Стенографски белешки



бет5/10
Дата27.06.2016
өлшемі0.64 Mb.
#161403
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Да продолжиме само репликата и контра репликата и после ќе прекинеме ќе дадеме пауза.

Има реплика министерот за финансии, повелете.

Зоран Ставрески: Благодарам.

Му благодарам на пратеникот Ивановски за коментарите за Буџетот за 2011 година.

Морам да кажам господине Ивановски со изнесените ставови кои ги кажавте и со кои сметате дека се конфронтирате со Ставрески или со Министерството за финансии, исто времено се конфронтиравте и со господинот Доменик Штрас Кан, генерален директор на ММФ. Само да ви кажам пред два дена што кажа првиот човек на ММФ, цитирам: „Многу сум задоволен што Македонија позитивно одговори на поканата што ја упатив до економиите кои имаат силни економски основи и политики“, а подолу вели: „Република Македонија има одржлива практика на здрави економски политики, нејзините економски основи како и рамките на економските политики се силни и македонските власти покажаа определба за зачувување на оваа здрава политика“. Тоа го кажа првиот човек на ММФ.

Одговор на сите ваши напади околу тоа дали Буџетот е реален, дали фискалната политика е добро поставена, дали стабилноста, развојот и проекциите што се содржани се реални и можни ги дава фактот што вчера, завчера ММФ и одобри на Република Македонија 480 милиони евра. Зарем мислите дека ММФ би го направил тоа ако има разлики во однос на проекциите. Зошто ММФ тврди дека растот во Република Македонија следната година ќе биде 3,5% , дека Македонија има здрава фискална политика, Македонија има еден од најниските буџетски дефицити во Европа, најниско ниво на јавен долг меѓу земјите во Европа и слично. Значи не се конфротирате само со ставовите и аргумените или политиките што ги креираме ние како Влада и ММФ, се конфронтирате со меѓународните финансиски организации кои верувам дека се постручни и од вас и од мене да оценат дали овие проекции се реални или нереални.

Во однос на начинот на финансирање на буџетскиот дефицит, нашето мислење е дека вие се залагате да земеме средства од ММФ. Сега ние земавме, зошто не излезете доблесно да не пофалите. Значи сега сте во една многу непријатна ситуација. 4 години зборувавте од ММФ да се земат пари, мислејќи веројатно дека ММФ кога ќе ги дадат тие пари кој знае што ќе направи или дека, како што коментиравте, се плашиме од контролата на ММФ и слично. Еве, дојде време и ден да се уверите дека бевме во право кога ви зборувавме, кога ќе дојде време, ако дојде, ќе склучиме договор со ММФ и нема да имаме никаков проблем со тоа и ММФ и одобри на Република Македонија цели 480 милиони евра. Останува прашањето за вас, зошто и како во тоа успеавме.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Контра реплика има господинот Игор Ивановски, повелете.



Игор Ивановски: Господине министре, своевремено ММФ ја фалеше Бугарија, па кога пропадна и даде валутен борд. Своевремено ја фалеше Аргентина, своевремено ја фалеше и Русија, па на крај ги молеа да им дадат милијарди евра за да можат да ги спасат од банкрот. Така што, немојте кога сакате, кога ви одговара да го користите ММФ, кога не ви одговара да ги правите црни ѓаволи, а сетете се на ваши изјави кои сега немам потреба да ги враќам.

Господине Ставрески, никој вас не ве критикува зошто сте дозволиле или зошто ММФ дозволил да има кредитна линија од 480 милиони евра по 1,3% ако не грешам. Одлично. Прашањето е за што ќе ги потрошите тие пари. Србија зема заем од 3 милијарди евра со истата каманта стапка, пред три години и ги стави во Буџетот и ги инвестира во инфраструктура. Дали вие тоа ќе го направите. Јас велам не.

Второ, ако сте земале веќе 480 милиони евра од ММФ зошто ви се уште нови 300 милиони евра во Буџетот, задолжување од странство. За што ќе бидат тие? Ајде да ги отвориме сите работи, не само да имате шанса вака да ги изветоперувате работите. Во суштина вие и не ми дадовте одговор.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Колеги пратеници, тука ја прекинувам седницата.

Продолжуваме во 15,30 часот, со оглед на тоа дека има седници на комисии во 14, и 14,30 часот.

Пауза до 15,30 часот.

(По пауза седницата продолжи со работа во 15,48 часот)

Трајко Вељаноски: Продолжуваме со работа.

Следен пријавен за збор и има збор господинот Јани Макрадули, повелете.



Јани Макрадули: Благодарам претседателе.

Почитуван министер Ставрески, практично се наоѓаме во една иста ситуација како и минатата година во која што само се потврдува арогантниот однос од Владата пред се со неприсуство ваше на Комисијата, покрај првичното оправдано, во поголемиот дел од работата и особено со неприфаќањето на амандманите.

За жал ретки се случаите во Европа каде што барем еден амандман не се прифаќа од опозицијата, бидејќи повеќето амандамни беа за граѓаните конкретни решенија, а не некои барања кои што се исклучиво врзани со предлагачите. Затоа можеби имаме една иста расправа во која што се уморивме практично од докажувања каде се капиталните инвестиции, каде се енергетските објекти, каде е гасификацијата, итн, теми кои што веќе граѓаните ги знаат и вие денеска, два дена кажувате една иста реченица, ние што ве следиме што зборувате овде. Вие кажувате една иста реченица, благодариме за забелешките, ќе го разгледаме и оваа сугестија и во идниот буџет ќе направиме напор тоа да биде предложено.

Не господине Ставрески, тоа требаше да го направите во дополнителниот предлог. За тоа во Деловникот како европска препишана вредност постои расправа во комисиите во кои што тие предлози треба да влијаат на дополнителниот предлог. Инаку овој буџет иако недонесен е веќе осуден на ребаланс и тоа од три причини.

Прво, дека досега, не поучи времето дека и овие изминати 4-5 години дека секогаш за неисполнување на капиталните инвестиции и реализација на капиталните инвестиции има ребаланс.

Второ, претпоставувам дека одлуката во јануари на ММФ треба да се најде не како имплементирана во буџетот и

Трето, она што е овие денови исто актуелно една апсолутна нелогичност, тоа е реформата на јавната администрација која што сакате да ја направите во Министерството за информатичко општество на кое што му давате 16 нови ингеренции, 40 вработени, а самото Министерство има 130 милиони денари помалку пари.

Единствениот аргумент кој што го слушавме од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на буџетот 2011 беше дебатата за СДСМ во 2004. Тоа е најдобра потврда дека немате аргументи во одбрана за проекциите за буџетот за 2011, туку враќајќи не назад се изнаслушавме се и сешто.

Јас ќе се повикам на три работи и тоа:

Пред десетина дена пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не убедуваа дека Извештајот на Европската унија е реален, објективен и позитивен. Да речеме дека е точно тоа што вика ВМРО-ДПМНЕ. Ако го погледнеме анексот на европскиот извештај за Република Македонија ќе видиме точно дека е реален, објективен, ама дека не позитивен. Според Европската комисија имаме пад на индустријата од 2006 во континуитет. Имаме пад на вработените од 2006 во индустријата и градежништвото. Имаме во земјоделството пад континуиран од 2006. И јас ќе се сложам со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои рекоа дека извештајот на Европската комисија е објективен и реален. Да, бидејќи овие податоци се неумоливи. А дали се тоа позитивни работи, јас мислам не.

Втора работа, бидејќи вие во вашата прва реченица рековте контекстот, ќе го презентирам буџетот во контекстот, ова е дел од контекстот.

Вториот дел од контекстот се податоците од Државниот завод за статистика и тие податоци не ви одат во прилог. Индексот на индустриско производство во септември 2010 во однос на септември 2009 е паднат за 12%. Деловните тенденции според раководителите на деловните субјекти се понеповолни. Пред некој ден на 6 декември Државниот завод за статистика објави дека во октомври 2010 се издадени за 29% помалку одобренија за градба и дека според издадените одобренија за градење предвидената вредност на објектите изнесува за 19,3% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Нешто за кое што се фалите сите дека е добро, доживува фијаско, а тоа е градежништвото бидејќи лажни се сите овие привиденија нас што ни се случуваат. Вашиот одговор господине Ставрески беше дека има некои нелогичности во методологијата. Вие до 2006 јуни не бевте тука. Тоа го кажа истото во јуни 2006 еден наш министер од Владата на Социјалдемократскиот сојуз, месец дена пред да ги изгубиме изборите. Истата реченица. Податоците, за жал, од Државниот завод за статистика иако можеби понекогаш не ни се допаѓаат се точни.

И она што е трето па со очи се гледа, дали во Македонија има фабрики и дали навистина Веле Самак изградил милион фабрики во Прилеп. Тоа го знаеме сите.

Денеска овој буџет е само потврда на поразот на владата на технократите како што беше наведена во која што ниту имаме 2% раст, ќе успееме за 2010 година. Фондот за здравствено е во стечај. Се фалите со 480 милиони евра од ММФ иако експертите кажаа дека тоа е една втора категорија, а да бидеме искрени господинот Мијалков продаде една своја фирма во Чешка за 500 милиони евра, така да ако може господинот Мијалков да продаде една фирма за 500 милиони евра, да не се фалиме сега за некој кредит од 480 милиони евра.

Овој буџет за жал за Република Македонија и за граѓаните е многу краток, оштетен и рудиментиран. Нема пари за автопати, нема енергетски објекти, нема фабрики, нема поволна бизнис клима. Најчесто бидејќи ги бележев репликите, 24 реплики беа за зборот образование. И јас само еден податок ќе кажам.

Ако ги собереме средствата за 2011 година за изградба на основни училишта, за реконструкција на основни училишта, за изградба на средни училишта, реконструкција на средни училишта, изградба на училишни домови и студентски домови парите се 290 милиони денари, или помалку отколку жичарата за која имате предвидено 303.454 милиони денари.

Значи еден стереотип, еден мит што постои паѓа во вода само ако се прочитаат бројките.

Она што е пострашно ако ги погледаме по структура министерствата, Министерството за транспорт и врски од предвидените две милијарди 298 милиони денари 62,05% ќе одат парите во Кина и во Австрија. 48% во Кина, преостанатите во Австрија. Едните за автобусите другите за жичарата.

Ако го погледаме Министерството за култура, 58% ќе отидат во Украина и во Србија за восочни фигури или рамки од 190 милиони евра.

Во еден таков контекст Владата се доведе во ситуација август месец да го заврши со 97,5 милиони директни инвестиции според податоците на Народната банка, од кои што 55,9 се акционерски капитал или инвестирана добивка. Затоа при очи не слепи дека сме, при податоци од Државниот завод за статистика ние не можеме да се надеваме дека она што вие го кажавте, иако можеби во економијата е некој термин, јас се извинувам ако е така, балансиран умерен раст. Балансиран умерен нека биде некој економски термин, ама не гледам дека ќе имаат фајде луѓето.

Јас само ќе споменам една работа која што и господинот Ќуркчиев ја начна, а тоа е што ние сеуште од ВМРО-ДПМНЕ и од Владата на ВМРО-ДПМНЕ не добивме одговор за најкрупниот проект кој што се провлекува трета година и нема да се реализира, а тоа е концесијата на патиштата. И поставуваме едно единствено прашање. Која е економската логика концесијата на патиштата која е во вредност 960 милиони евра да ја дадете 35 години на компанија која само од патарина при овој сообраќај во 2010 година ќе заработи милијарда и 50 милиони евра. Која е логиката патиштата да ги дадеме на други кога државата може тоа да го направи со свои пари.

Јас ќе апелирам до сите пратеници особено пратениците кои што патуваат секојдневно да извршат политички притисок на Владата и да обезбедат средства за проширување или изградба на патните правци. Не можете да најдете оправдување со тоа што ги одлагате инвестициите во инфраструктура во патиштата со реализација на Проектот Скопје 2014. Мислам дека одговор заслужуваат граѓаните зошто ќе треба да се откажат, зошто државата се откажува со една неизвесност на вработените, со дополнителни средства од буџетот што ќе се дадат, ќе ве потсетам вашиот колега Пешевски и министерот Јанакиески на прес конференцијата рекоа ќе победи онаа компанија што ќе побарува најмалку пари од буџетот. Значи, освен што ќе заработи милијарда и 50 милиони денари од патиштата, од патарините, ќе воведе нови патарини и плус ќе добие пари од буџетот.

Втората нелогичност или неекономска логика за која сакам да зборува е продажбата и распродажбата на државното градежно земјиште. Јас знам дека тоа е една од егзит стратегиите на Владата во заминување, а тоа е да се окупира државното градежно земјиште во Македонија со капитал стекнат во изминатите четири години. Но, има една или две нелогичности.

Прво, зошто тоа да не важи за деловните субјекти, или на пример зошто дуќанџиите во Трговскиот центар Беверли Хилс не можат да си го купат земјиштето, и за повеќе од едно евро тие се спремни.

Второ, зошто во Центарот на градот најатрактивните локации во Скопје без никакви услови се продаваат по едно евро, а во Новаци се продава земјиште за 250 денари, во Штип за 850 денари и во Струга за 400 денари. Каде е тука логиката. Затоа нашите сомнежи дека уредбата на Владата дека јаното наддавање ќе се одржи доколку на објавата се пријавил и само еден учесник не е ништо друго туку обид за легализација на корупцијата односно обид да се потврди сето она што е окупирано во изминатиот период од луѓе кои што во име на ВМРО-ДПМНЕ се јавуваат како инвеститори.

И уште една работа ќе кажам само. Една од најчестите работи што ја слушавме во изминатиот период беше тоа дека се исплатени долговите кон фирмите. Ќе ви дадам три податоци врзани со Собранието.

Во саботата, ден пред маршот случајно или не ми беше развалена вратата во мојата канцеларија. Ја сменив бравата за клуч. Побарав, ми рекоа должиме 30 илјади денари на фирмата, сам да си платиш. Си платив.

(Остава сметка на говорница)

Во колата од 1994 година што ја имам како потпретседател што ја користам, службена случајно или не се скина цревото за бензин. Бидејќи должиме пари, Владата кон фирмата мене ми рекоа дека тоа не смее да се плати, немаме веќе со Владата, скарани сме, си ја платив јас.

(На говорница остава црево и сметка)

За моето предвреме родено дете вакцина нема. Ја купив од една соседна земја, да не сфатите погрешно. Ако е точно дека ги имате исплатено фирмите тогаш оваа одлука е политичка. Намерно тоа го правите кон опозицијата.

Ако не е точно тоа тогаш навистина должите пари кон три фирми што тоа јас во изминатата недела го дознавам, а Собранието должи кон други фирми, да не зборувам за други. За возилото должи Службата за општи и заеднички работи.

Македонија користи, набави милион ХПВ вакцини кои што еден од најпознатите гинеколози во Македонија не ги дава ниту на својата ќерка, ниту на својата вкука од сестра. Инфанриксот е вакцина која што е задолжителна во земјите членки на Европската унија за сите деца, не само за предвреме родените, а Македонија набавува само 200. Зошто? Затоа што профитот за ХПВ вакцините е девет пати, а ова бидејќи задолжително во земјите на Европската унија е 0,5.

Кога носите таква одлука од политички причини, бидејќи велите дека сте ги исплатиле сите фирми, а тие мене ми велат дека државата ни должи и не смееме да даваме повеќе тогаш и развалената врата и исеченото црево за бензин и вакцината за моето прерано родено дете го правите од политички причини.

Затоа ја сменив мојата одлука Нинбергшкиот процес да се одржи во Борис Трајковски. Мислам дека Стадионот Филип Втори Македонски ќе биде подобро место, а ќе го почнам тој процес со ова:

(Покажува кон пратениците слика) три бебиња во еден инкубатор. Каде живеете господине Ставрески. Има ли некој срам од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го проголтаат ова. Три бебиња во еден инкубатор. Ваша е одлуката дали ќе одите со лавот или ќе купите барем уште еден инкубатор, барем да бидат две и да го делат воздухот од првиот ден заедно, или ќе продолжите со лавовите. Благодарам.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Ве молам колеги, ние премногу ве споменуваме овде и се расфрламе со Нинбергшкиот процес, не е коректно.

(Реакција на пратениците во салата)

Фашизоидна, не е фашизоидна, јас затоа сабајле реков кога вреѓаме знаете интересно им е на одредени колеги.

(Претседателот опоменува со ѕвончето)

Колеги може ли да се слушаме.

Кога навредуваме на некои колеги им е интересно, кога ќе ги навредат скокаат од место, викаат, тропаат, се закануваат, доаѓаат пред говорницата. Затоа велам колеги сериозна е работата, ова е Буџет на Република Македонија да не преоѓаме сепак во нешто што не е потребно.

Продолжуваме понатаму.

Министерот за финансии има реплика, повелете.

Зоран Ставрески: Благодарам претседателе.

Му благодарам на колегата Јани Макрадули.

Една исправка на почетокот.

Јас кога се заблагодарувам велам, да, ќе ги земам во предвид вашите укажувања при правењето на следните буџети, не на следниот буџет. Значи за повеќе буџети станува збор.

Господине Макрадули, колку инкубатори купивте во изминатите 15 години? Убаво, патетично звучеше тоа со сликите што ги покажавте, кажете колку инкубатори купивте. Знаете ли кога се купени последните инкубатори во болниците во Република Македонија и во гинекологија? Далеку пред вас. 15 години имавте време да купите инкубатори за сите бебиња за кои денес покажавте грижа. 20 инкубатори доаѓаат многу брзо во гинекологија само, 40 инкубатори во Република Македонија, за ваша информација и уште 68 милиони за друга опрема од која дел почна веќе да пристигнува. Тоа е практично, ако навистина се грижите за бебињата во Република Македонија. Кога можевте да ја водите политиката, тогаш требаше да покажете грижа, а не кога сте во опозиција. Во опозиција сите се загрижени за се, ама кога имате шанса да одлучувате за буџетот, зошто тогаш не издејствувате во вашата влада да се купат повеќе материјали за опрема и за болниците.

Трајко Вељаноски: Ве молам да не дофрламе од место. Господине Бучковски, ве молам, да не дофрламе од место. Дали ви се допаѓа тоа што го кажува, тоа е веќе друго прашање, но да не дофрлате од место. Јас сум претседател на Собрание и јас се грижам за мир и тишина во салата, а вие сте тој што го нарушувате и морот и тишината и вчера и денес.

Повелете министре.

Ве молам господине Бучковски да не дофрлајте од место. Дали ви се допаѓа тоа што го кажува тоа е веќе друго прашање, да не дофрламе од место.

Јас сум претседател на Собрание и јас се грижам за мир и тишина во салата, а вие сте тој што го нарушувате мирот и тишината и вчера и денеска.

Повелете министре.

Зоран Ставрески: Благодарам претседателе.

Второ, за инфраструктурата во право сте дека треба да се градат патишта, во право дека тоа помага за бизнис секторот, за конкуретноста. Еве да кажам јас колку патишта изградивме и колку одвојуваме за капитални расходи на Агенцијата за патишта, 4 милијарди 617 милиони денари 2010 година, 4 милјарди 300 милиони денари 2009 година. Сега, извинете, морам да се вратам на 2005 година не зошто сакам туку за да видите колку е доволично тоа што го кажувате 2 милијарди 700 милиони одвоени за капитални расходи на Агенцијата за патишта. Па цели 2 милијарди повеќе се издвојуваат денеска и вие трвдите ние малку сме издвојувале за патишта.

Сакате друга споредба, за образованието и за тоа треба да се подготвите кога сакате споредба треба да извлечете податоци за да видите дали аргументите се на ваша страна за да изнесете констатација. Образование, за капитални инвестиции зборуваме, и тоа 692 милиони расходи 2010 година, 487 милиони 2009 година, 169 милиони 2005 година. Четири пати повеќе господин Макрадули. Значи можеби ние не одвојуваме доволно, можеби е добро да издвојуваме повеќе, 4, 5 пати за тоа што се издвојувале за истите тие клучни приоритети за оваа држава пред неколку години. Благодарам.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Јани Макрадули има контра реплика, повелете.



Јани Макрадули: Благодарам претседателе.

Господине Ставрески опремата што е купена е купена од едно време што вие не го признавате и си го газите самиот себе, своето минато.

Инаку да ве потсетам и вие многу добро знаете дека гинекологијата што се градеше до 2006 година ја стопираше Владата на ВМРО ДПМНЕ и тоа лесно може да се провери. Значи вие сеуште не започнавте и не направивте ниту еден енергетски објект. Ние толку успеавме, единствениот Козјак во вредност од 140 милиони евра. Вие се уште не пуштивте, не направивте милиметар автопат, ние ги направивме тие што можевме Скопје-Тетово-Гостивар, Неготино-Демир Капија, Смоквица-Гевгелија во вкупна вредност од 260 милиони евра. Ние во образованието и вие добро се сеќавате во втора година средно учевме за Толстој и Војна и Мир. Денеска парите што ги давате се даваат за книгата Бела крава со телето со шарено млеко што дава, не знам што дава. Е тоа е разликата.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Госпоѓа Ташева Виолета има реплика, повелете.



Виолета Ташева: Благодарам почитуван претседателе, почитуван министер.

Господине Макрадули јас внимателно ве слушав во вашето излагање иако поголемиот дел го посветивте и отидовте во насока на пратеничко прашање. Но јас ќе се задржам на својата реплика во однос на оној дел кој беше на буџетот и морам да кажам дека не се сложувам со вашите наоди оти буџетот не е добро проектиран односно дека нема развоја компонента. Наротив, за мене има развојни компоненти од причина што капиталните расходи се фокусирани во инвестициите во инфраструктурата, се фокусирани во поттикнување на стопанство и балансираноста, она што вам не ви беше јасно беше во услугите за покачување на стандардот на граѓаните во делот на образованието, социјалните политики, трудот, здравството итн., многупати во годиниве од 2006 наваму кога е ВМРО ДПМНЕ на власт континуирано растат и континуирано се сервисираат потребите на граѓаните во овие важни и осетливи сегменти.

Она што би сакала исто да го прокоментирам е непринципиелноста од оваа говорница да се кажува дека Владата треба фабрики да гради, мислам политичкиот и економскиот систем општествениот систем во Република Македонија е променет пред 20 години и тоа е уставна категорија каде е дефинирано кој може да гради фабрки и непринципелно и да кажувате каде се фабрики, Владата треба да ги гради. Тоа е една забелешка кој аоди во насока на обејкитивно информирање на граѓаните во однос на изјавата за буџетот.

Она што би сакала да ги искоментирам е во вложувањата што се прават во капиталните расходи, бидејќи тука имавте забелешка.

Во делот на образованието. Пред неколку дена имавме една дебата кае вие ме прозававте за 200% итн. Еве, илустративно, да не коментираме на памет туку со бројки. Како магистрант по економија јас си давам за право само со бројки, со веродостојна статистика да дискутирам и да дефинирам тенденции, дали растат, се зголемуват, стагнираат и кои се насоките во кои се движи државата, согласно она што се планира во буџетот.

Она што било во образованието во 2005 година, тоа е само 9 милијарди денари, а денес со овој Предлог на буџет имаме 21.107.000.000 денари. Тоа е почитуван колега 250% повеќе.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Јани Макрадули има контра реплика, повелете.



Јани Макрадули: Благодарам претседателе.

Веројатно на магистарските на економски факултет ве учат за едно основно правило, а тоа е, на влез во еден систем имате пари и излезот, дали е како услуга помал или поголем. Дали во Република Македонија некоја услуга е зголемена, тоа е клучното прашање, дали тој систем е одржлив, ефикасен.

Сакам јас да ве прашам во која тоа држава знаете, премиер да отвара тениски игралишта. Дали познавата таква држава и тоа да биде вистинки економски бум. Јас знам дека господинот премиер и цела Влада се рекетари и дека се заљубени во тенискиот рекет, ама тоа нема врска со развој. Како државата може да вложи, ние ви понудивме амандмани. Не знам дали следите телевизија, овие големите богаташи, 17 милијардери ги поклонуваат парите. Има компанија која нуди проект за апликација на мобилни телефони, од 100 милиони долари. Ние тоа велевме, државата да им овозможи, на најбараната роба, тоа се ИТ инжинерите да работат во услови што ќе им го создаде државата, а тие да си ги земаат парите.



Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет