Стенографски белешки



бет7/11
Дата13.07.2016
өлшемі0.68 Mb.
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11

Светлана Јакимовска: Контра реплика има господинот Димовски Илија, повелете.

Илија Димовски: Благодарам.

Господине Макрадули, без разлика кој како ја стекнал својата титула го почитувам тоа и тоа е за оздравување и тоа треба да биде позитивен пример. Овие луѓе кои ги набројав, повторно ќе ви ги набројам, на никогао не му залепив ниту една етикета, освен што за вас кажав дека 17 пати сте пратеник.

Меѓутоа, господине Макрадули...

(Дофрлање од место)

Да не е точно, но е фигуративно кажано зошто сте тука 15 години.

Меѓутоа, господине Макрадули, овие господа, иако носат титули, учествуваа во владите на Црвенковски, кои ставија еден печат во Македонија, а тоа е печатот на 200.000 луѓе кои останаа без работа. Тие биле политичари, носеле одлуки, спроведувале стечаи, креирале закони за приватизација и на стотици илјади луѓе во Македонија им го зафркнале животот до даска господине Макрадули. Ако за вас тоа не значи ништо, тогаш вие живеете на друга планета, благодарам.



Светлана Јакимовска: За реплика е пријавен господинот Мисовски Горан, повелете.

Горан Мисовски: Благодарам.

Колега Димовски, судијата Никола Ивановски е познат во јавноста со тоа што осуди тројца новинари. Една новинарка три месеци затвор со една година условно. Такви суди во Уставниот суд вие бирате кои ќе хараат по Македонија. Ама за вас со особено задоволство кои осудиле новинари. Која преференца на еден судија, предложен од ИК на ВМРО ДПМНЕ? Осудил тројца новинари и тоа е подршка од директорот на Центарот за комуникации.

Втора работа, нешто во врска со она што го кажа колегата Јани Макрадули. Господине Илија Димовски, немојте да лажете на јавна сцена. На 31 јули 2008 година опозицијата не беше во Парламнтот. Која едногласна одлука господине Димовски? Таа едногласна одлука си ја донесе ВМРО ДПМНЕ.

И, втора работа, почитувани колеги пратеници, заради јавноста, лагата изговорена на јавна сцена од страна на Илија Димовски, 31. 07. 2008 година постои листинг под реден број 035 за судијата Никола Ивановски, присутен во салата бил Илија Димовски, не гласал. Во тој момент не верувал во неговите квалификации. Веројатно се до оној момент додека не осудил три новинари. Еве го листот од гласањето. 31.07.2008 година листиг за гласање број 035. Илија Димовски присутен не гласал. Не верувал тогаш во тој судија додека не ги осудил овие новинари.

Немојте господине Илија Димовски да ја замајувате јавноста. Тоа се фактите, очекував да бидете поподготвен на ова пленарна седница, отколку што тоа беше вчера на Комисијата за избори и именувања.

Светлана Јакимовска: Контра реплика има господинот Илија Димовски, повелете.

Илија Димовски: Благодарам.

Еве вака. Прво господине Мисовски, јас кажав дека Собранието го избрало господинот Никола Ивановски едногласно. Тоа што опозицијата била или не била во тој момент, ниту го спомнав ниту го кажав. Прва работа. Значи манипулирате. Фала му на Господа оваа седница се пренесува на телевизија и луѓето паметат малку повеќе од вас.

Втора работа, за листингот, да, знаете како се евидентира присуство, сабајле кога доаѓаат и ја ставте картичката. Да, во тој момент, веројатно не сум бил во сала, сум бил на друго место. Меѓутоа колега Мисовски, заборавте да кажете дека и тогаш господинот Никола Ивановски бил предложан од мене како претседател на Комисијата. Немојте да мислите дека јас сум го предложил а не сум го подржал. Така што, манипулирањето ви е многу ефтино, како и се друго што се обидувате да направите во Собранието. Благодарам.

Светлана Јакимовска: Благодарам.

Има збор господинот Диневски Менде, повелете.



Менде Диневски: Благодарам потпретседателке.

Почитувани колеги пратеници,

На вчерашната седница на Комисијата за избори и именувања во Република Македонија навистина не видовме ништо од таканаречениот нов бран на ВМРО ДПМНЕ. Уште на самиот почеток пратениците покажаа дека ја практикуваат истата стара приказна што Никола Груевски ја продава веќе изминатите 6 години и за што јавноста имаше можност и очигледно е дека ја препознава. Транспарентноста на ВМРО ДПМНЕ, на чело со претседателот на Комисијата, паднаа во вода, затоа што половина од предлозите и точките што вчера се разгледиваа на седницата на Комисијата не беа доставени во 5 до 12, туку беа доставени во 12 и 5. Или со други зборови, откога почна со работа Комисијата тогаш ги добивме предлозите. Ако навистина сте се промениле, тогаш зошто ги криевте предлозите од кои што јасно може да се види дека не се работи ниту за нови освежени кадри, туку за неприфатливи, партиски кадри. Продолжува вашата практика едно да зборувате а друго да правите.

Зошто ако сте се промениле и сте станале потранспарентни, како што сакате да кажете, сте станале отворени кон јавноста, граѓаните, иако ја немате таа обврска, но затоа немате ни ограничување, па не распишавте конкурс и да изберете кандидати за судии на Уставниот суд, во кој конкурс ќе им дадевте шанса на сите заинтересирани компетентни стручни лица да можат да се пријават на конкурсот. За жал, одбравте на еден срамен начин да предлагате кандидати за судии на Уставниот суд, во 12,05. Од изјавите на пратеницие на ВМРО ДПМНЕ за избор на кандидати за судии на Уставниот суд јасно може да се види дека немате намера да го задржите дигнитетот на Уставниот суд, туку, наротив, независно што Уставниот суд има обврска да ја штити уставоста и законитоста, вие, со само тоа што го имате мнозинството во Собранието на Република Македонија, сметаме дека сите закони што ги предлага Владата се добри и ја одразуваат волјата и потребата на граѓаните.

Оттука, Уставниот суд, според вашата логика нема потреба да се произнесува за законитоста и уставноста на прописите. Изјавата дека ова е почеток на крајот на владеењето и враќање на демократсите процеси во Уставниот суд, јасно покажува откако дојде ВМРО ДПМНЕ на власт треба се да биде подредено под палката на фамилијата. Но, што и да правите не можете да го спасите цунамито од незадоволство на граѓаните. Ниту пак изборот на овие тројца судии, ниту стотина директори од понискиот ешалон на власта што премиерот реши да ги дава курбан, во обид да се спаси себе си, нема да ја промени сликата за ВМРО ДПМНЕ и партизацијата што немилосрдно ја спроведуваат.

Преложениот кадидат на кој, ако му ја погледнеме биографијата, за кого претседателот на Комисијата не можеше ниту 10 минути да говори на оваа говорница, јасно покажува каков кандидат ни предлагате. Од тоа што може да се види, може да се види дека има прекин во извршување на судиската функција од 1996 до 1999 година. Но, со доаѓањето на ВМРО ДПМНЕ на власт, повторно избран за судија во 1999 година за да во август 2008 година е избран за член на Совет на јавни обвинители на Република Македонија.

Тука сакам нешто да коментирам од тоа што го говореше господинот Илија Димовски. Ако за господинот Илија Димовски, кој сакаше да го подигнеме нивото на комуникација во ова Собрание, изборот односно неизборот за судија во 1996 година било до икс или ипсилон причини, тогаш слободно можеме и ние со вашата теза да се служиме дека од икс или ипсилон причини во 1999 година е избран за судија, а од истите такви икс или ипсилон причини е избран за член на Советот на јавни обвинители во 2008 година.

Господине Илија Димовски, кажавте дека на Комисијата за избори и именувања опозицијата учествувала во 2008 година. На 30.07 2008 година во Комисијата не учествуваа пратениците на опозицијата. Ова е почетокот на седницата на 31.07 2008 година, јасно од претседателот на Собранието се наброени сите пратеници од опозицијата кои тој ден го имале најавено отсуството од седница односно биле спречени да присуствуваат. И, лага е тезата што ја наметнавте тука дека со консензус односно со согласност на опозиција предложениот кандидат тогаш бил избран за член на Советот на јавни обвинители.

Оттука може да се види дека со практикување на власта од страна на ВМРО ДПМНЕ се развива и кариерат на Никола Ивановски. Исто така факт што на вчерашната седница на Комисијата никој од пратениците на ВМРО ДПМНЕ не се јавија за дискусија јасно покажува дека предложениот кандидат или ја нема подршката на пратениците од ВМРО ДПМНЕ или пак се слепи послишници на Никола Груевски и ваквиот предлог ќе го гласаат, како и вчера така и при изборот на член на Советот на јавни обвинители во Собранието на Република Македонија во 2008 година кога повторно, без ниту една дискусија, без ниту еден збор е избран за член на Советот на јавни обвинители.

Читајќи го стенограмот, кога се извршил избор за член на Советот на јавни обвинители, токму затоа што најмногу го коментираат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е периодот на едноумието, фактички тие тоа го применуваат.

Оттука, бидејќи сите знаеме дека рибата смрди од главата и сите знаат дека Никола Груевски, заедно со фамилијата се наредбодавци на сите неодговорни политики што пониските ешалони мора беспрекорно да ги спроведуваат, можеме да очекуваме дека и со избор на нови судии во Уставниот суд се ќе биде во согласност со политиката на оваа Влада. Благодарам.

Светлана Јакимовска: Благодарам.

За реплика е пријавен господинот Димовски Илија, повелете.



Илија Димовски: Благодарам.

Прво, господине Диневски ајде да почнеме од тоа дека не е точно дека пратеници на ВМРО-ДПМНЕ вчера не дискутираа на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Има снимки. Тие снимки ќе се видат и ова вашето ќе падне во вода.

Втора работа, 20 пати во Република Македонија се имаат бирано членови односно судии во Уставниот суд, 20 пати се бираат судии во Уставниот суд и 20 пати се бираат вака како што се бираат. Нам може да ни текне да го распишеме огласот во сите општински организации на СДСМ, ама така не е предвидено. Вие, досега ги биравте судиите на Уставен суд во општинските организации на СДСМ. Па имате еден од Ѓорче, имате друг од некоја фирма. Ние тоа нема да го правиме господине Диневски.

Втора работа господине Диневски, она што е суштински и она што е битно, господинот Никола Ивановски има целосен капацитет, целосен кредибилитет и легитимитет да биде предложен за судија на Уставниот суд поради тоа што ги исполнува сите услови предвидени во Уставот на Република Македонија.

Втора работа, господинот Никола Ивановски во својата кариера нема дамки во извршувањето на кариерата.

Трета работа господине Менде Диневски, вие можеби сега не го гледате бранот. Можеби не можете да ги видите ефектите. Меѓутоа, господине Диневски, на следните избори многу убаво ќе го видите бранот. Благодарам.



Светлана Јакимовска: Благодарам.

Контра реплика господинот Диневски Менде, повелете.



Менде Диневски: Благодарам.

Почитуван колега, седниците на Комисијата се јавни. Истите се снимаат. Граѓаните на Република Македонија можат да ги видат. Токму по овој предлог, ниту еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се јавија за дискусија. Единствено се јавија по другите предлози на реплики. Тоа е вистината за што вие тврдите дека не е така.

И, уште една работа. Не нов бран, уште не знам колку бранови да понудите или предложите, возот тргна надолу. Нема застанување. Политиката што ја спроведувате во изминатите 7 години е препозната од граѓаните на Република Македонија. Ќе дојдат локалните избори, ќе го видите резултатот.

Светлана Јакимовска: Благодарам.

Збор има господинот Николовски Александар повелете.



Александар Николовски: Благодарам.

Денешната дебата е практично продолжение на вчерашната дебата што ја имавме во Комисијата за избори и именувања. Во интерес на јавноста ќе се обидам дел од тезите, што ги спомнав вчера, а сметам дека се извонредно значајни, да повторам и да излезам со некои други ставови.

Прво, дозволете да укажам на една концепциска разлика во изборот на кандидатите за уставни судии. Тоа е дека предлогот за уставни судии сега е различен од предлозите за уставни судии што се предлагале во времето кога се бирани дел од овие луѓе кои денеска или во следниот период ќе заминат од Уставниот суд. Концептот и начинот на избор се сосема различни.

Конкретно за кандидатот Никола Ивановски имаме човек кој целокупната своја професионална кариера ја вградил во судскиот односно обвинителскиот сектор на Република Македонија. Бил и во Окружниот стопански суд во Скопје, бил истражен и извршен судија во Основен суд Скопје 1, кривичен судија во Основен суд Скопје 1, бил во Советот на јавни обвинители на Република Македонија и сеуште е таму. А исто така бил и адвокат во својата кариера. Значи, започнал од најниската позиција на приправник, после завршување на својот Правен факултет, за да стигне до највисоката функција што може еден судија да ја има како круна на својата кариера, а тоа е Уставен судија. Нешто што не се случуваше во изминатиот период.



Нешто за што јас тврдам и имам теза што тука ќе ја повторам а тоа е дека Уставниот суд во изминатиот период беше инструмент за воспоставување на паралелен политички систем во Република Македонија што целосно ја дерогираше демократијата како таква. Зошто? Заради тоа што 9 уставни судии успеаа да ја дерогираат волјата на граѓаните искажана на непосредни демократски избори. Во Република Македонија 20 години се случуваа демократски и непосредни избори. Од 2006 година континуирано изборите ги добива ВМРО-ДПМНЕ на предвремени и редовни парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ, на тие избори излегува со програма што ја нуди на граѓаните и согласно на таа програма после работи. Таа програма, делумно, не целосно се спроведува и преку носење на законски решенија во Собранието на Република Македонија. Такви законски решенија беа нудени во изминатиот период и такви законски решенија беа оспорувани во изминатиот период од страна на Уставниот суд, се со една цел да не може да се реализира програмата.

Кажав и вчера отворено, ќе кажам и денеска, тоа се прави заради интересот на една мала клика од 100 луѓе, бизнисмени, олигарси, поранешни соработници на тајните служби, политичари од највисоките кругови на опозицијата, судии итн, не повеќе од 100 луѓе вкупно кои сакаат да ја владеат Република Македонија од сенка, без разлика дали е на власт ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, дали еден или друг министер, дали е еден или друг пратеник. И инструментот што го користеа во овој период, имајќи предвид дека не можеа да најдат друг механизам, беше злоупотребата на Уставниот суд. Тука предничеа и предничат пет луѓе во Уставниот суд, кои поименично ќе ги набројам, тоа е госпоѓата Ингилизова, господинот Спировски, госпоѓата Габер, господинот Ивановски кој што во меѓувреме беше првиот кој отпадна по Законот за лустрација и господинот Наумовски, актуелниот претседател на Уставниот суд на Република Македонија. Овие пет луѓе ја заменија волјата на илјадници граѓани кои гласаат на избори, ги заменија Собранието со 120 односно 123 пратеници и комплетно се обидоа да го нарушат политичкиот систем во Република Македонија, губејќи смисла изборите како такви. Ќе набројам примери. Првото што се обидоа д ги направат е да создадат етничка тензија во Република Македонија, во периодот меѓу формирањето на првата Влада на ВМРО ДПМНЕ тогаш заедно со ДПА и Самитот на НАТО во Букурешт, па така покрај тоа што се укинаа неколку членови од Законот за денационализација кој ги доведоа во една непријатна положба верските заедници во Република Македонија, а целта беше многу јасна да се створи судир меѓу различните верски заедници во Република Македонија, пред се меѓу двете доминантни, македонската православна црква и Исламската верска заедница, за да оди со вадење од фиока буквално на оспорениот закон за употреба на знамињата на еетничките заедници кои живеат во Република Македонија, а не се мнозинство. Тој закон беше оспорен три или четири години, се извади од фиока во 2007 година, за да биде експресно укинат во 2007 година, со цел создавање на етнички конфликти во Република Македонија меѓу двет најголеми етнички заедници македонската и албанската и рушење на Владата на ВМРО ДПМНЕ во тој момент. Тоа не успеа. Понатаму она што се правеше во целиот следен период беше удирање во различни сектори со цел заштита на одредени структири, прво, и второ нарушување на одредени кои Владата на ВМРО ДПМНЕ ги предлагаше, па на пример Законот за лустрација се соборуваше два пати со цел да се заштитат оние кои потпаѓаат под него. Таков каков што беше несоврешен тврдам дека беше далеку о досвршен и беше делумно и подметнување на Стојан Андов и екипата околу него која што го работеше и таков пречеше на одредени структури и беше оспоруван. Понатаму, беа оспорени последните истражни мерки и делови од Законот за електронски комуникации со кои директно се нарушуваше безбедносната ситуација во Република;Македонија. Беше оспорен законот за високо образование со цел оние кои не сакаа да ги вршат своите работи во рамките на високото образовени чесно совесно и одговорно да продолжат да го прават тоа. Се оспорија голем дел од одредбите од Законот здравство кои што значеа реформи. Се оспори пензионирањето во Министерството за внатрешни работи со цел припадниците на Министерството за внатрешни работи да се свртат против Владата и против Министерството за внатрешни работи. Се оспорија многу одредби во законите, поврзани со градежништвото, дали за градење, дали за градежно земјште итн. со цел да се успори или целосно уништи високиот степен на развој во градежништвото кој се случи после доаѓањето на ВМРО ДПМНЕ, а беше ветено од ВМРО ДПМНЕ. имаше идеолошки удари од типот на укинување на Законот за парична помош на мајките кои што имаат трето или четврто дете во општините кои што имаат ферфилитет под 2,1. Се поништи, Законот со кој што се даваше право на слбоден избор на учениците дали сакаат или не сакаат да посетуваат веронаука или верска поука.

Се поништи екстерното оценување со цел додворување од страна на овие структури на учениците кои што ние ете, наводно сакаме да ги мачиме и дополнително да ставаме тегоби во животот, а некој друг сака да ги заштитува. Се укина, ако сакате и казната за продавање на алкохол во малопродажните објекти после 19 односно 21 часот кој што како таква беше воведена. Се укина Законот со кој што на фискалните сметки требаше да пишува кои производи се од македонско потекло со цел граѓаните кога купуваат да знаат каде одат нивните пари, дали одат во македонската економија или одат некаде надвор. И редица други закони кои што беа укинивани во целиот изминат период со цел да се рушат позициите на легалното избраното Собрание и Влада во Република Македонија. За среќа со овој избор, со изборот на Никола Ивановски и останатите предложени завршува злоупотребата на Уставниот суд и користењето на Уставниот суд како алатка за владеење на една клика од 100 луѓе со Република Македонија. И затоа има толку отпор за оваа работа како и за лустрацијата малку подоцна.

И втората работа која што е значајна во овој период е дека на овој начин дерогирањето на демократијата и на изборите веќе нема да може да се случуваат. Јас сум убеден, јас сум сигурен дека и при промена на власта и при промена на владеачките структури во Република Македонија на овој начин Уставниот суд нема да работи. Тоа е една од причините поради која ќе го подржам овој предлог, но ќе ги подржам и следните кога ќе дискутирам за следните предлози.

Светлана Јакимовска: Благодарам.

За реплика е пријавен господинот Јани Макрадули, повелете.



Јани Макрадули: Благодарам.

Господине Никола Ивановски, веројатно после оваа дискусија ако имате грам образ ќе се повлечете од кандидатурата. Замислете што ви кажува дипломиран политиколог дека тој знае дека во иднина ниеден закон предложен од ова Собрание нема да падне и не смее да падне, дека во Република Македонија има систем, ВМРО ДПМНЕ како што замислува, во кој што изборната програма е поголема од Уставот и дека не треба да постои Уставниот суд бидејќи на избори граѓаните гласале за програма која мора да се спроведува. Замислете господине Николовски, мојата идеја да биде да избори, бидејќи вие според тврдењето на премиерот ги менувате фасадите бидејќи не му се допаѓаат да победи на избори партија што ќе рече на ружните во ВМРО ДПМНЕ да им направиме пластична операција. Па тоа не е хумано, не е уставно и зошто таа програма да победи и да се спроведе, зошто постои Уставниот суд во една држава и зошто тој има мандат 9 години. Вакви фашизоидни изјави да не се спроведуваат во пракса, вакви недемократски тоталитарни изјави да не се спроведуваат во пракса, дека не може програмата на една политичка партија, па макар била и на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски да биде се во една држава, дека има граѓани што гласаат и за други, има граѓани што ги натеравте и ги купивте за ин витро и ги уценивте да гласаат за вас. Сега тој што уценуваше за ин витро заради Груевски, тој што садеше за врби ќе го фати бранот, а Груевски ќе си оди денес во Кина и ќе ужива на 5000-то роуд шоу.Уставниот суд има задача да ја штити слободата на мислата и изразувањето и затоа господине Ивановски Никола и господинот Алекснадар Николовски не кажа ниеден аргумент зошто треба да бидат избрани. Не потенцифраше ниеден ваш квалитет. Ама ако го носите сето тоа како квалитет и имате грам образ, вие ќе ја депонирате оставката уште неизбран денес, бидејќи господинот Николовски и ВМРО ДПМНЕ очекува сите закони што ова Собрание ќе ги донесе да ги гласате, сите загрозувања на слобода на јавното изразување и мислење, што е алинеја 2 од членот од Уставот за задачите на Уставниот суд да ги газите. Очекува ВМРО ДПМНЕ од вас да штитите корупција, криминал, недемократија.

Господине Никола Ивановски, ве повикувам ако имате грам образ веќе денес поднесете ја оставката и депонирајте ја, затоа што овие луѓе очекуваат да ги исполнувате нивните програми кои се синоним за корупција и криминал.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Николовски Александар има контра реплика, повелете.



Александар Николовски: Благодарам.

Реплика не беше за мене, беше за кандидатот за Уставен судија кој што нема начин да одговори и мислам дека е непријатно да се реплицира или да се обраќа на луѓе кои не можат да одговорат.

Би сакал да кажам една работа, нашата цел и нашата досегашна критика и јас бев еден од најгласните репличари на досегашното работење на Уставниот суд и тоа го кажувам отворено, не беше на одлуките туку беше на причините поради кои ги носат тие одлуки и јасно посочуваме како за исти работи на пример во урбанизмот или во здравството и истиот Уставен суд у исти уставни судии во различни периоди за исти закони донесувале различни решенија што јасно говореше за намерата која што ја имале. Инаку работата на Уставниот суд е да ги штити уставниот поредок во Република Македонија, но не во корист на клика од 100 луѓе што сакаат од сенка да владеат со Република Македонија, туку во корист на граѓаните на Република Македонија. Благодарам.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Сугарески Горан има реплика, повелете.



Горан Сугарески: Благодарам.

Колега Николовски, ве слушав внимателно и вчера на Комисијата за избори и именувања и на денешнава дебата и не ми се верува што говорите. Дерогирање на демократијата, овие биле од СДСМ, а вие внесувате нови, така? Тоа вие го зборувавте.

Сакам да ве прашам неколку работи. Дали знаете какво тело, членови на какво тело? На Уставен суд, луѓе кои треба да ги штитат овие лоши закони кои се носат во Собранието. Опозицијата цело време ви зборува овој закон е неуставен, во старт пред да се донесе. 30% Европската комисија вели поништени се законите, Благородна Дулиќ е претседател на Законодавно правната комисија, сто пати и е кажано, таа вели не, супер се законите, терајте. Овој истиот Уставен суд не чини, кој што кажа дека докторите не треба да бидат јавни службеници. Оти вие не ги пишавте пак дека треба да бидат. Зошто?

Втора работа, каков Закон за лустрација ова Собрание да донесе за да го аминува опозицијата за тој Уставен суд да спие да не пониптува одредби, да не укинува и сите кодоши што мислите вие од ВМРО ДПМНЕ да бидат прогласени. Таков треба да биде? Кажете ми.

На крајот на краиштата, кажете ми што зборувате околу законитост и уставност, ја мешате програмата на ВМРО ДПМНЕ. само алиби ви е Уставниот суд. 2006, 2008, 2011 година има препишување проекти, врска нема од реализација и крив е Уставниот суд зошто не го допуштил. Оти не им кажавте на докторите пред време? Таа е одлука која не чини. Зошто Никола Тодоров во законот што ни го донесе овде не напиша дека докторите треба да бидат јавни службеници, туку не убедувавте овде дека нема тоа да го направи и ние на збор треба да му веруваме, но во законот не е така напишано. Кои одредби од Уставен суд? Сега ви се кажува законот за лустрација е неуставен и сега треба овие судии да се изберат, да климаат со главата таму и да велат да, уставен е законот. Тоа не терате да правиме, но не може така. Уставни судии бираме. До вчера ни држевте лекции како терба да изгледаат, ни носите предлози апла партиски војници. Тоа ни го предлагате во Собранието. Зборувате Ингилозова и други немале кредибилитет, а овие сега што ги предлагате имаат голем кредибилитет! Како немале? Овие претходните луѓе немале кредибилитет? Бидејќи укинаа еден куп неуставни закони, овде има правници и го знаат тоа само мораат поинаку да зборуваат. Тоа е основниот проблем. Немојте да ги лажете граѓаните што не реализиравме проекти Уставниот суд беше виновен. Еве, ќе ги смениме, да видиме кои проекти ќе ги направите.


Каталог: WBStorage -> Files
Files -> Жените, мирот и безбедноста
Files -> Конкурс за поддршка на Проект на здружение на граѓани за заштита на жртви на семејно насилство
Files -> Конкурс за поддршка на Проекти на здруженија на граѓани за социјална заштита-дневни центри за лица над 18 години со пречки во интелектуалниот развој
Files -> Во врска со Спроведувањето на Акциониот план за подобрување на состојбата на Ромите и Синтите во областа на дејствување на обсе
Files -> Стенографски белешки
Files -> Закон за изменување и дополнување на Закон за акцизите, по скратена постапка второ и трето читање
Files -> Закон за субвенционирање станбен кредит прво читање Предлогот на законот и извештаите на Комисијата за финансирање и буџет како матично работно тело и Законодавно правната комисија во се доставени, односно поделени
Files -> Информација за спроведени активности од проект во областа на вработувањето во соработка на Министерството за труд и социјална политика и Интернационалната организација за миграции
Files -> Валандово корисници на бањско климатска рекреација за период од 19. 03. До 25. 03. 2012 година бања банско
Files -> Закон за дополнување на законоt за материјално обезбедување на учесниците во народноослободителната


Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11




©dereksiz.org 2020
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет