Стенографски белешки



бет9/11
Дата13.07.2016
өлшемі0.68 Mb.
#196382
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11

Светлана Јакимовска: Благодарам.

За реплика е пријавен господинот Ѓорчев Владимир, повелете.



Владимир Ѓорчев: Благодарам.

Почитувани колеги пратеници, почитувани колеги од опозицијата, госпоѓо Павловска Данева, она што е очекувано од СДСМ, тоа беше да се нападне било кој предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Јас не се сеќавам овие 6 години, од 2006 година до денеска во ова Собрание и овој законодавен дом сме дискутирале за десетици и стотици именувања на сите можни нивоа, еден предлог не бил поддржан. Никогаш, ниту еден од предлозите кои тука биле предлагани, ниту еден не бил подржан.

Ова што сега, во овој конкретен случај го слушаме за госпоѓа Елена Гошева е само уште една работа во низата на континуиран нихилизам на СДС и во ред. Тоа е избрано како политичка тактика, но не е ништо друго освен политичка тактика. Ништо друго, а произлегува од фактот дека она што е повеќе од јасно, тоа е монополот што СДСМ го имаше и го има врз Уставниот суд, како институција. Апсолутно, тоа е во континуитет една ситуација. Добро, навикнавме на тоа, па дури и во оваа институција, како што гледаме, дојде време да се менуваат.

Би кажал неколку работи.

Прво, кандидатот што треба да го гласаме госпоѓа Елена Гошева е прв претседател на Советот на јавни обвинители. Таму, оваа институција ја основа, како нејзин прв претседател, а во тој Совет на јавни обвинители е избрана со тајно гласање. Повторувам со тајно гласање од страна на нејзините колеги. Луѓе кои работеле со неа, кои ја познаваат, кои во 80-тите 90-тите години, последнава декада работеле со неа. Тие, на тајно гласање ја избираат во тој Совет.

Исто така, во тој Совет на јавни обвинители, од самите нејзини колеги внатре и избрана за претседател. Избрана е со консензус за претседател на Советот итн. Понатаму, целата нејзина кариера била во правосудството.

Имам повеќе работи што сакам да ги кажам, времето е кусо, би кажал само уште една работа, не е вистина тоа што го кажавте со пензијата дека двојна пензија, истовремено земање на плати итн.

За крај, во врска со пописот и она што го направи претседателот Слободанка Гиевска. Кажете ми дали СДСМ би се согласил да се попише нерезидентното население во Република Македонија? Слободанка Гошева не дозволи да се попише нерезидентното население во Република Македонија. Ако СДСМ смета поинаку, нека ни го каже тоа. Благодарам.



Светлана Јакимовска: Благодарам.

Контра реплика има госпоѓа Павловска Данева Ана, повелете.



Ана Павловска Данева: Господине Ѓорчев прв пат сега од вас слушаме дека причина за поништување на пописот било тоа дека требало нерезидентното население да се попише бидејќи Слободанка Гиевска ни кажа дека методологијата на терен не била добра.

Кажавте дека за било кој предлог сме биле против, но многу ми е жал што не успеавте макар еден од седумте факти што ги набројав, што се биографски податоци на госпоѓа Гошева да побиете или да се обидете да побиете. Никогаш не спомнав дека зела две пензии или една пензија. Но, иако е пензионирана зема плата од Советот на јавни обвинители.

На крајот на краиштата, не ви доликува на младоста, ако ништо друго, особено на долгиот пратенички стаж да зборувате невистини од говорница.

Не е избрана со консензус. 11:7. Четири нејзини колеги биле против, а предложена е за прв претседател од страна на господинот Михајло Маневски министер за правда. Благодарам.



Светлана Јакимовска: Благодарам.

За реплика е пријавена госпоѓа Затуровска Лилјана, повелете.



Лилјана Затуровска: Благодарам.

Почитувана колешке во вашето излагање и вчера на Комисијата за избори и именувања и денеска од вас не слушнавте како правник да изнесете или дадете мислење, сугестија за предложените кандидати, дали се погодни или не се погодни за извршување функцијата на Уставниот суд, во контекст на нивните професионални ангажмани, професионалци во своето работење што ги извршувале на планот или полето од сферата на правото.

Нејсвојствено е почитувани колеги, поточно не од личност која доаѓа од иста фела како и кандидатите кои се денеска на предлог, за свои колеги да дадат перформанси или карактеристики и изјави од типот дека госпоѓа Елена Гошева не била подобна или не била компетентна да ја извршува улогата судија во Уставен суд, зошто, затоа што била мајка на личност што според вас, почитувана колешке е виновник за неуспех на попис. Ова, почитувани колеги е основниот критериум според кој госпоѓа Елена Гошева не може да биде кандидат за судија, искажан од нејзина колешка, наспроти да се проговори за нејзините квалитети како човек професионалец, правник во својата работа, за придонесот што го има дадено госпоѓа Гошева во полето каде што делувала со години. Како правник не ви личи госпоѓо Данева да давате мислење за свој колега од типот дека госпоѓа Елена Гошева не може да биде и да одговори на функцијата Уставен суд, зошто? Затоа што се повикала на некоја стара поговорка и дека луѓето, се разбира, учат од грешките.

Зарем вие почитувана колешке до сега не сте направиле ниту една грешка во вашата професија? Такво нешто во реалниот свет нема. Можеби во вашиот, лажен виртуелен свет, такво нешто постои. Токму за ова говорат вашите грешки што ги имате направено во минатото, но за жал не се повикувате, не учите од нив.

Или уште една смешна констатација или критериум што според вас или според СДСМ наводно, подолго време студирала и затоа не може да биде добар судија на Уставен суд. Која небулоза искажана од правник која со својата констатација, почитувана колешке ги омаловажувате сите оние кои заради било какви причини, материјални, социјални, семејни, здравствени итн, не успеале да ги завршат своите студии во редовниот рок. Ова е омаловажување, дискредитирање, да не речам и дискриминирање, ако сакате на крајот да кажам и девалвирање на професионалноста на многу интелектуалци, кои уште еднаш ќе повторам, заради различни причини не можеле на време да го завршат своето образование. Меѓутоа, во својата кариера се вложиле максимално, посветено и многу придонеле во својата област во која што работеле.

Ова е многу срамно и многу ниско мислење искажано за госпоѓа Елена Гошева. Благодарам.



Светлана Јакимовска: Благодарам.

Контра реплика има госпоѓа Павловска Данева Ана, повелете.



Ана Павловска Данева: Не е поговорка, туку е трагична вистина. Кога ќе се каже дека во правото некој згрешил и избрал јавен обвинител, човек против кого се води истражна кривична постапка. Грешките во правото вообичаено значат затворање на луѓе и губење на нивната слобода по грешка. Тоа, во правото е недозволиво.

Кога зборувам за просекот 6,40 просек, притоа по уставно право 6, минимална оцена е нешто што се коси со вашиот стандард, во 2010 година кога кревавте лично вие рака и кажавте дека за судија на Основен суд треба да биде избран човек кој дипломирал со просек 8. Ова не е трагично за тие кои студираат 9, 10, 15 години. Ова е трагично за брилијантните студенти и правници кои во рок завршиле со висок просек и седат дома заради тоа што немаа членска книшка на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е трагедијата.



Светлана Јакимовска: Благодарам.

За реплика е пријавен господинот Милошоски Антонијо, повелете.



Антонијо Милошоски: Благодарам.

Почитувана колешке Данева, толку колку што вие или јас отприлика имаме животно искуство, толку предложената госпоѓа Елена Гошева има правнички стаж и искуство во својата работна кариера. Се менувале многу влади кога почнала таа не се менувале влади, тоа било 1975 година тогаш немало многу партии да се менуваат, една партија доминирала со системот. Но, од приправник од правна струка во Окружното јавно обвинителство почнала за да денес биде првиот човек на Советот на јавни обвинители на Република Македонија. Една млада институција каде што госпоѓа Елена Гошева го дала својот и личен и стручен придонес таа институција да застане на здрави нозе, да почне да функционира и во меѓувреме да ужива почит и од своите соработници колеги, без разлика колку гласови биле за или колку биле против. Важно е дека таа била избрана од својата фела од своите колеги и застанала на чело на оваа институција. Тоа кажува многу и за нејзиниот углед меѓу правниците и меѓу јавните обвинители во Република Македонија. Сметам дека не можат да се најдат забелешки во нивната биографија и во биографијата во случајов на госпоѓа Елена Гошева, но исто така сигурен сум дека кој и да беше предложен за уставен судија за член на Уставниот суд од страна на владеачкото мнозинство на истиот или на истата ќе му беа најдени истите или слични или други мани и недостатоци и лични дисквалификации од страна на Социјалдемократскиот сојуз бидејќи целта не е да се даде поддршка да се прифати завршувањето на мандатот на сегашните уставни судии, да се прифати освежувањето, да се прифати фактот дека овие членови на Уставниот суд имаат подобри биографии и подобар кариерен развој од оние на кои што им завршува мандатот во Уставниот суд. За уставен судија, за член на Уставниот суд, од страна на владеачкото мнозинство, на истиот или на истата ќе им беа најдени истите или слични или други мани или недостатоци и лични дисквалификации од страна на СДС. Бидејќи целта не е да се даде подршка да се прифати завршувањето на мандатот на сегашните уставни судии, да се прифати освежувањето, да се прифати фактот дека овие членови на Уставниот суд имаат подобри биографии и подобар кариерен развој од оние на кои им завршува мандатот во Уставниот суд.

Така што, почитувана колешке Данева, јас сум сигурен, ако владеачкото мнозинство во македонското Собрание го предложеше и претседателот на Венецијанската комисија за член на Уставниот суд на Република Македонија, дека вие, по партиска задача и наредба, ќе му ги најдевте истите мани. Ќе го дисквалификувавте личнио, семејно, кариерно, кој кога завршил, зошто завршил и тн.

Според мене, сметам дека со оваа биографија и правничко искуство што го има госпоѓата Гошева, таа ќе го даде својот стручен и личен придонес во зацврстувањето на угледот и интегритетот на Уставниот суд на Република Македонија. Благодарам.



Светлана Јакимовска: Благодарам и јас.

Контра реплика госпоѓа Павловска Данева Ана, повелете.



Ана Павловска Данева: Благодарам.

Господине Милошоски, ова што го кажавте како факт во вашата реплика, јас го потврдив во мојот говор. Инаку, пред вас го кажа Илија Димовски. Сето тоа го има напишано во биографијата Елена Гошева.

Јас истакнав 7 податоци што се биографски, ама ги нема напишано во нејзината биографија. Не слушнав барем еден од нив да искоментирате и да кажете не е така или дека тој факт, всушност, придонесува таа да биде избрана за уставен судија.

Кога сме кај Венецијанската комисија, господине Милошоски, член на Република Македонија во Венецијанса Комисија е професор доктор Гордана Силјаноска Давкова професор по уставно право. Се разбира ако ни предложевте таков кандидат еве вие на пример можевте во ВМРО ДПМНЕ да влијаете таа ад биде предложена едносгласно сите ќе ја подржевме. Немојте да ја споредувате професор Давкова со госпоѓа Елена Гошева.

На крајот на краиштата само едно би истакнала, во нашата фела, во правната фела некој за нешто да биде предложен од Михајло Маневски е срам, а не доблест.

Светлана Јакимовска: Благодарам.

Госпоѓа Бонева Силвана е пријавена за реплика, повелете.



Силвана Бонева: Благодарам почитувана потпретседателке.

Почитувана колешке Данева, не е срам на непосредни избори од повеќе од 7 кандидати, од сите основни обвинителства на подрачјето на Вишето јавно обвинителство да бидете избрана од вашите колеги да ви дадат токму вам доверба да бидете на член на Советот на јавно обвинители. Значи оваа госпоѓа која е кандидат за Уставен суд ја избрале нејзините колеги затоа што била професионална, чесна, морална и одговорна. Затоа е избрана од своите колеги да биде член, не од Парламентот, не од Михајло Маневски, на тајно гласање плус тоа.

Значи, за тоа како била избрана, на чиј предлог била избрана за претседател на Совет на јавни обвинители, па и овде почитувана колешек добила двотретинско мнозинство од гласовите, повторно била изгласана од луѓето од фелата, имало два кандидати и нормално е во една демократија, ако има два кандидати, некој да добие повеќе гласови, некој помалку гласови. Таа добила 7, другиот кандидат добил 4 гласа, од вкупно 11. Меѓутоа добила мнозинство на гласови. Тоа е демократијата, има двотретинско мнозинство.

Е сега за другите лаги. Велите дека, цело време зборувавте не за нејзината индивудуална одговорност, зборувавте за одговорноста на нејзината ќерка која, впрочем, е дел од тимот кој што си даде колективна оставка, Пописната Комисија која што со даде колективна оставка. Вие како професор кој што треба да се залагате за индивидуална одговорност, вие единствена мана и ја кажувате дека таа ќерка и си дала оставка од Пописната комисија.

Второ, кажавте една огромна лага дека и ако добила решение за пензија и пензија добила некаде во март таа одела уште на работа. Тоа е срамно што го зборувате. Решението за пензија е од 01.04. овој месец и жената воопшто не е на работа. Значи лажете колешке пред целата македонска јавност.

Второ, лажете дека има кривична пријава за сопругот, нели пред малку велевте добро е тоа што пишува во биографија, нејзиниот професионален раст е неспорен, меѓутоа имате други работи што не се напишани во биографијата. И со тоа мислите да ја манипулирате македонската јавност, со кажување на лаги? Затоа што сте заштитени од собраниската говорница.

Срамно е од устата на еден пратеник, а уште повеќе професор да излезат вакви лаги. За која кривична пријава зборувате и за кое одење на работа зборувате за оваа жена која е кандидат за член на Уставен суд.

Значи госпоѓа Данева во отсуство на аргументи, само заради тоа што не се бираат кандидати како во времето кога вие бевте на власт, само заради морална политичка подобност измислувате невистини за луѓето за да ги деградирате.



Светлана Јакимовска: Благодарам и јас.

Контра реплика госпоѓа Павловска Данева Ана, повелете.



Ана Павловска Данева: Благодарам.

Госпоѓо Бонева, вашето непознавање не само на правото, туку и на политичките и воопшто општествените состојби во земјава нема граници.

Конкретно, госпоѓо Бонева денеска Советот за јавни обвинители имаше седница, се одржа седница. Новинарите кои беа на Советот за јавни обвинители ја бараа за изјава госпоѓа Гошева во Советот за јавни обвинители. Беше кажано дека е на службен пат. Објаснете ми ве молам, ако мене ме побараат сега во Советот за јавни обвинители и јас сум на пат, на пример на Колумбија Универзтитетот во Њујорк, како тие ќе кажат дека сум на службен пат, ако не работам кај нив? Тоа е околу тоа дали оди на работа или не, во Советот за јавни обвинители.

Инаку, на вашата реплика единствено би одговорила дека ми е навистина криво што немавте можност да изнајдете барем малку пофални зборови за оваа госпоѓа, да искористете 10 минути говор, да ги кажете, туку во реплика од 3 минути мене ме критикувавте, еден добар збор за неа не кажавте.



Светлана Јакимовска: Благодарам.

Следен пријавен за збор е господинот Александар Николовски, повелете.



Александар Николовски: Благодарам.

Во интререс на дебата и времето не би сакал да ги повторувам тезите што ги кажав во претходниот говор, а се однесуваат на досегашното функционирање на Уставниот суд. само би сакал да ги потврдам и да кажам дека и по однос на овој предлог стојам на тие тези. Истовремено би сакал да кажам и да направам неколку споредби.

Пред нас имаме кандидат кој својата кариера од своето вработување до денеска ја има во Обвинителството на Република Македонија. Па така, од 1975 до 1977 година била во Окружното јавно обвинителство како приправник, од 1977 до 1984 година како стручен соработник, од 1984 до 1997 во Оштинското јавно обвинителство како заменик обвинител, па во Основното јавно обвинтелство во Скопје како заменик обвинител, во Вишото јавно обвинителство, како заменик на Вишиот обвинител и финално во Советот за јавни обвинители каде што во периодот од 2008 до 2010 година била претседател на Советот за јавни обвинители.

И јас вчера кажав, на тоа стојам и денеска дека, ако сакаме да наоѓаме мани и да одиме со критики за било кого, веројатно тоа ќе го утврдиме и ќе кажеме дека никој, вклучително и овие не се совршени, не ни можат да бидат совршени, но се подобри од сето она шти било претходно понудено.

За да утврдиме дали е некој подобар или не од она што било понудено претходно, мораме да правиме споредби, затоа што единствениот начин квалитативно да се утврдат некои работи е преку просец на споредби, а никако поинаку. Затоа, ќе се обидам да направам некои споредби.

На пример, сметам дека Елена Гошева ќе е подобар судија од уставниот судија Трендафил Ивановски од проста причина што Елена Гошева го помина филтерот на лустрација и не беше лустрирана, за разлика од Тредафил Ивановски кој не го помина филтерот на лустрација и беше прв лустриран во Република Македонија.

Понатаму, сметам дека Елена Гошева, на пример, ќе е подобар уставен судија ос сегашниот уставен судија и претседател на Уставениот суд Бранко Наумовски, затоа што Елена Гошева во својата кариера ни еднаш не вршела политичка функција и ни еднаш не била бирана на политичка функција, ниту во Владата, ниту во Собраниет.

За споредба на пример, Бранко Наумовски, читам од неговата биографија објавена на веб страната на Уставниот суд, пишува дека од 1987 до 1995 година во два мандати во Владата на Република Македонија е именуван за помошник на министерот за правда во Министерството за правда. Значи, и во комунизмот и во демократијата, два пати помошник министер за правда, политичка функција.

Во 1995 година, од Владата на Република Македонија е именуван за директор на Државниот управен инспекторат, орган во состав Министерството за правда, политичка функција пар ескеланс, каква што е предвидена и на која што се доаѓа на предлог на политичка партија. Во 1997 година од Собрание на Република Македонија е избран за народен прљвобранител на Република Македонија на кој функција останува до избор на судија во Уставниот суд на Република Македонија, повторно е на политичка функција.

Така што сметам дека Елена Гошева ќе е многу подобра од Бранко Наумовски поради тоа што ни една не била бирана на политичка функција од страна на Собрание на Република Македонија.

Исто така, сметам ќе е подобар уставен судија од Љиљана Ингилизова Ристова од многу едноставна причина што никогаш не учествувала во делегирање на судии кои требале да бидат ггласани во еднопартиско Собрание на Република Македонија како што во 1996 година беше тоа со изборот на сите судии од страна на Собрание на Република Македонија кога ВМРО ДПМНЕ беше вонпарламентарна опозиција и немаше опозиција во Република Македонија.

Исто така сметам дека Елена Гошева ќе е многу подобра уставен судија од Љиљана Ингилизова Ристова затао што не учествувала во криминалната приватизација и не е дел од таа клика од 100 луѓе коио во овој момент ја владее Република Македонија, односно се обидува да ја владее Република Македонија, не успева во таа работа. Љиљана Ингилизова Ристова е дел од таа клика која што сака од позадина да владее со Република Македонија па има значајнуи бизниси во трговијата, на пример со текстил, текстил со познати брендови, во градежниството и тн. бутици во Скопје, трговски центри и тн. Исто така ...

( Дофрлање од место)

Не, не, не, за сопругот нејзин, знаете добро и можете да проверите, точно знам што зборувам. Ленче Софрониевска е дополнително со Фејшн груп и тн. овде друго зборувам и можете да проверите.

Понатаму, сметам дека Елена Гошева ќе е многу подобар уставен судија од Љиљана Ингилизова Ристова од многу едноставна причина што никогаш не била претседател на Државна изборна комисија. Особено не претседател на Државна изборна комисија избран без консензус.

Понатаму, сметам дека Елена Гошева, која во текот на својата цела кариера работела во Јавното обвинителство ќе е многу подобар уставен судија од Игор Спировски, од многу едноставна причина што, повторнао читам од биографијата на господинот Спировски објавена не официјалната веб страница на Уставниот суд, бил секретар на Собрание на Република Македонија оа 1992 до 1997 година кога заминува прво како советник, потоа и генерален советник на Уставниот суд. Значи бил генерален секретар не еднопартиското собрание на Република Македонија, заради тоа што ВМРО ДПМНЕ тогаш као опозиција го бојкотираше.

Исто така сметам дека Елена Гошева ќе е многу подобар уставен судија од постојните уставни судии заради тоа што, повторно читам од материјали што се јавно објавени, против одлуката на подготвителната седница по однос на Законот за високо образование уставните судии биле заради тоа што не сакале да има екстерно оценување на квалитетот на високообразовните кадри, на академскиот кадар односно не сакале да го врши комисија формирана од страна на Одборот за акредитација и евалуација. Значи не сакала високото образование во Република Македонија независно да биде оценувано, очигледно штити различни интереси и кога се побарало два члена на Уставниот суд да бидат изземени од одлучувањето заради тоа што се професори, професорката Гзиме Старова и професорката Наташа Габер, тоа не би прифатено иако е тоа очигледен конфликт односно судир на интереси заради тоа што овие уставни судии требало да решаваат за работа, односно за закон на кој што и тие директно се подложни после завршувањето на нивниот мандат. За разлика од тоа имаме предлог која што целата своја кариера ја граделе како обвинител од Окружното јавно обвинителство како приправник по диплпмирањето, па до Советот за јавни обвинители како негов член и претседател и повторно член за да добие круна на својата кариера како уставен судија. И затоа сметам дека она што до сега се правше во Уставниот суд, а тоа беше дерогирање на демократијата и воспоставување на паралелен политички систем во кој што изборите губеа смисла, со овие промени во Уставниот суд веќе нема да се случува. Убеден сум во таа работа и уште повеќе да не ми се вадат решениците од конктекст јас апсолутно сметам дека задача на Уставниот суд е да го штити уставниот поредок во Република Македонија, но да го штити согласно на Уставот, а не согласно на свои паушални убедувања или идеолошки убедувања како што беше на пример во случајот на лустрацијата каде што беше кажано дека лустрацијата се поништува заради тоа што уставните судии биле од едно друго време и имаат многу убаво мислење за комунистичкиот систем кој што нив им овозможил еден многу убав и прекрасен живот. Благодарам.

Светлана Јакимовска: Благодарам.

За реплика е пријавен господинот Јани Макрадули, повелете.



Јани Макрадули: Благодарам почитувана потпретседателке.

Колега Николовски, кандидатот Гошева мора да ни држи и мене и вас предавања за комунизмот 20 саати, бидејќи по вашата дефиниција за тоа како се напредувало во комунизмот, ако за ВМРО ДПМНЕ да се станеле нешто и чувар тербало книшка, што мислите дека ова како судија во Основниот суд што имала. Значи самите вие етикетирате и самите вие девалвирате. Не можам да го разберам овој порив на ВМРО ДПМНЕ да се пресметува со сите оние кои што, замислете се дрзнале да работат против програмата на ВМРО ДПМНЕ, а работат согласно Уставот на Република. Па кога Трендафил Ивановски се борел за идеалите на ВМРО ДПМНЕ ниту јас ниту вие не сме постоеле на ова планета. И сега вие поради тоа што го бришете минатото на Македонија, го бришете минатото на ВМРО ДПМНЕ, си одбирате дека за чувар во фабрика требало партиска книшка во 1980 година, ама за судија во Окружен не требало, туку имало визија дека тоа ќе биде подобен кадар на ВМРО ДПМНЕ. Навистина јас најостро протестирам и ја повикувам и госпоѓата Гошева врз база на својата биографија или авторитет што мисли дека го има и дека треба да придонесува, да се повлече уште денес ид функцијата, од кандидатурате бидејќи господинот Александар Николовски и ВМРО ДПМНЕ очекуваат од нејзе да не се поништи ниеден закон во оваа држава, бидејќи ако во согласност во програмата што ја ветиле ВМРО ДПМНЕ на избори. Значи во Република Македонија треба да не постои никој освен програмата на ВМРО ДПМНЕ. И сега ќе ги смениме чуварите во школите, членовите на Управните одбори, само Груевски е во право за ова како оди Македонија. И бранот треба да ги зафати сите оние кои што не размислуваат со главата на Никола Груевски. Трагедија е ова што се слуша од млад човек, како ја замислува иднината на Република Македонија и како го замислува политчкиот систем во Република Македонија, особено што завршил таков факултет, дека политичкиот систем во една држава треба да зависи од програмата на една партија. Господинот Драер кој што е 34 години конгресмен и беше пред 10 дена овде Собрание кажа една добра работа, ама кој го разбрал и кој го слушнал, дека да се биде на власт, значи да ги негувате малцинството, затоа што има граѓани што гласале и за нив. Ако сакате да направите држава во која што ќе е почитуваат сите граѓани, тогаш ќе ги почитуваат и овие пратеници од десната страна што седат, 370 илјади луѓе гласале на последните избори. Благодарам.




Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет