Стенографски белешки



бет1/10
Дата27.06.2016
өлшемі0.64 Mb.
  1   2   3   4   5   6   7   8   9   10
СТЕНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ

од Првото продолжение на Сто дваесет и осмата седница на Собранието на

Република Македонија, одржана

на 10 декември 2010 година
Седницата се одржа во Собранинето на Република Македонија, сала 1, со почеток во 11,25 часот.

Седницата ја отвори и на неа претседаваше Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија.



Трајко Вељаноски: Дами и господа пратеници,

Продолжуваме со работа по Сто дваесет и осмата седница на Собранието на Република Македонија.

Пратениците Арбен Џафери, Мендух Тачи, Имер Алиу, Садие Илјази, Мерил Узеири Ферати, Силвана Бонева, Борислав Стојменов, Васко Шутаров, Фијат Цаноски, Имер Селмани, Сулејман Рушити, Бесим Догани, Даут Реџепи, Али Ахмети, Теута Арифи, Ермира Мехмети, Назиф Буши, Хајрула Мисини, Фазли Велију, Џемаил Јашари, Хисен Џемаили, Цветанка Иванова, Амди Бајрам, Анита Кипаризовска Крстевска, ме известија дека се спречени да присуствуваат на седницата.

Продолжуваме со работа по точката 1 - Дополнет предлог на буџет на Република Македонија за 2011 - второ читање.

Продолжуваме со општиот претрес по Дополнетиот предлог на буџетот на Република Македонија за 2011 година - второ читање.

Процедурално збор бара господинот Петров Андреј, повелете.

Андреј Петров: Благодарам претседателе.

Како и вчера и оваа седница да ја почнам со остар протест на пратеничката група на СДСМ од процедурален карактер заради кршење на некои елементарни демократски права и тоа за две значајни работи како што е Буџетот на Република Македонија, што е најважна точка за сите граѓани на Република Македонија. И, ова што денеска го имаме, според агендата што ни ја поделивте на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, што еднаш падна во ова Собрание, па потоа со трик решение од вчера се враќа назад, седницата е закажана за 14,00 часот.

Според ненајавената промена на планот за пленарни седници на Собранието што ја направивте, Буџетот ќе се расправа и во текот на утрешниот ден и задутре, така што очекуваме од вас известување, да ни кажете зошто ја променивте првичната одлука и оној фер договор на координација што го имавте да тоа тече во една нормална процедура? Зошто една значајна точка, како што е Буџетот, каде што треба пратениците да се искажат, каде што треба да отворите простор расправата да тече нормално, ја преклопувате со исто толку значајна точка, како што е Предлог-одлуката за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, особено од аспект дека вчерашниот ден беше тензичен во Собранието поради намерата со, повторувам, со узурпација на некои основни демократски начела да со едно трик решение на предлог на група пратеници истиот закон се врати во собраниска процедура.

Ве повикувам да ги примените истиот аршин како вчера и да го дадете истото образложение што го дадовте и вчера, бидејќи пред извесно време бевме сведоци на ваше образложение дека заради седницата на Комисијата, на Законодавно правната комисија треба да се прекине расправата на пленарна седница кога се расправа на комисија, истото тоа да го сторите кога ќе почне комисијата. Да се определите дали ќе тераме со пленарна седница или ќе одиме со седница и работа на Комисијата.

Пратениците и јавноста заслужуваат за овие значајни точки да имаат доволно време да се посветат и да дискутираат и да не поминат на врат на нос во Собранието на Република Македонија. Благодарам.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Поставивте две прашања, за тие две прашања ќе добиете одговор.

Прво, и на координацијата реков и на координаторите и на потпретседателите дека јас, како претседател на Собранието не дозволувам да се расправа за Предлог-одлука за распуштање на Парламентот, а да не биде расправано и гласано по Буџетот на Република Македонија. Ќе бидеме несериозни како пратеници, доколку ја закажев седницата за распуштање на Парламентот по ваше барање, а да го одложам буџетот, ја почнам одлуката за распуштање на Парламентот.

Затоа решив и им укажав на координаторите и потпретседателите дека ќе работиме и денеска ако треба ќе работиме и сабота, ако треба и недела, секако, до завршувањето на буџетот, а потоа во понеделник продолжуваме со Предлог-одлуката за распуштање на Парламентот. Тоа е по едното прашање, зошто и со кое темпо ќе работиме и денеска и утре и задутре.

Бидејќи е прифатливо, повторно ви давам објаснување, бидејќи имаше поставено такво прашање од вас.

Е, за второто прашање, за Комисијата за политички систем и за Законодавно правната комисија, секогаш кога читам, велам дека ги задолжувам претседателите на комисиите да ги закажат седниците. Јас не ги закажувам седниците на комисиите. Ги закажуваат претседателите на комисиите. Како што видов во денешната агенда, тие се во 14,00 часот кога имаме пауза, од 14,00 до 15,00 часот. Доколку има проблем во исто време, јас не дозволувам да има и комисии да има и пленарна седница. Значи, нема да има никаков проблем истовремено да работи и Комисијата за политички систем за време на паузата. Тоа сме го правеле и друг пат. Значи, како генерален став велиме дека не треба да има комисии за време на пленарна, но имало исклучоци како што на пример Комисијата за финансирање и буџет тоа го правела, исто и други комисии. Нема никаков проблем дека истовремено не смее да работи и пленарна, особено за буџет, но и комисија. Но, за вареме на пауза може. Благодарам.

Продолжуваме понатаму.

Следен пријавен за збор и има збор господинот Ќуркчиев Никола, повелете.



Никола Ќуркчиев: Благодарам претседателе.

Политуван министер, почитуван заменик министер, господо пратеници,

Сметам дека и оваа денешна расправа нема многу да се разликува од оваа што ја имавме вчера, имајќи предвид како течеше амандманската расправа за Предлогот на буџетот за 2011 година, големиот број искажани забелешки дека овој буџет е всушност еден голем список на желби, веќе видени и со години нереализирани.

Почитувани колеги, јас сметам дека буџетот повторно покажува дека Владата повторно бега од реалноста и тоа што беше промашено или не беше добро испланирано во 2009 година и во 2010 година ќе се повтори и во следната, 2011 година. Владата, иако го нарече буџетот развоен, сите ние, а особено граѓаните на Република Македонија знаат што тоа значи. Тие тоа најдобро го искусија. Тоа значи, односно дали тоа значи дека и во 2011 година пак ќе ни се качи, не дај Боже за некој процент сиромаштијата во Република Македонија? Дали тоа значи дека и 2011 година ќе биде лоша година за стопанството, лоша година за земјоделците, лоша година за транспортерите, лоша година за болните?

За да биде буџетот развоен, потребно е почитувани колеги, сите знаеме, капиталните инвестиции да бидат квалитетни и долгорочно да го поттикнуваат економскиот раст. Наместо тоа, во буџетот се истите проекти што се повторуваат од година во година. Колку за инвестиции на патиштата, речиси исто толку за споменици, за жичари, за реклами, за музеи со восочни фигури, за владини згради, за двокатни автобуси, панорамски тркала итн.

Почитувани колеги, овие денови бевме сведоци дека Република Македонија ја погоди невреме. Меѓутоа гледаме дека ниту во овој буџет пари за нови мостови, што паднаа од овие силни поплави нема, за отсечени села, излеани реки, поплавени патишта и повторно гледами синојка на телевизија и не можам да верувам дека има пари, меѓутоа само 780 илјади евра за нова ограда на мостот кај МАНУ, за нова ограда на мостот кај Александар Палас, за нова ограда на мостот Гоце Делчев, дури и ќе биле осветлени, меѓутоа се надевам и се крстам дека нема да бидат така монструозно, би рекол осветлени, како што е тоа направено со Камениот мост. А селата ќе почекаат за некоја друга прилика.

Почитувани колеги, иако завчера цел ден зборувавме за Проектот Скопје 2014, за што повеќе никој не прашува колку ќе чини и во оваа 2011 година, меѓутоа јас би прашал дали има предвидено пари во буџетот, доколку има избори во 2011 година, како новата влада сите овие, би рекол силни скулптури ќе треба да ги разместува по градовите во Република Македонија. Гемиџиите во Велес, Даме Груев знаеме каде, Мисирков во Гевгелија итн. Повторно, почитувани колеги, целата земја во 2011 година сметам дека ќе биде заложник на трошење пари за мегаломанскиот проект недомаќински дизниленд 2014. Да се дадат скоро еден милион евра за нови огради на мостовите во Скопје, а болните да почекаат да дојде нова власт, да има пари за лекови и опрема што ја гледаат на телевизија, меѓутоа дебело ја плаќаат кога ќе отидат да побараат услуга. Е затоа, тешко болните, јас еднаш реков дека за државата се само непотребен трошок. Јас сметам дека лоши пораки си испраќаат со овој буџет. Повторно девизата дека треба да се инвестира во Република Македонија ниту е од економските промотори, ниту пак навистина било кој граѓанин ја чувствува веќе девизата дека Република Македонија може да биде вистинска бизнис дестинација.

Меѓутоа, најлошо во сето ова е што буџетот не е наменет токму за решавање на најгорливиот проблем, а тоа е рекордната сиромаштија и рекордната невработеност. Од 2.723.000.000, колку што ќе се потрошат, само 8 милиони евра имаме за поттикнување на вработувањето. Со тоа сметам дека повторно се покажува дека Влада, како и во претходните години, ретко би рекол дека ќе има подобрување или некој степен на раст во економијата и животниот стандард на граѓаните. За младите луѓе, веќе не се лажат со нови факултети. Всушност, новите факултети ги лажат само старите. Младите можат и понатаму да талкаат бесцелно, да легнуваат повторно во 0,200, да стануваат во 12,00.

Кога зборуваме за овој буџет, сакам да се задржам на две работи а тоа е транспортот и земјоделието. Повторно слушам дека, сите знаеме, во Република Македонија се увезе отпадот од стари автомобили од европските земји, што сега впрочем се наоѓа на македонските патишта. Искрен да бидам, македонските патишта и не заслужуваат подобри возила. Сега слушам дека сериозно се работи на проектот да и америчкиот отпад од возила дојде кај нас. Меѓутоа, бидејќи е непријатна тема, нема да зборувам за тоа. Но, сакам да кажам на кое ниво се македонските патишта. Дека секој ден луѓето гинат во сообраќајки, дека се повеќе имаме дупки на нашите патишта, дека можеби убедливо, без конкуренција, имаме најлоши патишта во Европа. И, замислете, со буџетот се предвидува, не знам точно дали 3 или 7% помалку дупки од 2010 година за 2011 година.

Нема да зборувам за каскадните брани на Вардар од Велес до Демир Капија што требаше да бидат направени и изградени до сега. Меѓутоа, се чудам зошто повторно треба да зборуваме за каскадната брана, ама сега е една, во Скопје.

За железницата, нормално ни збор. Можеби ќе видиме еден убав ден, јас и на амандманската реков посакувам да го видам министерот Јанакиески како се качува на воз. Можеби, ако стигнат оние 20 вагони што требаше да дојдат во септември и октомври, меѓутоа еве, и новинарите велат дека во буџетот за 2011 година, дека возот ни отишол. Дека повеќе пари за промоција отколку за нови железнички пруги.

Почитувани колеги, македонскиот пат кон посветла иднина, очигледно не оди по патот на железницава. Ќе ви дадам само еден пример што се случува во една европска земја, што исто така ја зафати ова силно невреме. Да речеме што се случува таму и какви драстични мерки се преземаат од страна на државата. Имено, поради неваремето возовите во Германија мораат да ја ограничат брзината, замислете на 20 км на час. Можам да замислам ако се јави министерот Јанакиески и да каже дека треба да се намалат брзините на нашите возови поради невремето во Република Македонија, да речеме за 30% и наеднаш возовите од статистичката просечна брзина на 48 км на час, замислете ако почнат да се движат со 30 или 35 км на час. Можете да се симнете и пак да се качите. И ако, пак, видиме дека просек од целата година, возот од Скопје до Гевгелија доцни 53,426 минути, замислете, е само еден час во просек, јасно е дека треба да се радуваме ако Хунзите дојдат во Богданци и направат палата, дека ќе се радуваме да направат железница од Гевгелија до Богданци или пак ќе го поправат патот што повеќе и не личи на пат. За општата физичка состојба на патиштата може да се шалилме почитувани колеги, меѓутоа погледнете ги податоците во Националната стратегија што се за жал од 2005 и 2006 година. Ќе видите дека во проценти 50% нашите патишта се во катастрофална состојба. Значи, општата физичка состојба на патната мрежа е пониска од било која европска држава. Тоа го пишува во нашата Национална стратегија.

Затоа се лутиме ние, од опозицијата зошто, кога тоа сме го констатирале во Националната стратегија, не правиме ништо да ја поправиме таа ситуација. Но, што е тука е. Место, предложивме, да правиме Триумфална капија, предложивме да правиме тунели. Оние пари што ги даваме за одржување поради невреме, на Стража, да почнеме да правиме тунел. Ќе видиме за колку време тоа лесно ќе биде исплатливо и за колку ќе го скратиме патот од Гостивар до Кичево. Но, никој не сака да разбере дека три пати е поевтин железничкиот транспорт од патниот и дека, доколку е тоа така, за три пати цените на нашите македонски производи ќе бидат поефтини, доколку ја користат железницава.

Но, до колку се земе податок во делот на земјоделието, бидејќи времето одминува, почитувани колеги, дека во 2010 година во делот на земјоделието имаме 5% помалку вработени во однос на претходните години, јасно е укажано дека работава и во овој сегмент и во оваа дејност не е како што треба. Вкупното учество на земјоделските производи во БДП е на ниво од 2005 и 2006 година. Не знам дали знаете, меѓутоа многу повеќе се увезува храна отколку што можеме ние да извезуваме. Тоа значи и следна работа почитувани колеги, дека силните инвестиции што се најавуваат, дека во оваа 2010 година 100 милиони евра ќе имаме субвенции во земјоделието, не даваат никакви резултати и дека ниту во 2011 година нема да биде подобро. И тоа значи тоа.

Меѓутоа не знам, каде се, ако имавме најавени 100 милиони евра во земјоделието, зошто досега се исплатени само 45 милиони. Каде се другите 55 милиони? Зарем за овие 10-15 дена што остануваат од оваа година ќе можат да бидат исплатени останатите 55 милиони? Се разбира дека, повторно тврдам дека без јасна стратегија, без сериозна програма, без реформа сериозна во земјоделието не можеме да очекуваме резултати колку и повторно да зборуваме и да делиме субвенции. Но, жалам што навистина не беше прифатен нашиот амандман и ништо не е направено да го зголемиме извозот на земјоделските македонски производи на европските и светски пазари. Дадовме амандман сметајќи дека ќе се промени или за миг да ја промениме, би рекол, политиката во земјоделието и конечно, добро спакувани, да можат да се извезуваат македонските производи на европските пазари. Меѓутоа, амандманот не беше прифатен. А гледаме дека во Брисел преговорите ги води господинот Перица Ивановски, господинот заменик министер. Меѓутоа тврдам додека тој ги води, се помалку македонски производи ќе има на европските пазари.

Имено, од први јануари стапува на сила Директивата 367. Пред месец дена му текнало на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнаство дека македонското вино не може повоторно или ќе има проблем да се извезува. Тоа што весниците пишуваат дека македонскот вино од Грција и од Македонија тешко дека ќе може да се најде на европските пазари, никој не го засега. Па тоа значи помалку производи во државната каса. Почитувани колеги, насловите пишуваат дека до колку до крајот на годината не се изврши регистрација на нашите вина во екелктронската база на Европската комисија. Виното што се декларира како македонско ќе мора да биде произведено само во Грција. Македонија чека средба со Европската комисија да го ратификува договорот за вино и да го спречи грчкиот, би рекол ексклузивитет врз називот на македонско вино. Меѓутоа, место тоа да го правиме пред две години, ние го правиме три дена пред Нова година, тука за жал. Кога во јануари месец му го к ажав ова на господинот заменик министер, тој вели: вашето незнаење нема крај, тоа важи само за европските земји. Поминаа 10 месеци, гледаме дека важело и за нас, ама што е, тука е.

Почитувани колеги, слушаме повторно дека ќе има отворање на некакви нови берзи, земјоделски агро берзи. Меѓутоа, никој не сака да каже дека до сега веќе отворивме од 6, или колку се, не знам ни јас, иако сериозно се бавам, барем така засега велам дека ја следам оваа дејност во Република Македонија . меѓутоа најжалосно е тоа што никој не излегува да им каже на градоначалниците, на Советите на општините да не носат одлуки за отворање на такви берзи. Имаме закон за берзи, меѓутоа, тој не се имплементира. Пред некој ден се донесе одлука во Дојран, во Богданци и во општина Гевгелија, во општина Валандово, во Струмица, не знам каде сите отвораат агро берзи. Дај Боже да е така, дај Боже да почне да функционира сето тоа. Меѓутоа, ако зборуваме за разумно како и на кој начин треба да се користат државните пари, тоа е далеку од тоа. Начиот проблем е како да ги поттикнеме инвесстициите и како да се отворат нови работни места преку бескаматни кредити, а не повторно да слушаме кој е виновен, или не, за Свед милк и зошто на млекарите нема средства да им се исплатат, или бидат обесштетени. Па доволно е почитувани колеги, дајте им на млекарите средства онолку колку што се потроши за пошумивање во Република Македонија. Колку чини Денот на дрвото и исплатете им ги парите кои што ги должат, ги заработиле луѓето и дајте им задача, тие ќе посадат три пати повеќе дрва од колку тој фамозен проект Ден на дрвото што имаат поголема канцеларија на улица „Македонија“ од премиерскиот кабинет.

Почитувани колеги, жалам, меѓутоа сметам дека целата идеја за пошумување доволно е да видите дека дрвокрадците досега исекле 12 милиони евра. Зошто никој тоа не го спречува во Република Македонија, зошто безмислосно се сечат шумите, никој не знае. И во чии џебови одат овие пари? Тврдам дека до колку се направи сериозна контрола во било која пилана во Република Македонија, ќе видите дека работата е повеќе од сериозна. Затоа почитувана колешке нема пари за поплавите во Валандово, нема пари за земјотресот во Валандово. И замислете, кога пред некој ден отидов да видам што е се поплавено, бидејќи патот од Мрвинци до Валандово беше поплавен, дојдоа луѓето кои што беа зафатени од земјотресите и викаат, конечно ни стигна обесштетување од земјотресот и ги прашувам дали се задоволни, а тие велат, јас добив 480 денари обесштување, за неговото оштетување на куќата. И велам, што ќе правиш? Тој вели, си ја чувам и вакви како тебе што доаѓаат им ја покажувам. А како е со другите? Па вели, исто така, во просек најголемо оштетување е 1200 денари. А да отиде до Гевгелија бидејќи таму има Инвест банка, нема во Валандово, треба да даде 1000 денари за такси. Затоа се лутев кога не ги слушате нашите амандмани, барем нешто да поправиме кај тие луѓе.

Почитувани колеги, лозарите и не ги споменав овој пат, дека многу нешта остануваат нерешени на крајот од оваа 2010 година. Не треба да зборувам повеќе за тоа што значи да се нема оправданост, ефективност или пак би рекол предуслови барем да направиме за подобро земјоделско производство покрај толку силни пари. Благодарам.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Реплика има Катерина Димевска, повелете.



Катерина Димевска: Благодарам почитуван претседателе, почитуван министер во Владата на Република Македонија, колеги пратеници.

Сакав да му се јавам на колегата Ќуркчиев за реплика, затоа што мислам дека изнесе лаги и невистини во делот на транспортната политика. Воглавно ќе се осврнам на тоа прашање.

Почитуван колега, некоректно е заради македонската јавност да правите политика и да се обидувате да пренесувате тези дека во овој буџет транспортот, врските и политиката на транспортното управување во Република Македонија е заобиколена и не е земена во предвид. Тоа ќе ви го поткрепам со аргументи, затоа што вие го имате буџетот пред вас. Меѓутоа за да исто така бидат информирани граѓаните на Република Македонија, јас би сакала да го кажам следното. Значи, во буџетот за 2011 година почитуван колега, предвидени средства за проектот за надградба на Министерството за транспорт и врски 2 милиони и 100 илјади денари, изградба на студија за сообраќајниот систем на Град Скопје со идејни проекти за сообраќајниците Булевар “Св. Климент Охридски и подземни сообраќајници од Соборниот храм до Комплекс банките се предвидени средства 7 милиони и 300 денари. Санација на пристаништетот во Охрид предвидени 1 милион 700 илјади денари предвидени средства за изградба на социјални станови 15 милиони денари набавка за автобуси за целосно обновување на возниот парк на Јавното сообраќајно препријатие во Скопје предвидени 1 милион денари, изработка на Урбанистички планови, предвидени 16 милиони денари, изработка на проект за гасификација, изградба на пешачки патеки и изградба на водоводи во Република Македонија, предвидени 111 милиони денари. Водоснабдување, предвидени средства преку КФ банката, предвидени во буџетот 57 милиони денари. Проект за каскади преку реката Вардар, предвидени средства 21.375 000 денари. Изградба на жичарница, предвидени средства 303 милиони денари. Инвестиции во железничката структура, предвидени 436 милиони денари.

Немам време, меѓутоа во друга прилика и во друга реплика ќе информирам колку средства се предвидени за финансирање на проекти преку кредити во текот на 2011 година. Ова, почитуван колега, е вистината, тоа не кажува дека транспортната политика во Република Македонија, во овој буџет е запоставена. Напротив уште посилно и подинамично ќе се работи во делот на инфрастуктурата во Република Македонија.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Контра реплика има господинот Никола Ќуркчиев, повелете.



Никола Ќуркчиев: Благодарам претседателе.

Почитувана колешке, Благодарам на репликата, меѓутоа се чудам зошто не се јавивте за збор. Јавете се за збор и се што има да кажете, ќе го кажете, да можеме и ние да дадеме наше мислење за тоа.

Почитувана колешке, еве што пишуваат новинарите. Ова е весник Нова Македонија од 30 и 31 октмоври 2010 година. Вели дека повеќе пари за промоција отколку з анови пруги во буџетот за 2011 година. Се фалат со нови вагони, а нема ни шини. Ги читам насловите вели: -Иако Владата подигна заем со кој треба да се модернизира пругата по коридорот 10, развојните буџетски програми за наредните три години покажуваат дека актуелната власт нема искрена намера да почне со реализација на големите проекти во железницата. Читам само наслови.

На крај, се согласивме во едно, ама разликата е во тоа што за мене пари за жичара би имало тогаш кога ќе ја направиме железницата.

Кога последен пат сте се качиле на воз? Отидете во таа хорор куќа наречена железничка станица и ќе видите како изгледа тоа.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Следна пријавена за реплика е Анета Стефановска, повелете.



Анета Стефановска: Благодарам почитуван претседателе. Почитуван колега, ниту се пусти желби, ниту нереализирани проекти, туку вие ја користите с ветската криза и ја злоуптребувате што ја снајде целиот свет, а и Република Македонија. само една компарации околу земјоделието бидејќи има кој да ви одговори од таа област. Ако сега се 115 милиони евра за земјоделието, вие имавте одвај 5 милиони. Таа е споредбата што направивте вие. А јас не сакам да помислам во светската криза што ќе ве снајдеше да бевте вие. Не дај Боже.

Инаку, околу културата. Филип Македонски е предок и на вас, жолтите канаринци од СДСМ, а и тој и неговиот син Александар и цар Самоил и Климент и Наум и Гоце Делчев и Даме Груев и Мисирков и Ченто сите се превртуваат во гробовите, гледајќи ги овие жолти изроди од својот род и корен како крвожедно се фрла врз се што е македонско и врз се што блика од македонштината. Ништат, омаловажуваат, негорираат секого што гради, одржува македонизам, што си ја сака својата историја, своето минато и својата култура од причина што, или се плашат од постоењето на македонството, или се срамат, или едноставно не ја сакаат својата држава и овој народ. Срамно е, но СДСМ не сака да постои Македонија, македонскиот народ и македонската држава и македонските белези. Авторското дело е и ФИРОМ и времените спогодби, и стендбај аранжмани и платоформи Глигоров-Изетбеговиќ, изнесувањето на 4 милијарди долари надвор од оваа држава и сите овие дела се антимакедонски. А сето ова особено се однесува на Бранко Црвенковски и неговата клапа. Благодарам.



Каталог: WBStorage -> Files
Files -> Жените, мирот и безбедноста
Files -> Конкурс за поддршка на Проект на здружение на граѓани за заштита на жртви на семејно насилство
Files -> Конкурс за поддршка на Проекти на здруженија на граѓани за социјална заштита-дневни центри за лица над 18 години со пречки во интелектуалниот развој
Files -> Во врска со Спроведувањето на Акциониот план за подобрување на состојбата на Ромите и Синтите во областа на дејствување на обсе
Files -> Закон за изменување и дополнување на Закон за акцизите, по скратена постапка второ и трето читање
Files -> Закон за субвенционирање станбен кредит прво читање Предлогот на законот и извештаите на Комисијата за финансирање и буџет како матично работно тело и Законодавно правната комисија во се доставени, односно поделени
Files -> Информација за спроведени активности од проект во областа на вработувањето во соработка на Министерството за труд и социјална политика и Интернационалната организација за миграции
Files -> Стенографски белешки
Files -> Валандово корисници на бањско климатска рекреација за период од 19. 03. До 25. 03. 2012 година бања банско
Files -> Закон за дополнување на законоt за материјално обезбедување на учесниците во народноослободителната


Достарыңызбен бөлісу:
  1   2   3   4   5   6   7   8   9   10




©dereksiz.org 2020
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет