Стенографски белешки



бет3/10
Дата27.06.2016
өлшемі0.64 Mb.
#161403
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Ќуркчиев Никола има контра реплика, повелете.



Никола Ќуркчиев: Почитуван колега, не треба да зборуваме за статистика, сиромаштијата и во 1999 година, а сите знаеме кој беше министер за финансии, беше 30%, сега е 33%.

Зборуваме како во 2011 година да ја намалиме, а не да ги зголемиме за некој процент. Сакате да зборуваме за транспортната политика во Република Македонија. Постои ли национална стратегија за транспорт? Не постои. Прочитајте ја и ќе видите. Сакате да се споредуваме, ајде со опкружувањево, колку инвестиција има една Србија, Бугарија, Албанија, Словенија, Хрватска, зборуваат за брзини над 100 километри на час. Вие знаете ли колкава е просечната брзина во Република Македонија за 2009 година, знаете ли колкава е? 48 километри на час. Е, тоа е статистиката наша, за жал. Дајте да подобриме нешто. Ама ако сакаме, ама ако сакаме, ако не не бива ништо..



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Пенов Ристо има реплика, повелете.



Ристо Пенов: Благодарам.

Добро ќе беше овој Буџет да е барање список на желби, некоја желба од нив ќе се оствари.

Овој Буџет треба да го наречеме со вистински зборови, тој е штетен за македонската економија, за македонското стопанство. Имено, македонските стопански субјекти кои се најоптоварени во регионот со давачки, според тоа колку плаќаат на годишно ниво, оваа година ќе треба да извојат додатни 134 милиони евра за да го полнат Буџетот на Република Македонија во 2011 година и за возврат замислете ќе добијат канцеларии за функционери и службеници од проектот Скопје 2014. Зграда на Уставен суд - канцаларии, Архив на Република Македонија – канцалаии, зграда на фиансова полиција – канцеларии, зграда на електронски комуникации – канцаларии, Зграда за Министерство за надворешни работи – нанцаларии. Не треба да си економист за да знаеш колкава е ефикасноста на вложените пари во канцеларии. Значи таа е негативана, канцаларијата е трошок, треба да се одржув. Таа на оние стопанственици кои денес се најоптоварени во нашиот регион, во соседството, не им носи никаква придобива, барем да се шалтери, некоја услуга во подобри услови ќе за завршуваат. Тие се канцеларии, најлош можно вложени средства. Проектите за кои повеќе пати со министерот сме дебатирале, патишта, ги нема, сеуште го чекаме министерот и концесиите на патишата за да почне нешто да се прави. Ама додека ги чекаме треба и ние нешто да направиме. Нешто од овие пари да вложиме, за да тие што ги даваат, особено економисијата, стопанството, бизнисмените и граѓаните се разбира, да добијат некаков бенефит во подобра комуникација, во подобра услуга, во подобри врски со регионот, подобар амбиент воопшто за работата, за живеење овака останува впечаток, не само впечаток, констатација дека и Европска унија во извештајот ни ја кажува дека Владата со своите буџети е виновна зошто ние толку лошо живееме во овие 4-5 години.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

За реплика е јавен господинот Трипуновски Цветан, повелете.



Цветан Трипуновски: Благодарам претседателе.

Бидејќи дискусијата на почитуваниот колега Ќуркчиев ја фатив на самиот крај, каде впрочем дискутираше и за земјоделието, ќе се обидам многу кратко да му реплицирам.

Колега Ќуркчиев, ние на Комисијата за земјоделие постојано дискутираме за проблемите на замјоделците и на законските решенија кој што треба да ги донесеме за нивно усогласување со европското законодсвство.

Почитуваниот колега Котевски спомна дека за да се спореди дали некоја влада е успешна во делот на земјоделието или не, најдобро да се спореди со најдобрата која што до сега постоела. Но со оглед на времето што го имам како реплика, не би можел да ги набројам сите проблеми што ги имаа земјоделците во периодот 2002-2004 година. Иако тоа беше само пред неколку години знаеме што се тие трпеа во своето функионирање како промени што ги имаа. Знаеме дека во земјоделието последните 20 години ништо не е инвестирано. Тоа е факт. И состојбата во која се наоѓаат земјоделците е таква каква што е како знак на таквото однесување кон нив.

Постојано велите дека субвенциите немале никаков ефект, немале никаков ефект. Јас ќе ви посочам неколку аргументи кои се надевам дека добро ќе ги забележите.

За 64% е зголемено вкупното производство на земјоделски производи, во 2005 годна беа вкупно производени 28 илјади тони земјоделски производи. Во 2009 година 46 илјади тони земјоделски производи.

За 118% е зголемен извозот на земјоделските производи и во 2005 година беа извезени земјоделски производи во вредност од 17,8 милиони евра. Во 2009 година извозот достигна 38,8 милиони евра. Значи дека во 2009 година сме имале извоз повеќе за 21 милион евара.

За 4,5 пати е зголемен обемот на органско производство. Вие ако не го признавате дека во Македонија не постои органско производство јас велам дека постои.

Од 2005 година бројот на органиски фармери изнесувал само 50, додека во 2009 година имало 282 регистрирани земјоделци кои се регистрирани земјоделци кои се занимаваат со органско производство, кои што заедно обработувале површина од 1056 хектари.

Почитуван колега, дека земјоделието не е идеално се сложувам. Меѓутоа оваа Влада се залага да го подобри функционирањето на земјоделците. Погледнете го последниот извештај кој што заедно го гледавме на Комисија, погледнете ги фактите, погледнете ги финансиските импликации, колку средства се двојат од Буџетот на Република Македонија за дел од земјоделие. Благодарам.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Ќуркчиев Никола има контра реплика, повелете.



Никола Ќуркчиев: Почитуван колега, благодарам на репликата.

Се сложувам со вас дека недоволно се инвестирало во аграрната политика во Република Македонија во последните 20 години. Ама кога ќе размислам и видам од овие години 12 ВМРО-ДПМНЕ е на власт, тоа значи одговораноста и треба да ја сносите во тој дел дека многу малку се инветираше таму. Меѓутоа, она што мене ме загрижува не е тоа како било инвестирано во аграрната политика во Република Македонија до сега. Како ќе биде инвестирано до година. Оваа година слушам дека ќе имаме 100 милиони субвенции, слушам дека се исплатени 45, каде се другите 55, ќе бидат или нема да бидат. До година слушаме 115, 120, 150 не знам колку, но дајте да видиме ова што е за оваа година. И на крај дајте во пракса да покажеме дека навистина ни значи оваа држава, дајте да бидеме сите патриоти и секој денар да го потрошима онака како што треба. Благодарам.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Има збор госпоѓа Поповска Лилјана, повелете.



Лилјана Поповска: Благодарам почитуван претседателе.

Почитуван господине министре, заменик министре, почитувани колеги пратеници.

Јас од името на ДОМ ќе го подржам буџетот кој што ни е предложен. Овој буџет има намалување на тековните расходи, има зголемување на капиталните инвестиции за 30%, има доволен број средства за социјални трансфери со оглед на проблеми со социјалните ситуации во одредени сегменти во општеството и во овој Буџет има значително внимание за проекти и програми од делот на заштита на животната средина и туризмот.

И сега, се разбира дека има работи што јас би сакала да ги видам во некој подруг сооднос, меѓутоа сметам дека е буџетот многу реален и она што можело да се направи на најдобар можен начин избалансирано, тоа го имаме пред нас.

Исто така сакам да истакнам дека како Комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените го подржавме Буџетот со тоа што забележавме дека во овој Буџет има значително зголемување на средстата наменети во делот кој што оваа Комисија го работи. Имено, зголемени се средствата за рана детекција на малигни заболувања посебно знаете дека ги третираве заболувањето кај женити и износот изнесува 50 милиони денари споредбено со 15 милиони претходнат година.

Во поглед на заштита на деца и мајки има средства предвидени од 20 милиони денари за разлика од 14 милиони од минатата година. Исто така има нови средства за имплементација на националната стратегија за заштита од семејно насилство кое што веќе почнува да дава резултати, а исто така е забележително тоа што има конкретни проекти за подршка на жртвите на семејно насилство со пилот проекти кои во минатат година се спроведуваа. Во идната година беќе ќе преминат во редовни програми каде што жртвите на семејно насилство ќе може да станат економски самостојни, независни за да не трпат понатаму насилство во домот. Како заклучок на Комисијата за еднакви можности јас нели како претседател на Комисијата бев задолжена тоа да го пренесам на Собрание. Значи ја дадовме подршката на Буџетот со една замолница во идниот буџет редовно да биде позастапена компонентата за еднаков родов принцип и да биде застапено родово сензитивното буџетирање во поголема мерка. До сега него го има, но го има повеќе како резултат на заложби на поединечни групи, комисии, политичари во Владата, во Собранието, меѓутоа некако целосна стратегија на која што треба од самот почеток да се размислува. Со оглед на тоа што Владата на Република Македонија во соработка на УНИФЕМ веќе трета година наголемо работи на програмата на родово сензитивно буџетирање верувам дека сме во прав момент да го кажеме ова дека од идната година ќе очекуваме една сеопфатен третман на родово сензитивното буџетирање.

Посебно сакам да се задржам на делот на животната средина, јас предложив еден амандман, кој што Владата го прифати и сум задоволна од тоа, тоа е многу значајна работа. Се работи за прв пат воведување во Буџетот зелен пакет, односно воведување на прогама за унапредување на животната средина. Таа програма е во износ од некои 380 милиони денари и со таа програма ќе бидат опфатени редица активности во делот на животната средина. Со таа програма ќе бидат опфатени редица активности во делот на животната средина.

Оваа програма е многу значална затоа што таа ќе биде 12 владина програма, што значи покрај 11 досегашни приоритети што Владата ги има декларирано, овој пат декларира и животната средина како приоритет. До сега тој беше дефиниран како приоритет во програми, меѓутоа прв пат се декларирам и преку буџетот. Тоа значи дека се отвора посебна ставка која во следните години јас ќе очекувам само да се зголемува, се разбира, според можностите, со одредена динамика, но ова ќе биде значајно и за нас внатре во земјава, но ќе биде значајно и за надвор, како показател дека државата навистина сериозно планира да ја третира животната средина и со тоа да ги постигне европските стандарди. Верувам тоа ќе биде можност за полесен пристап до одредени фондови на ниво на Европа и одредени кредитни линии од Светска банка или други банки со што ќе покажеме дека и како држава самите ние сме подготвени да инвестираме во животната средина. Што се однесува до туризмот што е друго поле на интерес, мое и на колегите од ДОМ, тука продолжува да работи Агенцијата за промоција на туризмот, има исто така програма за поддршка на туризмот во Министерството за економија преку Секторот за туризам, за субвенционирање за донесување на странски туристи, за субвенции на агенциите и тур операторите. Во иднина ќе треба да се размислува за зголемување на средствата во овој дел. Овој пат немаше можност за тоа, меѓутоа ќе очекувам веќе во средниот ребаланс тоа да се зголеми, токму пред идната летна сезона затоа што мислам дека за сериозен третман на туризмот навистина ќе треба да издвоиме малку повеќе средства за да може зголемениот интерес што сега постои од тур операторите во Европа и пошироко, да се надогради со субвенции од државата, за носење на странски туристи. Идната година очекуваме да има зголемен број на странски туристи како резултат на целата промоција што се прави во последната година. на почетокот тие странски агенции и тур оператори мораат да се стимулираат. Тоа го правела и Хрватска и Турција и Израел и многу други земји кои го промовирале туризмот, во првите години ја применувале оваа техника.

Исто така, веријатно, би требало да се обезбеди и уште појака поддршка на разни други придружни манифестации кои се дел од туристичката промоција, во поглед на брендирање и промоција на традиционална храна, занаети, музика, амбиент, архитектура итн., а се разбира тековните работи околу инфраструктурата што е неопходна за развој на туризмот, тие течат во рамките на други програми.

Јас не би должела, ќе дадам поддршка на буџетот затоа што она што се главни стратешки приоритети на ДОМ како зелена партија се застапени и основно расположение и интерес тие области да се унапредуваат и понатаму.

Имам само една забелешка и би молела во некој иден буџет да се размисли, во делот на науката, во делот на програмите за работа на научните работници.

