Трајко Вељаноски: Благодарам.
Реплика има госпоѓа Соња Ѓелова Стојанова, повелете.
Соња Ѓелова Стојанова: Благодарам претседателе.
Почитуван колега проекциите на овој буџет воглавно се направија врз основа на очекувањата за забрзување на економскиот раст,подршката од домашните политики, како што е планираниот пораз на капиталните инвестиции. Меѓутоа за да се направи еден ваков развоен буџет, Владата остана контуниурано ангажирана и фокусирана на економијата за во тешки економски кризи, како што беше нашата земја, за разлика од многу европски земји, банкроства на држави, масовни банкроти на фирми, отпуштања од работа, нашата Влада се задржа на економската стабилност и затоа бруто домашниот производ од 2009 продолжи и во 2010 година да оствари минимален пад од 0,5%. Се преземаа антикризни мерки. Уште во почетокот на кризата Владата донесе прв пакет на антикризни мерки и натаму следеа уште 4 пакета. Меѓутоа продолжуваме и со фискалната стабилност и политика која оваа Влада водеше континурано и продолжуваме со истиот континуитет. Капиталните инвестиции во буџетот се зголемија од 30 до 40% во однос на 2005 и 2006 година. Целта беше да се помогне стопанството, пред се на градежништвото и над 20 индсустриски гранки поврзани со граежната активност поуспешно да ја пребродат светската економска криза. Тоа беше поздравено од стопнаствениците и градежните фирми, бизнисмените итн. Задржани беа стабилноста и предвидливоста на даночната политика и тоа беше поздравено и Република Македонија не пристапи кон зголемување на даноците во текот на кризата. Беше задржана и социјалната стабилност и стапката на невработеност во март 2010 година изнесува 30%. Не се намалија платите, пензиите, социјалните примања, ниту беше нарушена нивната редовна исплата. Со сите овие мерки, овој амбиент придонесе проектирањето на еден ваков развоен буџет што сите треба да знаеме дека во вакви буџетот треба да се насочи кон инвестирање во капитални инвестиции и затоа сметам дека не сте во право.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Господинот Јани Макрадули има контра реплика, повелете.
Јани Макрадули: Благодарам претседателе.
Колешке Гелова, јас мислев дека денес сте во Струмица.
Ја користам оваа прилика во име на пратенишката група да се извинам на господинот Заев што не можеме да присуствуваме на промоцијата на едно сообраќајно инфраструкурно решение на кое и Скопје може да му позаводи, бидејќи и тука во Собранието требаме да дебатираме и за такви примери, дека таков проект кој денес се пушта во Струмица, таква сообраќајница и такво подземно решение, за жал нема во Република Македонија и затоа Владата води дискриминаторска политика кон Струмица. Очекував денес вие да сте таму.
На реплика која ја прочитавте нема да ви контра реплицирам. Само да спомнам, Нингбершкиот процес го спомнувама како процес кој бил во сала кон многу луѓе за злосторничко здружување. Ама бидејќи салата Борис Трајковски е мала, ќе одиме на Филип Втори Македонски.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Има збор пратеникот Тито Петковски, повелете.
Тито Петковски: Благодарам претседателе.
Почитувани колеги, неколку пати сум повторил во овие години кога го носиме буџетот, убеден сум дека ние ништо суштествено не можеме да измениме со дискусија, но имаме обврска како претставниви на различни политички партии, да ги кажеме своите ставови и мислења по однос на тоа како се троши капиталот и како ние би го носочиле наспроти вашата политичка одлука во Република Македонија. но, пред да кажам нешто за буџетот, дозволете само една дигресија.
Мислам дека не е добро алиби и вие така правевте и ви е ништо не направивте, бидејќи мислам дека немаме право на тоа. Ниту една политичка партија која доаѓа на валст, ниту една власт до сега во Република Македонија, кога излегла на избори не барала условен мандат, па да каже да н ие овие работи ќе ги завршиме, ама тие пред нас да не направеа такви и тавки пропусти. Значи не треба да биде алиби за лошото владеење ситуацијата што била пред доаѓањето. Сега сте вие, до утре некои други ќе дојдат. Мислам дека кога се излегува на избори треба да бидеме одговорни пред граѓаните, ја примаме одговорноста да ги решаваме работите и да ја водиме државата, а не да кажуваме кој што правел пред нас, или можеби тоа ви е полесно, исти сме ама ние сме малку подобри па граѓаните да сфатат дека, во услови кога сме исти пак за нас да се определат. Можеби е политички трик, за Република Македонија можеби тоа пали ама не е добро, не е добро за институциите на државата, за Собранието не е добро. Значи треба да бидеме одговорни и во ниеден случај да се однесуваме некоректно кон граѓаните.
Господине министре, вие само кажавте во една реплика на господинот Макрадули дека овие ваши укажувања сега ќе ги имаме во вид при изготвувањето на наредните буџети. Што смисла има ние тогаш да дебатираме по овој буџет, освне она што го реков да ги кажаме нашите ставови како ние би постапиле во случај да сме во можност да одлучуваме за државните работи. Претпоставувам дека тоа ви беше лапсус, инаку и пратениците од парламентарно мнозинство не би имало никаква смисла да реплицираат и говорат ако е тоа така.
Ќе ве потсетам, најчеста реченица, вие тоа добро го знаете, што ја изговараше премиерот по добивањето на власта, кога стана премиер на Република Македонија и првите две години, беше дека мојот успех, вели, и успехот на Владата на Република Македонија ќе се мерат по вкупниот број инвестиции и отворање нови работни места. Сега да видиме, ако земеме низ оваа призма да го гледаме успехот на Владата на Република Македонија во овој момент, сами ќе дојдете до заклучок дека е поразително. Колку се странските инвестици знаете подобро од мене, ни цели 100 милиони евра во 2010 година, дај Боже да ја поминат границата. Нови работни места, освен во државната управа, никаде на друго место нема. Значи, да се подбри бројот на вработени само таму кај што не треба, значи не создава нова вреност. Вработувања во нови сектори нема. Не знам дали се сеќавате некогаш да е пресечена некоја лента каде што одеднаш се вработуваат 20, 30 или 50 луѓе.
Фискалната политика на државата тоа не го дозволува. Едноставно ги дестимулира и стопанственициет и тие што имаат пари да го направат тоа, да инвестираат, на страна пак од оние закони со кои симулирате вработување во јавниот сектор, да им се покриваат загубите, а го испумпувате капиталот од фирмите за да не можат да вложуваат за раазвој. Исто така и од банките, да купуваат, благајнички записи каде што им е многу поконјуктурно отколку да ги вложуваат во развојот на фирмата.
Сега конкретно за буџетот.
Некои мои колеги рекоа дека овој буџет не се разликува по ништо од претходниот, од минатата година. Имаме само 100-ци и кусур милиони пари и тоа е тоа. Значи ако гледаме низ призмата на обврските на преродбата, кои се ветија во почетокот на мандатот на оваа Влада ќе видите дека преродбата повеќе не постои, таа е потрошена, исцрпена е. Значи треба нов проект, нови импулс, граѓаните да сфатат дека имаат работа со одговорна власт.
Второ, основните столбови на просперитетна држава, не според мое мислење туку на луѓе кои се и светски теоретичари и аналитичари, па ако сакате и на нашиот обичен граѓанин е, прво даи ма пристоен живот, значи да има пристоен стандард, да ги задоволува своите потреби, да има пристојно здравство и да има пристојно образование. Тоа се трите столба на едно здраво и просперитетно општество. Кажете ми што од овие три столба во Република Македонија постои. Имаме ли пристоен стандард? Во услови на толки голем број на невработени, рекордери сме. Што направивме да намали процентот на неврабиотените? Дали имаме пристојно образование. Имаме експерименти, ама немаме пристојно образование. Дали имаме пристојно здравство, не говорам за овие банални примери, кровови итн., говорам за внатре, хорор ми се здравствените институции.
Што сакам со ова да кажам? Сакам да кажам дека ние како НСДП сериозно се разликуваме околу приоритетите. Она што за ВМРО ДПМНЕ е приоритет, ние апсолутно не би го прифатиле за приоритет. Тоа е и единственото оправдување зошто сум тука на оваа говорница и зошто сакам да говорам за буџетот, бидејќи објективно не можам да променам ништо. Значи, капиталот со кој располага оваа држава ние не би трошеле на начин на кој вие го трошите, а ќе кажам зошто.
Дали навистина оваа Влада беше во состојба да консултира барем дел од народот, кои се приоритите на граѓаните, па да ги праша што во овој момент е најопходно, па таму да го вложи капиталот со кој располага. Значи не го правам од никакви популистички причини, меѓутоа ќе кажам дека за нас е апсолутно неприфатливо огромни средства да се трошат за непродуктивни проекти. Ние сметаме дека тродупло треба да се покачат средства предвидени за капитални инвестиции, затоа што тоа е акцелератор на развојот. Стопанствениците од вас бараат да се градат патишта затоа што е директно во функција на стопанството. Бараат од вас да им давате стумулативни средства, да им обезбедувте подршка. Фирмите немаат свеж капитал. Ако Македонија со нешто може да се пофали, тоа значи да извезува, а извезува челик, нафтени деривати, текстилни производи, нешто тутун, вино, вие воопшто не се определивте да инвестирате таму, да ги помогнете тие фирми, да го забрзаат својот развој. Бидејќи тоа е она што Македонија извезува. На тој начин може да се покрие дефицитот и надворешно - трговскиот дебаланс на земјата што е многу голема. Апсолутно, оваа Влада, со фискалната политика, со буџетската политика во целина не оди во пресрет на развојот на државата. Не инвестира во развојот. Некој спомна спортски центри, игралишта итн. тоа да, тоа е за забава. Јас знам од кои причини го прави ВМРО ДПМНЕ. Треба да ги привлече младите луѓе, да видат дека е убаво да се игра тенис, да се игра фудбал, да ги заборават сериозните проблеми, бидејќи не можат да се вработат. И тоа од политички, маркетиншки аспект е добро. Но, од економски аспект, од аспект на интересот на граѓаните, тоа не е добро. Меѓутоа, вие се определивте тоа да го правите и сигурно дека сметате дека ви носи профит. Веднаш да кажам, ако ние бевме во ситуација да одлучуваме, овие средства што сега ќе ги прочитам апсолутно ќе ги насочевме во образованието, во здравството, социјалната политика и мотив - стимуланс на фирмите што извезуваат. Значи, ако за една тримфална порта во Република Македонија Владата извојува 4,4 милиони евра, за филхармонија нови 700 илјади евра, за плоштадот Скендер Бег, 500 илјади евра, за 4 лавови 2,3 милиони евра, за Александар Македонски 4,5 милиони евра, за фонтана на скопски Бетон 3,1 милион евра, за Никола Карев 750 илјади евра, за Делчев и Груев 850 илјади евра, за тродимензионална реклама 150 илјади евра, за споменик на ВМРО ДПМНЕ еден милион евра, Цар Самоил 1,4 милиони евра, Ченто 780 илјади евра, споменик на АСНОМ 1,5 милиони евра, Јустинијан Први 1,2 милиони евра, Гемиџии 965 илјади евра, Св. Климент и Наум и Св.Кирил и Методиј 1 милион евра, реконструкција на Собранието 12,8 милиони евра, Кривичен суд 7,6 милиони евра, Обвинителство и финансиска полиција 13 милиони евра, објект на МНР 16 милиони евра, зграда на Уставен суд 25 милиони евра, Стар театар 16 милиони евра, Музеј на ВМРО ДПМНЕ 6 милиони евра, Македонска Филхармонија 6 милиони евра, Мост Око со скулптури 2 милиони евра и други споменици 17 милиони евра.
Ќе речете банално е. Не е банално. Мислам дека граѓаните треба да видат кои се приоритетите на ова Влада. Јас не говорам дека не треба споменици, дека не треба да се бавиме со минатото и историјата. Ако не си ја знаеме историјата тешко ќе се идентификуваме во меѓународната заедница. Но, ова не може да биде приоритет на Република Македонија во услови на криза.
Едноставно, ова мора да се стави на втор план. Многу поразвиени држави од нас се откажаа од сите непрофитни односно економски неоправдани инвесетиции. И, не се задолжуваат. Ние се задолжуваме.
Сакам да порачам, независно што не ме слушате господине министер, ако немате право, немате право од овие пари со кои што се задолжува Република Македонија, не вие, од ММФ да продолжите со изградба на овие споменици. Не ние, ќе ве осудат генерациите. Бидејќи станува збор за задолжување на долг рок нека се и најповолни условите, нека се најниски каматите, тие пари треба да се вратат. Ако не се вратат до година, треба да се вратат за неколку години. Значи, треба да ги врати некоја идна генерација. Немаме право да ја задолжуваме идната генерација за работи што треба да докажат нешто што постои. Нам, апсолутно не ни треба да докажуваме кои сме и што сме. Ние сме тие, меѓунаордната заедница знае, ние знаеме кои сме. Да натрупуваме пари во споменици што ќе го билдаат нашето национално его во моменти кога луѓе умираат за јадење, кога имаме апсолутно катастрофална состојба во здравството, образованието, не е само расипнички. Крајно неодговорно е. Значи, ако нешто може како карактеристика на оваа Влада да се каже, мислам дека крајно недомаќински ги троши парите на граѓаните на Република Македонија.
Второ нешто, односно трето, што мислам дека декларативноста е да, а практично сте против. Говориме дека Македонија има сериозни намери, приоритет е интегрирање во НАТО и Европската унија. Со што тоа покажуваме практично дека имаме сериозни намери да се интегрираме? Дали со овој буџет? Бидејќи, како дојде оваа Влада, од година на година се повеќе се намалува процентот што се издвојува од БДП за одбрана. Зошто тоа го праивме, не ми е јасно. Ако веќе имаме критериум, стандарди од НАТО дека треба да се зголеми, барем на 2% од БДП, вие тоа го знаете подобро од мене, значи обврска е на Република Македонија да создаде услови, стандард, опремување на Армијата на Република Македонија да биде блиску до стандардот на НАТО, ако сакаме да бидеме со чесна намера, членки на НАТО. Значи, ние работиме обратно. Вие тврдите дека треба да се штеди на сите сектори. Да, ама јас кажав само за еден приоритет. Значи, воопшто не би довеле во прашање 90% од овие пари што ги издвојува државата од граѓаните за споменици, да се даде приоритет на опремување на Армијата и за сферата на социјалната политика, здравството, образованието. Значи, тоа е прашање на приоритет и тука се разликуваме.
Мислам дека должите објаснување на граѓаните на Република Македонија, ако ги земете овие средства 480 милиони евра, како ќе ги потрошите. Бидејќи не само на ММФ, должите пред се објаснување на оние кои даваат поддршка на сите политички партии.
И да завршам. Мислам дека Република Македонија, ако сака да биде перспективна држава, вие имате обврска, најголемиот дел од парите на граѓаните, од буџетот да го насочите кон капитални расходи. Ако сакаме да бидеме одговорни, дека имаме сериозни намери, да бидеме дел и од НАТО и од Европската унија, мораме практично да покажеме дека инвсетираме во инфраструктура. Тоа не само што е потребно на нашата економија, потребно е и на меѓународната заедница.
Да завршам, според нас, според НСДП овој буџет не едомаќински, овој буџет е расипнички, овој буџет не одговара на потребите на граѓаните во овој момент, овој буџет ја оддалечува Македонија од НАТО и од Европската унија и мислам, ако било каква шанса постои, би било добро и вие како министер и Владата до конечното изгласување на буџетот, на овие неколку сектори, да даде приоритет. Благодарам многу.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Реплика има Димовски Илија, повелете.
Илија Димовски: Благодарам претседателе.
Со внимание ја следев дискусијата на господинот Петковски. Да ви честитам избор за премиер во сенка, денеска ни соопштивте, па може би ова ќе биде интересен начин да комуницираме во Собранието.
Би сакал да оценам дека вашиот говор беше прилично временскји недетерминиран говор. Не шетавте напред, назад, меѓутоа не направивте една хронологија на случувањата во Република Македонија. Би било многу сериозно и здраво, вие ја наметнавте оваа дебата, кажавте дека не т реба да дискутираме кој бил полош, треба да дискутираме што нудиме. Освен што ни кажавте дека поголемо внимание би обрнале на здравството, образованието и стандардот, не ни кажавте што значи тоа. Самите влеговте во шемата на критика, што на почетокот на вашиот говор ја напрвивте.
Нас не искритикувавте дека не требало д критикуваме што се случувало во времето кога вие бевте на власт, а од друга страна не понудивте што од тука па натаму. За да дискутираме за здравството или за образованието, што исто така се приоритети господине Петковски за ВМРО ДПМНЕ, треба да ја видиме хронологијата на случувањата и кредибилитетот на секој од нас. И како политичка структура, па дури ако сакате и како пединци.
Знам дека она што ние го вложуваме во образованието, сега е трикратко повеќе од она што се вложуваше кога вие со СДСМ бевте на власт. И во поглед на општата сума на средства и во поглед на капиталните инфраструктурни инвестиции во образованието. Во смисла на изградба на училишта, реконструкција на училишта, изградба на покриви по училишта, замена на стакла итн. Тие суми ги имаме, тие средства ги имаме, можеме да дискутираме за тоа.
Меѓутоа, вие кога сте биле на власт, не сте го правеле тоа. Дај боже, ако дојдете некогаш на власт да почнете да го правите тоа. Ама, муабетот нема кредибилитет. Нема тежина. Немаме основ да ви веруваме на критиката.
Второто, за здравството, идентична ситуација господине Петковски. Здравството во 2006 година какво беше оставено и какво е сега може да правиме компарација. Можеме да правиме компарација дека два пати повеќе се одделува средства од буџетот сега, откоклу тогаш за здравството. Дека ситуацијата не е розова, не е розова. Меѓутоа, ако мислите дека за една, две, три години се прави држава, вие господине Петковски имавте 16 години да направите држава. Ако мислите за 1, 2, 3, 4 или 5, колку што се години на власт ВМРО ДПМНЕ, може цел систем идеално да функционира, тогаш господине Петковски вие имавте 16 години можност да го направите тоа. Влегувате во едно теоретизирање со вашиот говор што, кога ќе се соочи крајност со крајност не се поврзува. Почетокот на вашиот говор не може да се поврзе со крајот на вашиот говор. Нелогичен е и е политикански и личи повеќе на портпарол на СДСМ отколку претседател на друга партија. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Петковски Тито има контрареплика, повелете.
Тито Петковски: Благодарам.
Господине Димовски, се обидувам да наметнеме во парламентот конструктивна дебата. Зошто лично сте погодени, не можам да сфатам. Вие сте млад човек. Зошто толку гнев, зошто толку отрови?
Јас говорев за приоритети. Реков, кога ние би биле на власт, не би ги трошеле парите вака како што вие ги трошите. Дали вие би се согалсиле во услови кога имаме току проблем во здравството, ќе рикне Фондот за здравство, не можат пациентите да се лекуваат, нема лекови, имавте можност цел ден да слушате овде дали ви направиле споменик. Ве молам, илјада и еден споменик или би ги дале парите да се реконструираат сите здравствени институции. За тоа говорев.
Говорев, комјутери во секое училиште, па тие нема каде да ги стават. Прокиснуваат. Мора да ги заштитат со покриви.
Немојте, не е коректно да се обвинуваме меѓу себе кога можеме да разговараме со факти. Јас говорев со факти.
А тоа, дали вам ви се допаѓа или не е релативна работа.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Господинот Николовски Александар има реплика.
Александар Николовски: Благодарам претседателе.
Би сакал прво да честитам на владата во сенка на НСДП. Навистина една интересна идеја. Прилично симпатично. Иако немаме серозен противник во СДСМ, се надевам дека ќе имаме во НСДП, со судир на идеи и навистина, ве предизвикувам да го направите тоа во следниов период.
По однос на буџетот, би сакал да одиме малку со бројки.
Зголемување на инвестиции во образованието за следната година 29 милиони евра повеќе. Зголемување на капитални инвестиции зза 25% пвоеќе. Растот што го очекуваме во економијата за следната година е 3,5%, при што после криза, е одлична бројка. За спроедба, во 2004 година, било толку, кога немало светска економска криза. Зголемување на индустриското производство за 5,2%, раст на градежништвото 4,5%, раст на земјоделието за 3%, со изградба на нови откупни центри, еве 1 и во Срумица, понатаму, зголемување на субвенции во земјоделието во следната година ќе бидат 115 милиони евра, о.г. се 100, знаеме дека почнавме со една минимална бројка од само 4 милиони. Зголемување во здравството зза 2 милијарди денари, на пример, искористеноста на квотите во аптеките околу 85%, значи има нешто и вишок лекови, околул 15%, така што сите овие или еве, на пример, раст на услужниот сектор од 4% заради растот во градежништвото, најмногу, така што сите овие бројки покажуваат една позитивна тенденција. Не се поврзани со омилената тема за споменици, за непродуктивни инвестиции, како што сакате да кажете. Така што, мислам дека сите овие бројки се доволен информатор за поголем предизвик за она што ќе се случува следната година. Секако, имавме две последователни години кога имавме светска економска криза, така што не можеме да очекуваме идеални работи. Но, овие работи се подобри од било која друга претходна. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Господинот Петковски Тито има контра реплика, повелее.
Тито Петковски: Благодарам господине Николовски.
Кажете ми за кои капитални инвестиции разговараме? Спомнете една. Па еве, 5-та година, 4 години, еве петта година, нема ниту еден метар автопат, ниту еден метар. Нема 100 грама бетон за хидроцентрала. Па, оваа Влада не направи за 4 години, не успеа тендер да направи. Не успеа тендер да направи.
Еве, ќе ве прашам вас, како млад човек, дали со оние пари што ги трошиме за споменици можевме да изградиме 200 километри пат во Република Македонија? На што вие ќе дадете приоритет, на спомениците или на автопатот? А 33 километри е патот од Смоквица до Гевгелија, до каде што не е завршен.
(Дофрлање од место)
Што колку чини? Знам колку чини, ама вие не сакате, идејќи тоа е апсолутно надвор од вашите приоритети, надвор од вашите. . .
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Следен за збор е господинот Станковиќ Емилијан, повелете.
Емилијан Станковиќ: Благодарам.
Почитувани колешки колеги пратеници, почитуван заменик министер,
Министерот очигледно отиде малку да одмори, иако сакав на почетокот да констатирам две работи:
Прво, очигледно дека министерот за финансии ја изгуби онаа жар, зајадливоста што ја имаше до лани во бранењето на финансиските политики што, очигледно, веќе и тој не верува во нив, ниту може да верува, бидејќи секој нов ден или секој нов буџет или ребаланс покажува дека се што ни кажува при усвојувањето на овие документи, многу серозни документи е обична лага или невистина.
Второ, мора да признаеме дека министерот за финансии Зоран Ставрески од о.г. стана и шампион во замена на тези при бранењето на буџетите.
Жалам што еве веќе втор ден, а и претходно на Комисијата за финансирање и буџет, каде што тој веројатно оправдано не присуствуваше, не добивме одговор, еве го дојде почитуваниот министер за финансии, веројатно во реплики ќе добијам одговор на тоа што го кажав до сега, претпоставувам, бидејќи барате да говориме со факти, така ќе се обидам да дискутирам.
Република Македонија, во 2011 година, можеби, согласно она што е најава, ќе се задолжи најмногу во својата историја. 480 милиони евра од ММФ, веројатно ќе издаде еврообврзница во вредност од 300 милиони евра и ќе се задолжи на трет начин, за што ќе говорам подоцна, што некаде циврата ќе дојде повеќе од 900 милиони евра задолжување на Република Македонија, можно.
Велам дека сте шампион во замена на тези господине министер за финансии, бидејќи до пред некое време не убедувавте дека било каков аранжан со ММФ е лош имиџ за државата. Дека на некаков начин со аранжманот со ММФ, странските инвеститори ќе не одбегнуваат и тоа било лоша порака, дополнително, во текот на денешнов ден, при дискусијата на мои колеги пратеници, рековте дека ММФ нас не брани, сакам да ве потсетам дека постојат примери на земји што ММФ ги бранел, па подоцна воведувал и валутен брод и со тоа се побивал при бранењето. Мислам дека тоа не ви е некој сериозен аргумент.
Говориме за предлог-буџет, каде што повторно, втора година не е усвоен ниту еден амандман на опозицијата. Со тоа, повторно демонстрирате ароганција и самобендисаност, не верувајќи дека тоа што го предлага опозицијата, на крајот на краиштата може и позитивно да влијае врз креирањето на буџетот. За жал, почитуван министер за финансии, вчера, денес можеме да слушнеме дека почнавте да се фалите, или да се гордеете со најава од 280 милиони евра инвестиции. Јас не знам каде исчезна ентузијазмот, каде исчезнаа оние фамозни 8 милијарди странски инвестиции, денеска преродбеничкиот дрим тим на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во кои што вие сте моторот, се фалите со 280 милиони евра инвестиции.
Бидејќи многу внимателно ве слушав, рековте дека овој буџет или растот на економијата во 2011 година го темелите меѓу другото на зголемување на средствата во здравството, зголемување на капиталните расходи и зголемување на капиталните инвестиции.
Јас сакам да ви поставам едно многу конкретно прашање. Ве слушам со каква жестина реплициравте на колегата Макрадули кога говореше за здравството. Јас сакам вас да ве прашам бидејќи СДСМ имаше еден предлог за изградба на нов клинички центар во вредност од 80 милиони евра по циклуси од 20 милиони евра во наредни 4 години, ВМРО-ДПМНЕ односно вашата Влада излезе со најава за инвестиција на нов клинички центар во вредност од 450 до 500 милиони евра. Меѓу другото и сега говоревте за медицинска опрема. Јас ве прашувам, бидејќи не можам тоа да го видам во буџетот, бидејќи не сум економист претпоставувам вие ќе ми дадете многу конкретен одговор. Каде е предвиден во Буџетот за 2011изградбата на новиот клинички центар. Велевте дека со месеци сте го спремале, дека СДСМ наводно ви го украл проектот, дека сме копирале проекти, дека неосновано. Вие рековте дека 500 милиони евра во наредниот период ќе се вложува во изградба на нов клинички центар. Предвидена е реконструкција и доградба на објекти на јавни здравствени установи во Република Македонија во вредност од 284,4 милиони денари или 4,6 милиони евра. Ама јас не гледам, веројатно можеби вие знаете, изградба на нов клинички центар нема. Петта година ве слушаме како говориме за нова медицинска опрема. Не сакам да спорам со вас, бидејќи очигледно тоа ви е влезео во вашиот код на политичко дејствување, дека вие секој пат верувате дека државата од вас почнува и дека вие ја правите, дека во изминатите години ништо не е инвестирано во ниту една општествена сфера и од вас се почнува, се почнува од Груевски, Ставрески, ВМРО-ДПМНЕ и се што се правело поретходно апсолутно ниту е вложувано, ниту на било каков начин е правен општествен развој, не баре вие живеевте во некој имагинарен свет, не знам каде се школувавте, каде се школуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи и друг пат сме реплицирале дека наводно и образованието СДСМ го развило. Јас не знам каде е дабавката на новата опрема. Во која ставка ја предвидувате. Велевте дека прво ќе набавите медицинска опрема во вредност од 40 милиони, па рековте дека ќе набавите 68 милиони евра медицинска опрема. Со Буџетот за 2011 година е предвидено набавка на медицинска опрема за потребите на јавните здравствени установи во Република Македонија во вредност од 900 милиони денари, или само 14,6 милиони евра. Каде и кога граѓание ќе ја видат новта медицинска опрема, еве чекаат веќе петта година. Нема ништо. Само секој ден јавното здравство тоне. Не знам, што сакате да споредувате кога велите, здравството во времето на СДСМ, здравството во времето на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа фактите за вас се неумоливи. Значи, умираат луѓе, да не злоупотребуваме човечки судбини пред камери, се случува да паѓаат кровови во болниви и да гинат луѓе, меѓутоа јас не знам каде го гледате вие подобрувањето на здравството. Кратко во репликата ќе ми одговорите. Сакам да говорем за нешто друго, странски инвестици нема. Единствената странска инвестиција со која можете да се повалите е ТАВ која што за жал од најавените 230 се претвори во 130 милиони евра, бидејќи нема да се гради Карго аеродром во Штип дополнителни субвенции за ТАВ како странски инвеститор дражавата ќе одвојува од Буџетот и ќе плаќа со народни пари од 130 милиони нема повеќе да инвестира таму. Ако земеме во предвид дека само досега проектот Скопје 2014 чини 350 милиони евра, прашање е до колку ќе стигне. Можеше да се види Република Македонија односно оваа Влада имаше капацитет со парите што ги троши и самата да инвестира во модернирањето на аеродормите. За енергетиката да не говорам. Бидејќи сакате да се споредувате, јас не знам кој енергетски објект веќе петта година од Владата чекаме да почне да се гради. Нема ниту еден. Сите тендери пропаѓаат, пред 17 месеци Владата потпиша Рамковна спогодба вредна 5 милиони евра за консултанцски услуги за енеретски проекти со еден домашен и двајца странски конзорциуми, нема ниту еден договор за јавна набавка, сите тендери пропаѓаат: Чебрен и Галиште, ТЕЦ Неготино, Вардарска долина, за Св.Петка да не говора, требаше да биде пуштена во употреба во пролет 2009 година. Таму нема ништо.
Сакам да говорам за нешто друго бидејќи овде слушавме дискусии со факти наводно дека оваа Влада, односно од Груевски почнува се и инвестирате во сите сфери. Еве зборувам за здравство. Да зборуваме за спортот. Свежо е денеска, Груевски повторно отвараше тениско игралиште во Ѓорче Петров, по кој знае кој пат, не знам, не гледав на телевизија, можеби повторно со рекет мавтал и како што знаеше на справи да вежба грб т.е. да направи телесно да се види. Еве да зборуваме со факти. За да ви биде полесно почитуван министер, бидејќи претпоставувам имате многу работа и не знаете се на памет. Во Буџетот на страна 2.32, 2.33, раздел 16 101 Агенција за млади и спорт да го гледаме буџетот за спорт. Подпрограма 20 спорт, или ставка 463 трансфер до невладини организации, односно спортски клубови, износ 17 милиони и 500 денари. Во 2010 годна оваа ставка беше 35 милиони денари. Има намалување за 50% за 2011 година. Овие средства се користат за програми на национални спортски федерации и претставува многу сериозн ставка, а е намалена за 50%. Ова го говорам да ви покажам дека брутално лажете кога велите дека инвестирате повеќе во одредени сфери, еве ги фактите кои што се многу точни. Ставка 464, разни трансфери 4 милиони и 500 денари за 2011. Во 2010 во оваа ставка беа предвидени 9 милиони денари. Повторно и во оваа ставка 50% намалување. Со овие средства се финансираат камповите за млади спортисти, согласно програми на национални спортски федерации. Ајде сега меѓународна програма, трета ставка. 463, трансфер на невладини организации, 17 милиони и 500 денари. Во 2010 година за оваа ставка беа доделени 30 милиони денари. Значи, средствата во 2011 година ги намалувате за 48%. Значи, програмите, меѓународните програми на националните спортски федерации заедно со целокупното финансирање на спортот го намалувате за 50% во 2011 година.
Ајде сега да говориме за капиталните инвестиции со кои што се фалите во спортот. Бидејќи сте предвиделе во подпрограма за спортски објекти 462 милиони. Ајде да видиме што се се изгради во 2007, 2008, 2009 и 2010 година за што вие толку се фалите дека се во оваа држава почнува од ваше време.
Прво почитуван министер, дали знаете колкава е загубата на ЈП за стопанисување со спортски објекти. Претпоставувам тоа стигнува до вас, тоа се 400 милиони загуба по основ на неплатени долгови кон Топлификација и одржување на објектите. Значи, говориме за објекти кои веќе постојат со децении во Република Македонија во кои што не се инвестира ниту денар, туку има 400 милиони загуба. Ајде да видиме што најавивте. Најавивте 35 спортски сали. Што се изгради до денес. Се изградија 27 спортски сали од проектот 35 спортски сали кои за волја на вистината го почна претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа нели не се важи, бидејќи таа Влада на Љубчо Ѓеоргиевски кога ќе ви ја споменеме, вие немате поим. Меѓутоа, таму беше министер за финансии Никола Груевски. Тогаш се удираа камен темелници и ништо не се направи. Вие како преродбеници решивте да ги градите тие 35 спортски сали, иако предупредувавме дека за ниту една од нив нема соодветни решенија. Што се случува? После пробивањето на рокот, бидејќи согласно договорот за градба ќе требаше да ги завршите до јуни 2010 година. На Влада 122 седница со заклучок на 24.11.2009 година и го задолжувате надлежниот орган за спорт спогодбено да го раскине договорот за изведување на градежни работи и анекс на договорот и се случува спортските сали да останат такви какви што се, допрва ќе се градат. Ајде да видиме што сте изградиле. Без проектна документација се изградени салите за челичната конструкција. Нема атест за изградба на бетонска и челична конструкција на спортските сали. 90% од нив се без технички прием. До сега почитуван министер за финансии, 390 милиони денари во периодот до 2002 година и дополнителни 700 милиони денари се потрошени за изградба на овие 35 спортски сали. Кажете ми во која земја ваква сала, со ваков квалитет чини 45 милиони денари? Ако ми дадете таков одговор, ќе ви кажам, секоја чест. Дали се безбедни овие објекти, тоа никој не одговара. Еве ви конкретен пример, веројано ќе го проверите бидејќи вие сте луѓе кои што говорите со факти. Сте биле господине Ставрески во Велгошти во Охрид, сте ја виделе таа спортска сала? Таа спортска сала е во тотален распад, значи перкетот е ваден, челичната конструкција се распаѓа и да биде трагедијата уште поголема, изградена е на земјиште сопстевност на приватно физичко лице. Сега ќе ви кажам што се случи. До сега за изградба на таа сала констатирал Државен ревизор потрошени се 12 милиони и 500 денари. И што се случува? Објектот е граден на приватна парцела КП број 511, сопственост на Џејн Мегаван родна Геновева Стојан Литофовска која што живее во САД. И нормално дека не говорам на памет. Вие сакате да говорите со факти, еве ви пресуда на апелационен суд во Битола решавал во мај 2010 година по жалба на тужените, Република Македонија и Агенција за млади и спорт, Скопје, против пресудата, таа е потврдена и е утврдено дека на Геновева Стојан Литофовска од САД Владата треба да и плати 120 илјади евра заради тоа што градела објект на земјиште без дозвола, без било каков купопродажен договор. Односно без да знае Владата дека земјиштето е во сопственост на приватно физичко лице. И замислете што се случува. Вашиот премиер решава откако расправата на Влада за овој скандал, решава повторно да се гради таа сала. Каде? Никој не знае. Можеме да говориме за 50 фудбалски игралишта, можеме да говориме дека тие чинат 600 милиони денари вкупно, а се изградени само 15. Никаде на друго место во светот нема волку скапи. Не сакам да говорам за вештачката карта и остатокот на средства кои што се трошени без врска, а никој ниту видел некаков напредок, ниту ништо. Но, уште нешто. Реков дека ќе говорам за задолжувањето кое што никој не знае колку идни генерации ќе бидат задолжени благодарение на вашата неодговорна политика. На 7.12.2007 година ова излезе на сајтот на ВМРО-ДПМНЕ, промовирате вие револуционерно прва општинска обврзница на пролет. Значи, ова е ново задолжување, едно евро обврзница, едно ММФ, ова е ново задолжување на општините. И како што читам овде општини пилот ќе бидат Скопје, Велес, Струмица, итн, па после други кои што потпишале меморандуми за добивање кредитен рејтинг. Можете да ми кажете господине министер за финансии што планирате со ова задолжување? Ајде во Скопје ми е јасно, ќе го градите Скопје 2014, немате пари, очајно ви требаат средства. Гледам вчера се мачи Коце Трајановски троши на реконструкција на мост во Градско, паѓа мостот, тој за ограда дава 760 илјади евра, но тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Може ли да ве прашам за што во другите општини ќе ги трошите средствата. Бидејќи јас не гледам друг пример, еве ги овие два. Сте ги виделе овие документи? Овие два документи се однесуваат на општина Гази Баба. Значи, решение за вработување на државен службеник 2009 година Тодор Петров во општина Гази Баба. Тодор Петров станал на 16.12.2009 година државен службеник во општина Гази Баба. За ова ли ќе земате општинска обврзница, или можеби за ова. Ова не сте го виделе? Ова ви е договор за привремено вработување повторно во општина Гази Баба, кој? Слободан Томиќ, човекот што премиерот го нарече пастир. Знаете колку зема плата како референт за информирање во општина Гази Баба? 29.371 денар. Може да ми кажете министре за што се непродуктивно ќе ги трошите народните пари и до кога? До кога и кога еднаш ќе сфатите и ќе станете одговорни дека овој народ 2006 и 2008 година ви ја даде довербата за да ја подобрите еконосмската ситуација во оваа земја. Ја изневеривте таа доверба, затоа и на почеток реков, бидејќи вие без разлка што припаѓате сега на ВМРО-ДПМНЕ пак ќе кажам, сте економски експерт. Не верувате веќе ни вие, во овие финансиски политики, бидејќи знаете дека се погубни и на долг рок ќе донесат штета за Република Македонија. Затоа почитуван министер за финансии и затоа почитувани пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се случува да излезе народ на улица и да го покаже својот гнев. Благодарам.
Достарыңызбен бөлісу: |