Пспк „7-ми Мај„ Битола



Дата12.07.2016
өлшемі18.16 Kb.
#193327
ПСПК „7-ми Мај„ – Битола

Ул. Булевар 1-ви Мај бр.65 Битола



Тел: (071) 294 170

е-mail:pspk.7maj.bitola@gmail.com

Битола, Април, 2015 год.



ПОКАНА

До: __________________________________________________


Почитувани планинари!

Полицискиот планинарски спортски клуб „7-ми Мај„ од Битола по повод Денот на безбедноста 7-ми Мај ги организира четвртиот по ред традиционален планинарски марш „Смилево 2015„.Истиот ќе се изведе на ден 03.05.2015 год. (недела) во времето од 06.оо до 16.оо часот на релација од Битола – превој Ѓавато (Дервен) – пл.врв Голем Камен(Пирамида) - с.Смилево - Битола.

На маршот ќе земат учество повеќе планинари од планинарските клубови од Битола и републиката.

Собирањето на учесниците на маршот е во времето од 06.оо до 06.15 час. кај фонтаната пред СВР Битола и превезување на истите со автобус до превој Ѓавато(Дервен) од каде е предвиден старт на маршот во 07.оо часот. Враќање од с.Смилево до Битола е предвидено во 16.оо часот.


Превозот од Битола(фонтана пред СВР Битола) до превој Ѓавато(Дервен) и од с.Смилево до Битола е организиран по цена од 200.оо ден. по учесник.
Од страна на организаторот е обезбеден ручек во с.Смилево, а секој учесник на маршот потребно е со себе да понесе прибор за јадење.
НАПОМЕНА: Сите учесници на маршот треба да бидат во добра психофизичка кондиција. Задолжително е користење на опрема за зимски услови, бидејќи на одредени делници од патеката сеуште има снег. Патеката е средно тешка, маркирана и во должина од 18 км.

Пријавувањето на планинарските клубови и поединци да се изврши најдоцна до 30.04.2015 год.(четврток) со поднесување на пријавата по факс,e-mail или по пошта на адресата на ПСПК „7-ми Мај„ Битола.


Пријавување и подетални информации на телефонските броеви:
071/ 294-170 - Димче
075/ 482-877 - Стојан
070/395-892 - Стевче 


ПСПК „7-ми Мај„ – БИТОЛА

Претседател,

г-дин, Димче Ѓоргиевски

Достарыңызбен бөлісу:




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет