Програма за активностите на Општина Гевгелија, во областа на Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии Гевгелија



Дата18.07.2016
өлшемі90.32 Kb.
түріПрограма
Врз основа на член 36, став 1, точка 15 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на РМ, бр. 5/02 год.) и член 38, став 1, точка 44 од Статутот на Општина Гевгелија (Службен гласник на Општина Гевгелија, бр.25/06 год.) Советот на Општина Гевгелија на седницата одржана на ____ 2013 година донесе


НАЦРТ – ПРОГРАМА

За активностите на Општина Гевгелија, во областа на Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија

за 2013 година.


  1. Програмски активности и развојни приоритети

Програмата за работа на Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија (ФЛОРИТ) во 2013 година, пред се, е условена со имплементација на проектите кои беа одобрени за финансирање од повеќе домашни и меѓународни организации, како и локални и државни институции. Во 2013 година, ќе се реализираат проекти каде што како подносител и имплементатор се јавува Фондацијата, а тоа се:




    1. Промовирање на иновативно претприемништво преку формирање на кластер за ароматични и фармацевтски производи (акроним INCLUDE);

    2. Вмрежување и трансфер на знаење за одржлив економски туристички развој (акроним NET -TOUR), и

    3. Развој на електронска берза за земјоделско – прехранбени производи во прекуграничната област (акроним E-auction).

Проектите под реден број 1 и 2 се одобрени и се во процес на имплементација, додека проектот под реден број 3 е одобрен и се чека на потпишување договор за отпочнување на имплементација.


Исто така, согласно превземаните обврски и потпишаните договори со Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Р. Македонија, како Управувачки орган на Програмата за соседство со Р. Грција, како и со Заедничките технички секретаријати од Ќустендил и Солун, одговорни за имплементација на Програмата за прекугранична соработка со Р. Бугарија и Р. Грција соодветно, за наредната 2013 година се предвидени дел од активностите од проекти кои што се започнати во тековната година и тоа:



  1. „Основање на  Центар за посредување при вработување и создавање бизниси и на локален трговски саем во прекуграничниот регион,

  2. „Развој на механизми за одржливо управување со речните сливови како мерка за претпазливост против поројните феномени, и

  3. „Промовирање на одржлив туризам и заштита на животната средина преку партнерство“.

Во 2013 година најавени се и нови повици за поднесување на предлог проекти во рамките на прекуграничната соработка со Р. Бугарија и Р. Грција, каде што Фондацијата, како и досега ќе подготви проекти и апликации, како за општина Гевгелија, така и за Фондацијата за да се добијат што е можно повеке проекти.

Во 2012 година започнаa активностите за ревизија на Програмата за енергетска ефикасност на општина Гевгелија, која поради измените во Законот за енергетика од 2011 година, неопходно е да биде ревидирана. Согласно програмата, како и потпишаните договори со УНДП, која што финансиски го подржува реализирањето на проектот за воспоставувањето на меѓуопштинска соработка (МОС) помеѓу општина Гевгелија, општина Богданци и општина Валандово од областа на енергетската ефикасност, договорена е имплементација на најмалку еден проект од истата програма, кој што ќе се реализира заедно со партнерските општини Богданци и Валандово.

Исто така, во 2013 година предвидено е медиумска кампања за потребата од енергетска ефикасност, која ќе ги опфати младите од општината, потпочно учениците во средното училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.

Фондацијата има превземено обврски во партнерските мрежи каде што учествува, тука, пред се, се мисли на Мрежата за рурален развој, Здруженијата на граѓани кои работат на полето на животна средина и оддржлив развој, како и на формираната партнерска мрежа со здруженијата од Бугарија, кои работат на полето на обновливите извори на енергија и енергетска ефикасност.

Фондацијата и во наредната година ќе продолжи со практиката за опслужување на сите партнерски организации кои делуваат во регионот, како што се „Центарот за развој на југоисточниот плански регион“, како и проектните канцеларии на меѓународните донаторски организации на ГИЗ, УНДП и УСАИД.

Фондацијата, како и досега, во претстојната 2013 година ќе иницира, предлага и подготвува проектни задачи и апликации до разни донаторски организации, во интерес на општина Гевгелија, по претходна консултација со општинската администрација, Советот на општината и Градоначалникот на општина Гевгелија. Одредени активности на Фондацијата може да се планираат за работа во претстојната 2013 година, а дел ќе се реализираат според потребите на Општината и јавните повици на меѓународните организации за доделување на грантови во одредени области, што впрочем е пракса секоја година во Република Македонија.



  1. Финансирање на работата на Фондацијата за локален развој и развој на информатичка технологија

За реализација на активностите предвиден е буџет, кој што всушност претставува и учество на Фондацијата при изработка и имплементација на проектите.




Буџет на Фондација за локален развој и развој на ИТ Гевгелија

2013

Трошоци (во денари)

Вкупно месеци

По месец

Вкупно

1. Човечки ресурси










1.1 Плати и надоместоци










1.1.1. Администрација – Фондација / Туристичко информативен центар

12

141 500

1 698 000

1.2 Надградување на човечките ресурси










1.2.1 Учество на семинари / конференции

12

3000

36 000

1.2.2 Тренинг/ обуки

12

2000

24 000

Вкупно човечки ресурси







1 758 000













2. Патувања










2.1 Меѓународни патувања










2.1.1. Студиски патувања ( конференции и семинари )

12

2000

24 000

2.1.2. Патни трошоци

12

4500

54 000

Вкупно за патувања







78 000













3.Локални трошоци за канцеларија










3.1. Трошоци за канцеларија










3.1.1. Изнајмување на простор










3.1.2 Електрична енергија ( греење и ладење )










3.1.3. Греење










3.1.4. Вода и ѓубрарина

12

1500

18 000

3.1.5. Пошта, телефон и интернет

12

1000

12 000

3.1.6. Поправка и одржување на ИТ опрема

12

1500

18 000

3.2. Потрошен материјал










3.2.1. Канцелариски набавки ( хигиенски средства )

12

1000

12 000

3.2.2. Канцелариски материјал

12

500

6 000

3.2.3 Одржување и чистење на просториите

12

2000

24 000

Вкупно трошоци за канцеларија







90 000













4. Други трошоци , услуги










4.1. Публикации ( web страна, одржување и хостинг)

12

1000

12 000

4.2. Финансиски трансакции, данок

12

1000

12 000

4.3. Сметководствени услуги

12

4000

48 000

4.4. Евалуациони трошоци










4.5. Трошоци за пререгистрација и нотарски услуги










4.6. Непредвидени трошоци






















Вкупно други трошоци







72 000

























Вкупно трошоци







1 992 000

Фондација за локален развој и развој на информатички технологии - Гевгелија



Директор

Ристо Атанасовски с.р.
Каталог: docs
docs -> Қызылорда облысының 2015 жылғЫ Әлеуметтік-экономикалық даму нәтижелері
docs -> Бекітемін Тарих және шетелдік студенттермен жұмыс факультетінің деканы
docs -> Программа по истории Казахстана: программа для 5-9 кл. / Б. К. Абдугулова. Алматы, 1999. 42 с. Абдугулова, Б. К. «Воспитание учащихся в духе дружбы народов при изучении истории ссср»
docs -> Қазақстан Республикасының Заңы
docs -> А. С. Пушкин атындағы шығыс қазақстан облыстық кітапханасы а. С Пушкин атындағы кітапхана қорына түскен жаңА Әдебиеттер тізімі


Достарыңызбен бөлісу:


©dereksiz.org 2019
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет