Трајко Вељаноски: Од сега ќе го слушам господинот Владо Бучковски што треба да правам.
Контра реплика има господинот Никола Ќуркчиев, повелете.
Никола Ќуркчиев: Господине претседателе, јас за 60-тина секунди сигурно нема да можам и да сакам да ги набројам глупостите кои што беа кажани од оваа говорница и навреди. Очекував од вас навистина да реагирате и да го чувате достоинството на овој Парламент.
Трајко Вељаноски: господине Никола Ќуркчеив, јас реагирав.
Никола Ќуркчиев: Господине претседателе, навистина понекогаш знаете да бидете нефер. Сега го направивте тоа. Има ли потреба да се навредуваме. За какви канаринци колешке зборувте вие? За каков патриотизам, што значи тој збор, знаете ли вие? Вие ќе зборувате што значи патриотизам и како се троши овој денар. Три дена зборуваме за тоа. Кога сме кај канаринците, знаете, ако сакам да ве навредам, што би рекол, ја гледам вашата фрузура, ме потсеќа на нешто.
Трајко Вељаноски: Кога вреѓаме, добро ни е. Кога не навредуваат, не ни е добро и се буниме од место.
Процедурално има господинот Марјанчо Николов, повелете.
Марјанчо Николов: Почитуван претседателе, вие очигледно сакате во ова Собрание да има инцидент. И ако се случи таков инцидент, одговорноста ќе ја носите вие. И не можете да и дозволите на една колешка да испадне овде и да не навредува како сака. И сега кога ќе се врати навредата, вие да не опоменувате нас како опизиција. Вие сте претседател на Собрание на Република Македонија, не сте претседател на Собранието на ВМРО ДПМНЕ. Тоа што вие си ја сфаќате државата и партијата едно исто, расправајте си го на Изврешен Комитет. Оваа колешка во континуитет ги навредува сите пратеници и таа нема елементарна домашна култура и достоинство во своето обраќање. Јас не сакам овде да испаѓам и да се расправам за некој што не знае како да се однесува. Овде ние сакаме да дебатираме за буџетот. Вие и давате на колешката да не навредува со секакви имиња. И затоа или водете ја седницата како што треба, или прекинете ја, направете пауза и средете се, концентрирајте се, немојте да дозвувате да има вакви инциденти. Уште еднаш сакам да ве предупредам и да ви укажам добронамерно.
Трајко Вељаноски: Не ме предупредувајте.
Марјанчо Николов: Значи, да ви укажам. Немојте вакви испади од пратениците да дозволувате. Секој си има свое достоинство и секој сака да со го заштити. Навредата најмноги зборува за тој што ја изрекол, а не спрема тој што е изречена. А вие треба да ги штитите дигнитетот и на пратениците и на Собранието. Внимавајте како ја водите седницата.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Јас би ве замолил сите, расправаме за буџетот на Република Македонија, да одбираме соодветни зборови. Употребени се на говорницата овде од сите пратеници. И затоа кажувам, некој кога ќе навредува, добро му е, се смее, кога ќе биде навреден, тешко му е. Знам дека е така и не би требало понатаму да продолжиме. Навистина би ве замолил и едните и другите да продолжиме да дебатираме за буџетот, расправаме за парите кои што треба да се земат и да се распоредат во Република Македонија, да се земат од граѓаните на Република Македонија. Да расправаме за сопствените пари, подруго би се однесувале. И затоа би ве замолил понатаму да продолжиме соодветно да реплицираме, контра реплицираме, но и соодветни зборови да употребуваме.
Реплика има господинот Живко Пејковски, повелете.
Живко Пејковски: Благодарам.
Само во еден сегмент од вашата дискусија ќе реплицирам, господине Ќуркчиев, за земјоделството.
Во Комисијата за земјоделство имаме многу конструктивни дискусии и од наша и од ваша страна и сите што се учесници на таа Комисија. Ако се сеќавате, минатата година, некаде при крајот на годината беше кога го разгледувавме Извештајот колку субвенции во земјоделието се исплатени, па тогаш и вие видовте дека 97% во земјоделието беа на крајот од годината исплатени субвенциите. Затоа, мое мислење е дека не треба да се сомневате дека нема да бидат и останатите, оние што се за оваа година, што треба да се исплатат, а тоа ќе го видиме кога ќе закажете седница, ќе побараме извештај од Агенцијата, ќе видиме колку субвенции се исплатени, тоа е едната работа.
И втората работа, убаво знаете и сите што беа присутни на Комсијата знаат, кога го разгледувавме извештајот на Европската комисија за напредокот во земјоделието, констатиравме дека од минатата година има напредок оваа година во Извештајот на Европската комисија. Ставка по ставка разгледавме каде има напредок и каде има поголеми напредоци за разлика од минатата година. Во еден таков извештај мислам дека не треба никој да се сомневаме.
Што се однесува до концептот што оваа Влада го прави во земјоделието, вчера разговарав за таа работа, разговаравме и на Комисијата за земјоделиле, разговаравме и една друга работа. Разговаравме за еден стар концепт кој што беше на времето, не во претходната влада и во таа претходната или во другата претходна. Разговаравме за уништување на земјоделските задруги, разговаравме како тие што беа откупувачи со барирани чекови, одеа, земаа, ништо не плаќаа и ред други работи и како многу малку средства во земјоделието влегуваат.
Затоа, би ве замолил да разговараме за суштински работи. Сега има коцепт каде што финансиска поддрша во земјоделието е добра, законите што ги имаме донесено се добри, меѓутоа, тоа не значи дека не можеме да разговараме за начинот на субвенционирање дека треба да се промени или да зборуваме дека за жал сеуште имаме застарена технологија во земјоделието која треба да се промени, или пак дека немаме стандарден квалитет на нашите производи. Сето тоа треба да го разговараме, јас се согласувам со вас дека во конструктивна дебата можеме да разговараме.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Господинот Ќуркчиев Никола има контра реплика, повелете.
Никола Ќуркчиев: Благодарам.
Почитуван колега, се согласувам со вас дека во изминатиот период имало големи пропусти во делот на аграрната политика во Република Македонија. И тоа е во ред. Меѓутоа, ние денес зборуваме за она што ќе се случува наредната година, зборувам за буџетот во 2011 година. Секој наш говор или секоја наша реченица се во насока како подобро да го искористиме и последниот денар од буџетот во 2011 година и никако поинаку. Меѓутоа, знаете како е, ако го спомнуваме земјоделието, секогаш мислиме на субвенциите. Зборувавме за амандманите, откупни цени, проблем на македонското земјоделство. Дизелот поскапува за половина денар, оранжериското производство е пред колабс, песимизмот кај лозарите расте со секој поминат ден, нема пласман на пиперките од општина Кривогаштани, дали Владата ги потроши парите на земјоделците, велешките сточари чекаат пари, сточарите се плашат да зборуваат за неисплатени субвенции. Има проблеми, меѓутоа зборуваме како да биде подобра 2011 година.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Реплика има пратеникот Дамески Панче, повелете.
Панче Дамески: Благодарам.
Господине Ќуркчиев, очекував како претседател на Комисијата за земјоделство дека повеќе време и место ќе одвоевте за земјоделието, меѓутоа очигледно е она што ве влече е транспортот и врските, дека сепак вам не ви лежи земјоделието, меѓутоа, понекогаш мора да се почитуваат партиските наредби.
Во ваш стил со неиздржани и неаргументирани критики, типични за СДСМ, искажавте еден куп на невистини, искажавте еден куп на лаги во однос на актуелната ситуација која е во земјоделието кажавте дека има помалку вработени и ќе ве упатам колку има регистрирани земјоделци во периодот од 2006 - 2010 година, колку луѓе се вработени во овој сектор. Кажавте дека субвенциите не даваат резултати, што е уште една ноторна невистина. Рековте дека се исплатени од годинава само 45 милиони евра, можам да ви кажам дека според последните податоци повеќе од 70 милиони евра веќе се исплатени од Платежната агенција и во интерес на вистината, се повеќе од 300 милиони инвестирани во земјоделието. Господине Ќуркчиев, веќе се гледаат конкретните резултати во аграрната политика на оваа Влада, зголемени приходи на земјоделците, зголемена социјална стабилност на руралното население и редовна исплата на ветените субвенции во текот на годината.
Знаејќи дека Македонија е единствена земја која ги исплаќа субвенциите во тековната година, бидејќи тоа не е случај во ниту една европска земја каде што субвенциите се исплаќаат наназад за една година, а ние тоа го правиме и покрај сите проблеми на барање на македонските земјоделци.
Малку симптоматично е што воопшто не го спомнавте тутунот, каде што благодарение на субвенциите дадени за оваа култура, производството од 12 милиони килограми во 2005 година се зголеми на 25 милиони килограми во 2010 година. Тутунарите единствено што памтат од времето на Владата на СДСМ беше неисплатената ветена субвенција од 15 денари во 2006 година, а за реколтата во 2009 и 2010 година се исплатуваат 60 денари комплетно на сите произведени 22 милиони килограми односно 22 милиони евра се дадоа за тутунопроизводителите, со што просечната цена во ваше време беше околу 80 денари, а минатата година беше 245 денари. Има уште многу, многу работи, што се направија за развој на земјоделството, за развој на руралната средина, се купи нова механизација, се изградија нови патишта во селата, нови водоводи и земјоделците господине Ќуркчиев знаат да го ценат тоа и повторно довербата ќе ја дадат на ВМРО ДПМНЕ.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Господинот Ќуркчиев Никола има контра реплика, повелете.
Никола Ќуркчиев: Благодарам.
Почитуван колега, на кого ќе ја дадат довербата земјоделците ќе видиме кога ќе се оди на избори, денес зборуваме за буџет, а не за избори. Што ве тера да мислите на тоа?
Зборувавте за тутунот, но знаете што пишуа во Европскиот Извештај за тутунот, прочитавте? Еве јас да ви прочитам: „воведените мерки се разликуваат од одредбите на Европската унија во одредени области, особено за тутунот“. Што сака да каже писателот не знам, веројатно вие знаете подобро.
Меѓутоа, како ветеринар зошто не се грижите, зошто нема пари за млекарите, зошто никогаш не гласате или не го поддржувате амандманот за пари за излажаните млекари во делот на Сведмилк, зошто еднаш не се пријавивте да ги поддржите тие луѓе? Заслужуваат ли тие тоа што им се случува денес? Така не се крепи земјоделието.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Реплика има господинот Грозданов Цветко, повелете.
Цветко Грозданов: Благодарам.
Во интерес на времето, ќе ви реплицирам само во два дела од вашето излагање господине Ќуркчиев и тоа каде што зборувате за недомаќинското трошење на средствата од Владата и во однос на она што се инвестиции во железницата.
Господине Ќуркчиев, би сакал да ве запрашам искрено дали знаете дека буџетскиот дефицит на Република Македонија е 2,5% и дека е меѓунајниските во Европа. Би сакал да направам споредба, 2005 година, кога беа вашите најдобри години и дас ви кажам во однос на непродуктивните расходи кои ги имавте тогаш. Во Буџетот од 1,4 милијарди евра, господине Ќуркчиев вие имавте 7 милијарди денари непродуктивни расходи, а во 2010 година кога буџетот беше 2,5 милијарди евра ние господине Ќуркчиев имавме 9 милијарди денари расходи. Ако споредиме, тоа се 2:1, ќе видите дека тука многу сме заштедиле и сме работеле многу подомаќински од она што вие би сакале да го прикажете на оваа говорница.
Исто така, во однос на она што вие сте го работеле и ние како домаќинско работење сакаме да кажеме дека на некој начин е вред од страна на Владата на Република Македонија, и ако не се спомнува и не се познава структурата на влезот на средствата, кога премиерот Никола Груевски беше министер донесе еден конвертибилен сертификат кој е рамен на една обврзница, со кои ги обештети сите граѓани од ТАТ, за она што вие го направивте. Подоцна ќе ви кажам за она што се нарекува денационализација, која што вие ја замревте во 4 години се одвоени над 80 милиони евра кои се слеани во џебовите на граѓаните.
Сега би сакал да се вратам на вториот дел во однос на железницата. Изборниот трик кој што го направивте во 1997 година ако се сеќавате, кога беше Бранко Црвенковски на власт, кој што укажа на градбата на железницата и спојувањето на Република Македонија со Република Бугарија преку железницата ќе напомнам дека беа инвестирани над 200 милиони евра кои денес претставуваат споменик од владеењето на СДСМ кои се вметнати, поточно вградени во бетонски мостови. Ни по вашето доаѓање во 2002 година до 2006 година не ја продолживте изградбата и не ги изградивте.
Господине Ќуркчиев, денес се одвојуваат многу средства, се одвојвуаат над 436 милиони денари за развојот на железницата, за разлика од вас, кога во вашата програма господине Ќуркчиев немате ниту еден ред спомнато за развојот на железницата.
Јас би сакал да кажам дека господинот Црвенковски навистина изгради една модерна летечка железница, како што сакате вие да кажете, исто онаква како во филмот „Војната на ѕвездите“. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Контра реплика има господинот Ќуркчиев Никола, повелете.
Никола Ќуркчиев: Не знам зошто, ама како што одат репликите се повеќе зборувате за избори, а денес зборуваме за буџетот. Не кажавте ништо за буџетот, заради тоа што ако мислите да кажете почитуван колега ќе кажевте дека Република Македонија без модерна и ефикасна железница тешко дека ќе ја преброди оваа економска криза. Тогаш ќе зборуваме за буџетот, не може поинаку, оставете го тоа што било во 2001, што било 1991 година, 1997 година или не знам која година. Ако беше готова пругата со Бугарија три пати поефтино нашите производи ќе одеа на исток. Зошто не ја направиме, зошто ни денар не инвестираме во та пруга, така да ја гледаме работотата. Еден мост не направивме таму, а не дај ги критикуваме тие што се направени.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Господинот Пачемски Миле, има реплика, повелете.
Миле Пачемски: Благодарам претседателе.
Колега Ќуркчиев во вашата дискусија во врска со транспорт и врски рековте дека во Македонија има увоз на стари возила - отпад. Така рековте дека се спрема увоз на отпад и од САД. Јас со ова не се сложувам затоа што одлуката на Владата што дозволи увоз на стари возила, беше примена со воодушевување кај граѓаните на Република Македонија. Знаете дека поради тоа се увезоа огромен број на автомобили. Точно дека тие беа постари, староста, 7, 8 - 10 години, меѓутоа мора да знаете дека тие граѓани пред тоа имале автомобили кои биле по 20 или по 25 години стари. Така да сепак увезените автомобили, сега се спак понови од тие што ги имале.
Втор момент дека тие автомобили ќе се возат по лоши патишта. И со ова не се сложувам, точно дека патиштата не се којзнае колку идеални во Република Македонија, меѓутоа факт е дека во изминатиот период од неколку години се вложија многу средства за обновување на регионалнтие патишта, на локалните патишта, меѓутоа вие добро знаете дека од буџетскиот дефицит кој што е 2,5%, предвиден за идната година, дека 0,3%, точно отпаѓаат на проекти кои се финансирани од странски кредити и се токму наменети за изградба на патната мрежа во Република Македонија. Впрочем да ве потсетам дека во последниот извештај од Европската комисија е дадена многу добра оценка за патната мрежа која што се поправа во Република Македонија.
Во поглед на земјоделието. Рековте дека до сега се исплатени 45 милиони евра за субвенции и тоа можеби е така и мислам дека и не е грешка, затоа што има време. Ќе ве потсетам дека политиката на Европската унија во давањето субвенции, дека тие субвенции се исплатуваат во тековната година за претходната година, а ние сега овие субвенции ги исплаќаме еднаш и предвреме за постоечката година. Јас сум оптимис и знам дека во месец декември, може и месец јануари, најкасно февруари ќе бидат исполнети сите 100 милиони евра за субвенции.
Се прашувате дали има ефект од субвенциите. Јас би рекол дека има ефект од субвенциите, а тоа го кажуваат и следните податоци, бројот на овците е зголемен од 500 илјади на 700 илјди во Република Македонија. Бројот на козите исто така зголемен од 30 илјади на 100 илјади. Бројот пчелните семејства е драстично зголемен. Бројот на кравите не бележи пораст, меѓутоа не бележи ниту намалување. Бројот на површините кои се под овошји насади е драстично зголемен. Така да целиот тој ефект од оваа политика е добар и впрочем, ќе видите дека дефицитот на трговијата со земјоделските производи постојано се намалува. Значи, имаме сега поголем извоз отколку увоз на земјоделски производи.
Во поглед на пошумувањето, доаѓам од место Берово, каде што знам каква е состојбата, значи и овој проблем драстично се намалува со време. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Господинот Никола Ќуркчиев има контра реплика, повелете.
Никола Ќуркчиев: Не сум навикнат искрен да бидам ама, добро тука е.
Почитуван колега кога зборуваме за транспортот, јас читам документи. Ние како Парламент, значи овој состав, ја донесе Националната стратегија во 2009 година во која што напишавме дека во Република Македонија ќе ги намалиме за 50% сообраќајните незгоди. Ќе го направиме тоа со овие патишта? Знаете што од тогаш се смени. И тоа знаете до кога - до 2014 година. Тоа е Националната стратегија. Унапредувањето на квалитетот на патиштата во Република Македонија во изминатите 4 години е 0%. Унапредувањето на техничката исправност на возилата е минус 20%. Ама тоа не е моја констатација, тоа е меѓународната федерација за патишта. Била во Република Македонија и донела таква коснтатација.
Да ви кажам податоците во Националната стратегија од 2007 година, знаете што велат. Велат вака: 52 сообраќајни незгоди дневно, 12 незгоди со сериозни повреди и не треба да зборуваме, дајте да направиме нешто. Не треба да се натпреваруваме на ваков начин.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Господинот Мукоски Крсто има реплика, повелете.
Крсто Мукоски: Благодарам претседателе.
Колега Ќуркчиев се согалсувам во едно со вас дека овој документ што го носиме буџетот на Република Македонија за 2011 година е од исклучително значење за граѓаните на Република Македонија. Меѓутоа со самиот почеток на вашата дискусија и тоа ме предизвика да се пријавам за реплика, самите на некој начин се демантиравте со тоа што го изјавивте дека овој буџет е список на желби. Значи овој буџет е список на граѓаните на Република Македонија, особено ако ја гледаме расходната страна која тежи 2 милијарди и 600 милиони евра. Особено ако ја гледаме ставката за капитални расходи, тука ги гледаме потребите на граѓаните на Република Македонија. И не може да тврдите дека е список на желби. Ако сумарно земете, никогаш не сакам да правам споредби за владеењето во времето на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, меѓутоа мора да се каже. Ако сумарно земете, никогаш не сакам да правам споредби со владеењето на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа мора да се каже, само вредноста на капиталните инвестиции е една третина во целокупниот ваш буџет во 2005 година. Дополнително средства повеќе од 2010 година за 2011 година се определени во процент од 29%. Или некаде околку 85 милиони евра дополнителни средства. Сите овие средства колега Ќуркчиев ќе одат за потребите и намените за граѓаните.
Јас неколку пати во текот на вчерашниот ден кажав дека дополнителни средства има во стратешките ресори, во здравство, во образование, во транспорт и врски, во Агенцијата за патишта, во труд и социјала, за капитални инвестиции, 3,8% се зголемуваат средствата за социјално ранливите категории. Од каде ви е таа констатација дека ова е список на желби и јас искрено не можам да ве разберам.
Што се однесува до невработеноста, сиромаштијата и стандардот. Можам едно да ви кажам дека невработеноста, единствено беше намалена од осамостојување на Република Македонија до денес во времето 2006, 2007, 2008 година на некаде 30%. Во моментот таа изнесува околу 33%. После оние две тешки години на светска економска криза. Сиромаштијата, кажете ми освен во 2007 и 2008 година кога паднала под 32%. Во историјата на Република Македонија животниот стандард зборувате, а се потрудив да извадам една статистика иако многу колеги од СДСМ рекоа дека не веруваат во статистика, еве за октомври 2005 година колкав бил животниот стандард и октомври 2010 година. Тогаш граѓаните земале нето плата 12.785 денари денес во октомври земале 20.330 денари. Процентот на кошницата во однос на платата тогаш чинел 75,9% во октомври 2010 година 59,8%. Јас не знам од оваа говорница кој ја зборува вистината и кој лаже. И дефинитивно кога зборуваме за Буџетот треба да ги мериме зборовите. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Господинот Ќуркчиев Никола има контра реплика, повелете.
Никола Ќуркчиев: Почитуван колега, се сложувам со вас дека понекогаш не сакаме да ги кажеме работиве со вистинското име. Зборувам за буџет за 2011, зборуваме за статистики 2005 година, зошто не кажете колку беше цената на нафтата или на бензинот тогаш. Дека десет пати беа пониски тогаш, зошто не кажавте дека тогашниот буџет беше 1 милијарда сега е скоро 3. Не знам вие знаете, вие сте по статистиката, пишува во вашата табела, јас не ја знам. Меѓутоа ако сегашниот буџет е скоро 3 милијарди, а тогаш беше една, јасно е дека работите треба да ги гледаме поинаку. Меѓутоа, да не зборувме за 2005, не зборуваме за 2006 година, како да ставиме точка за крај на ова неразумно трошење. Вие сте за капитална инвестиција, триумфална капија? За Ден на дрвото? Зошто се срамиме сите.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Никола Котевски има реплика, повелете.
Никола Котевски: Благодарам Претседателе.
Почитуван колега Ќуркчиев, внимателно ја слушав вашата дискусија и ќе реплицирам во 4 сегменти на таа дискусија. Кога зборувавте околу делот на патната инфраструктура, во делот на железницата, во земјоделието и последното што го зборуваше Крсто Мукоски околу стапката на сиромаштија. Во ред имавте одмерена дискусија и сте еден од пратениците на СДСМ кој што поодвмерено дискутираат и можеме аргументирано да зборуваме по однос на повеќе проблематики.
Мене ме интересира една работа. Зошто постојано избегнувате да правите компарација помеѓу периодот кога вие бевте на власт и кога ВМРО-ДПМНЕ ја води Македонија, затоа што ако констатираме да некој е подобра или полош треба да имаме споредбени показатели. Што се правело во дадена област во еден период и што денес за да можат граѓаните да ја направат таа разлика и да видат дали сега подобро се работи или не.
Во делот на патната инфраструктура ќе наведам неколку податоци за досега реализирани проекти.
Во делот на патната инфраструктура во периодот 2006 до 2010 година се вложени 2 милијарди и 400 милиони денари, а во периодот од 2002 до 2006 година 1 милијарда и 300 милиони денари. Разликата е сосема евидентна.
Во делот на железницата во периодот 2006 – 2010 година 8,5 милиони евра, во периодто 2002 – 2006 година немаше никакви инвестиции.
Читајќи ја внимателно вашата програма Решение за Македонија со која што излеговте во изминатиот период таму железницата не ви е приоритет, затоа што воопшто во ни еден дел во вашата програма не постои како термин. Јас внимателно го читав тој документ, не успеав да забележам дека некаде железницата е воопшто споменета. И ова неколку пати го имам потенцирано затоа што таа програма ги дефинира вашите приоритети, евентуално кога би дошле на власт, што би реализирале, што би работеле.
Во делот на земјоделието едноставно нема споредба. До сега се исплатени 280 милиони евра убвенции. Само во битолскиот регион каде што некаде околу 10 илјади семејства живеат од земјоделие се исплатени во изминатите години 28 милиони евра, значи далеку повеќе од тие 6 милиони евра кои што ги плаќавте во периодот 2005-2006 година.
Околу стапката на сиромаштија, во периодот од 2005-2006 таа изнесувала 49%, а сега е 30%, значи имаме далеку подобри резултати и покрај светската економска криза која што е на товар на Владата на Република Македонија, влијанието нејзино врз економијата...
Достарыңызбен бөлісу: |