Стенографски белешки



бет10/11
Дата13.07.2016
өлшемі0.68 Mb.
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11

Светлана Јакимовска: Благодарам.

Контра реплика има господинот Александар Николовски, повелете.



Александар Николовски: Благодарам.

Еве само еден пример ќе прочитам јавно објавен во медиумите како работеше Уставниот суд. Уставниот суд укина членови од Законот за игрите на среќа. Укинувањето се однесува на членовите 24, 40, 102, 104, 130, 134, 141 од Законот за игрите на среќа донесен во 2011 година и дополнет 2012 година. Судот интервенираше во овие законски одредби со кои се предвидуваше трговските друштва основани во сферата на вршење на дејноста игри на среќа и забавни игри да имаат обврска да достават доказ односно уверение за неосудуваност на обвинителот на трговските друштва како и трговските друштва да имаат обврска да доставуваат уверение дека ги платиле сите јавни давачки. Кој е тој Устав што го штител, дозволува луѓе со кривични дела, криминалци да организираат игри на среќа. Тоа е она што јас го оспорувам. Дека работеле согласно наредбите на една клика од 100 луѓе, а не согласно Уставот и барам да работат согласно Уставот и да го штитат уставниот поредок, а не да инсталираат паралелен политички систем и барам да не ми се вадат зборовите од контекст. Благодарам.



Светлана Јакимовска: Благодарам.

За реплика е пријавен господинот Стојановски Благоја, повелете.



Благоја Стојановски: Благодарам.

Колега Николоски, цело време зборувате како работи Уставниот суд. Претпоставувам дека со овие предлози што ги давате, верувате односно знаете дека Уставниот суд ќе работи сосема поинаку и баш ги слушав вашите тези и на Комисијата за избори и именување и на денешната седница и просто не можам да поверувам дека ова што го зборувате и го мислите.

Ајде прво да направиме, бидејќи правевте споредба со одредени членови со Уставниот суд, јас ќе ви кажам сега исто така се согласувам со вас, Елена Гошева ќе биде најдобриот Уставен судија, што до сега го имате избрано и сега ќе ви каѓжам зошто. Затоа што Елена Гошева, мажот нејзин е избран за директор на Државен студентски центар, предложен од ВМРО ДПМНЕ. Меѓу другото слушнавме дека има и криминални пријави односно пријава за криминал и корупција. Понатака, нејзината ќерка Слободанка Гошева сега Гиева, била член висок во Унија на млади сили, била советник во Советот на град Скопје, била директор на Државна пописна Комисија 2011 најславен попис кој што „успеавте“ да го направите. Понатаму, нејзиниот зет Игор Гиевски, беше претседател на унија на млади сили, беше советник во Советот на град Скопје од ВМРО Народна партија, потоа премина во ВМРО ДПМНЕ, сега е претставник на државниот капитал во ЕВН исто така нормално предложен од ВМРО ДПМНЕ.

И сега ќе ве прашам господине Александар Николовски зашто оваа е добра судика во Уставниот суд и директно ќе ве прашам: Што мислите. Кого ќе штити оваа судика во Уставниот суд. Уставот на Република Македонија или одлуките на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Затоа ли господине Николовски оваа е подобра уставна судика од сите други, уште не станата судика во Уставен суд. Тие ли се причините господине Николовски. Исто како што се изостантите два кандидати. Вашите тези колега Николовски дека се што ќе се усвои во ова Собрание во форма на закон, без оглед на тоа дасли е уставен или не Уставен дека не треба да биде поништено, Уставен суд се страшни. Вие со вашите тези всушност не знам дали сте свесни вие поставувате прашање дали воопшто на оваа држава и треба Устав и Уставен суд со вашите тези. Мислите дека не треба да има? Мислите дека тој Уставен суд треба да одлучува онака како вие што ќе му кажете?



Светлана Јакимовска: Благодарам.

Контра реплика господинот Николовски Александар, повелете.



Александар Николовски: Зошто сметам дека Уставниот суд не работеше согласно на Уставот, а работеше согласно наредбите на одредена клика, ќе ви прочитам исто така од медиумите, две одлуки на Уставниот суд.

Уставниот суд, на седницата на 4 април 2012 година, сега скоро, го укина членот 27 став 1 точка 3 од Законот за ревизија. Со оваа законска одредба се предвидуваше кандидатот за стекнувње на звање ревизор да може да биде лице кое покрај друго го исполнува и условот да поминало повеќе од пет години од издржувањето на казна затвор ако бил осуден на правосилна судска пресуда. Значи, тоа значи дека Уставниот суд нас ни вели дека луѓе кои што вчера излегле од затвор денес можат да полагаат за ревизори заради тоа што тоа било изразување на еднаквоста кон пристапот на институциите.

И исто така укинал дел од одребите на Царинскиот законик, согласно на кои што се предвидувало оперативните инструкции донесени од директорот да врши проверка на работната способност на привремено вработените лице и кандидати за вработување, како би можел на тој начин да ги натера вработените во институцијата да почнат да работат. Што има ова врска со Уставот? Ама има врска со блокирање и со остарување на интереси на одредени лица тоа што и кажав клика од 100 луѓе кои што сакаат да владеат со Македонија.

Светлана Јакимовска: Благодарам.

За реплика е пријавен господинот Станковиќ Емилијан, повелете.



Емилијан Станковиќ: Благодарам потпретседателке.

Колега Николовски, вообичаено зборите отворено и тоа е добро бидејќи секогаш манифестирате освен за тоа што се случува во вашата партија.

Јас нема овој пат да говорам за хронологија или пак да се обидувам да ви поставувам контра тези на одлуките кои што ги цитирате на актуелниот состав на Уставен суд. Меѓутоа ќе ве потсетам на еден факт од кој што вие како млад политичар на ВМРО ДПМНЕ не можете да избегнете. Оваа власт на ВМРО ДПМНЕ не ја избра на пример една Маргарита Цаца Николовска за судија на Врховен суд која што сега е многу успешен уставен судија во Босна и Херцеговина. И ви благодариме за тоа, бидејќи тоа доволно ја мотивираше оваа госпоѓа да биде претседател на Совет на СДС. И тоа апсолутно можеме да го спориме со сите факти, апропо вашиот денешен предлог Елена Гошева одморена, одморен кадар кој што го предлагате, и синоним за новиот на ВМРО ДПМНЕ.

Уште една работа сакам да ви признаам, вие сте чесен и отворено зборувате која е целта на промените во Уставниот суд. Да инсталирате тројца партиски послушници, кои што ќе ги примаат наредбите како ќе гласаат во Уставниот суд од Штабот на ВМРО ДПМНЕ, т.е. лично од Груевски и неговите блиски на сите познати како фамилијата. И на почетокот ви реков, многу добар осет имате што се случува во ВМРО ДПМНЕ. Па каков нов бран бе Александар Николовски. Видете кој се се јави да ја брани Елена Гошева. Вие претседател на Унија на средношколци во времето на Љубчо Георгиевски, Влатко Ѓорчев, функционер во времето на Љубчо Георгиевски. Силвана Бонеа, функционер во време Љубчо Георгивски, Антонио Милошоски, функционер во времето на Љубчо Георгиевски. Каков нов бран, каков нов бран, какви глупости. Истата стара приказна која што Груевски ја продава сите изминати 6 години. И тоа е добро, бидејќи вие знаете многу убаво колега Николовски што се случува во ВМРО ДПМНЕ, му беше на Груески крив Бранко, му беше крив СДСМ. Му бше крива меѓународната заедница, медиумите, невладините организации е не лепи више тоа, и сега дојдоа на ред 150 жртвени јагниња од третиот ешалон ќе се жртвуваат во обид да се спаси Никола Груевски. Каков нов бран, какви глупости. Еве го новиот бран, пензионираната Елена Гошева, функционер во бившиот комунистички систем за кој Силвана Бонева се утепа од плукање. Три седници на комисии, црни петна. Оваа Елена Гошева опашка има од комунизмот невидена. И вие сега ќе зборите за нов бран. Аман не ја лажете јавноста. Бидете мангупи сите како што си ти, и кажете партизација на Уставен суд, тоа ви е главната цел, и треба послушници да инсталирате во Уставниот суд и како што ќе каже Груевски, така ќе работи.



Светлана Јакимовска: Благодарам.

Контра реплика господинот Николовски Александар.



Александар Николовски: Имаше многу контрадикторности за која што јас имам високо мислење Маргарита Цаца Николовска, да ја избереме за член на Врховниот суд не бира Собранието, ниту Владата, бира Републичпки судски совет и да сме сакале не сме можеле и покрај моето високо мислење.

Понатака Гошева те била во комунизмот, те била во ВМРО, мислам дека и тоа е контрадикторно, јас би сакал само да споменам на пример дека една од работите кои што се конзистентни во работењето на овој Уставен суд е токму рушењето и тоа го кажувам отворено, на Уствниот суд на Република Македонија и политичкиот систем заради нефукционирањето согласно на Уставот на Република Македонија. Јас тоа го кажувам отворено и конзистентно.

А за новиот бран, ние новиот бран во ВМРО ДПМНЕ го направивме во 2004 година и продолжуваме да го правиме целиот изминат период, тоа ви го препорачувам и на вас. Благодарам.

Светлана Јакимовска: Благодарам.

Има збор господинот Георгиев Гордан, повелете.



Гордан Георгиев: Почитувана потпретседател, почитувани колеги,

Нема да зборувам за новиот бран, ќе зорувам за една стара приказна идеолошка матрица на ВМРО ДПМНЕ, која што денеска на оваа седница и вчера на дебатата на Комисијата повеќе или помалку експлицитно ја признаа неколку пратеници на ВМРО ДПМНЕ, еве последниве беа колегата Ѓорчев и колегата Николовски, јас ќе ги цитирам еве. Влатко Ѓорчев во својот говор рече дека ете дојде време да се смени и тоа. Дојде време да се сменат и судиите во Уставиот суд, со тезата дека дојде време и ВМРО да има превласт во Уставниот суд.

Јас сакам да аргументирам дека проектот на ВМРО ДПМНЕ за комплетна вмроизација на општството, кој почна од 2006 година, кој имаше свесна задача да ги oкупира сите коти во македонското општество, почнувајќи од администрацијата каде што јасно ни е на сите после 6 години власт дека буквлно од чуварот, од портирот до возачот мора да бидат партиски подобни кадри, продолжувајќи во неговиот сектор кој што го десеткуваа, го уништија до непрепознатливост, каде што инсталираа свои невладини организации директно подпокровителство и на копче од ВМРО ДПМНЕ, продолжувајќи во синдикатите, медиумите, комплетна и тотална узурпација на медумскиот простор, судството, обвинителството, полицијата.

Јас тврдев уште пред три години дека Уставниот суд беше до денес, за жал, последната брана на уствноста, демократијата, слободата и ако сакате во поширок контекст демократијата на Република Македонија. Целиот удар што се правеше во текот на последните години од страна на премиерот Груевски и видни политичари претставници на извршната власт кон Уставниот суд беше само заради тоа што оваа брана на уставноста и слободата успеваше барем во некои ситуации да ги демонтира штетните неуставните проекти и закони против слободата на граѓаните, поднесени од Владата на Никола Груевски.

Почитувани колеги, Уставниот суд по дефиниција е чувар на Уставот, чувар на темелните вредности, чувар на слободата и демократскит епроцедури. Не постои повисока инстанца во државата од Уствен суд ако гледаме широко. Неслучајно почитувани колеги уставните судии имаат девет години мандат, бидејќи треба да ги транцедираат сите евантуални влади, смена на политичките гарнитури, бидејќи треба да има доволен простор од 9 години да можат да одлучуваат независно без разлика во кој период на која било владеачка гарнитура се поставени тие уставни судии. Тоа е пракса низ цел свет и не е случајно избрано тие да имаат мандат од 9 години. Само ќе ви кажам како пример, легендата на уставното право Робер Бадентер беше уставен судија. Мене ми е криво не заради тоа што СДСМ ќе го критикува предлогот Елена Гошева да биде Уставен судија, криво ми е дека со ваквата узурпација комплетна, партизација на Уставниот суд од денес па натаму влегуваме во многу непредвидливи води за македонската демократија. Испаѓа дека со ваквата партизација на Уставниот суд од утре па натаму ќе може Никола Груевски, владеачкото мнозинство да смисли каков сака закон, најнеуставен на свет да е, оваа констелација сега, од утре што ќе дојде, на Уставниот суд да може да аминува. Тоа што не се случуваше претходно и СДСМ што не го бранеше заради тоа што вие инсинуирате дека тоа бил Уставен суд на СДСМ, туку затоа што СДСМ до сега ниту еднаш ниту еден партиски фукциионер кога сме биле во опозиција или на власт не се дрзнал да коментира или критикува одлука на Уставен суд. Тоа е основен демократски принцип во една парламентарна демократија.

Очигледно дека ВМРО ДПМНЕ е фамилијарен бизнис на фамилијата Гошеви. Елена Гошева, од утре, Слободанка Гошева, последната неславна претседателка на Државната пописна комисија и нејзиниот сопруг Игор Гиевски, познат активист, функционер, поранешен, на ВМРО ДПМНЕ. Затоа, јас тврдам дека ова е чист вмровски предлог и тука дури и да ги тргнеме настрана спорните стручни квалификации на Елена Гошева, по биографијата, по целата приказна вмровска на членовите блиски на фамилијата на Елена Гошева се гледа дека ова е чиста партиска инсталација на ВМРО ДПМНЕ. Овој предлог колку што е лош е во корелација со овие тези на Груевски, лажните тези дека Уставниот суд е некаква продолжена рака на СДСМ и тоа е највулгарно поигрување, тврдам, во историјата на европската демократија, со оваа институција и суспендирање на правниот поредок во државата. Така премиер на дрзок, безобразен начин, нестручен да коментира од разноразни крстосници и митинзи одлуки на Уставен суд не се случило во историјата на европската демократија и тоа ќе ви служи на чест и ќе го носите како големо бреме во иднина. Тоа вие самите го признавате од оваа говорница почитувани колеги, кога велите дека дојде време и ние да си имаме свој Уставен суд.

Јас сум шокиран од податокот што го кажа Ана Павловска Данева дека кандидатот за Уставен судија Елена Гошева имала 6,4 просек на Правен факултет. Подток кој не стои во нејзината биографија и кој е скандалозен сам по себе, без разлика како ќе ја коментираме нејзината партиска проминиенција. Таков просек кажува дека не може да мислите било каде во било која европска балканска држава, најдете ми уставен судија што имал 6,4 просек на правен факултет, а пред тоа името на Елена Гошева, коинцидира бидејќи е мајка на Слободанка Гошева, последната претседателка на Државната пописна комисија, коинцидира и со името на Сали Мурати, човекот кој што е следниот кандидат за Уставен судија, бидејќи Сали Мурати беше член на оваа распуштена инкриминирана државна пописна комисија. Сега и двајцата се уставни судии. Елена Гошева во 2009 година кога станува претседател на Советот на јавни обвинители избира 2 обвинители, едниот јавен обвинител е човек за кој се води истражна постапка, што не е дозволено, а другиот што туку разрешен судија заради нестручност и несовесност.

Третата работа која што беше спомната е неверојатниот факт дека Елена Гошева пред 10 години не успеала да го реши предметот Арачиново, каде што беа убиени тројца полицајци.

Мене не ми е јасно почитувани колеги, особено помладите, како така со леснотија го критикувате постојниот Уставен суд со имиња и презимиња на луѓето врвни правници кои не биле поставени, тврдам, под партиски диктат на СДСМ, имено, заради тоа што меѓу другото имате 9 години мандат, туку биле поставени во други времиња, се мислело на овие работи. Се мислело на зачувување на правниот поредок на уставноста на Република Македонија. Вие со вашиот хуриет од 2006 година направивте тоталер параспур во оваа држава, сите институции ги суспендиравте. Затоа меѓу другото не видовме ниеден од вас колеги и вие што седите тука, некој од врвните правници во вашите редови или од луѓето правници блиски до ВМРО ДПМНЕ да коментира било која одлука на уставен суд, туку ги истрчавте вашите млади јаничари да ги критикуваат на највулгарен начин одлуките на Уставниот суд.

Почитувани колеги, со гласањето на овие вмровски кандидати, особено несомнениот нестручен вмровски кадар госпоѓана Елена Гошева ВМРО ДПМНЕ ќе го заокружи процесот на комплетна вмроизација на општеството. Уставниот суд беше круната, беше дијамантот во круната на оваа тенденција да се тотализира државата, свесно конципиран проект започнат во 2006 година од Никола Груевски. За жал колеги овој процес завршува во тежок период за ВМРО ДПМНЕ, период кога колата на ВМРО ДПМНЕ оди надолу и оди неповратно во бездна. Бидете у бедени дека новата власт, кога и да дојде таа, првата задача ќе и биде да го демонтира овој авторитарен поредок кој што 6 години така трудољубиво и безмилосно се обидува да го инсталира ВМРО ДПМНЕ. Благодарам.



Светлана Јакимовска: Благодарам.

За реплика е пријавен господинот Ѓорчев Владимир, повелете.



Владимир Ѓорчев: Благодарам.

Почитувани пратеници, почитувана госпоѓо потпретседател, почитуван Георгиев, дека колата на ВМРО ДПМНЕ оди надолу ние овие дискусии ги слушавме дента ког беше распуштањето на ова Собрание минатата година, некаде ова време и се велеше ќе видите на избори. Да, беше ќе видите на избори до 22,00 часот вечерта кога дојдоа резултатите. Исто беше и 2008 година, коалиција Сонце, ќе видите на избори, ќе се соочиме, излезете пред народот. Излеговме пред народот. Истите говори, тргна топката надолу, тргна колата надолу, се соочивме и резултатот беше - СДСМ имаше до пред некој месец 19 пратеници.

Господине Георгиев, слушнете се, јавете му се на Бранко Црвенковски и прашајте го дали Ингилизова и Бранко Наумовски не биле партиски решенија на СДСМ. Ајде повелете, кажете дека Ингилизова и Бранко Наумовски - неговата куќа е Штаб на СДСМ во Ѓорче Петров, прашајте ги вашите активисти дали и сопругата, синот и сите се активисти. Тоа е легитимно право и на синот на Бранко Наумовски да биде член и член на советничка група на СДСМ, и на сопругата да биде во Унијата на жени на СДСМ итн. Тоа е нивно право на политички ангажман, но немојте тука да зборувате дека сте супер независни дека немате никаква врска со СДСМ. Кој ќе ви поверува? Па ни самиот себе си.

Уште неколку работи. До сега велите сме имале супер одличен, спремен, добар Уставен суд и слично, но ќе ви поставам едно прашање господине Георгиев. Во Европа сите без исклучок, со исклучок на Ватикан, сите држави се секуларни, значи во Европа сите држави се секуларни. Во тие 50 европски држави кои сите до една се секуларни, со исклучок на Ватикан, нивните уставни судови процениле и оцениле дека не се нарушува секуларизмот со тоа што има веронаука во училиштата. Зборувам за 40,45 училишта во Европа, во половина од нив веронауката е задолжителна, во половина од нив е опционен предмет. Во Македонија овој неокомунистички уставен суд досегашен нас не оцени дека опционата факултативна веронаука е неуставна. Значи она што во секуларна Франција, секуларна Германија, секуларна Италија, секуларна Велика Британија, нивните уставни судови го оцениле дека е во ред, има веронаука, кај нас квази независниот неокомунистички уставен суд на Ингилизова и Бранко Наумовски ни вели дека немаме право на опциона веронаука во нашето општество. Каде е тука независноста, каде се тука правилата. Благодарам.



Светлана Јакимовска: Благодарам.

Контра реплика има господин Георгиев Гордан, повелете.



Гордан Георгиев: Благодарам.

Колега Ѓорчев, имате погрешна информација околу Штабот на СДСМ во Ѓорче Петров. Комшии се со колешката Ана Павловска Данева, таму, во нејзината куќа е Штабот, а не во куќата на уставниот судија Наумовски.

Друго сакам да ви кажам, можеме да се шегуваме околу тоа кој добил и кој изгубил на избори. Мислам дека тоа не е главната тема, туку главната тема се овие сериозни презедани и сериозен упад што го правите во правниот систем, а тврдам дека покрај тоа што ги затворивте сите пори во македонското судство, последната што остана да ја брани слободата и уставниот поредок беше Уставниот суд. Мислам дека е премногу неуко од ваша страна да споредувате устави и уставни поредоци на различни држави. Ќе ви кажам како пример околу секуларна Грција. Имено, таму не постои граѓански брак, туку само црковен брак, но има држави каде што им се одзема пасошот на луѓето ако не гласаат. Премногу е неуко да можеме да ги споредуваме и врз база на тоа да велиме дека во Полска има случај каде што има веронаука, а во Македонија не мора да има. Уставен суд е Уставен суд, научете дека тие особено не од политичари, особено не од нас, не се коментираат одлуките од Уставен суд.

Светлана Јакимовска: Благодарам.

Има збор господинот Велјаноски Митре, повелете.



Митре Велјаноски: Благодарам.

Народот вели надежта умира последна, но изгледа денес и надежта умира дека ќе успееме на владеачкото мнозинство да му укажеме дека вози во едносмерна улица во погрешен правец. Уставниот суд беше последната инстанца, последната надеж дека Република Македонија е демократско општество. Од утре и таа последна надеж буквално умира. Да одиме со аргументи.

Автономијата на универзитетот ја нема, ја згазивте. Декани, ректори, сето тоа по наредба на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Здравството, докторите, специјалистите ги пониживте со вакви ветувања со таква плата - дно. Советот за радиодифузија - тотално партизиран, медиумите купени, партизирани до крај. Слобода на говорот прегазена. Тој што ќе се дрзне да каже другиот ден има инспектори, другиот ден има 300 репресии и чуда.

Друг доказ, правосудството, судиите што ги водеа процесите на Велија Рамковски и Љубе Бошковски ги унапредивте. Ако ништо друго, барем да почекавте да подзаборават луѓето што се случуваше. Илјадници случаи почитувани пратеници, тотално вмроизација на општеството. Се надевавме дека нема да се дрзнете на Уставниот суд. Во континуитет месеци наназад, светската цивилизациска пракса да не се коментираат одлуки на Уствниот суд како врховна највисока независна институција - го погазивте го изгазивте, од раскрсници, од улици, од отворање чешми, од тениски игралишта се коментира на Уставениот суд. Навистина не можам да разберам млади луѓе кои во името на демократијата живееја во шатори, за бранат режим, да бранат диктатура.



Почитувани пратеници, имаме одговорност не само за нашите деца, имаме одговорност и за нашите вници. Имаме одговорност каде се движи оваа држава. Тогаш кога ќе падне независноста на Уставниот суд во оваа држава паднало се. Дали имаме аргументи, дали имаме поткрепа за ова што го зборувам? Па зарем целокупното фамилијарно педигре на госпоѓата за која разговараме, најмалку сакам да зборувам за луѓе и да кажувам некакви квалификации, но потврда на мојата теза дека ова е партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ, токму нивното фамилијарно педигре. Сопруг поставен од ВМРО-ДПМНЕ за директор на Студентскиот центар, ќерка поставена за претседател на Државна пописна комисија, претходно советничка во Советот на град Скопје, зетот советник, треба ли уште аргументи, треба да нацртаме дека жената може да ги има сите квалитети, жената има зад себе премногу политика премногу политичка зависност. Како таа ќе биде независна во однос на законите кои ги носи парламентарното мнозинство. Сите ние сме сведоци, многу закони се носат спротивно на Уставот и токму Уставот е последна инстанца која треба да каже почитувани пратеници закочете, бидејќи не сме сите ние овде експерти по правни науки, можеме да изгласаме и некој закон кој не е уставен. Но со вакво политичко фамилијарно педигре може ли некој овде да се заколне во независноста на таа жена. Не навлегувам дали е 6,4 или 6,8 просекот, не сакам да зборувам за нејзината личност, но морам да спомнам една навистина оксиморонска мисла, ВМРО оди со младите кадри ВМРО оди со докторантите од таму и таму, но сега ВМРО после пет минути има друго решение, оди со пензионери. Има работи кои не држат и не можат да се одбранат. Премногу ја забраздивте работата со партизацијата на општеството. Македонија оди по слеп колосек. Дајте да закочиме, затоа што сите ќе бидеме неповратни губитници. Демократските процеси кои со судни маки почнаа да се движат вратени се 100 години назад. Верувајте, сум го затекнал и оној тоталитарен режим како вие милувате да го наречете, многу послободно на улица се зборувало за власта, многу луѓе можеа да читаат и книги од Солзињицин, можеа и Орлов да го читаат во тој тоталитарен речим. Буквално сега не можат универзитетските професори да излезат и да го кажат своето незадоволство, а сите кажуваат дека нема автономија, дека премногу е партизирана работата, сите декани, ректорите ги поставува апсолутно политиката. Бидејќи од ваква политизација на крајот губитници ќе бидеме сите ние и иднината на Република Македонија како може да не убедувате дека госпоѓата Елена Гошева со целото тоа политичко зад неа ќе биде независна во Уставниот суд. Непримерно е и она што почитуваниот пратеник Гордан Георгиев го кажа да се дисквалификуваат луѓето со таква леснотија кои биле до сега. Сметам дека во рамките на сите нивни можности луѓето се обидувале да дадат правилна насока на движење на Република Македонија. Сите сме свесни кој ги поставува овие луѓе. Не ги поставува ниту стручноста, ниту струката, ги поставува политиката, ги поставува партијата. Ако беше поинаку, ако ништо друго, не после пладне на Комисијата да се соопштат имињата, туку барем една недела, две недели порани нека се соопштеа, нека се запознаеше јавноста, нека имаше можност струката да каже што мисли по тие предлози, не може вака. Вака на крајот поразени ќе бидеме сите ние, поразена ќе биде Република Македонија. Сметам дека имаме одговорност пред иднината, не само за сегашноста, затоа што сето ова ќе го платат не само децата на оваа страна, туку и вашите деца ќе го платат. Нашите соседи во тие европски процеси заминаа со стотици милји пред нас, а бевме пример за демократија, бевме пример за човекови права, за слобода на говор, за слобода на медиумит. Се враќаме назад, тоа е реалноста и доколку не и погледнеме во очи на крајот губитокот ќе биде ненадоместлив и ова изгубено време никогаш не ќе можеме да го надоместиме. Благодарам.

Каталог: WBStorage -> Files
Files -> Жените, мирот и безбедноста
Files -> Конкурс за поддршка на Проект на здружение на граѓани за заштита на жртви на семејно насилство
Files -> Конкурс за поддршка на Проекти на здруженија на граѓани за социјална заштита-дневни центри за лица над 18 години со пречки во интелектуалниот развој
Files -> Во врска со Спроведувањето на Акциониот план за подобрување на состојбата на Ромите и Синтите во областа на дејствување на обсе
Files -> Стенографски белешки
Files -> Закон за изменување и дополнување на Закон за акцизите, по скратена постапка второ и трето читање
Files -> Закон за субвенционирање станбен кредит прво читање Предлогот на законот и извештаите на Комисијата за финансирање и буџет како матично работно тело и Законодавно правната комисија во се доставени, односно поделени
Files -> Информација за спроведени активности од проект во областа на вработувањето во соработка на Министерството за труд и социјална политика и Интернационалната организација за миграции
Files -> Валандово корисници на бањско климатска рекреација за период од 19. 03. До 25. 03. 2012 година бања банско
Files -> Закон за дополнување на законоt за материјално обезбедување на учесниците во народноослободителната


Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11




©dereksiz.org 2020
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет