Рафис Алити: Реплика има министерот за финансии.
Зоран Ставрески:Му благодарам на пратеникот Зимбери на укажувањата за тоа како подобро да се етруктуира Буџетото на Република Македоноја и секако сите укажувања ние ги имаме предвид кога се размислува за тоа за кои проекти да се издвојат средства. Би сакал да укажам на тоа дека е малку несоодветно, да не кажам ризично кога се прави анализата на начин како тој ја празентираше, бидејќи бројни проекти, односно најголем број проекти што се содржани во Програмата на Владата и во Буџетот се проекти каде што не може и не треба да се прави дистинкција по етничка или било која друга линија. Нашат цел не е ако се изгради театар во Скопје во тој театар да одат само Македонци или само Турци или само Албанци, туку да одат грааѓаните на Република Македонја. Нашата цел, а верувам и вам ви е јасно дека во автобусите што се купуваат да се возат сите граѓани и од тоа ќе имаат корист сите граѓани Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи, едноставно сите кои живеат во Република Македониоја. Така што кога се спомнуваат бројки не е во ред да се приложат бројки што не ја одразуваат реалноста. Затоа што начинот како беа презентиранине како да театарот, автобусите или некои такви сали или било што ќе ги користат само една етничка група.
Би сакал да кажам за прашањето за Липково, што доста беше апострофирано и што го поитувам тоа за што пратеникот се залага,за повеќе средства, ние врз основа на презентација на приоритетите на општиана Липково од страна на коалициониот партнер во Владата ДУИ во буџетот за 2011 година предвидовме средства за реализање, односно отпочнување на проектот за водоснабдување на Липково и тоа вкупно се обезбедени одприлика 1,5 милиони евра. Од тоа околу 1,1 милион евра се обезведени со кредит од ЕИБ каде што општина Липково, какои имногу други општини во Република Макрдоноја ќе добијат средства за реализација намводоводот и ололу 450-500 илјади евра се обезбедени во буџетот на Република Македонија односно 35 милиони денари, нешто над 500 илјади евра се обезбедени во Буџетот за 2011 година. Има и средства за училишта, како што е Конгреси, Манастири и други каде предоминантно учат албански деца. Сето тоа, верувам, дека и пратениците низ дискусиите ќе дадат преглед за тоа што се е овезбедено во буџетот за 2011 година . Благодам.
Рафис Алити: Благодарам и јас.
Контрареплика има пратеникот Абедин Зимбери.
Абедин Зимбери: Почитуван министер, мислам дека бев јасен. Не говорев паушално. Покрај тоа што сте го предвиделе во Буџетот, сите тие средства што се предвидени во Буџетот, кога реков за театарот, тие се децидно наменети за албанскиот театар 6 милиони денари, стариот театар 500 и нешто милиони. Не ги правите овие спордби. Спортската сала што се гради во Струмица таму не може да одат и Албанците. Тие спортски сали не се предвидени во албанските населени места и не случајно ја правам оваа поделба. Во башите програми не сте предвиделе да кажете јасно дека во Липково ќе се изгради спортска сала или слично. Споредбата ја правев врз основа на тежината на потребата, Многу е попотребно да се изгради водовод отколку да се потрошат 15 и повеке милиони на стариот театар. Некој нема леб да јаде а некој да оди во театар.
Рафис Алити: Има збор пратеникот Сафет Незири.
Сафет Незири: Благодарам почитуван потпрестседателе.
Почитуваниколеги пратеници,
Внимателно го слушав колегата Абедин Зимвери во насока на неговото произнесување за инвестициите во разни делови на Република Македонија, со посебен нагласок на северозападниот дел на Липково, Куманово и Арачиново. Кога се да в некоја политичкаили стручна оценка треба да се има предвид минатиот период, треба да се постави прашањето во текот на 2006, 2008 година и пред овој временски период колку имаше инвестиции во оваа насока и оваа дејност, таму каде што ги нагласи мојот колега Абедин Зимбери. Ќе одам малку хронолошки. Поради времети не ми дозволува што не ми дава повеќе можности.
Одбуџетот на Република Македонија за делот на Липково и другите подрачја , каде има капитални инвестиции, а не се спомнаа од колегата, како на пример за граничниот премин Бељановце Станчиште 1 милион за реконструкција на регионалниот пат Липково Арачиново над 2 милиони евра. Министерот нагласи за Липково 1милион и 600 илјади евра за почеток на работите за снабдување со вода, за водовод во општина Липково. Да не заборавиме комплет проект за Универзитетот во Тетово прдвидени се вкупно за завршување на работите околу 10 милиони евра. Конкретно за 2011 година, со Господ напред, ќе завршат 4 милиони евра. Тоа се капитални инвестиции. Да не заборавиме дека се поделени од буџетот за 2011 година за Клиничката болница ви Тетово 90 милиони денари или 1 милион и 500 илијади евра а вкупно за завршување на овој проект по меѓународни стандарди Клиничката болниц во Тетово чини вкупно 10 милиони евра. Да не забораиме и за Плоштадот Скендер Бег што го подржува Владата. За почеток на работите, не за комплетирање, предвидени се околу 500 илјаду евра. Предвидени се доволни средства за проширувње и уредување на основното училиште Џерџ Кастриот Скендер Бег во Арачиново, старото училиште каде нема да учат по 20 минути, или во три смени. Завршување на канализацијата во Асан Бег, кој е капитален проект, 750 илјади евра беа предвидени, а сега ќе заврши истиот. Со уредување на отворениот канал во Арачиново се предвидуваат исто така, инвестиции и во овој дел. Да не говорам за дисперзија на факултети, отворање на факултети во Скопје, Касарната, за средни училишта и делот во Куманово и многу други инвестиции кои се предвидени со овој буџет. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Контра реплика има господинот Абедин Зумбери, повелете.
Абедин Зумбери: Почитуван колега, сите овие износи што ги спомна во ниту една ставка овде во Предлог буџетот не постои. Доколку овие средства се планираа, или пак очекувате од странски фондови во меѓувреме можеби да дојдат, можеби ќе ги искористите, меѓутоа, сето тоа е со голем прашалник. Значи, дали ќе се реализираат или не, затоа што сето тоа што го спомнавте сега го имате спомнато и многу порано, меѓутоа не се реализирало. Го спомнавте и плоштадот Скендер Бег кој што воопшто не е во овој Предлог буџет, значи тие средства не се планирани, а доколку ги имате во буџетот на општина Чаир, тоа е нешто друго. Во овој Предлог буџет од Владата не постојат тие средства за плоштадот, никаде не се доделени 500 илјади евра за плоштадот Скендер Бег. Меѓутоа, доколку очекувате некои други странски фондови, некој да ви испрати, тоа е нешто друго. Меѓутоа тоа што го спомнувате сепак, е под голем знак на прашалник, затоа што канализацијата во Слупчане е почната пред 5 години и сеуште не е завршена. Водоводите исто така, не се завршени.
Трајко Вељаноски: Реплика има Мукоски Крсто, повелете.
Крсто Мукоски: Благодарам претседателе.
Почитуван колега Зумбери, искрено жалам што на ваков начин треба да дебатираме меѓусебно и жалам што ширите една теза која пред се не е коректна и е опасна, ги делиме граѓаните по етничка, или верска основа, бидејќи во вашиот говор внимателно ве слушам викате, јас ги застапувам интересите на Албанците и тоа е коректно и легитимно. Меѓутоа, мислам дека ние сме граѓани на Република Македонија без разлика дали сме Албанци, Македонци, Срби, Турци, Власи и дали сме со муслиманска или православна вероисповед итн. и на тој стил со тие приоритети со потребите на граѓаните го создаваме и буџетот на Република Македонија. Јас искрено да ви кажам како човек, како индивидуа не ги двојам луѓето ниту по верска, ниту по етничка основа и тоа го имам докажано со моето гласање овде за многу документи. Еден од документите е рамномерен регионален развој на единиците на локална самоуправа. И тој е основата како документ за распределба на сите средства, без разлика дали се работи за транспорт и врски, за патишта, канализации, водоводи, култура итн. Сакам да ве уверам, се обидов, ви дадов документ ако се сеќавате на ребалансот на буџетот и на овој буџет сега на Комисија за финансирање и буџет сакам да ве убедам повторно дека никогаш во создавањето, во креирањето на Буџетот на Република Македонија не постоела ниту еднаш поделба на луѓето кон верска, етничка, или не знам каква друга припадност. Значи, секогаш средствата се одвојувале безразлика, дали се од нашиот буџет, од нашите приходи, или од кредитите што ги земаме за потребите на граѓаните по некои приоритети, а приоритетите ги дава основниот документ што пред малку ви го кажав и дополнително формули, со оглед на големината на општината, со оглед на населени места, број на жители итн. Значи, никаде не е спомнато дека некој треба да биде Албанец, Македонец, Влав, Турчин или некој треба да биде Муслиман или Православен. Жал ми е што ги немате документите, бидејќи тие се достапни и во делот на патна инфраструктура и во делот на водоводи и канализации ги има на официјалнтие сајтови на Министерството за транспорт и врски. Побарајте ги, ќе ги најдете. Пред недела дена излезе во Службен весник конкретно за општина Липково колку од кредитот што го зедовме за водовод и канализација ќе добие општина Липково средства. А ќе добијат и сите други 83 општини, без разлика кој живее, кој е доминантен во тие општини итн. Затоа, ве молам, добронамерно, немојте да ја шириме оваа теза на некаква етничка поделба итн. се согласувам што е приоритет, што не е приоритет меѓутоа да не ги двоиме луѓето. Дури и во делот на култура за Скопје 2014 на плоштадот ќе има споменици на заслужни граѓани од албанска национална припадност. Не знам зошто ги двоиме луѓето. Тоа не е коректно.
Трајко Вељаноски: Контра реплика има господинто Абдин Зумбери, повелете.
Абедин Зумбери: Со таквите говори, да речам како вашиот такви популистички говори нас ни е преку глава. Со тоа тшо цело време се кажува дека ние не работиме на етничка поделба, или не знам што, нели е доста, ашиќаре тоа што го кажав до сега, целиот буџет што е предвиден за 2011 година. Жичара со 3 милиони и нешто денари била по приоритетна отколку еден водовод и една канлизација во некое секо, било каде во Македонија кае што луѓето немаат вода за пиење. Тоа мислите дека не е поделба? Да имаш две големи брани во општина Липково да нема вода за пиење, а скоро до Ќустендил стигна водата надоле. Таквите декларации како твојата веќе не пие вода.
Трајко Вељаноски: Реплика има господинот Феми Јонузи, повелете.
Феми Јонузи: Ви благодарам претседателе, почлитувани колеги пратеници, почитуван колега Абедин со бројки е лесно да се манипулира. Но, фактите говорат нешто друго. Вие сами рековте дека поголем дел од инвестициите излегуваат од програми кои се остваруваат во соодветните министерства. Значи, за ваша информација, средствата за финансирање на владините програми се обезбедуваат од буџетски средства, од донации и задолжување од Светска банка и други финансиски меѓународни институции. Одредени владини програми се усогласуваат редовни активности на одредени министерства со давање приоритети за финансирање на истите. Исто така, во овие програми се обезбедени и доста проекти за водоводи, училишта, болници, и разни проекти кои не се само како што го рековте за македонскиот дел, туку предвидени се и за албанскиот дел. Само за ваша илустрација ќе ви дадам уште еден факт на проектот во кој се инвестира од Европската банка за снабдување со вода и одведување на отпадните води. Оваа поделба не е направена според етничка основа, туку се доделени средства за сите општини во Македонија, без оглед дали се со албанско мнозинство, турско, македонско, влашко или друго. За ваша инфорамција земен е предвид дури и развојот на самата општина. И за среќа општина Липково тоа што го спомна и министерот, оваа одлука е од пред 10 дена во службен весник, не се работи за манипулација. Има еден милион и 200 илјади евра, Арачиново 100 илјади евра, Зајас 317 илјади евра, Зелениково 165 илјади евра, Студеничани 270 илјади евра, Сарај 330 илјади евра, Тетово 1 милион 250 илјади евра. Значи, ова се издвоени пропорционално и не треба да манипулираме, и за албанската култура. Ако вие сте донеле одлуки каде нема ниту една личност во Скопје 2014, денес ја имаме Мајка Тереза, Скандер Бег, Јосиф Багери, Неџат Аголи и кај мостот „Око“ ќе имаме наши личности од славната албанска историја.
Трајко Вељаноски: Контра реплика има господинот Абедин Зумбери, повелете.
Абедин Зумбери: Почитуван колега, воопшто не се разликувате од претходните што ги спомнавте, тие што го усвоиле проектот 2014. Значи, нема никаква разлика. Тие тогаш предложиле буџет кој што го испланирале, а вие го реализирате. Значи, воопшто не се разликувате од нив. Говорите со факти, аргументи, меѓутоа говорите за тоа што сега се случува, а не за минатото, затоа што не не интерсира. И не случајно сме си заминале од таа партија, не случајно таа партија е осудена во моментов, а брзо ќе бидете и вие во истата позиција. Се ова што го спомнавте, спомнавте дека од Светска банка, од европска банка, од не знам која друга банка, меѓутоа ниту еднаш не велите дека ќе се направат овие финансирања од македонската банка или од буџетот. Жалам вие сте портпарол на ВМРО ДПМНЕ.
Трајко Вељаноски: Реплика има господинот Даут Реџепи, повелете.
Даут Реџепи: Благодарам претседателе.
Ова ќе биде во однос на репликата кон господинот Абедин Зумбери. Значи, со добра намера да не се замори многу, затоа што иакоима право дека се се дели на национална основа, сепак тука има реагирања, тој има образложенија кои што тдржат. Меѓутоа, доколку можеме да го укинеме тој поим, национална основа, тогаш треба ова да се именува врз основа на потребите, или пак итностите. За да се направи ова има многу прашања, има многу потреби кои што се итни во многу делови од државата каде што за жал, тие делови воопшто не се посветуваат од старна на Владата, така што господине Абедин, господине колега, сеуште истражуваме и се уште не сме дошле до тоа да дојдеме до констатација каде прецизно треба да се финансира. Пред 2-3 дена овде беше многу јасно, многу беше јасен ставот на Владата дека инвстициите се прават за да се изгради државата и да се изгради идентитетот. Јас не знам што друго да и се каже на јавноста, посебно на партнерот во коалицијата, значи на ДУИ, освен тоа. Со други зборови од човечки аспект и од аспект нас цивилизацијата го поддржувам ова. Меѓутоа, има еден друг проблем кој што со автоматизам доаѓа до конфликт, затоа што и Албанците кои што се даночни обврзници и кои што се дел од државата и се автохтони жители, истите се дискриминираат. И во Енциклопедијата која што е сеуште актуелна има разни кои што имаат и черќешко потекло и не знам абориџини и не знам што друго ќе излезе, проблемот е во една политичка волја која што не постои. Значи, без оглед на законите какви и да се тие, со какви било критериуми, или надзор било да е меѓународен, не знам како, сепак, не можат да произведат резултат. Значи, јас вака го гледам и напорот на господинот Зумбери. Значи, тој попусто се заморува. Затоа мислам дека и колегите од ДУИ се обидуваат некако да помогнат како што постојано и помагаат на Владата, мораат, затоа што имаат наредба за тоа, затоа што ние знаеме како функционираа субјектите затоа што потоа шефот ќе ги дистанцира и ќе ги казнува. Сето тоа е во ред, меѓутоа, ако не беа евидентни нејаснотиите, или пак проблемите, значи, се ќе беше во ред доколку не се гледаа тие работи. Затоа жалам затоа што и при последната изјава вели, немаме приоритети. Кај името не доаѓа до израз партнерот од коалицијата да биде во групата за преговарање. Прашањето на Јосиф Багери и другите, морам да ве потсетам дека Јосиф Багери од Река, од Гостивар, таму не се говори веќе ниту албански, ниту има ниту еден албански елемент. Излезете на терен и ќе видите дека таму има нешто друго. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Контра реплика има господинот Абедин Зумбери, повелете.
Абедин Зумбри: Бидејќи колегата Даути ми реплицираше во насока на тоа што јас го кажав, но реално, овој мој револт е од тоа што навистина, тоа што го реков, сето тоа е документирано и се доживува во секојдневниот живот. Не случајно инсистирам на моите барања, но од друга страна навистина жалам што пратениците на ДУИ, ве уверувам дека сите знаат дека тоа што го говорам е точно, но за жал, тие се во улога на портпарол на Владата или на ВМРО ДПМНЕ, што за жал, би ги замолил како колеги, неколку пати, имам почит кон некои, да не влегуваат во игра на некој друг, да браните некој друг. Ќе се изгубите себе си или ќе се потцените, со заштита на овие проекти.
Трајко Вељаноски: Благодарам на контрарепликата од Реџепи.
Господинот Ивановски Игор има збор, повелете.
Игор Ивановски: Колеги пратеници, господине министре и овој буџет по ништо не се разликува од буџетите во изминатите години.
На кусо, ако на почетокот треба да дадеме одговор дали овој буџет е реален и остварлив, одговорот е не. И самите се свесни дека проектираната висина и на приходите и на расходите не можете да ги остварите. Неминовно, во 2011 година, ќе следат најмалку 1, а по мои претпоставки и 2 ребалански на буџетот. Тоа, веројатно, може да се спречи ако одиме на ибори. Но, тоа е друга дебата, за во понеделник.
Дали овој буџет има соодветна структура на потребите на македонската економија и граѓани, не. И, заради тоа што е преобемен и затоа што по структурата воопшто не дава динамизирање на македонската економија. Од него, така како што е поставен, а за тоа ќе говорам понатаму, нема да се искористи соодветниот буџетски милтипликатор и предвидените средства да се креира нова додадена вредност што ќе се оствари во зголемувањето на БДП и соодветниот раст.
Од таму, на почетокот, сакам да полемизирам во самите ваши претпоставки зошто сте ми предложиле ваков буџет.
Значи, во изворот на ваков буџет е системскиот дефект што вие денеска, вчера ни го презентиравте и за тоа мислам дека има две претпоставки. Или не сте се подготвиле добро и покажувате одредено економско непознавање, што мислам дека кај вас не е случај или пак свесно ја лажете и манипулирате македонската јавност, што сметам дека е случај.
Прво, самите велите дека растот во еврозоната ќе биде поголем од очекуваното, но нема во просек да надмине 1,8%, а ако се има во предвид дека најголемиот трговски партнер на Република Македонија претставуваат токму Европската унија, одредени земји членки на Европската унија, од таму се поставува прашањето и по износот на европскиот раст, но и по начинот на трговската раземана, Република Македонија не може да очекува дека ќе оствари 3,5% раст заради соодветниот пораст на европската економија.
Во делот на Турција, апсолутно не мислам дека ќе влијае на Република Македонија, бидејќи во најголем дел ние од Турција увезуваме. Тука не гледам дека ќе имаме некоја посебна придобивка.
Второ, вашата втора претпоставка е зголемување на домашната побарувачка и потрошуачка. Мислам дека, тоа само по себе не значи ништо и дека е прилично дискутабилно или, во најмала рака, ако воопшто и има зголемување на домашната потрошувачка, тоа нема да овозможи раст на македонската економија од 3,5%. Пример, вие ги пролонгиравте долговите, плаќањето на вашите долгови кон фирмите, што значи дека вие ги одложивте наплатите на средствата кон овие фирми, што тие треба да ги наплатат од вас, а ако ги наплатат и ќе ги инвестираат во соодветна потрошувачка. Да се надеваме дека таа ќе е инвестициона. Што значи дека по тој основ повеќе пари во 2011 година нема да има.
Број 2, ги зголемувате придонесите, што претставува крах на вашата, тн., реформа, за што ние предупредувавме во самиот почеток. Што значи, вие донесувате одлука со која што ќе ги зголемите зафаќањата од фирмите и ќе им оставите помалку пари што ќе им бидат на располагање за потрошувачка. Тоа е вториот дефект на вашата, на оваа претпоставка.
Број 3, платите и пензиите ги замрзнувате, што значи дека нема зголемување во тој дел на личната потрошувачка и, ако се има во предвид дека во континуитет, иако предвидувате многу помал дел, ама знам дека нема да го остварите и тука повторно ќе излажете, со домашното задолжување што вие го правите лично, преку Министерството за финансии ќе продолжите да ги испумпувате парите од фирмите, пред се и дел на банките со вашите хартии од вредност, владини хартии од вредност и на тој начин ќе ги намалите потребните средства што можат да ја динамизираат и побарувачката, односно потрошувачката. И третиот крупен дефект е што вие предвидувате од прилика износ на странски инвестиции од 200 до 250 милиони евра што само по себе е премалку, а во условите во кои што вие ја водите економијата е премногу, бидејќи за 2010 година само во првите девет месеци странските инвестиции не изнесуваат повеќе од стотина милиони евра. Така да господине Ставрески, или повторно лажете и манипулирате, што мислам дека е случај, бидејќи не сакам да верувам дека толку наивно или без одредени познавања ни давате ваков буџет врз основа на три претпоставки кои што во старт се дефектни. Ниту растот во еврозоната ќе биде доволно голем, ниту пак ќе има позитивна преголема корелација со македонскиот раст, ниту домашната побарувачка и потрошувачка драстично ќе се зголеми, ви ги кажав причините за тоа, ниту растот во еврозоната ќе биде доволно голем, ниту па ќе има голема корелација со македонскиот раст, ниту домашната побарувачка и потрошувачка драстично ќе се зголеми, ви ги кажав причините за тоа, ниту пак странските инвестиции ќе изнесуваат на нивото кое што вие го кажавте. Во старт имаме проблем со овој Буџет и во најмала рака тоа ќе се покаже веќе на првиот ребаланс.
Во делот на даночните приходи продолжува лошата структура и едноставно вие се надевате и крстите исклучиво во данокот за додадена вредност за кој што предвидувате одредено зголемување ама пак ќе речам не како резултат на зголемената домашна побарувачка, односно потрошувачка, туку како резултат на зголемените основици врз кои вие ќе го пресметувате данокот. Кратко кажано, производите ќе поскапат. Како што сега нафтата заради методологијата со ОКТА повеќе, а многу помалку заради курсните разлики, расне и врз база на тоа наплатувате повеќе ДДВ, така и очекуваните зголемувања на цените на основните домашни продукти, ќе ви ги зголемат зафаќањата на ДДВ. Тоа е единствената причина и ништо повеќе, бидејќи лага е да велите дека ќе има раст на економијата од 3,5%, а приходите по основ на данок на добивка на фирмите ќе останат исти, приходите по основ на персоналец на граѓаните ќе останат исти, што значи дека фирмите нема да остваруваат додадена вредност, немаат добивка, граѓаните нема да се запослуваат или нема да остваруваат повисоки лични приходи што значи дека економијата нема да расте, ќе расте само основицата врз која ќе пресметувате ДДВ. Кључната дополнителност, придонесите ви крахираат и затоа ги зголемувате и затоа треба вие лично да се извините на македонските граѓани на фирмите што ги доведовте во заблуда, можеби пред неколку години кога ги намаливте пред година, две, тие веќе планирале врз база на тие очекувања да дел од своите средства што ќе се ослободат ги инвестираат на друго место. Сега им ги зголемувате зафаќањата и јас ве убедувам дека ова ќе предизвика понатамошно блокирање на фирмите или пак задолжување на фирмите со краткорочни најскапи заеми кај банките за да може да ги покриваат потребите за плаќање на плати и придонеси. Но најголемиот дефект што преставува пораст на оваа политика водена од Груевски и од Ставрески е начинот на финансирање на лошиот буџет. Видете во континуитет, не можеме да прикажеме, ама тоа е лесно да се заклучи, основниот извор на финансирање на овој буџет не само на дефицитот, ама и на буџетот само по себе, претставува странското задолжување.
Господине Ставрески, пред да соошштите дека ќе се задолжите 480 милиони евра од ММФ како буџетска подршка и за тоа ќе дебатираме вие во овој буџет пред месец дена предвидовте задолжување од 300 милиони евра, најголемо до сега во историјата на Република Македонија по основ на странско задолжување. За што ќе служат овие пари? Ќе дојдам до тоа подоцна. Но, вие ја задолувате македонската економија и граѓани во следните години да враќаат не само претходни стари долгови, еврообврзницата 175 милиони евра, итн, туку нови 300 милиони евра кои што покажуваат дека оваа Влада без усул, без срам, без проектирање на оптоварувањето на задолжување на идните генерации прави ршум, народски кажано, во делот на економијата. Ако на ова се додаде 480 милиони евра пример, дека Буџетот ќе биде загрозен, а вие ќе најдете начин и форма како да ги потрошите овие 480 милиони евра на тековните расходи, ќе дојдеме до податокот дека 780 милиони евра потенцијално ќе се потрошат во 2011 година, на тековни расходи или на непродуктивни инвестиции и ќе ја задолжите македонската економија и граѓани за неверојатни, ненормални 780 милиони евра. Па каде со тој памет. За што ќе се трошат овие 300 милиони евра кои што сте ги предвиделе како извор на финансирање. За платите, за пензиите, за Фондот за здравство, бидејќи кај капиталните инвестиции кога ќе дојдам до тоа апсолутно немаме никаков ефект.
Да ве потсетам дека спротивно на вашите информации повторно лажете. Го зголемувате приходот по основ на такси и казни и сега тој приход изнесува неверојатни 40 милиони евра. По основ на такси и казни. Си најдовте начин како преку пајаци, полиција, упади на инспекции и за еден помал прекршок казните се илјада евра, две, три илјади евра, за еден непријавен работник 15 илјади евра, ете ги тие пари. Им ги испумпувате на граѓаните и фирмите само за да си го полните Буџетот.
Но клучната работа е, покрај тоа што вие имате дефект во претпоставките, покрај тоа што имате дефект во приходите, кои што не ви се добри и не можат да овозможат раст на македонската економија, клучната работа е во делот на расходната страна на Буџетот.
Господине Ставрески, за прв пат, а ве следам барем на вакви дебати во Собранието, вие почнавте да говорите за продуктивни и непродуктивни расходи. Се до лани вие не убедувавте дека сакоја капитална инвестиција на оваа Влада е продуктивна. Сега, вие почнувате да правите разлика без притоа да кажете што е за вас продуктива, а што непродуктивна. Еве ќе дојдеме до тој дел. Апсолутно податокот дека се зголемува бројот или сумата потребна за капитални инвестиции на 300 милиони евра, само по себе не значи ништо. Прво, од податокот дека вие не ги реализирате, немате ниту една фискална година во која што капиталните расходи се инвестирани 100%, ама немате ни една година. Дали е тоа резултат на вашата желба за криминал, па тендерите кога ги местите ви паѓаат? Дали е тоа е резултат на неспособноста? Дали е тоа резултат на лошото планирање? Не знам, но на крајот вие капиталните инвестиции не ги реализирате до крај, така да колеги, ако говорите за капитални инвестиции, немојте да говорите за 300 милиони евра. На крај ќе бидеме среќни ако потрошат максимум 200 милиони евра, ама максимум тоа ќе биде врв на ефикасноста на oваа Влада, од прилика 60% од овие капитални инвестиции да се реализираат.
Број два, и да ги реализирате тие се по својата структура толку лоши да апсолутно не можат да остварат раст на македонската економија. Па видете, половина од овие капитални инвестиции ви се во згради. 150 милиони евра. И сега вие сте екомомист, магистар и ги знаете тие работи. Кажете ми како може да остварите 3,5% раст со доминантно инвестирање во згради. Кога во најголем дел изворната додадена вредност која што останува во Македонија и се мултиплицира е песокот и цементот. Ништо друго. Железото се увезува, алуминиумот се увезува, на пример за прозори, плочките се увезуваат, ако зборуваме за ентериери. Сите елементи на една градба се од увоз. Доминантно од нив на македонски средства, а без поголема додадена вредност. Говореа колегите. Зградата ќе донесе сметководствено минимум додадена вредност, но практично преку мултипликаторот нема да овозможи никаква додадена вредност. Конечно концептот да инвестирате во Скопје 2014, посебно што крадете многу е добро за старнските економии. На пример, добро е за Србија, за нивните леарници. Добро е за леарниците во Италија, добро е за тие што ги прават восочните фигури во Украина, добро е за рамките за слики од Украина. Вие со Скопје 2014 и со вакви типови на капитални инвестиции ги помагате туѓите економии, не ги помагате домашните економии. Ниту услугите ќе се зголемат, ниту додадената вредност ќе биде зголемена и на крајот ќе имаме негативен ефект со многу висок опортунитетен трошок на овие потрошени непродуктивни пари. Или пак на пример, ќе дадете 20 милиони евра за возила, претпоставувам ова се автобусите за Скопје, но ќе ги дадете во Кина, нема да ги дадете во Санос што не постои веќе и го продадовте за згради. Каде е тука продуктивноста на оваа инвестиција, освен што ќе има подобра услуга за граѓаните кои и во приватените автобуси купени на старо веќе почувствуваа промена.
Ставрески одлучува да третира продуктивна инвестиција 20 милиони евра за автобуси или за возила што ќе се платат на некој трет надвор и ќе се одлеат тие пари заработени во Македонија или пак позајмени од некој друг и за тоа е платена камата. Каде е тука продуктивноста господине Ставрески? Ја нема. Целокупниот корпус на капитални инвестиции е дефектен целосно, и зградите се дефектни и автобусите се дефектни и било која ставка, ако сакате да одиме по ред, вие не можете да ја оставире.
Да зборуваме сега за продуктивни инвестиции кои ги нема. Господине Ставрески, не ли чувствувате личен срам што после пет години ваше владеење сеуште нема гасификација во Република Македонија. Па вие најавивте во 2006 година, вие лично, во Струмица дадовте изјава дека ќе потече во 2008, но еве сега сме 2010 година, но сеуште гасификацијата најавена од Зоран Ставрески ја нема. Тоа е продуктивна инвестиција! Има само два гасификациони прстени во државата, тоа е во Куманово што го направи градоначалниот на СДСМ Дамјановски и тоа е реализацијата на гасификацијата на потрошувачка на дел од стопанството и на население во Струмица што ја прави Заев едниот е на природен течен гас, другиот е на природен петрохемиски гас. И во таа ситуцаија вие немате продуктивна инвестиција, немате гасификација. Тоа е продуктивна инвестиција и немате денар предвидено за оваа намена.
Кажете ми дали сте направиле еден автопат. Тоа е продуктивна инвестиција која носи ем додадена вредност, ем генерира дополнителен профит, бидејќи 1 км автопат ангажира повеќе градежна оператива отколку една зграда што вие ја градите преку мост.
Кажете ми еден енергетски објект што е направен. Го нема. Владата пет години е на власт, Груевски и Ставрески, еден енергетски објект не е направе. Тое е продуктивна инвестиција. Нема ни денар за таква работа.
Кажете ми слободните економски зони кои што ги отворате на хартија како печурки после дожд дали функционираат. Не. Не само што не функионираат, и во нив нема инвеститори, туку и новите што ги најавувате, барем да инвестиравте едно евро во нив. Ќе речеме ќе остане за некој , но нема. Тетово ја отворивте преку трупа, но не функционира. Жабени абер нема, ги менувате директорите. Најавувате во Прилеп, ама на билборд ја ставате и ред други инвестициони зони кои не постојат. Едно евро се нема инвестирано во нив. Бидете среќен ако целосно ја реализирате идејата на СДСМ за која слушам дека ќе ја прифатите и да ги трансформирате овие слободни економски зони во индустриски, да ги парцијализирате и да ги отворите за домашни инвеститори, па можеби тогаш нешто ќе тргне, и тоа е добро бидејќи тоа е идеја на СДСМ, ако вие ја реализирате во ред, ако не следната Влада на СДСМ ќе ја направи.
Господине Ставрески, видете ја разликата меѓу продуктивните и непродуктивните инвестиции, кои не само што се толку дијаметрално различни и спротивни во својата содржина, туку и чинат во сегашноста многу. Еве ви еден пример. Груевски три пати оди во Јегуновце кога се поплавува коритото на реката Вардар, па ги местеше вреќите со песок, па ги удираше, демек да ги провери дали се цврсти, не баре се од челик, или не, трипати оди и трипати се поплавува тој регион. Три пати Владата ќе треба да плати надомест за штета која е од виша сила, наместо да инвестира 8 милиони евра колку што е проценката за регулрање на коритото на реката Вардар во тој дел. Тоа е продуктивна инвестиција која вие не ја правите, а ќе дадете средства за триумфалнаа порта. Мостот на Пластица е паднат веќе трети, четврти месец и цела општина од 8-9 илјади луѓе е одсечена. 200 илјади евра да дадевте ќе се направи мостот, но не ги давате, ама ќе дадете 3,5 милиони евра за дрва во Охрид за наколното живеалиште, башка некој тука што стопил најмалку 50%, бидејќи да дадеш за дрва за наколно живеалиште 3,5 милиони евра, а да не дадеш за мост на Пласница каде што живеат луѓе, да не го оправиш коритото на реката Вардар и да се поплавува земјоделска површина и имот на граѓани е лудост и тоа е опортунитетен трошок кој што се појавува додека сте вие на власт.
Господине Ставрески, овој буџет е дефектен и затоа што во континуитет ги генерира дефицитите или разликите кои вие свесно ги правите. Видете, само за да ги платите трансферите на Фондот за ПИОМ, на Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за вработување пола, вие ги давате најголемите пари. Приходите од придонесите и давачите од овие фондоци имааат разчика од 110 милиони евра. Еве го коелги дефицитот. Вие не го правите дефицитот за да генерирате разни инвестиции. Не, вие дефицитот го правите од немај каде, од не знаење и од несовесно и криминално работење. Па како е можно да ги намалувате придонесите, Фондот за ПИОМ паѓа, Фондот за здравство паѓа заради нестручно работење и заради несоодветно креирање на здравствениот сектор и Буџетот, односно она кое што Груевски и Ставрески го управуваат, а тоа се парите на граѓаните, служи само како една лопата со која се фрла во ќумбето наречено ПИОМ и Фонд за здравство. Преку 600 милиони ќе се дадат само за ПИОМ да му се дополнат средствата, да му се овозможи да дели пензии. И вие велите дека економски добро ја менаџирате економијата! Не е така, катастрофално, овој концепт за менаџирање на економијата веќе предизвикува распад на македонската економија. Ако не се промени драстично, ние ќе имаме секоја година само поголемо тонење и тонење, така што веднаш мора да се интервенира, ако малку имате одговорност спрема македонските граѓани.
Достарыңызбен бөлісу: |