Владата направи голем исчекор кога пред извесно време, пред повеќе од година дена, ги зголеми платите на научните работници што беше прв пат по долги и долги години и тоа беше навистина поздравено, мислам околу 25% беа зголемени платите и тоа беше одличен стимул. Но, би требало и оној дел што знали средства за научни програми да се покачи затоа што на ваков начин не можеме да конкурираме за меѓународни проекти, барем оној наш удел што треба да го имаме, да може секогаш да го покриеме, бидејќи има поголем број научни работници кои веќе се оспособени за влез во овие меѓународни фондови, отколку што понекогаш, ми се чини ние немаме НАСА, нема да измислиме ракетни технологии, меѓутоа ние мораме да ги следиме и ги следиме во добар дел оние современи трендови, така што ќе треба да им се овозможи на тие луѓе едно подобро учество во тие меѓународни програми. Благодарам.



Рафис Алити: Благодарам и јас.

Реплика има пратеникот Славица Грковска, повелете.



Славица Грковска: Благодарам.

Госпоѓо Поповска ви благодарам што јавно признавте дека со овој буџет се исполнети главните стратешки приоритети на ДОМ како партија и со тоа признавте дека на ДОМ како партија не и се главен стратешки приоритет европските и евроатланските интеграции, затоа што во овој буџет значително се намалени средствата во овие два сектори, што за мене и за мојата партија се врвни национални приоритети. Тоа се интеграцијата во Европската унија и во НАТО. Жално е што вие го гледате не само буџетот туку и останатите прашања како партиски приоритети. Жално е што за вас партиските приоритети се далеку над државните проекти. Вие велите буџетот е реален и избалансиран. Јас не можам да видам дека е избалансиран буџетот, ниту пак можам да видам дека е реален, затоа што не може да биде реалност Владата најголем дел од средства од буџетот да си одделува за себе и за своите рекламни кампањи од кои ефектот никаде го нема, наместо да одделува средства за оние ставки што можат да придонесат за доброто на граѓаните. Не може да има оправдување таквото расипничко трошење на Владата за сопставени потреби, за рекламни кампањи, за купување на автомобили од една страна, кога од друга страна народоте секој ден е се посиромашен и посиромашен и не знае како да врзе крај со крај. Тоа не може да биде реален буџет. Вие велите дека има пари за инфраструктурни проекти. Не е точно. Најголемите средства во капиталните инвестиции одат на ставката за купување на двокатни автобуси од Кина. Тоа ли се капиталните инвестиции од кои ќе имаат ќар граѓаните на Република Македонија. 30 милиони евра скоро имаа на продолжување на Проектот Скопје 2014 инвестици во згради. Каков ќар ќе има македонската економија од тоа. Каков ќар ќе имаат македонските граѓани од тоа. Никокав. Тоа не значи отворање на нови работни места. Да не зборувам дека не сте ги платиле побарувањата на фирмите кои што учествуваат во изградба на овој проект. За економска промоција на Владата 10 милиони евра. Од тоа ли ќе имаат корист граѓаните на Република Македонија. На крајот зборувате за науката. Јас ќе бидам среќна кога ќе видам искрена заложба за науката. Не може да ги терате научниците на европски критериуми и светски критериуми за избор а да им нудите никакви критериуми и услови за работа.



Рафис Алити: Благодарам.

Контра реплика има пратеникот Поповска Лилјана.



Лилјана Поповска: Почитувана колешке, ние се согласуваме со очигледно околу тоа дека треба да се форсира науката, немаме дилеми во тоа дека евроинтеграциите и НАТО интеграциите ни се приоритети. За тоа сме се изјасниле сите и како граѓани и како партии и мислам дека нема потреба кога говориме сега за буџетот тоа декларативно да го кажуваме. Но, со оглед на тоа што секој од нас си има како претставник од одредена партија, има свои приоритети програмски со кој што излегол пред граѓаните сосем е нормално да кажеме што тие приоритети може да се најдат во овој буџет. Најлогично е ако ние сме зелена партија да се грижиме дали ќе има средства за животната средина, за развој на туризмот, за да се обезбеди инфраструктура во туризмот. Вие велите не се обезбедува. Напротив, погледнете што се е направено на различни туристички локалитети кои што долго време не биле средени и уредени, а сега се во многу подобра состојба. Така што мислам дека немате право за многу работи и инвестициите во градежништвото ако се во функција на разубавување на градовите и на местата мислам дека имаат директно влијание и врз економијата преку туризмот. Благодарам.

Рафис Алити: Благодарам и јас.

Реплика има пратеникот Тушева Маринела.



Маринела Тушева: Благодарам.

Ќе ви реплицирам во два дела. Ќе бидам кратка бидејќи имавте кратка дискусија. Ме испровоциравте со вашиот говор бидејќи имам впечаток дека со вашето излагање бевте да не бидам премногу остра, меѓутоа имавте едно себично партиско излагање. Значи рековте дека сте задоволни од тоа колку средства се одвојуваат за туризмот за туристичката промоција дека на ваше партиско барање има одобрено средства за зелен пакет итн. Меѓутоа она што не го кажавте, она што го премолчевте а имавте обврска како претседател на Комисијата за еднакви можности да упатите критика кон Владата зошто не прифати можеби кон колешките пратенички од владеачкото мнозинство зошто не успеаа да се изборат за двата амандмани кои што ги договоривме на една можеби жестока и на моменти жолчна расправија на Комисијата за еднакви можности кој што понатаму беше договорено да се предложи од името на Клубот на пратенички за одобрување на средства за изградба и реконструкција дополнителни на детски градинки. Зошто го дозволувате овој игнорантски однос на Владата кој што го има кон пратеничките, бидејќи тој беше заеднички амандман и на власта и на опозицијата конкретно на Клубот на пратенички. Значи еден потценувачки однос една маргинализација и ваша лична бидејќи вие сте претседател на таа Комисија.

Понатаму рековте дека во добра мера и минатата година, меѓутоа и оваа година се одвојуваат средства за заштита на здравјето на жената. Во Извештајот на Европската комисија за 2009 година во делот на економски и социјални права односно права на жените стои: недоволно се води сметка за здравјето на жените. Јас сум сигурна дека со овие средства и со начинот на кој што се трошат овие предвидени средства и во Извештајот за 2011 ќе ја имаме оваа иста реченица.

Понатаму исто вели дека Секторот за еднакви можности сеуште нема адекватни човечки и внимавајте финансиски капацитети за да ги реализира своите ингеренции и својот мандат. Сигурна сум дека и следната година оваа реченица ќе ни се повтори.

Понатаму верувам дека сте свесна дека бесплатните годишни гинеколошки прегледи се укинати., ќе следуваат на секоја трета година со тоа оправдување на министерот за здравство дека има недостаток од финансиски средства. Значи далеку сме од една добра финансиска основа за заштита на здравјето на жените. Благодарам.

Рафис Алити: Благодарам и јас.

Контра реплика има пратеникот Поповска Лилјана.



Лилјана Поповска: Благодарам почитувана колешке,не се согласувам со вас. Дозволете ми освен во делот каде што и јас искажувам жалење што не помина амандманот. Еден амандман договоривме за градинките, меѓутоа имаме ветување дека во најскора иднина тоа ќе се направи и дека има обезбедено средства за градинките преку други програми кои што не се експлицитно вака видливи како што ние предлагавме во амандманот. Јас жалам за тоа и мислам дека друг пат ќе треба понавреме и повеќе да се организираме.

Што се однесува до средствата за жените, јас цитирав бројки. Така што ако биле 14 милиони, а станале 20, ако биле 15, станале 50 милиони. Тоа се сосема конкретни бројки, тоа се зголемувања, каде 50% каде 300%. Јас едноставно го цитирам она што е и не можам да заклучам нешто друго, надвор од бројките.



Рафис Алити: Благодарам.

Има збор пратеникот Абедин Зимбери, повелете.



Абедин Зимбери: Благодарам.

Ќе се обидам, во времето кое е утврдено да се расправа околу буџетот, во кратки црти колку што можам да ги искажам нашите забелешки што ги имаме и за кои мислиме дека се оправдани затоа што овој буџет мислиме дека е штетен во неколку сегменти, посебно во сегментот на културата, транспортот и врските, образованието итн и реално да кажам, анализирајќи го посебно Министерството за култура, имаше голема вознемиреност од страна на сите нас заради сите овие испланирани средства за културата, со тоа што согледавме дека целиот тој износ кој е планиран за културата, видовме дека за Македонците, јас се извинувам што го кажувам тоа на вака одвоен начин, меѓутоа тоа сами го направивте вие затоа што во случајов имам обврска да ги дадам нашите забелешки во насока на заштита на албанските интереси затоа што нив ги застапувам, но се разбира кој сака да ја брани другата страна нека говори. Јас имам обврска да говорам за поделбата на буџетот во оваа форма и верувам дека тоа е многу болно затоа што Министерството за култура, како што реков, доделува 3.085.000 денари за македонската култура на сите нивоа, додека за албанската култура само 34 милиони. Пресметајте, доколку некој сака или има можност тоа да го направи, нека извади проценти и ќе види дека 34 милиони со три милијарди и нешто и ќе види колку ќе излезе процентот. Значи толку искористуваат Албанците од овој буџет, буџет со кој сите подеднакво придонесуваме со даноци и придонеси.

Навистина е вознемирувачки фактот затоа што за театарот во Скопје се добиваат само шест милиони денари, а за стариот театар се планираат 530 милиони. Пресметајте колку голема разлика е меѓу стариот театар и театарот на Албанците во Скопје. Да не говориме за музејот на ВМРО. Јас кажувам ВМРО-ДПМНЕ затоа што тие го доделиле тој буџет, значи 237 милиони денари. Навистина тоа е голем срам. Толку големи износи на саредства кои се доделуваат за вакви работи, иако јас не сум против културата, меѓутоа реално велам дека сум против тоа затоа што оваа распределба што е вака предвидена од страна на Владата, воопшто не е воопшто распределба што е во интерес на населението, а тоа е потребно, потребно е за луѓето да имаат инфраструктура, да имаат патишта, водовод, канализација, училишта и други работи. Се ова, да не говорам од аспект на економските инвестиции, инвестиции кои би го зголемиле и нивото на вработување на населението, говорам само за овој дел, распределбата навистина е зачудувачка во оваа насока, а од друга страна се дискриминирани граѓаните на Република Македонија, посебно оние кои и до ден денес ги немаат основните елементарни услови за живот.

Во Министерството за образование и наука каде што ние како Демокрација еРе сме поднеле барања до сите овие министерства да ни ги пуштат програмите што ги имаат предвидено, или проектите што ги предвиделе со овој буџет, меѓутоа за жал истите не ги добивме, а се знаат причините зошто не одговориле, затоа што ги криете за да не можеме ние да ги направиме споредбите на инвестициите на Владата во разни области, колку во албанските училишта, колку во македонските итн. Навистина износот е голем, можеби не толку голем кога се спореди со вредноста на образованието, меѓутоа 1.093.000.000 денари кои се наменети за основното образование, значи за основното образование се определени 322 милиони денари. Значи овде отсуствуваат програмите што јас сум ги побарал за да можам да направам споредба за тоа колку се инвестира во албанските училишта, колку албански училишта се градат од овој буџет, колку спортски сали се градат во основните училишта, колку спортски сали ќе се изградат од 177 милиони денари, колку спортски сали ќе се изградат за средните училишта од износот 111 милиони денари, колку реконструкции ќе се направат во албанските училиште, колку во македонските, имајќи предвид дека голем дел од алабанското население живее во рурални области каде што и до ден денес не само што немаат објекти основните училишта, а камо ли спортски сали. Значи немаат ни основни училишта, а да не говорам за други објекти. Ова е таа дискриминација што јас постојано ја истакнувам и минатите години кога сум правел детални анализи, меѓутоа само да објаснам. Сум извадил податок дека во Универзитетот „Кирил и Методиј“ а секој студент се трошат 768 евра. За Универзитетот во Штип сетрошат 1200 евра за еден студент, во Битола се т рошат 900 евра , за Државниот универзитет во Тетово за секој студент се трошат 370 евра. Ако се соберат сите овие универзитети во споредба со Државниот универзитет во Тетово ве молам да ми кажетеколкав е процентот и колку средства се доделуваат за Државниот универзитет во Тетово.

Ве молам зошто се прават овие разлики помегу албанскиот и македонскиот студент кога некој од Буџетот дбива 1200 евра, а албанскиот само 370 евра? Ова нема потреба од коментар. По сета оваа анализа што сум ја направл ако некој може да направи подобра нека излезе , нека ме демантира или нека ми реплицира.Ова сум гонаправил врз основа на Предлог буџетот штосме го добиле. Реков,имајки ги во предвид албанските села, особено Карадачкиот дел од каде доаѓам како пратеник, до ден денес на општина од 30 илјади жители има едно средно училиште као дел од средното училиште во Куманово што сега се обидуваме, правиме напори да го установиме како независно средно училиште, меѓутоа, за жал има само 8 паралелки. 30 илјади жители а едно средно училиште со осум паралелки. Замислетре кога средното образование е задолжително, колку ќе може да ги опфати сите тие ученици од општина Липково.

Во Предлог програмата за Буџетот не видов дека Министерството има испланирано проширување на тоа училилште или изградба на училишен објект. Ние како Нова Демократија имавме амандман во оваа насока за да се изградат училишта, средни училишта, спортски сали објекти, да се направат реконструкции на тие училишта, меѓутоа за жал општина Липково со 30 илјади жители од 10 основни училишта ниту една спортска сала. Ова е повеќе од срам.

Што се однесува до Министерството за транспорт и врски, некои колеги претходно говореа во таа насока, тука навистина е за чудење што ова Министерство може да додели средства од 1 милијарда денари за купување автобуси за јавен превоз, а не е во состојба да додели средства од буџетот за една општина со 30 илјади жители и до ден денес, освен двете брани што ги има нема сеуште водовод и канализација. Ова е накголемиот срам некој да нема вода за пиењеа некој да се шета со двокатни автобуси.

Денеска не толкав проблем со јавниот превоз колку е проблем со водата за пиење, со училиштата и канализацијата. 30 илјади жители две големи брани ниту еден жител не користи вода од тие брани. Сета таа вода оди во Куманово и надвор од Куманово, за што ние немаме ништо против секој да ја употребува таа вода,затоа што водата е дадена од Господ. Не можеме да спречиме ниту да забраниме кому било, меѓутоа ние како Албанци во општина Липково и другите општини ова ни е забрането и токму од оваа влада што никако не застанува не се задржува и да се замисли малку за ова население да му ги среди основните егзистенцијачните проблеми што ги има. Па потоа и ние да почнеме, со тоа се согласуваме да почнеме да да ваме и за кулутра и за други работи.

Мегутоа, ова не е смешно, за филхармонии за стари театри, да се доделуваат по 500 милиони денари а да не може да се доделат барем 10 милиони денари на ошпчтина Липково барем за водовод и канализација. Јас тогаш не знам како може да се нарече ова освен дискриминација. Не случајно сето ова водело до тоа од општина Липково да се иселат над 6000 жители кои, попусто лаже Владатадека се вратиле. Јас ви гарантирам дека уште повеќе се иселуваат а не се враќаат и ќе имаме уште поголеми проблеми во оваа насока затоа што жителите се сега веќе дојдени до црвената линија кога навистина е во прашање животот.

Смешно е навистина и не знам верувајте не ми цел да ве критикувамво та насока и да ве понижам, но се чудам што не реагирате барем малку во оваа насока и дозволувате оваа Влада да врши толку голема дискриминација кон овие жители кои се исто така жители на Република Македонија.

Навистина , никогаш не би скал да излезам и да говорам на национална основа, меѓутоа за жал овие работи се случуваат. Работите се вакви и целиот притисок што се веши врз нас како пратеници е во оваа насока.

Од 400 амандмани колку ги имавме, вие не најдовте за сходно е барем еден амандман да прифатите, ете да кажам барем за патниот правец Гошинце или Лопаре или брест да и тие луге се поврзат со нас. Верувајте тие луѓе во зимно време немаат пристап, не можат да дојдат до нашите општини во градот ниту за да се снабдат со вода храна и слично. Тие жители сме ги оставиле како да се тарзани. Во 21-от век ние имаме тарзани низ селата населени со Албанци. Ова е најголемиот срам. До сега не видов ниту еден пратеник од ДУИ, барем да ни даде подршка во овие наши барања, затоа што истите ќе беа во ваш интерес, ќе ссе реализираа во вашиот мандат. Вие ќе добиевте политички поени. Меѓутоа ниту реагиравте, ниту интервениравте и ова ваше молчење лично мене ме загриува.

Инвестициите од Министерството за транспорт и врски што се прават, воопшто не се предвидени, освен 21 милион денари што се предвидени иако не знаеме за каде се, тие се за водоснабдување и водоодводнување на отпадни води. 21 милион денари, навистина е смешна сумата во споредба со 1 милион денари. Овие износи што јас сум успеал да ги извлечам од овој предлог буџет, верувајте дека уште повеќе ме иритраат, а го иритираат и населението што навистина очекува од овој буџет. Очекуваше и од овој буџет дека нешто ќе се уреди и од следниот, но за жал не.

Сме поднеле амандмани во насока на реконструкција на патиштата во некои делови, а некаде и асфалтирање на патиштата за да се поврзат жителите од разни општини. Речиси на целата територија на државата, а особено во западниот дел , сме побарале, но верувајте сите амандмани што сме ги побарале за изградба на патишта, канализација , училишта и училишни објекти не го покриваат изниосот од 20 милиони евра. Извештајот со 20 милиони евра ќе имавте можност да ги покриете сите овие барања на населението, а не да се дадат стотици милиони евра за изградба на споменици или работи што навистина во моментов не се потребни. Говорам за овој момнт. А за идните периоди, до колку има повеќе средства секој ќе биде за тоа да се разубави градот. Немаме ништо против тоа. Но, да се доделат средства за фонтана 6 милиони евра, а да не можат да се доделат барем 1 милион инвестиции за општина Липково, каде живеат 30 илјади жители, ова е најголем срам. Не случајно овие луќе потоа се иритирани и стануваат инепослушни, па секогаш доаќаме до ситуација кога потоа води до конфликти и други неопријатни ситуации. Зошто еднаш неседнеме како браќа, а не да тераме инает и се да тераме на национална однова. Зошто не седнеме како мажи и еднаш да ги погледнеме работите.

Срам ми е да кажам но вие министре не најдовте за сходно барем еднаш да излезете и ги посетите тие жители до колку ги сметате како свои жителим Меѓутоа дека не ги сметате како такви. Излезете и видете ви каква ситуација живеат тиелуѓе. Пота убаво размислете, кога ќе се вратите во својата канцеларија, дали треба да се инвестира во коњи, мртви фигури или пак трева да се инвестира во живи луѓе. Навистина, јас како претеник сум во многу тешка ситуација, како и моите колеги од таа зона, но и од другите. Се разбира ние сме во тека позиција кога треба да одговориме на барањето на населението со овој предлог на буџет што сте го предложиле. За нас е ова болна ситуација, ова е волен буџет, особено за оние жители кои бараат трошка од него да се додели за нив.

Никогаш не би сакал да говорам само за Албанците или само за Македонците. Има и македонски села што се без вода за пиење, без водоводна мрежа. Зошто не се доделат средства и за тие села, но нема да навлегувам во детали. Единствена цел ми е да се уреди, среди елементарната состојба, потреби на жителите, лигето, па потоа да се инвестира во проекти од културен аспект, спортски или друг аспект. Меѓутоа во моментов, оваа влад со овој буџет и во 2011 година ќе има голема криза.

Секогаш сте се извлекувале со та дека постигнувате успеси да ја надминеме глобалната криза, но за жал Македоноја откако сите ќе ја праживеат економската криза и ќе преминат надругата страна, ние дури тогаш ќе влеземе во криза. Со политиката што ја води сега, со долговите со кои што се задолжува во странство, со овие навистина непотребни расходи што ги прави сега, оваа држава дури сега ќе влезе во економска криза кога населението ќе се подели на неколку многу богати поединци, а 90% од населението многу сиромашни. Верувам дека 90-те проценти, кои ќе бидат многу сиромашни ќе бидат во состојба многу брзо да го срушат тие 10% многу богати. Оваа ситуација нема да може да се издржи. Затоа јас реков уште еднаш, не е доцна да размислите при следните ребаланси, колку е можно побрзо, да направите ребаланс и средствата што сте ги доделиле без врска да ги пренамените за многу попотребни проекти за целотонаселение во Македонија. Благодарам.



Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет