталира и во нивната општина беа целосно уверени во неговата функционалност и економичност.

Откако не остана ниту едно прашање неодговорено заминавме од с.Двориште назад кон Берово во посета на женскиот манастирот Св. Архангел Михаил во Берово. Таму од страна на монахињата ни беше раскажана историјата на манастирот и ни покажа одредени делови од конаците.



Како крајна дестинација беше посетата на водопадите во месноста Равна Река во Пехчево. Иако во поодминати години, убавината на природата ги натера луѓето да искачат до самите водопади. Кога веќе се спуштивме повторно на патот, почнавме да ги кажуваме впечатоците од виденото. Се наметна заклучок дека загревање на дрвен чипс е многу економично и корисно од многу аспекти како екологија, чистење на шумски отпад и урбана дрвна маса и слично. Од друга страна присутните беа воодушевени од природните убавини на Малешевијата. Ваквите средби и посети на кои се разменуваат искуства треба многу почесто да се организираат во НЗСПШ. Полни со убави спомени и желби за повторно видување групата си замина за Св.Николе.

Достарыңызбен бөлісу:




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет