Стенографски белешки



бет7/10
Дата27.06.2016
өлшемі0.64 Mb.
#161403
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10

Трајко Вељаноски: Реплика има министерот за финанисии, повелете.

Зоран Ставрески: Ви благодарам за укажувањата господине Станковиќ. Ќе одговора на дел од работите бидејќи вие имавте 20 минути, јас три минути за да одговорам така што нема да можам на се да ви одговорам. Во суштина гледам постои некаква нелагодност кај СДСМ и кај вас во однос на средствата од ММФ. Јас сакам да ве успокојат сите дека тие средства Македонија ги доби заради здравите и квалитетни политики и ќе останеме со такви здрави политики во иднина што подразбира пред се опстојување на одржувањето на низок буџетски дефицит и ниско ниво на јавен долг. Значи Македонија немаше да ги добие тие средства доколку немаше такви параметри, такви перформанси во изминативе, три, четири години. И ние немаме намера да го нарушуваме сопствениот кредибилитет или кредибилитетот на државата. Можеби постои неразбирање на ваша страна и не е чудно, имам впечаток дека и оној во СДСМ кој што би требало ова да го разбере, не го знае. Така што ќе го појаснам сега околу задолжувањето за да нема дилеми. Средствата од ММФ нема да го зголемат долгот ниту пак е правилно тоа што вие, а и пред вас неколку други говорници од вашата партија ги собиравте средствата 480 милиони од ММФ, не знам колку од еврообврзница, па вие додадовте сега и општински обврзници што врска немаат со централната власт. И собирате некој огромен пакет кој што ви изгледа дека одеднаш ќе го зголеми јавниот долг. Не се грижете, тоа не е така, економски гледано не е така и нема да се случи така. Така што ќе потрошиме онолку пари колку што вие како пратеници, се разбира со мнозинството гласови во Собранието ќе одлучите денес, или утре зависно кога ќе се гласа за Буџетот. На расходната страна толку колку што пишува, толку ќе потрошиме, независно дали сме добиле од ММФ средства за тоа, или од еврообврзница. Тоа е финансирање и тоа доаѓа, економистите го викаат, под линијата, значи само е начин како го финансирате буџетот. Тоа не значи дека економски гледано ние можеме во една година сега уште да си додадеме ако имаме на располагање уште една милијарда и уште една милијарда во економијата. Тоа ќе предизвика други проблеми, нарушување на курсот, на инфлацијата и слично. Затоа воопшто да не се грижите ќе биде се во ред, економските политики во Македонија ќе останат здрави. Зошто се битни овие пари тогаш, да ви објаснам. Битни се бидејќи што и да се случува во Европа, какви и нарушувања да има, кризи должнички или било што, и ако таму е лош пазарот на капитал, ние имаме сигурност дека овие проекти ќе ги реализираме, бидејќи имаме варијанта, а тоа се средствата од ММФ. Сега дали вас ви одговора тоа, или не, политички е друго. Меѓутоа, формално економски и финансиски гледано вака е и ние имаме сигурност дека нема да дојдеме во ситуација да бараме ребаланс заради недоволни приходи, или заради неможност да се реализираат проектите. Со овие средства од ММФ сме сигурни дека сите проекти ќе бидат реализирани. Благодарам.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Емилијан Станковиќ има контра реплика.



Емилијан Стаковиќ: Благодарам претседателе.

Почитуван министер, и јас сакам да ви верувам, ама немате кредибилитет, бидејќи и лани ни го говоревте истото, па ништо од тоа што го кажавте не се оствари. Ве молам, вие ли сте истиот министер за финасии кој што говоревте дека аранжман на Република Македонија со ММФ е лош за имиџот на земјата. Дали на нашите прес конференции, кога велевме дека е потребно Македонија да потпише аранжман со ММФ вие го говоревте ова што јас го велам сега, дека е лош за имиџот, и сега повторно климате со глава. Добро, да ве прашам една работа. Пред вас кој беше министер, Трајко Славески? Човекот кој ви ја правеше комплетната економска или финансиска политика на ВМРО-ДПМНЕ пред да дојде на власт. Сега да ве прашам: знаете што кажа за Капитал на 5.11.2010 година? „Факт е дека голем дел од обврските од минатата година кои не беа платени беа пренесени оваа година“. Ваш министер за финансии вели.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Госпоѓа Димеска Катерина има реплика, повелете.



Катерина Димеска: Благодарам.

Почитуван колега Станковиќ, и покрај тоа што министерот за финансии се обиде да ви објасни која е намерата и кои се предностите на аранжманот кој е нов вид на кредитна линија за претпазливост како инструмент од оваа година, ми се чини дека не успеавте или можеби не се потрудивте да успеете што всушност тоа значи за Република Македонија и во таа насока сакам да ви потенцирам само еден сегмент.

Би сакала тука да потенцирам едно размислување на господинот Доминик Штраус Хант, кој што воедно е и генерален директор на ММФ и неговата оценка во однос на позитивно прифатената покана од страна на Република Македонија, за да ја прифати оваа кредитна линија за претпазливост. Овој господин вака кажа: „Многу сум задоволен што Македонија позитивно одговори на поканата што ја упатив до економиите кои имаат силни економски основи и политики да го искористат овој инструмент за зголемување на меѓународната доверба“. Ако на почитуваниот министер за финансии не му верувате, мислам дека треба да верувате на овој господин кој што даде поддршка на оваа мерка која ја прифати нашата Влада, односно Владата на господинот Никола Груевски.

Инаку, сакам да ви реплицирам и во еден друг дел каде кажувате дека буџетот нема развојна компонента, дека не се проекциите предвидени во насока на подобрување на инфраструктурата воа Република Македонија како една темелна основа за економски развој во државата, би сакала да ве демантирам и тука, затоа што во овој буџет се предвидени средства кои се во насока на поткрепа на одобрени кредити за реализација на проекти, како што е кредитот од Банката за развој при Советот на Европа, кој што е наменет за социјално ранливите групи и за изградба на социјални станови во Република Македонија, во што поддршка даде и Владата со 93.200.000 денари, потоа со кредитот на Европската инвестициона банка за изградба на водоводи и канализации предвидени се средства во Буџетот на Република Македонија во износ од 90 милиони денари, со кредитите од КФВ банка за водоводи итн, кредит за ремонт на пругата предвидени се средства во износ од 122 милиони, знали има повеќе проекти кои ќе се реализираат во делот на инвфраструктурата во Република Македонија како солидна основа за економски развој, што впрочем и еден од параметрите при проекцијата која ќе ги следи и европските развојни политики оваа Влада.



Светлана Јакимовска: Благодарам.

Контра реплика има господинот Станковиќ Емилијан, повелете.



Емилијан Станковиќ: Колешке, жалам што ќе морам вака да ви реплицирам. Мислам дека бадијала се мачите да ги прочитате однапред напишаните реплики. Ќе кажам искрено, сакам и јас да му верувам на Зоран Ставрески, бидејќи 470 милиони или 900 милиони ќе ги плаќаат нашите деца и сакам да верувам дека ќе бидат разумно потрошени, но не можам колешке Димеска, вие наместо да мислите за Прилеп и да мислите дека треба да се прошири патот Прилеп - Градско или се распаѓа болничка кола или умираат родилки, вие гласата за Скопје 2014 година. Затоа не можам да му верувам ниту на него ниту на вас, тоа е проблемот.

Светлана Јакимовска: Благодарам.

За реплика е пријавена госпоѓица Христина Рунчева, повелете.



Христина Рунчева: Благодарам.

Внимателно ја следев вашата дискусија господине Станковиќ, зборувавте и за буџетот, меѓутоа зборувавте и за многу други пропратни нешта. За жал три минути е многу кратко време за да можеме да дискутираме и да се осврнам на сите сегменти што вие ги спомнавте.

Меѓутоа, она што би сакала да го дадам како моја лична забелешка во однос на вашето излагање е фактот дека понекогаш кога дискутирате за актуелните состојби во Република Македонија, за економската состојба, имам впечаток како да сакате да ја игнорирате економската криза од која беше погодена не само Македонија туку воопшто светските економии паднаа на колена и тоа мора да го признаеме.

Кога веќе спомнувате во неколку наврати дека се ирелевантни изјавите од министерот, немате доверба како ќе бидат потрошени средствата од ММФ, навистина би сакала да придонесам со една од изјавите која ја дава Светската банка, Марко Срепник, постојаниот претставник во Република Македонија, кој што вели дека „живееме во време на една голема економска несигурност, меѓутоа, Македонија не е сама во оваа ситуација и токму поради добриот начин на справување со кризата имаме конкретни резултати“. И во Република Македонија мораме да признаеме дека покрај влијанието на светската економска криза се најдовме во ситуација каде што Република Македонија не се соочи со девалвација на денарот, каде што немавме намалување на платите и пензиите во јавната администрација, каде што имаме спречување на зголемување на даноците. Ако зборуваме за пропаѓање на банки и штедилници, тоа не и се случи на Република Македонија ниту пак имаме пораст на невработеноста. За жал, тоа се проблеми со кои сеуште треба во континуитет да се справуваме. Меѓутоа, не се соочивме ниту со отпуштања од администрацијата што беше случај со голем број економии не само од нашето соседство туку големи светски сили кои навистина се моќни на економски план.

И она што велам дека не треба да ја занемариме економската криза е фактот што во времето на 2007 и 2008 година е забележан пораст на БДП како никогаш до сега. Ако во 2007 година имаме БДП раст од 6%, 2008 година изнесува 5%. Само за пример, просечниот годишен реален раст на БДП и во 2003 и во 2004 и во 2005 година се движи околу 4%. За 2009 година можеме да зборуваме затоа што е исто така година која е сериозна и тешка и која е година на излез од криза, сепак, мораме да и погледнеме на вистината во очи, затоа што кризата ги направи соодветните ефекти, меѓутоа, треба сепак да бидеме задоволни поради тоа што сме ја задржале макроекономската стабилност и заради претходните индикатори кои ги наведов навистина треба да се имаат сериозни очекувања дека оваа година проекциите кои се предвидени ќе го дадат соодветниот резултат и резултатите ќе се почувствуваат во година на опоравување на светската економска криза.

Светлана Јакимовска: Благодарам.

Контра реплика има господинот Станковиќ Емилијан, повелете.



Емилијан Станковиќ: Колешке Рунчева, ја разбирам првата забелешка дека ви биле прекратки три минути. Втор ден е на дискусија, не сте пријавени, а можевте да користите 20 минути да дебатиравте за буџетот и тогаш да ги браните политиките кои веројатно сега имате обврска да ги браните поради тоа што бевте една од оние кои добивте решение за вработување во еден вакуум период на Правниот факултет. Дополнително ве молам аплицирајте си го вашиот аналитички центар, бидејќи цитирате луѓе кои веќе не се на позицијата во Светската банка, одамна се сменети и тоа треба да го имате предвид.

Инаку, велите дека сега во 2011 година реалните предвидувања ќе се остварат. Само да ви прочитам еден пример „2009 година беа предвидени 29,3 милијарди денари капитални инвестиции, беа реализирани 13,4 или помалку од половината од предвиденото, помалку 46%“. На кого да веруваме колешке Рунчева?



Светлана Јакимовска: Благодарам.

Има реплика има госпоѓица Андоновска Марија, повелете.



Марија Андоновска: Благодарам.

Колега Станковиќ, легитимно е да се критикува од оваа говорница, тоа води во насока на подобрување на парламентарната демократија, но кога критикувате треба да знаете, треба да кажете што е она што сте го оставиле вие зад себе, или пак што е она што го нудите вие. Вие ги немате двете работи, ни кажувате што е она што сте го оставиле зад себе во интерес на граѓантие како проект, ниту ни нудите нешто ново.

Прашувате каде е разликата во здрвството. Ќе ви одговорам онолку колку што ми дозволува времето преку неколку примери. Во изминатиот период во здравството се отпочнати неколку реформски проекти, дел од нив се завршени, дел се во фаза на реализација. Во Буџетот за 2011 година во здравството се предвидени повеќе околу 30 милијарди евра кои се наменети за нова медицинска опрема, реконструкција, изградба на болници итн. Каде е разликата? Еве каде е разликата. Во ваше време беше многу помал буџетот, средствата кои ги одвојувавте вие за здравството, но од друга страна во неколку наврати земавте заем од Светската банка, милионски заем од Светската банка за здравството. Имавте продажба на градски аптеки од каде се слеваа 12,5 милиони евра и сите овие пари завршија во непознат правец, за непознати цели, а граѓаните од овие средства не видоа ниту денар, ниту една реформа во здравството. Наместо тоа парите наменети за Проектот на новороденчиња и едукација на лекари отидоа на скапи и непотребни патувања. Понатаму, наместо да се набават возила со кои бубрежно болните ќе се возат на дијализа, се набавија 17 возила за блиските соработници на министерот за здравство и за партиските потреби на СДСМ. Колега, во 2006 година не предвидовте средства во буџетот и ги оставивте на милост и немилост најранливите категории, хемофиличарите, душевно болните, мајките и децата, болнита од сида и рак итн. Уште многу други работи кои не разликуваат и тоа е добро кога има разлика. Разликата меѓу вас и нас се гледа од авион.

Понатаму, благодарам што го спомнавте денешниот настан, а тоа е отворањето на две тениски игралишта во Ѓорче Петров. За само четири дена во Ѓорче Петров се случија три настани, првиот, пуштање во употреба на спортско игралиште, камен темелник на пречистителна станица во Орман и денешниот настан, две тениски игралишта во ОУ Мирче Ацев. Три настани за четири дена што вие не ги направивте за 20 години. Единствената активност која ќе ја паметиме од времето на СДСМ во Ѓорче Петров е тепањето на граѓаните. Тоа Ѓорче нема да ви го заборави, никогаш нема да ја добиете довербата на граѓаните.



Светлана Јакимовска: Благодарам.

Контра реплика има господинот Станковиќ Емилијан, повелете.



Емилијан Станковиќ: Благодарам.

Очекував ваква реплика, ова ќе беше добра за Театар за деца и младинци, ќе забавевте некого, ќе се насмееше.

Прво, срамота е вие да спомнувате проекти во Ѓорче Петров. Не постои друг премиер во светот кој што отвора тениски игралишта, меѓутоа, треба да одговорите зошто ја запревте изградбата на градинката која што ја започна прептходната влада на СДСМ. Тоа е капитална инвестиција.

Дополнително колешке Андонова проблемот не е што вие крадете сега, проблемот е што го уништувате и тоа што претходно било изградено. Еден пример е доволен. Вие дојдовте и го растуривте Универзитетскиот клинички центар, за да пикнете партиски војници и да се одлее оној кадар кој го градеше со децении здраваството. Ако вие сметате дека здравството е добро затоа што во 21 век во Македонија умираат луѓе од сепса, тогаш нека ви служи на чест, доволни се двата ревизорски извештаи. 17 мииони евра криминал во здравството, тоа говори се.



Светлана Јакимовска: Благодарам.

Реплика има господинот Пачемски Миле, повелете.



Миле Пачемски: Благодарам.

Почитуван колега Станковиќ, ќе реплицирам само во делот од вашата дискусија за здравството. Се гледа дека добро сте го проучиле буџетот и бројките во него кога зборувавте за здравството и сосема логично сте забележале дека во буџетот за здравство за 2011 година има одредено само 4,5 милиони евра за набавка за реконструкција на јавните здравствени установи. И тоа е сосема логично, затоа што знаеме дека ние зборуваме дека ќе финансираме 68 милиони евра во набавка на опрема и околу 100 милиони евра за реконструкција на јавните здравствени установи. Ќе се обидам тоа да го објаснам.

Предлогот на буџетот за 2011 година е зголемен за 6,8%, а буџетот на Министерството за здравство е зголемен за 60%, за цели 20 милиони евра имаме повеќе буџет во здравството отколку 2010 година.

Исто така, Фондот за здравство има зголемување за цели 23 милиони евра. Вкупно имаме 43 милиони евра повеќе пари за здравство во однос на 2010 година.

Вие добро знаете дека оваа голема сума од 160 милиони евра капитална инвестиција во здравството не може да се одвива во една фискална година, тоа е предвидено да биде во неколку фази. За реконструкција на јавните здравствени установи знаете дека има три фази. Во моментот трае првата фаза, таа почна во февруари месец оваа година и ќе трае до 2013 година, некаде околу 23 милиони евра. Знаете дека дел од тие пари се фактички кредит од Светската односно од Централната европска банка. Со Проектот за реконструкција на јавни здравствени установи ќе бидат опфатени 42 јавни здравствени установи. Во тек е првата фаза, при што се опфатени 19 здравствени установи и плус новата Болница за белодробни заболувања за деца во Козле.

Во поглед на медицинската опрема знаете дека во 2009 година беа потрошени вкупно 80 милиони денари за набавка на опрема, оваа 2010 година се потрошени 450 милиони денари за набавка на опрема во 2011 година како што гледате во буџетот се предвидени 900 милиони денари или околу 15 милиони евра. Тоа е навистина голема бројка и ќе повторам, целиот проект не е само за една година, туку тој проект ќе трае неколку години натаму. После тој проект ќе имаме една сосема поинаква слика за целиот систем, ќе имаме нови болници, нови простори, нова медицинска опрема и ќе имаме сосема друга приказна за здравството.



Светлана Јакимовска: Благодарам.

Контра реплика има господинот Станковиќ Емилијан, повелете.



Емилијан Станковиќ: Колега Пачемски, вие сте доктор и тешко е да браните нешто што е лага. Приказна е, точно е, Пачемвски, затоа што опремата петта година ја чекаме и сеуште ја нема. Тоа е добра приказна и сега да ја повторувате во секој буџет.

Почитуван колега Пачемски, требаше да ми одговорите друго. Ако вие се чувствувате како дел од владеачката коалиција кога како гинеколог гледате дека во 21 век умираат родилки во Македонија, заради тоа што јавното здравство е многу добро како што вие велите или како се чувствувате вие кога бербер во Штип станува болничар. Тоа јавноста ја интересира бидејќи сте доктор, сте од ВМРО-ДПМНЕ и треба да знаете. Дополнително кога говорите за 20 милиони зголемување, кажете колкава ќе биде загубата на Фондот за здравство. Да не биде 19 милиони на крајот на годината, па со овие 20 милиони ќе треба да ја покриете загубата. Кои инвестиции колега Пачемски во здрвството, какви приказни продавате, никој не ви верува повеќе.



Светлана Јакимовска: Благодарам.

Реплика има господинот Ѓорчев Владимир, повелете.



Владимир Ѓорчев: Благодарам.

Кога зборуваме за буџетот треба да земеме предвид и некои макро економски податоци кои говорат во прилог на вкупните економски движења во Македонија и сето тоа е заслуга на тоа што го имаме како економска политика на Република Македонија. Доколку ги провериме годините кои се референца за оваа Влада, а тоа се годините за споредба од 2002 до 2005 година, имаме ситуација во која БДП никогаш немаше зголемување поголемо од 4%. За разлика од тоа 2007 година имаме зголемување од 6,1%, во 2008 година од 5% и во ситуација кога Германија во 2009 година падна за 6%, кога сите балкански држави имаа пад во економиите од 3-4-5%, во ситуација кога грчката економија има пад од околу 10%, Македонија имаше пад од 0,7%. Исто така, растот на извозот во најдобрите години од 2007 и 2008 година е околу 60%, а враќањето на расход на извозот ќе се случи и во 2011 година, кога е предвидено зголемување на БДП од 3 до 3,5%. Понатаму, индикатор е и БДП по жител како основен индикатор на степенот на развој на економијата и имаме зголемување од 2855 долари во во 2005 година на 4801 долар односно за 68%. Имаме намалување, односно најголема стапка на невработеност која што претоходно била 38,3% во 2005 година на 32,2%. Значи уште еднаш од 38,3% на 32,2%. Да, невработеноста и понатаму е огромна, но никој не може да ги заборави оние наслови кои што ги имавме во Македонија со дури 400 илјади невработени. Значи, невработеноста постепено малку и понатаму болно се намалува.

Странските инвестиции во период од 2007-2010 година достигнаа вкупно 1 милијарда 187 милиони евра. Тоа е за 200 милиони евра повеќе од вкупниот прилив на странски инвестиции од сите влади на СДСМ од 1990 година наваму.

Стапката на бруто инвестици е зголемена од 20,8% на 25,9%. Исто така највисоко ниво од осамостојувањето. Има уште многу податоци кои што може да се кажуваат се согласувам состојбите и понатаму се тешки, но добро е што постепено македонската економија ќе заздравува и во 2010 и во 2011 година. Благодарам.



Светлана Јакимовска: Благодарам.

Контра реплика господинот Станковиќ Емилијан, повелете.



Емилијан Станковиќ: Благодарам потпретседателке.

Колега Ѓорчев, да не го згрешивте ливчето што го читавте, да не е она ливче чаршавите што одат на Јавниот радиодофузен систем. Ова се претпоставувам лаги што си ги правите вие во вашиот центар за комуникации. Сакате да говорите со бројки? Предвидовте ли во 2009 година 5,5% раст, а имаше пораст од 0,9%. Вие ќе говорите за бројки? Сакате да говорите за бројки. Еве ви раст на бруто домашниот производ по години 2004 година 4,6%, 2005 година 4,4%, 2006 година 5,0%, или ако сакате најубавата бројка, раст на сиромаштија пораст на сиромаштијата во 1999 година од 21% на 30,2%. Груевски министер во Владата на Љубчо Георгиевски. 2010 година рекордна сиромаштија 31,1%, Никола Груевски премиер. Е, тоа се бројките господине Ѓорчев. Препоставувам не знам дали сте видела има информација азиланти има многу на граница од Германија, сакаат да влезат поради тоа што ни е многу добра економијата, ве слушале вас на телевизија.



Светлана Јакимовска: Благодарам.

Има збор господинот Чинговски Томе, повелете.



Томе Чинговски: Благодарам почитуван заменик претседател, почитуван министер, почитувани колеги пратеници.

Добро, овој буџет мене ми изгледа како список на желби на Владата крајно нереален или сликовито објаснето како еден надуван балон кој што мислам дека секој момент ќе екплодира. Пет години по ред веќе оваа Влада ниту еден до сега буџет на реализира. Па, сега се поставува логичното прашање, дали на овој Буџет ние реба да му веруваме. Ние од СДСМ , моите претхднци кажаа дека ние не му веруваме дефинитивно.се темели на нереални претппоставки при високо проектирани приходи и нереален раст на економијата. Не сум убеден апсолутно дрка овие приходи во нареднаат година кои што ги имате предвидено можат да се реализираат затоа што според мене стопанството е на колена и мислам дека апсолутно не ќе можат да се обезбедат овие средства, за да би можело да се полни буџетот непречено. Како кога фимрите кои што работат за Владата на Република Македонија донесовте закон со кој што им се пролонгира плажањето од една на две години и како сега тие фирми кои што работат токму за Владата би можеле да реинветстираат и да испупмуваат нови средства во буџетот на Република Македонија. асполунто никакви. Предвувате раст на потрошувачката на граѓаните од една страна, а од друга страна ги замрзнувате пензиите и платите. Како тие луѓе ќе ја зголемат потрошувачката имајќи во предвид дека цените секојдневно растат, а пензиите и платите остануваат исти, стагнираат во место. Како граѓаните ќе можат да помогнат во зголемувањето на потрошувачката. Апсолутно никако. Значи, нелогично и според мене многу тешко веројатно дека сето тоа може да се реализира и да се оствари. Значи, од една страна имаме повисоки цени на сите оние артикли кои што живот значат за луѓето, а од друга страна имаме замрзнати плати и пензии. И тука мислам дека е нереално.

Друго, имавте еден маркетиншки трик со кој што го однесовте сите пензионери во бањите. Тоа е можеби добро, но ќе беше навостина добро до колку нивниот престој таму на бањите им се исплатеше сето тоа. Значи луѓето беа, вие целта си ја постигнавте, а наместо да направите две добра направивте три лошо работи. ги излажавте луѓето, една работа, беа таму, ги поминаат 7-8 дена и третата работа во тие обејкти каде што престојуваа луѓето ни денар не им е исплатено. Сега се поставува знак прашање дали тие објекти можат да опстанат. Дали тие обејтки ќе можат утре да примаат други гости. Наместо да направите пазар со кој ќе бидат задоволни и пензионирите од една страна, од друга страна ќе бидат задоволни и бањите, сега имаме три работи, сега тие се закануваат со затворање на нивните објекти и испуштање на сите вработени таму, од тоа луѓето живеат,од тука црпат средства за лична егсизтенција.

Друга работа, лага е дека буџетот е развоен. Дека за прв пат предвидени се толку средства во капиталните инвестиции 22,8 милијарди денари. Во буџетот за 2010 година, пред ребалансот беа предвидени 22,9 милијарди. Во 2009 година, морам да ве потсетам, капиталните инвестиции беа реализирани само 46%. Во 2010 година со ребаланасот беа скратени за 25% и никој не знае колку ќе биде до крајот реализарано.

Значи, според овие податоци што ги имаме на располагање и според она што до сега го имавме во реабалнсите кога дискутиравме за буџетите и сите оние искуства кои покажуваат во изминатиот период, факт е тоа дека и во 2010 година и во буџетот за 2010 година беа предвидени повеќе средства а тогаш не се пофаливте дека е развоен. Сега за некој процент помалку средства во буџетот се фалите дека е развоен.

Со ова се докажува дека Владата на ВМРО ДПМНЕ нема намера да инвестира во капитални инвестиции кои поттикнуваат економски раст, патна и железничка инфраструктура или енергетски објекти. До сега јас не гледам, или ако се лажам јас кажете дека некој објект од капитално значење, од капитална инвестиција е реализаран во вашето петгодишно владение. Значи со ниту еден објект од областа на енергетиката не можете да се пофалите. Ниту еден таков објект немаме во Република Македонија за време на вашето владение. Моите колеги спомнаа ниту еден метар автопат не е инвестирано. Значи, апсолутно до сега само слушаме дека ќе се инвестира, во капитални инвестиции ќе се вложат толку и толку средства, ќе се земат такви кредити, ќе биде не во 2011, во 2012 година. Значи се се сведува ќе биде ќе се земат кредити за ова, за она кредити. Кредити се земаат, меѓутоа реализација асполутно никаде ја нема. Тоа го гледаат и пратениците без разлика од која политичка провиниенца доаѓаат секојдневно, кои што патуваат. Значи, сите патишта без исклучок ни се катастрофални. Не само што не е направен нов автопат ниту едно метро, туку и оние кои што ги имаме можам слободно да кажам дека се за никаде и дека се огромна опасност за безбедноста на сообраќајот на сите учесници во сообраќајот.

Во железничкиот сообраќај, не знам кој од колегите пратеници, или од Министерството за финансии последен пат ги користел тие услуги за да види каква е ситуацијата. Можеби во изминатиот период не се вложувало, меѓутоа овие пет години, апсолутно немаме никаква инвестиција. Мислам дека тоа е жалосно за една држава која претендира во Европска унија, само затоа што претендираме како земја членка во Европска унија, туку и за самите наши граѓани немаме допринесено, ниту направено апсолутно ништо.

Пред неколку дена имавме информација за Проектот „Скопје 2014“, каде што министерката за култура кажа дека спомениците биле капитални инвестиции. Ако тоа е навистина така, ако така размислувате и вие јас и препорачава да се консултира со вас, дека спомениците не се капитални инвестиции и министерката и понатаму тврдеше дека тоа е така. Ќе ве мола да ја посоветувате, да и кажете дека тие споменици асполутно не се капитални инвестиции и дека е многу побитно Владата на Република Македонија тие средства до сега за нас познати или по препоставки отприлика 350 милиони евра да се пренасочат во вистински капитални инвестиции каде што од сето тоа ќе имаме бенефит сите граѓани во Република Македонија, а тоа ќе биде една од оние мерки со која што ќе ги надминеме овие економски кризи и други работи, затоа што поврзаноста со другите земји многу значи за развојот на Република Македонија. Тоа би била една од најзначајните мерки која Владата на Република Македонија ги преземала за да му помогне на стопанството за полесно да ја помине светската економска криза, а и да можеме поефтнини производи да носиме во нашата држава. На ваков начин само си отежнуваме и се убедуваме едни со други, едни не убедуваат дека спомениците се капитални инвестиции, а ние знаејќи дека не е така се трудиме како на граѓаните да им објасниме дека е тоа погрешната политика која во моментот jа водите.

Буџетскиот дефицит е превисок. Тоа значи дека се трошат многу повеќе пари отколку што се собираат средства. Затоа се зголемува буџетската дупка која идни генерации ќе треба да ги враќаат. Значи, не знам како неодговорно се однесуваме кон оваа работа. Значи да е тоа одговорност само на оваа Влада и на овие луѓе кои што денеска владеат со Република Македонија тоа можеби и би било во ред. Меѓутоа тоа останува за генерации, за нашите поколенија. Јас навистина не знам до каде ќе одиме со ваквото неодговорно однесување. Од 2007 до 2010 година буџетскиот дефицит е 375 милиони евра. Заедно со проектираниот дефицит од 2011 година Владата ќе потроши цели 540 милиони евра повеќе од што имаме на располагање. Значи мислам дека буџетскиот дефицит и навистина превисок.

Значи структурата на насловите вели вака: растат плати и надоместоци, расте стоки и услуги, растат субвенции и трансфери, растат социјални бенефиции, ама само заради празните фондови. Овој буџет дефинитивно не е наменет за да го реши нашиот најголем проблем, сиромаштијата и невработеноста. Во мерки за намалување на сиромаштијата и поттикнување на вработувањето само 202 милиони денари. А за жичарата за Скопје 303 Милиони денари, за купување на возила 1,1 милијарди денари, за економска промоција на Владата 660 милиони денари. Замислете си сега на какви работи се трошат огромни средства на граѓаните. Еве првата споредба 202 милиони денари за поттикнување на вработеноста, а за жичарата на Водно 303 милиони. Од ова произлегува сето она што ние го зборувавме уште на Комисијата кога ги имавме поднесено амандманите како опозиција каде што на нашите почитувани колеги се трудевме да им објасниме дека средствата кои се одвојуваат за Скопје, за жичарата на Водно многу попаметно би било да се пренасочат некаде во нашите градови од каде што доаѓаме, да се доизградат некои водоводи, каналзациони мрежи, да се изградат прочистителни станици, да се изградат патишта во руралните средини, да се модернизираат и оние постоечки патишта, меѓутоа пратениците од владеачкото мнозинство гласаа за Проектот „Скопје 2014“ нејќат апсолутно да слушнат за нивните градови и за амандманите што опозицијата ги поднесува.

Друга работа, се трошат огромни средства не во Република Македонија како што се овие бронзени фигури, сите средства одат во Италија. Или од овие 1,1 милијарда отприлика милијарда денари ќе се одлеат во други држави за набавки на двокатни автобуси. Стандардот толкав ни стигна во Република Македонија што мислам дека Скопје дефинитивно не би можел да издржи до колку немаме двокатни автобуси кои што ќе се проиведуваат во некоја кинеска фабрика каде што ќе помогнеме таму каде што луѓето можат редовно и непречено за земаат плата, додека нашите граѓани овдеке кои што мислам дека одвај крпарат од први до први тука не можеме да обезбедиме за нив работни места и да обезбедиме постојана работа за да можат да имаат лична егзистенција или ако им обезбедиме работа го пролонгираме рокот за плаќање за една две или повеќе години, или сето тоа се прават префалања од една во друга година. Значи за економска промоција на Владата 660 милиони евра. Сето ова мислам дека не е во ред дека ваквиот начин на недомаќинско трошење на буџетските средства треба еднаш засекогаш да престане. Сите овие средства да се наменат за капитални инвестиции каде што од сето тоа ние би имале апсолутно еден заеднички бенефит и еден заеднички интерес. Значи дефинитивно можам да заклучам дека цел буџет е заложник на Проектот „Скопје 2014“ кој што бие почитувани колеги се трудевте да објасните дека не е само „Скопје 2014“, дека е Македонија 2014, се трудевте да ги преименувате, меѓутоа тоа ви беше бесупешен обид затоа што граѓаните гледаат, а и голем дел од граѓаните некаде 68% кажаа дека се против тој проект и дека не треба да бидеме заложници и ние и буџетот, дека сето тоа треба еднаш застане да можеме да продолжиме реално да ги трошиме парите. Значи нема проекти низ образование, нема средства ни за здравство, ни за социјала, апсолутно нема за ништо средства, освен за „Скопје 2014“ каде што мора да се обезбедат за тој проект и тој проект мора да се турка и без разлика дали граѓаните го одобруваат, да не зборуваме за опозицијата, тоа е на последно место.

Се трудевте да кажете дека сте направиле многу во образованието со набавката на не знам колку илјади компјутери, меѓутоа сведоци сте вие , вие сте родители, гледате дека тие компјутери во училиштата се само еден предмет кој што им смета при исполнувањата на секојдневните училишни активности на децата. Дури и голем дел од тие објекти каде што се поставени немаат ни соодветна инсталација или на крајот на краиштата немаат обучен кадар кој што ќе може со тие компјутери децата да ги воспитува и да ги образува. Така ако мислите дека инвестициите во здравството кои што секојдневно ви летаат, не само што летаат туку и убиваат луѓе и дека е тоа успехот на оваа Влада, мислам дека тука се лажете и дека на таков начин асполутно не треба да продолжиме.

Тука јас би застанал затоа што и моите колеги кажаа доста за буџетот. Благодарам.



Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет