Република Македонија управен суд су бр. 01-588/11 25. 08. 2011 година Скоп ј е



жүктеу 47.25 Kb.
Дата23.07.2016
өлшемі47.25 Kb.


Република Македонија

УПРАВЕН СУД

Су.бр. 01-588/11

25.08.2011 година

С к о п ј е

  

 



ВД претседателот на Управниот суд, судија Газменд Фејзуљи, согласно со член 88 од Законот за судовите („Службен весник на РМ“бр.58/06, бр.35/08, бр.150/10), по одржаната седница на судиите на Управниот суд, на 25.08.2011 година, ја изврши следната:

 

измена И ДОПОЛНУВАЊЕ НА РАСПОРЕДОТ ЗА РАБОТА



НА УПРАВНИОТ СУД ЗА 2011 ГОДИНА

 

 



Наместо поранешниот претседател на Управниот суд, Розалиа Кочковска, до изборот на нов претседател, за ВД претседател на Управниот суд, е именуван судија Газменд Фејзуљи.

 

Судијата Мустафа Шахини, веќе нема својство на заменик на претседателот на судот.



 

Заменик на претседателот на судот, ќе биде определен откако ќе биде избран претседател на Управниот суд.

 

ПОМОШНО ТЕЛО

 

ВД претседателот на Управниот суд, судија Газменд Фејзуљи, определи помошно тело кое ќе му помага по прашањата од примената на Законот за судовите, Судскиот деловник, годишните извештаи на Управниот суд и слично.



 

Помошното тело ќе го сочинуваат:

 

Рахилка Стојковска – судија, претседател на совет, во рамките на IV–от специјализиран судски оддел

Лидија Ивановска - судија, член на совет, во рамките на IV–от специјализиран судски оддел

Злата Стамболиска – судија, претседател на совет, во рамките на II–от специјализиран судски оддел

Изаир Зибери – судија, претседател на совет, во рамките на I–от специјализиран судски оддел

Рамије Абдурахими Цара - судија, член на совет, во рамките на VI–от специјализиран судски оддел

 

- Во специјализираниот судски оддел за имотно – правна област и други права, се формира еден совет, во кој се распоредуваат судиите: Изаир Зибери – претседател на совет, Благородна Арангеловачлен на совет и Валентина Коневска – член на совет.



 

Во овој совет се распоредува стручниот судски службеник Јована Василевска Мициќ – судски соработник за решавање управни спорови, како и административно техничките судски службеници Соња Величковска – самостоен судски референт – водител на писарница и Александра Гоческа Крстевска – виш судски референт за обработка на документација – дактилограф.

 

- Во специјализираниот судски оддел за денационализација и други права, се формираат два совета, при што во првиот совет се распоредуваат судиите: Злата Стамболиска – претседател на совет, Драгослав Радичевски – член на совет и Лулзим Салиу – член на совет, додека во вториот совет се распоредуваат судиите: Злата Стамболиска – претседател на совет, Исмета Амет – член на совет и Валентина Коневска – член на совет.



 

Во овие совети се распоредуваат стручните судски службеници Снежана Кипровска – виш судски соработник за решавање управни спорови, Љубица Стојковска Перковска - виш судски соработник за решавање управни спорови и Мирче Марковски - судски советник за решавање управни спорови, како и административно техничките судски службеници Елена Василевска и Драгослава Арсовска – виш судски референт – извршител во писарница и Александра Гоческа Крстевска и Ирена Карагонова – виш судски референт за обработка на документација – дактилограф.

 

- Во специјализираниот судски оддел за урбанизам, градежништво и други права, се формира еден совет, во кој се распоредуваат судиите: Нада Иванова – претседател на совет, Газменд Фејзуљи – член на совет и Весна Јовановска – член на совет.



 

Во овој совет се распоредуваат стручните судски службеници Мирче Марковски - судски советник за решавање управни спорови, како и административно техничките судски службеници Наташа Кузмановска – виш судски референт – извршител во писарница и Бојана Ѓаковска – виш судски референт за обработка на документација – дактилограф.

 

- Во специјализираниот судски оддел за пензии, права од пензиско и инвалидско осигурување и други права, се формираат два совета, при што во првиот совет се распоредуваат судиите: Рахилка Стојковска – претседател на совет, Лидија Ивановска – член на совет и Снежана Трповска – член на совет, додека во вториот совет се распоредуваат судиите: Рахилка Стојковска – претседател на совет, Лидија Ивановска – член на совет и Едита Насковска – член на совет.



 

Во овие совети се распоредуваат стручните судски службеници Мирјанка Тренчевска - виш судски соработник за решавање управни спорови и Игорчо Точев - виш судски соработник за решавање управни спорови, како и административно техничките судски службеници Соња Величковска – самостоен судски референт – водител на писарница и Славица Лазоровска – виш судски референт за обработка на документација – дактилограф.

 

- Во специјализираниот судски оддел за јавни набавки и други права, се формираат два совета, при што во првиот совет се распоредуваат судиите: Виолета Богојевска – претседател на совет, Мустафа Шахини – член на совет и Димитрула Апостоловска – член на совет, додека во вториот совет се распоредуваат судиите: Виолета Богојевска – претседател на совет, Дитурије Елези Незири – член на совет и Димитрула Апостоловска – член на совет.



 

Во овие совети се распоредуваат стручните судски службеници Јован Трпевски – раководител на судско одделение и Оливера Петковска - виш судски советник за решавање управни спорови, како и административно техничките судски службеници Весна Михајловска – виш судски референт – извршител во писарница и Весна Коцеска – виш судски референт за обработка на документација – дактилограф.

 

- Во специјализираниот судски оддел за царини и други права, се формира еден совет, во кој се распоредуваат судиите: Марта Телегравчиска – претседател на совет, Рамије Абдурахими Цара – член на совет и Гордана Илиевска – член на совет.



 

Во овој совет се распоредува стручниот судски службеник Бојана Мојсовска - виш судски соработник за решавање управни спорови, како и административно техничките судски службеници Наташа Кузмановска – виш судски референт – извршител во писарница и Рената Николова – виш судски референт за обработка на документација – дактилограф.

 

Потребата од овие измени и дополнувања на Распоредот за работа на Управниот суд за 2011 година, произлезе од престанувањето на судиската функција во овој суд на поголем број судии, кои се избрани за судии во други судови, како и изборот на нови судии за Управниот суд, а целта на измените и дополнувањето, е одржување на континуитетот во работењето и ажурноста на Судот.



 

Наведените измени се од привремен карактер и ќе важат до донесување нов распоред за работа на Управниот суд.



   

 

ВД Претседател на Управниот суд



судија Газменд Фејзуљи


©dereksiz.org 2016
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет