Правда и внатрешни работи


L. СУДСКА СОРАБОТКА КАЈ ГРАЃАНСКИ И КРИВИЧНИ ПРАШАЊА



бет46/51
Дата29.06.2016
өлшемі3.39 Mb.
#166383
1   ...   43   44   45   46   47   48   49   50   51

L. СУДСКА СОРАБОТКА КАЈ ГРАЃАНСКИ И КРИВИЧНИ ПРАШАЊА



1. Ве молиме да дадете информација за законите или другите прописи со кои се регулира ова подрачје како и за нивната усогласеност со соодветните меѓународни конвенции.


Во Република Македонија постапката за давање на правна помош за исполнување на обврските пропишани со меѓународните конвенции во граѓанските и кривичните предмети е пропишанa со домашното законодавство, освен ако поинаку не е утврдено со меѓународни договори.

Според член 118 од Уставот на Република Македонија, меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот, се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон, а во член 119 од Уставот меѓународните договори во името на Република Македонија ги склучува претседателот на Република Македонија. Меѓународни договори може да склучува и Владата на Република Македонија кога тоа е определено со закон.

Согласно Законот за кривичната постапка (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 15/97, 44/02 и 74/04), меѓународната правна помош во кривичните предмети се врши според одредбите на овој закон, доколку со одредбите на Европската конвенција за меѓусебна правна помош во кривичната материја со Протоколите, Европската конвенција на Обединетите нации за транснационален организиран криминал и со другите меѓународни договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија, не е определено поинаку.

Горенаведените одредби се применуваат кога државата подносител на барањето не ја има ратификувано Европската конвенција за меѓусебна - правна помош во кривичната материја со Дополнителниот протокол или кога постојат билатерални договори помеѓу двете држави. Начелото на взаемност во казнените предмети во Република Македонија е напуштено, меѓутоа, не е исклучено, па во одредени случаи ќе биде применето, согласно член 505 од Законот за кривичната постапка, кога домашните судови можат да ја прифатат молбата на странскиот орган со која се бара извршување на кривичната пресуда на странскиот суд, ако тоа е определено со меѓународен договор, ако постои реципроцитет и ако санкцијата ја изрече и домашен суд според Кривичниот законик на Република Македонија.

Според членот 5 од Европската конвенција за меѓусебна - правна помош во кривичната материја со Дополнителниот протокол (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 32/99), Република Македонија го задржува правото да ја проследува замолницата за извршување за претрес или заплена на предмети под условите ако повредата поради која се поднесува замолницата е казнива и според законот во Република Македонија, и ако повредата поради која се поднесува замолницата е основ за екстрадиција. Според тоа, во случајот кога замолницата за давање правна помош се однесува на кривично дело за кое според законот издавање не е дозволено, се применува правилото на реципроцитет. Согласно Законот за кривичната постапка, постапката за трансфер на осудени лица се врши според одредбите на овој закон, доколку Европската конвенција за трансфер на осудени лица со Дополнителниот протокол и со другите меѓународни договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија не е определено поинаку.

Освен наведената Европската конвенција за меѓусебна правна помош во кривичната материја со Дополнителните протоколи, меѓународни договори кои што се однесуваат на тоа подрачје се и Европската конвенција за екстрадиција со својот Дополнителен протокол и Вториот дополнителен протокол; Европската конвенција за трансфер на осудени лица со Дополнителен протокол; Европската конвенција за перење пари, привремено одземање на приходите стекнати со кривично дело; Казнена конвенција за корупција; Граѓанска конвенција против корупција; Европската конвенција за сузбивање на тероризмот; Европската конвенција за компјутерски криминал; Европската конвенција за пренос на казнените постапки; Конвенцијата на Обединетите нации против транснационалниот организиран криминал со нејзините Два дополнителни протокола, како и Вториот дополнителен протокол за меѓусебна правна помош во кривичната материја.

Во Законот за парничната постапка на Република Македонија се утврдени општите одредби, кои ја регулираат постапката за взаемна правна помош во граѓанските предмети и во поголем дел се однесуваат на надлежноста на судовите (член 165 до 169). Според овој закон, судовите ќе им укажуваат правна помош на странските судови во случаите предвидени со меѓународен договор, како и кога постои взаемност во укажувањето на правна помош. Во случаи на сомневање за постоење на взаемност, објснување дава министерот за правда. Меѓутоа, судот ќе одбие да му даде правна помош на странскиот суд, ако се бара извршување на дејствие кое е спротивно на јавниот поредок на Република Македонија. Во таков случај, судот надлежен за укажување на правна помош по службена должност ќе го достави предметот до Врховниот суд на Република Македонија. Главна конвенција која а регулира оваа област е Хашката конвенција за граѓанска постапка од 1951 година, која е транспонирана во националното законодавство.



2. Како се признаваат и извршуваат странските судски одлуки?
a) За општи граѓански и стопански предмети,
б) За кривични предмети.



а) За општи граѓански и стопански предмети

Материјата признавање и извршување на странски судски одлуки е инкорпорирана во позитивниот правен поредок на Република Македонија преку Законот за решавање на судирите на законите со прописите на други земји во определени односи (“Службен лист на СФРЈ”, бр. 43/82), преземен како републички пропис со член 5 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија од 1991 година.

Исто така, Република Македонија по осамостојувањето има склучено повеќе договори за правна помош кои содржат посебни поглавја кои ја регулираат материјата за меѓусебно признавање и извршување на судските одлуки, и тоа:


  • Договор помеѓу Република Македонија и Република Хрватска за правна помош во граѓанските и кривичните предмети (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 19/95) - член 20 - 23;

  • Договор помеѓу Република Македонија и Република Словенија за правна помош во граѓанските и кривичните предмети (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 24/96) - член 20 - 23;

  • Договор меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за правна помош во граѓанските и кривичните предмети (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 16/98) - член 20 - 23;

  • Договор за правна соработка во граѓанските и кривичните предмети меѓу Република Македонија и Република Турција (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 23/97) - член 19 - 24;

  • Договор меѓу Република Македонија и Украина за правна помош во граѓанските предмети (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 48/00) - член 45 - 51;

  • Договор за правна помош во граѓанските предмети меѓу Република Македонија и Република Бугарија (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 13/02) - член 20 – 23;

  • Договор меѓу Република Македонија и Романија за меѓусебна правна помош во граѓанските предмети (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 41/04) - член 23 – 31, кој е ратификуван, но се уште не стапил во сила;

  • Договор меѓу Република Македонија и Србија и Црна Гора за правна помош во граѓанските предмети и кривичните предмети, потпишан во 2004 година , кој сe уште не е во сила.



Исто така во оваа област, Република Македонија по основ на сукцесија се применуваат повеќе договори што ги имаше склучено бившата СФРЈ, од кои, некои се однесуваат во целост, а некои делумно на признавањето и извршувањето на странските судски одлуки. Тоа се одделни поглавја во договорите за правна помош, и тоа со: Австрија, Бугарија, Чешка и Словачка, Унгарија, Полска, Романија и Руската Федерација (поранешна СССР). Со Франција оваа област е уредена со посебен договор, и тоа: Конвенција за признавање и извршување на судски одлуки во граѓанските и трговските предмети, со Грција со Спогодба за взаемно признавање и извршување на судските одлуки, а со Австрија и Белгија се однесуваат само на судските одлуки за издржување (Спогодба со Австрија за взаемно признавање и извршување на одлуките за издршка и Конвенција со Белгија за признавање и извршување на судските одлуки за издржување.

Од изложеното се гледа дека Република Македонија со повеќе држави има склучено договори за правна помош во граѓанските и трговските предмети, кои ја регулираат материјата за признавањето и извршувањето на странските судски одлуки и во таквите ситуации, надлежните органи во Република Македонија, покрај одредбите од соодветните билатерални договори ги применуваат и одредбите од Законот за решавање на судирите на законите со прописите на други земји во определени односи. Во случаите кога треба да се применат одредбите од овој закон и меѓународните договори, предност секогаш имаат меѓународните договори.

Република Македонија е странка по основ на сукцесија на следниве конвенции: Конвенцијата на Обединетите нации за остварување на алиментациони побарувања во странство од 20.05.1956 година, Меѓународната Конвенција за граѓанска одговорност за нуклеарна штета од 21.06.1963 година.

Република Македонија во 1994 година и пристапи на Конвенцијата за признавање и извршување на странски арбитражни одлуки од 1958 година, Конвенцијата за извршување на странски арбитражни одлуки од 1927 година, Европската конвенција за меѓународна трговска арбитража од 1961 година, Протоколот за арбитражни одлуки од 1923 година и истите при признавањето и извршувањето на арбитражните одлуки ги применува.

Во меѓународните договори во кои Република Македонија се јавува како странка, предмет за признавање и извршување можат да бидат судските одлуки во областа на граѓанското и семејното право, судските порамнувања, судските одлуки донесени во областа на казненото право кои се однесуваат на барања за надомест на штета предизвикано со кривично дело и враќање на предмети, судски, арбитражни одлуки и порамнувања во стопанските (трговските) предмети.

Во Законот за решавање на судирите на законите со прописите на други земји во определени односи (член 101 став 2) и во меѓународните договори, таксативно се набројани претпоставките кои мораат да бидат во кумулативна и позитивна, односно негативна смисла исполнети, за да може странската судска одлука да се признае на територијата на Република Македонија. Тоа се, воглавно, општоприфатени услови во меѓународното-приватно право, и тоа: странскиот суд да може да пристапи во таа работа, судската одлука да е правосилна и извршна, во постапката да немало неправилности заради кои лицето против кое одлуката е донесена не можело или не учествувало во постапката и да не се повредени правилата за доставување. Покрај тоа, битно е да не се повредени ни материјално правните прописи со кои се штити општествениот поредок во Република Македонија, а во одредени случаи од значење е и прашањето дали во решавањето на одредени правни односи е применето важечкото законодавство на Република Македонија. Исто така, нужно е да постои взаемност за признавање и извршување на судските одлуки.

Кога признавањето на странската судска одлука се оцени од становиште на домашниот законски режим за взаемност, прв и најважен услов е судот да не ги испитува останатите услови, туку по правило да го одбие признавањето. Кога пак, признавањето и извршувањето со странската државата е удредно со договорот, прашањето за взаемност не се поставува затоа што постоењето на меѓународен договор само по себе ја одредува взаемноста.

Судот кој одлучува за признавање на странски судски одлуки, утврдува од гледиште на меѓународниот договор доколку таков постои со одредена странска држава, односно од законските одредби во кои е уредена надлежноста на Република Македонија, дали странскиот суд можел да биде надлежен во тој предмет.

Согласно Законот за решавање на судирите на законите со прописите на други земји во определени односи, странската судска одлука нема да се признае во Република Македонија, ако во односната работа постои исклучителна надлежност на судот или на друг орган во Република Македонија (член 89 став 1). Меѓутоа, доколку тужениот бара признавање на странската судска одлука која е донесена во брачен спор или ако тоа го бара тужителот, а тужениот на тоа не се противи, исклучителната надлежност на судот во Република Македонија не е пречка за признавање на таа одлука (член 89 став 2).

Исто така, исклучителната надлежност на суд на Република Македонија не е пречка за признавање на одлуката на странскиот суд кога таа се однесува на личната состојба (статус) на државјаните на државата за чија одлука е во прашање (член 94 став 1).

Доколку во странската држава не постои договорена взаемност, се поаѓа од претпоставката дека взаемност постои, додека не се докаже спротивното (член 92 став 3 од Законот за решавање на судирите на законите со прописите на други земји во определени односи).

Странска судска одлука нема да се признае ако не постои взаемност. Непостоењето на взаемност не е пречка за признавање на странска судска одлука донесена во брачен спор и во спор заради утврдување и оспорување на татковство или мајчинство, како и ако признавање и извршување на странска судска одлука бара државјанин на Република Македонија (член 92 став 2) и кога признавањето на одлуката на странските судови се однесува на личната состојба (статусот) на државјанин на државата чија одлука е во прашање (член 94 став 1).

Почитувањето на општествениот поредок во државата на признавање е општоприфатлив услов за признавање и извршување на странските судски одлуки, како врз основа на договорениот, така и врз основа на законскиот режим за признавање на тие одлуки. Во Законот за решавање на судирите на законите со прописите на други земји во определени односи во членот 91, предвидено е странската судска одлука да не се признае ако е во спротивност со основите на општествениот поредок утврден со Уставот на Република Македонија.

Примената на одредено супсидијарно право по Законот за решавање на судирите на законите со прописите на други земји во определени односи (член 93) е услов за признавање на странска судска одлука, но само во случаите кога странскиот суд одлучувал за личната состојба (статусот) на државјанин на Република Македонија, а според овој закон требало да се примени правото на Република Македонија. Во сите двострани договори во кои Република Македонија е странка, правосилноста и извршноста на странската судска одлука е услов за признавање и извршување на тие одлуки.

Странската судска одлука за да биде призната во Република Македонија, нужно е да има стекнато својство на правосилност по правото на државата во која е донесена. Како доказ подносителот на барањето должен е да поднесе и соодветна потврда на надлежниот странски суд, односно друг орган (член 87).

Странска судска одлука нема да се признае ако во истата работа судот или друг орган на Република Македонија донесол правосилна одлука или ако во Република Македонија е признаена некоја друга странска судска одлука што е донесена по истата работа (член 90).

Одредба за литиспенденција е содржана во член 90 став 2 од Законот за решавање на судирите на законите со прописите на други земји во определени односи, која пропишува дека судот ќе застане со признавањето на странската судска одлука ако пред суд на Република Македонија во тек е порано покренатата постапка за иста правна работа и меѓу истите странки, и тоа до правосилното завршување на таа парница.

Исто така, начелото audiatur et altera pars е една од претпоставките за признавање на странските судски одлуки. Имено, членот 88 став 1 од Законот за решавање на судирите на законите со прописите на други земји во определени односи, пропишува, дека признавањето на странската судска одлука ќе биде одбиено ако лицето против кое е донесена таа одлука утврди дека не можело да учествува во постапката поради неправилности во текот на постапката.

Особено ќе се смета дека лицето против кое е донесена странската судска одлука не можело да учествува во постапката поради тоа што поканата, тужбата или решението кога започнала постапката не биле лично доставени, односно не бил направен ниту обид за лично доставување, освен ако на било кој и да било начин тој се впуштило во расправата во главната работа во првостепенена постапка (член 88 став 2 од Законот за решавање на судирите на законите со прописите на други земји во определени односи). Овој услов е предвиден во скоро сите меѓународни договори, со тоа што во договорите се прецизира дека барањето од странката, доколку таа процесно била неспособна била правилно застапувана пред судот. На оваа негативна претпоставка во постапката за признавање на странски судски одлуки судот ex officio не внимава на признавањето, туку одлучува само по основ на приговор од лицето против кое одлуката е донесена.

Во однос на постапката за признавање и извршување на странските судски одлуки треба да се напомене дека Законот не содржи посебни одредби кои се однесуваат на постапката, освен одделни одредби содржани во членот 101 од Законот за решавање на судирите на законите со прописите на други земји во определени односи. Под извршување на странските судски одлуки се подразбира нејзиното признавање и прифаќање како извршна исправа, а не и нејзино присилно извршување. Еден број од меѓународните договори во кои е уредено прашањето за признавање и извршување на странските судски одлуки содржи и некои процесни одредби за признавањето (пр. договорите со Бугарија, Франција, Чешка и Словачка).

Постапката за признавање на странски судски одлуки се спроведува по правилата на вонпарничната постапка. Постапката по правило ја покренуваат некои од лицата кои биле странки во постапката пред странскиот суд. Признавање на одлука на странскиот суд во работи што се однесуваат на личната состојба (статусот) може да бара секој кој за тоа има правен интерес (член 101 став 6 од Законот за решавање на судирите на законите со прописите на други земји во определени односи)

Законот за решавање на судирите на законите со прописите на други земји во определени односи содржи правила за месна надлежност, одредувајќи дека е надлежен судот на чие подрачје треба да се спроведе постапката за признавање, односно извршување (член 101 став 1) а одредбите за стварна надлежност се наоѓаат во Законот за судовите (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 35/95 и 45/95), и тоа во член 32 став 1 под б) кој пропишува дека основните судови решаваат за признавање и дозволување на извршување на одлуките на странските судови.

За барањата за признавање на странски судски одлуки судот одлучува со решение, не впуштајќи се во расправата на фактичката состојба ниту во законитоста на странската судска одлука, туку се ограничува само на тоа да ги испита постојните договорни, односно законски услови за признавање на таа одлука.

Ако, пак, се утврди постоење на пречки кои го попречуваат признавањето, односно извршувањето на судот со решение ќе се одбие барањето. Против решението допуштена е жалба во рок од 15 дена од денот на доставата. За жалбата одлучува второстепениот суд.

За признавањето на странската судска одлука доколку не е донесено посебно решение, овластен е да одлучува секој суд како и за прејудицијарните прашања, но само со постапувањето во таа постапка (inter partes).

Тоа правило особено може да дојде до израз во присилно извршување на странските кондемнаторни судски одлуки, на што посебно упатува и одредбата од член 11 од Законот за извршната постапка (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 53/97, 59/00 и 64/03), која пропишува дека извршните одлуки на странските судови можат да се дозволат и да се спроведат во Република Македонија само ако одлуките ги исполнуваат претпоставките за признавање и пропишани со закон.

Исто така, признавањето и извршувањето на странските арбитражни одлуки е регулирано во Законот за решавање на судирите на законите со прописите на други земји во определени односи (“Службен лист на СФРЈ”, бр. 43/82), кој Република Македонија го има преземено согласно член 5 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија, како републички пропис од 1991 година. Имено, како странска арбитражна одлука се смета арбитражна одлука што не е донесена во Република Македонија. Странската арбитражна одлука има припадност на државата во која е донесена. Како странска арбитражна одлука се смета и арбитражна одлука што е донесена во Република Македонија, при чие донесување е применето правото на странската држава во поглед на постапката, ако тоа не е во спротивност со принудните прописи на Република Македонија. Странската арбитражна одлука на овој член има припадност на државата чие право во поглед на постапката е применето (член 97 од Законот).

Условите и постапката за признавање и извршување на странските и арбитражни одлуки се регулирани во овој закон и битно не отстапуваат од одредбите за признавање и извршување на судските одлуки (член 100 и 101 од Законот).



б) За кривични предмети

Постапката за признавање и извршување на странските судски одлуки за кривичните предмети во Република Македонија, како институт е инкорпориран во македонскиот правен систем во одредбите од Законот за кривичната постапка (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 15/97 и 44/02). Во Главата ХХХ, која ја уредува “постапката за давање меѓународна правна помош и извршување на меѓународни договори во кривично-правни предмети” согласно членот 505 домашните судови можат да ја прифатат молбата на странскиот орган со која се бара извршување на кривична пресуда на странски суд или на меѓународен суд доколку тоа е определено со меѓународен договор или ако постои реципроцитет или ако санкцијата ја изрече домашниот суд според Кривичниот законик на Република Македонија. Надлежниот суд донесува пресуда во совет составен согласно член 22 став 6 на овој закон и за седницата на советот ќе го извести и јавниот обвинител и бранителот. Месната надлежност на судот во постапката за признавање и извршување на странските судски одлуки се определува според местото на раѓање или последното живеалиште на осуденото лице, а додека стварната надлежност се определува согласно членот 32 став 1 точка б) од Законот за судовите (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 35/95 и 45/95), според кој основните судови во Република Македонија се надлежни и за признавање и дозволување на извршување на одлуките на странските судови. Со пресудата со која се признава странската судска одлука во изреката домашниот суд ја внесува целосната изрека и називот на судот од странската пресуда и при тоа ќе изрече санкција соодветна со казната која ја изрекол странскиот суд, додека пак во образложението се изнесуваат причините по кои се раководел судот при изрекувањето на санкцијата. Против оваа пресуда жалба може да изјави јавниот обвинител, осудениот или пак неговиот бранител.

Во случаите кога државјанин на Република Македонија е осуден во странство и при тоа поднесе барање за доиздржување на казната затвор во Република Македонија, ова барање подлежи на признавање или извршување на странската судска одлука согласно одредбите од Европската конвенција за трансфер на осудени лица (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 32/99), која е во сила од 01.11.1999 година, додека постапката пред судот е во согласност со одредбите од Законот за кривичната постапка. Доколку странски државјанин, кој е осуден од домашен суд или лицето овластено со договор поднесе молба до првостепениот суд, осудениот да ја доиздржи казната затвор во земјата чиј државјанин е, првостепениот суд ќе постапи по меѓународен договор.

Извршувањето на пресуда на меѓународен суд се врши според меѓународен договор за неговото основање, ратификуван во согласност со Уставот на Република Македонија. Кривичниот совет согласно член 22 став 2 од Законот за кривичната постапка, на месно надлежниот првостепен суд, со пресуда ја потврдува автентичноста и извршноста на пресудата на меѓународниот суд и го определува начинот на извршување на санкциите или другите мерки.

Домашните судови постапуваат на молба на странскиот орган при преземање на привремени мерки на обезбедување од член 203-а на овој закон (кој се однесува на привремено замрзнување, запленување, задржување на фондови, банкарски сметки и финансиски трансакции или преноси од кривичното дело) или при извршување на мерката конфискација на имот и имотна корист и одземање на предмети, при што постпауваат во согласност со одредбите на меѓународен договор. Конфискуваниот имот и имотна корист или одземените предмети можат да се отстапат со судска одлука на странска држава под услови определени со меѓународен договор. Домашните судови под услови определени со меѓународен договор можат да побараат од странски органи определување на привремени мерки на обезбедување од член 203-а на овој закон и извршување на конфискација на имот и имотна корист и одземање на предмети. Во случај кога со меѓународен договор е определено дека конфискуваниот имот и имотна корист треба да се подели меѓу Република Македонија и друга држава, таков предлог до странската држава доставува Министерството за правда.

Согласно членовите 118 и 119 од Уставот на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 52/91), меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот поредок и не можат да се менуваат со закон.

Република Македонија, исто така, има склучено и неколку билатерални договори со кои се регулира и овој институт, односно во поглед на признавање и извршување на странските судски одлуки. Вакви билатерални договори Република Македонија од осамостојувањето од 1991 година до денес има склучено со РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА - Договор меѓу Република Македонија и Република Хрватска за меѓусебно извршување на судски одлуки во кривичните предмети (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 17/95) - стапил во сила од 07.08.1997 година; со РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА - Договор меѓу Република Македонија и Република Словенија за меѓусебно извршување на судски одлуки во кривичните предмети (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 24/96) - стапил во сила од 05.09.1997 година; со РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА - Договор меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за меѓусебно извршување на судски одлуки во кривичните предмети (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 16/98) - стапил во сила од 05.09.1997 година; со РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА - Договор за правна соработка во граѓанските и кривичните предмети меѓу Република Македонија и Република Турција (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 23/97) - стапил во сила од 28.07.2000 година; со СРБИЈА И ЦРНА ГОРА - Договор меѓу Република Македонија и Србија и Црна Гора за правна помош во граѓанските предмети и кривичните предмети.

Во прилог на горенаведеното, напоменуваме дека Република Македонија е во фаза на преговори за склучување на двострани договори за меѓународна - правна помош со Босна и Херцеговина, Полска, Руската Федерација, Соединетите Американски Држави, Грција, Канада, Швајцарија, Австралија, Унгарија, Република Чешка и Словачка.

Постапките утврдени со овие договори, во најголем дел се однесуваат на воспоставување на одредбите од веќе споменатата Европска конвенција за трансфер на осудени лица, а разликите се однесуваат во поглед на поедноставување или усогласување на постапките.



Достарыңызбен бөлісу:
1   ...   43   44   45   46   47   48   49   50   51




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет