Стенографски белешки



бет9/10
Дата27.06.2016
өлшемі0.64 Mb.
#161403
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10

Светлана Јакимовска: Благодарам.

За реплика сум пријавена јас.

Ја следев внимателно вашата дискусија колешке Анастасова и навистина ако некој се вклучеше во медиумите да ја следи дискусијата, интересна дискусија меѓутоа немаше да сфати дека се работи за буџет-дискусија. Па не може сега да ви се реплицира ништо поинаку освен за буџет бидејќи и смиот Деловник институтот реплика кажува да дополнува или исправиме некое изнесено мислење од страна на еден говорник. Споменавте дека буџетот е неразвоен. Онака како што моите скромни познавања она што го гледам јас не се согласувам со вас и напротив овој буџет е развоен.

Понатаму споменавте во вашата дискусија многу во врска со проекти кои што навистина пред два дена зборувавме за една информација која вие ја побаравте очигледно или не сте успеале да се доискажете или навистина сакате уште еднаш, може, има право уште еднаш да се поднесе таква информација на некои од наредните седници па пак да разговараме за тоа, ако така процените.

Споменувате дека патната инфраструтура е лоша. Не можам да кажам дека навистина е добра, не можам да кажам дека не треба да се вожува, меѓутоа дека се работи за некакви патчиња, тука не може да се согласам со вас, навистина сме имале прилика да разговараме, ако се работи за патчиња, не знам со какво возило вие возите, велите дека возите 180 км на час, стварно не разбирам, не разбирам, иако сум и јас возач преку 30 години навистина јас не разбира.

И уште една работа на почетокот на говорот оваа Влада лаже за ова, лага е ова, ова е голема лага, знаете што е најголема лага која до ден денеска не ја објасните дека е лага, а се почувствува дека е лага. Она со кое што ги добивте изборите, вработување на еден член од секое семејство. Знаете по Државниот завод за статистика колку има регистрирано семејства во Македонија околу 500 илјади. Па ние немаме толку невработени, дали сметате дека ќе увезуваме невработени и ќе вработуваме и ќе бидеме единствена држава на земјината планета кое што ќе биде минус. Најразвиените земји дали во Европа, дали во светот не се под 3, 5 или 7% невработеност. Ова ќе беше навистина нешто не знам, некое невидено чудо. Е тоа е најголемата лага која што ќе остане за вашата партија обележја, секогаш додека постоите. Благодарам.

Контра реплика госпоѓа Анастасова Станка, повелете.

Станка Анастасова: Благодарам потпретседателке.

Цело време зборував за Предлог буџетот за 2011 година, доколку сте го разгледале ќе видите дека постојано зборував по точката од дневен ред.

Дека патната инфраструктура е катастрофална се сложивте. Но не кажавте дека тие регионални патишта, мали патчиња со која сака да се амнестира оваа Влада дека ќе ги изгради далеку е патчето преку Коњари кое што веќе го имаше и со гребаници на 5-6 километри се постави нов слој асфалт далеку е за замена за ветениот пат од страна лично на премиерот Никола Груевски, автопатот Миладиновци, Свети Николе, Штип. Осумте милијарди евра се најголемата лага за странски инвестиции, поголеми и од лагата на Васил Топурковски. Тоа е вашата лага. А ние немаме никаква лага, сега пет години вие сте на власт. Благодарам.

Светлана Јакимовска: Благодарам.

За реплика е пријавена Цветковска Соња, повелете.



Соња Цветковска: Благодарам претседателке.

Почитувана колешке Станковска, прво ќе ви кажам за вашето изложување пред малку, сакавте политички да делувате во смисол на тоа да веќе ви стана практика вам и на вашите колеги на СДСМ кога ќе излезете на говорница да ми покажувате памфлети, слики колку сте биле многу на т.н. марш, и спомнувате Нинбершки процеси одлика на нацизмот.

Инаку тој марш ви го почитувам со оглед на тоа дека маршираа ваши партиски членови, еве убаво ги викаме, не ги викаме војници како вие што знаете да кажете за членовите на ВМРО-ДПМНЕ и треба да одат бидејќи сте ги повикале. Но останатите што сте се заканувале по училишта, по другите јавни институции и слично, и сте ги измолиле на некој чуден репресивен начин да ги донесете тука тоа не е во ред за да отпосле деновиве ве слушнеме дека народот едвај чекал да излезе. Да едвај чекале вашите партиски членови, јас ги почитуван и разбирам.

Е сега, другиот дел што се обидовте да го преставите Буџетот како несоодветен.

Почитувана колешке, спомнувавте дека Владата на Република Македонија не градела фабрики, и за тоа не ви забележувам очигледно инспирација имате од бившото комунистичко време кога се градеа фабрики. Заборавате дека не е веќе планска централистичка економија, туку пазарна економија која востановена уште со основањето на европската заедница, преку Луксембуршкиот компромис, односно стратегија во 1997 потврдено во агендата 2000-та. Што значи, дека секаде во светот, така и во Европа така и кај нас Владата на Република Македонија ги потикнува малите и средни претпријатија односно работи за развојот на истите, на претприемништвото. За таа цел во изминатиот период некаде околу 2000 приватни претпријатија има формирано и потпомогнато Владата на Република Македонија. Тоа е успехот.

Понатаму, исто така во земјоделскиот сектор, општо познато е на јавноста, на граѓаните на Република Македонија каде што се делеа по 3000 илјади евра подпомогнување на земјоделскиот сектор и каде што и таму исто така настојуваме истите на некоја начин да се трансформираат во приватни земјоделски претпријатија. Инаку, она што споменувате цело време дека некој ги јаде народните пари, никој овде не јаде пари, туку парите се вложуваат за интересите на граѓаните на Република Македонија.

Вие безнадежно се обидувате да ја одбраните програмата Надеж која изеде, со вашиот речник се служам надорни пари, вкупно 340 илјади евра, колешке. Одговорете на јавноста каде и за што ги употребивте овие пари.

Светлана Јакимовска: Благодарам.

Контра реплика госпоѓа Анастасова Станка, повелете.



Станка Анастасова: Благодарам потпретседателке.

Почитувана колешке Соња, најпрво ми го згрешивте и името и презимето, јас сум Станка Анастасова, запаметете го еднаш, јас се извинувам реков јаде во наводници, еве ќе речам краде. Можеби тоа ви е посоодветен збор. И овие слики ве болат, а сум делувала политички, ова говорница е за политичко делување, овде сум политичка личност. Ако ве болат овие слики покрај тоа што сум доктор не можам да ви помогнам и се повеќе на улиците ќе ги има бидејќи расте незадоволството на народот, се повеќе се охрабруваат и не ви се плашат повеќе. Благодарам.



Светлана Јакимовска: Благодарам.

Следен пријавен за збор е господинот Селмани Имер, не е тука.

Следна пријавена за збор е госпоѓа Николиќ Мазнева Косна, не е тука.

Следен пријавен за збор е господинот Хаби Тахир, не е тука, го губи правото за збор.

Следен пријавен за збор е господинот Рушити Сулејман, не е тука, го губи правото на збор.

Следен пријавен за збор е господинот Мукоски Крсто, не е тука, го губи пработо за збор.

Следен пријавен за збор и има збор е госпоѓа Радмила Шекеринска, повелете.

Радмила Шекеринска: Благодарам.

Навистина Македонија е можеби единствената држава во која дебата за буџет ќе заврши за два дена. Македонија е единствена држава во светот во која на дебатата за буџет практично со дискусии не учествува парламентарното мнозинство. Македонија е единствената држава во светот, барем таму каде што има парламенти, каде што пратениците на владеачкото мнозинство цело време се жалат дека немаат време во три минути се да кажат, ама сите се откажаа иако беа пријавени за збор. И тоа верувајте е тажно и не е добро. Македонија по една работа има константна власт, која што бега, бега денес од дебата, бегаше вчера од вистинска дискусија, бега од аргументи, бега од избори. Меѓутоа, да имате дискусија за буџет во која практично единственото што ќе го чуете е молк и обвинувања од страна на власта, покажува дека Македонија навистина дошла на лошо дереџе. Меѓутоа што е тука е, мораме да работиме и во такви околности. Сакам на почетокот да се заблагодарам на министерот за финансии, иако сега веќе не е тука, што многу трпеливо ни објаснуваше што значел новиот кредит, новиот аранжман, новата линија од ММФ. Навистина многу беше трпелив со една доза на ароганција од која не може да избега, меѓутоа беше трпелив да ни објасни. Би сакала да го замолам за уште една работа. Со истото трпение, со истите зборови и со истата желба да појасни да му се обрати и на премиерот Груевски, бидејќи навистина е чудно во една држава во која министерот за финансии и заменик претседател на Владата вели дека ова што сме го добиле од ММФ е договор и понуда што не може да се одбие, за истата таа понуда која што не може да се одбие еве што кажа премиерот. Премиерот вели вака, во овој момент Македонија нема потреба од прифаќање на ваквиот заем. Ова беше неколку дена откако Ставрески со понудата во чанта се врати од Вашингтон. И претпоставувам дека имал време во неколку дена да се види со премиерот и да му објасни. Се прашувам исто така, што се случи во меѓувреме, што е она што му го смени овој став на премиерот за кој отворено говореше. Тогаш, ваквиот заем кој според Ставрески е идеален беше нешто што треба да го пуштиме низ вода. Денеска Ставрески во име на Груевски вели дека заемот од ММФ не смееме да го пропуштиме. Ова е само еден од многуте примери на политичката какафонија која што за жал не бомбардира од Владата. За едно вакво политичко прашање, пар екселанс кое што ќе влијае на економските политики и во 2011 и во следните неколку години. Срамота е, првите двајца луѓе во Владата по економски прашања да имаат дијаметрално спротивен став и во ниеден момент да не ни кажат кои беа тие аргументи кои што Груевски го натераа да биде негативен по ова прашање. За мене ова значи дека економската политика на Владата на сите фронтови доживува крах. И затоа во право е министерот за финансии кога вели, дајте ми падобран, дајте ми нешто што можеби ќе ме спаси утре кога уште повеќе ќе се почувствуваат негативните последици на погрешната политика.

Еве пример број два за поразот на економските политики на Владата на Груевски, како пратеници имаме обврска да ги читаме воведните излагања на министерот за финансии кога го предлага буџетот, ама мислам дека имаме обврска од време на време да ги прочитаме и тие што ги дал претходната година. 12 месеци не се така долг период за да забораваме.

Еве што ни кажа минатата година ова време министерот за финансии. Најзначајна реформска мерка на оваа Влада е намалување на стапките на социјалните придонеси како најсилен инструмент за сочувавање на постојните и креирање на нови работни места. Треба уште еднаш да го прочитам? Најзначајна реформска мерка. Денеска пред 24 часа Ставрески и заменик министерот се откажаа од својата најреформска мерка. Што значи дека тие реформи паднаа во вода или дека веќе не важи дека тоа е инструмент за сочувување на постојните и креирање на нови работни места. Или Ставрески веќе дигнал раце и вели не можеме да создаваме нови работни места го напуштаме овој реформски курс. Точно се сеќавам на дебатата која што ја водевме на овие теми. И точно се сеќавам на ароганцијата и сигурноста со која што министерот за финансии и други претставници на Владата тврдеа дека ова ќе биде најкрупната реформа која ќе ја спаси Македонија од криза. И што сега? Сега самата Влада ретерира. Самата Влада се откажува од реформата која што ја сметаше за најзначајна во своето работење. И, ве молам, немојте за кризата да зборувате. И во 2009 година на крајот зборувавте за криза. Денеска велите дека кризата практично поминала. Зошто тогаш се откажувате од најреформската мерка.

Втората тема на која што би сакала да се осврнам е генералната состојба или оценките генерални на состојбите на економијата во Македонија.

Извештајот на Европската комисија кој помина, за жал во сенка на многу политички коментари беше прилично непријатен, пријателски ама прилично непријатен. Зборуваше за пораст на долгот, зборуваше за влошено трошење на државните, на јавните пари и зборуваше на фактот дека невработеноста и сиромаштијата се критични точки во македонската економија и македонското општество при што странските инвестиции не доаѓаат заради корупција, лоша состојба во администрацијата и слабости на владеење на правото. Ниту еден од овие проблеми вие не се ни обидувате да го решите со овој буџет. Тргнете област по област ќе видите дека ниту пари ниту политики вистински имате за да ги решите овие проблеми. Имам впечаток дека Владата ја ствила колата во рел. Каде иде нека оди. Не се ни трудите овие системски слабости овие реформски области каде што се потребни реформи да ги корегирате. И затоа не е случајно кога претходникот и колега на господинот Ставрески ќе каже во своето интервју пред некој месец да стискаме палци за да можеме идната година барем да се вратиме на прагот што го имавме во 2005 и 2006. Што е ова ако не е абицирање. Ушите ни ги оболевте, ушите ни отпаднаа слушајќи 2005, 2006, катастрофални години, ужасна економија, ништо не се случува. И сега што вели претходникот на Ставрески да стискаме палци да дојдеме во 2005 и 2006. Се прашувам што ќе каже господинот Ставрески кога неговиот мандат ќе заврши, затоа што Славески кажува интересни работи. Зборува за состојбата во која што се наоѓа буџетот, зборува за фактот дека не може да се исплаќаат достигнатите побарувања, дека не може да се исплаќа волкава администрација и вели вака, нема да има инстат отпуштања ама мора да се намали администрацијата. Што мислевте вие инстант ќе вработувате а некој друг што ќе дојде на власт инстант потоа ќе отпушта. Нема да биде баш така. Некој за ова носи одговорност и прво таа одговорност ќе треба да се понесе. И во денешнта, нема да зборувам за порастот на јавниот долг, нема да зборувам за порастот на нето задолженоста на македонската економија, нема да зборувам повторно за зголемувањето од 2005 наваму, зголемувањето на дупката која што се создава во буџетот мислам дека за тоа доволно се говореше овие денови.



Меѓутоа ме интересира еден феномен кој што се повторува во неколкуте малку додуше дискусии на пратеници и претставници на ВМРО-ДПМНЕ кои што тврдат дека навистина во Македонија Владата направила се пораснале платите, економијата цвета, сите перформанси се подобри отколку во минатото и тука запира. И ниту еден од претставниците на власта не може да ни каже како во ваква една розева состојба во економијата ни се случува феномен кој што се вика пораст на стапката на сиромаштија. Рекорден процент на сиромаштија во Македонија. На што се должи? Како е возможно ако се толку добри политиките ако толку пати се покачени платите, ако толку пати се покачени социјалните трансфери во државата, денешната стапка на сиромаштија да е повисока од било кога и од 2001 и од за вас катастрофалната 2005. Како е возможно сиромаштијата да расте. И знаете како за тој што сака математиката е многу едноставна и не треба од неа да правиме баук. Погледнете го само било кој од извештаите на Државниот завод за статистика, погледнете го само. Ќе видите дека еден тип на млеко пораснал за 15% во овој период за овие добри години според ВМРО-ДПМНЕ на владеење на Никола Груевски. Леб 20%, цигарите ќе ги скокнам, еве и јас се согласувам не е здраво да пушите цигари, пораст на ориз, пченично брашно, тестенини од 59 до 22%. Пораст од 20% на месото. Пораст од 16% на сите млечни производи. Нема ни да ги спомнам порастот на цените на струја, на гас, на дрва. Пораст на енергенски од кој сечии семеен буџет зависи. 40%, 45%, 39%. Е тоа е едноставниот одговор на таа навидум дилема. Политика на ВМРО-ДПМНЕ е политика која што стимулира пораст на цените. И заради тоа политиката на ВМРО-ДПМНЕ беше таа која не доведе до пораст на сиромаштијата во Македонија, сиромаштија за која денеска ни Ставрески ни нуди одговор. Груевски веќе не го спомнувам тој има еден претпоставувам за неколку недели ќе му се манифестира како медицински проблем тениски лакт ќе добие човекот. Од толку отварање на тениски игралишта од толку удирање на први топки тој ќе добие тениски лакт а оние навистина несреќни деца кои што денеска ги видовме на телевизија како се построени позади него со маички со кратки ракави и го чекаат заради легендарните доцнења на премиерот, тие ќе добијат запаление на белите дробови. Меѓутоа, ете тој Груевски, денеска ќе отвори тениско игралиште, ќе ја удри првата топка на тенис и нема ни збор да каже за сиромаштијата. Немаме политика за овој проблем. Единствената политика која ја нудеше Груевски и пред една година беа странските инвестици. Денеска странските инвестиции ги нема. Денеска странските инвестиции дека се повлекле од Македонија, или дека ја одложиле одлуката, а денеска слушаме влегуваат во Албанија, влегуваат во Србија итн. Сакам да кажам за многу големата, а редовна фалба на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа година капиталните инвестиции ќе бидат на рекордно ниво. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се согласува со ништо помалку од рекордно ниво. Се им е рекордно. Единствениот резултат, рекордна сиромаштија. Тој висок степен на капитални инвестиции секоја година благо си го шминкаат. Еве, што кажа оваа година Ставрески. Вели вака, во 2011 планираме висок пораст на капиталните расходи кои што се проектирани на ниво од 23 милијарди 345, или за пет милијарди 650 милиони денари повеќе во однос на 2010. Сега ќе се вратите назад во буџетот, ќе видите не испаѓа математиката. Ќе множите, ќе делите, ќе додавате, ќе одземате, малку е различно. Што е разликата. Се разбира разликата е типичната вмровска разлика помеѓу планирано и реализирано. Секоја година ВМРО-ДПМНЕ се фали со планираното и секоја година молчи за реализираното. Со ваков степен на капитални инвестиции може да и се помогне на македонската економија. Меѓутоа, има две ама. Првото ама, е дека овој износ на капитални инвестиции нема да се реализира како што не се реализира ни последните три години. И второто ама, е каде одат тие капитални инвестиции. Нема да зборувам, многу се кажуваше. Спомениците веќе ги дискутиравме неколку пати, неколку пати ги дискутиравме и овие тениски игралишта што ќе внесат во македонската економија, навистина би сакала да ми објасните.

Денеска сакам да го поставам следното прашање.

Дали сметате дека капиталните инвестиции кои што ќе одат, на пример новата гардиска униформа на АРМ значајно ќе влијаат на македонската економија. Дали тоа сметате. Да, ќе се сошијат одреден број, нешто од текстилот можеби ќе пркне, меѓутоа капитална инвестиција од тој тип со тој износ апсолутно нема да отиде во македонското стопанство и немојте да гаите илузии околу тоа. Капиталните инвестиции за украински автобуси, за не знам чии жичари, нема да отидат во македонската економија, тие ќе влијаат на забрзување на светската економија, ама македонските граѓани од тоа нема да почувствуваат ни милиметарски. Еве на пример како Владата ги објаснува своите приоритети. На пример, од буџет кој што изнесува рекордни, тука би признала рекордот навистина секој пат го достигнувате, над 2,7 милијарди евра, осум милиони евра одат само на борба против сиромаштијата. Објаснете ми како е ова возможно? Погледнете и во рамки на едно министерство на пример за економија имате само седум милиони денари за поддршка на малите и средни претпријатија, а на пример 600 милиони за промоција. Што ќе промовираме, ако нема што да произведуваме. Што ќе промовираме? Ќе промовираме екскурзии на промоторите и министрите кои што одат во светот, се сретнуваат со фирми и се враќаат со празни раце. Долго време веќе нашите промотори и министри се враќаат со празни раце, а трошоците секој ден стануваат се поголеми и поголеми. Сумата дадена за промоција е поголема од инвестициите во Железница, во мали и средни претпријатија. Кога државата би била фирма, би прочитала прво правило во менаџментот, а тоа е дека не можеш да даваш повеќе пари на промоција отколку на производот кој што го продаваш. Ние промовираме нешто, ама тоа што го промовираме не му помагаме. Ќе ја промовираме водата, треба да помогнеме да се направи таа вода, ќе промовираме изработка на микрофони во Македонија. Треба прво да помогнеме да се изработат. Вака го продаваме тоа што не постои. Тоа е системски проблем на буџетот на оваа Влада на Ставрески и на Груевски.

Споменав дека, едно прашање отворив на Комисијата за финансирање и буџет, не добив реакција од заменик министерот. Сега се понадевав можеби Ставрески ќе биде похрабар, ама бидејќи не е ни тука, а камо ли да биде храбар да гарантира, еве уште еднаш го нудам истиот облог. Владата тврди дека сите долгови на фирмите се вратени. Имаше една изјава на Ставрески, ќе видиме точно кој ден е таа. И јас нудам на Ставрески на министерот за финансии ваков облог. После малку време ќе се смени власта и новата власт ќе може да види точно каква била состојбата со јавните пари на тој ден. Ако е точно дека навистина тој ден Груевски ги вратил сите долгови, јас честам ручек, или вечера за сите овде присутни, сосе цела Влада, еве и тие што се отсутни од пратениците. Ама ајде да чуеме Ставрески, или заменик министерот да прифати ако има долг, сам нека го плати. Не му нудам ништо страшно. Ако долгот е нула, тој ќе плати нула денари и ќе добие бесплатен ручек, или вечера. Ама и минатиот пат молќеше заменик министерот, денеска е отсутен пола ден министерот Ставрески. Толку со тезите дека долгот кон фирмите е нула. Тоа е лага. Лага зад која не можат да застанат дури ни првите луѓе во Секторот финансии. Последната тема за која што сакам да говорам, многу се говореше за здравство. Јас само ќе ви прочитам еден список. Еве ги проектите со кои оваа власт доби мандат, нова зграда на гинекологија, најавен рок април 2009, нов рок следната година. Нова медицинска опрема најавен рок 2010 јули, нов рок се очекува. Електронска здравствена картичка за сите, најавен рок 2010, нов рок 2011. Повеќе компонентни вакцини најавен рок минатата година, нов рок нема. Градска болница со полна функција минатата година, најавен рок следната итн. Ова е состојбата на најголемиот дел од проектите. И тоа зборува за лесно дадени ветувања кои потоа не се реализираат. Ова зборува исто так за празен буџет во кој лесно се земаа обврски кои денеска не можаат да се реализираа.

И на крај, мислам дека Владата не ја дочека кризата со планот, ниту пак направи план откако кризата беше бидлива и во Република Македонија. Министерот денеска не теши дека сме можеле да трошиме од парите од ММФ, бидејќи сите тие биле под црта. Факт е дека Македонија веќе долго време живее под црта. Факт е дека во Македонија заради ваквата политика на под црта 32% од граѓаните живеат под цртата на пристојно живеење и над цртата на сиромаштија. Благодарам.

Светлана Јакимовска: Благодарам.

За реплика е пријавен министерот за финансии, повелете.



Зоран Ставрески: Благодарам.

И благодарам на пратеникот Шеќеринска за укажаните сугестии околу буџетот, кој што навистина моите колеги внимателно ги нотираа и ќе ги разгледаме внимателно во текот на следната година и наредните години кога ќе го работиме буџетот, така да ќе се потрудиме да прифатиме дел од забелешките кои што сметаме дека се коректни и секако дека за еден дел од работите имаме различно видување.

На почетокот веднаш да кажам дек го прифаќам облогот на госпоѓата Шеќеринска. Вие одберете дали сакате ручек или вечера, дали сакате сами да излеземе на вечера да частите поради тоа што ќе частите што ќе частите или сакате цел Парламент. Имате шанси уште да се повлечете да ве чини помалку, меѓутоа, ако е за целиот Парламент понудата, јас ви ја прифаќам така како што сте ја дале поради тоа што во моментот не ја слушнав детално, ми соопшти заменикот отприлика што сте кажале.

Јас ви тврдам одговорно дека обврските кон фирмите за налози и повратот за ДДВ се исплаќаат во законски предвидениот рок. Тоа значи дека нема доцнења над законски предвидениот рок. И тоа може да го проверите денес, можете да го проверите после година, две или пет, кога сакате вие.

Што се однесува до другите коментари околу позицијата на премиерот и мојата позиција околу кредитот од ММФ, јас би сакал вам, а и на останатите, претходно Емилијан Станковиќ дискутираше околу една работа, кредитот од ММФ, ама мислам малку помешани се концептите што е кредит, а што е аранжман. И ден денес, како и пред година дена, пред две или три, ние тврдиме дека аранжман на Република Македонија со ММФ не е добар за имиџот на Македонија. значи класичен стенд бај аранжман не е добар, затоа што тој стенд бај аранжман подразбира дека земјата има лоша макроекономска состојба, висок буџетски дефицит, високо ниво на задолженост, не може да дојде до средства од други извори, има потреба по секоја цена од средствата. Ние покажавме низ годиниве дека немаме потреба од такво нешто. И ден денес, да беше оваа понуда за кредитната линија немаше да склучиме аранжман со ММФ. Ние сега што имаме? Имаме класичен кредит отворен, како да ви отвори кредитна картичка ММФ и да ви рече вие можете да користите кога ви е потребно 480 милиони евра. Толку е голема довербата на ММФ во Македонија и го слушнавте првиот човек на ММФ што кажа, а вие добро знаете што значи првиот човек на ММФ да коментира за една земја и верувам јасно ви е дека тоа го слушаат во цел свет дека има здрави политики и дека има доверба на Македонија да и одобри 480 милиони евра кредит по најповолни можни услови. Благодарам.



Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет