ДЕЛ 3:
Во продолжение е даден пример на купопродажен договор, сличен на оној што ќе биде потпишан со најуспешните понудувачи.
Се дава како информација за понудувачот за полесна калкулација на времето на испорака и финансискиот ризик при евентуални доцнења и неисполнувања на обврските.
Не е потребно да се пополнува ниту во него да се ставаат податоци кои би се сметале за дел од понудата.
Ве молиме за посебно внимание на членовите од 5 до 12 од примерот!
Предмет:
|
Договор за купување / продажба и одржување на компјутерска опрема
|
Проект:
|
Компјутерска лабораторија за претприемачи во Македонија
|
ДОГОВОР број: WUF/IK/FOSIM/CLEM/08121 IT
Склучен на хх.хх.2008 помеѓу:
хххххх ДОО - ГРАД
Застапуван од ххххххххх хххххххххх, директор, во понатамошниот текст продавач
и
ФОНДАЦИЈА ИНСТИТУТ ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО - МАКЕДОНИЈА
застапувана од Владимир Милчин, извршен директор, во понатамошниот текст купувач;
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
ЧЛЕН 1
Предмет на овој договор е продажба, односно купување на компјутерска опрема за потребите на проектот Креативна настава и учење за опремување на Фондација ПСМ. Составен дел на овој договор е понудата со референца WUF/IK/FOSIM/CLEM/08121 IT издадена од Продавачот за Фондација Институтот отворено општество-Македонија, во кои се наоѓа комплетната спецификација на производи кои треба да се испорачаат:
П
|
Производ
|
Единечна цена
|
Кол
|
Вкупна цена
|
Спецификација
|
1
|
Компјутерски систем
|
$хххх.00
|
72
|
$хх,ххх.00
|
хххххххххххххх 2.6GHz
|
Motherboard - P4 Socket 478, AGPx8, 800FSB
CPU Intel Pentium 4 – 2.4 GHz
256MB DDR RAM,
80GB HDD 7200rpm,
1, 44 FDD
CD-RW drive,
128MB VGA card (not onboard),
Integrated Audio,
LAN 10/100,
USB 2.0,
multimedia keyboard+optical mouse+mouse pad,
монитор LCD 17” – со минимални карактеристики: Screen size: 17'' , Technology: TFT active matrix , Brightness: min. 250 cd/m² , Contrast ratio: min. 400:1 , Dot pitch: min. 0.26mm, Maximum refresh rate: min. 75Hz
лиценциран Windows XP Home.
|
|
Опциони доплати:
|
|
|
|
1
|
CPU Intel Pentium IV 2.8 GHz 800MHz
|
$xx.00
|
10
|
$xxx.00
|
2
|
Dimm 512MB DDR
|
$xx.00
|
10
|
$xxx.00
|
3
|
HDD 120GB 2MB
|
$xx.00
|
10
|
$xxx.00
|
4
|
Speakers + headphones + microphone
|
$x.50
|
10
|
$xxx.00
|
5
|
Windows XP Professional licensed
|
$xx.00
|
6
|
$xxx.00
|
|
|
|
|
$xxx..00
|
|
|
|
|
|
2
|
Испорака, вмрежување, пуштање во работа, инсталација на мрежни кабли и конектори, поврзување со Switch, сетирање на рутер во секоj од факултетите
|
$хх.00
|
xxx
|
$х,ххх.00
|
|
|
|
|
|
2а
|
Преклопник
|
$хх.00
|
15
|
$ххх.00
|
Ххххххх Switch 24 port 10/100 Mbps
compliant with IEEE 802.3 and IEEE802.3u
store and forward switching technology
half and full duplex operation
intellingent flow- control protocol
multicast support
broadcast storm protection
1KB MAC address table
\512KB buffer memory dynamically allocated
CRC filtering
Auto MDI/MDI-X at all ports
no fan- soundless for Soho application
designed with external power supply
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
вкупно
|
$хх,287.00
|
|
ЦЕНА, ПРЕСМЕТКА И ПЛАЌАЊЕ
ЧЛЕН 2
Договорните страни ги прифаќаат начинот на плаќање и условите за испорака дефинирани во обрските на договорните страни во понамашниот дел од овој договор, согласно вкупната цена во висина од Х,ХХХ,ххх.00 МКД.
Компјутерската опрема ќе се испорача, поврзе и пушти во работа во просторијата на Фондација ПСМ, во Скопје, на адреса.....:
ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
ЧЛЕН 3
Со започнување на работите, продавачот ќе започне веднаш по потпишување на овој договор. Купувачот ќе изврши плаќање најмногу ХХ работни дена откако опремата ќе се испорача, поврзе пушти во работа.
РОК НА ИСПОРАКА И ЗАДОЦНЕТО ПЛАЌАЊЕ
ЧЛЕН 4
Испораката и пуштањето во работа на опремата, ќе се случи помеѓу ----------- и ________.
Продавачот нема да наплати магацински трошоци за чување на стоката при сукцесивно испорака на стоката во текот на овој период. Евентуално наплаќање на вакви трошоци по изминување на овој период, во случај на доцнење по вина на ФИООМ ќе бидат предмет на анекс на овој договор
ЧЛЕН 5
Висината на можната оштета за задоцнување при испораката (пенали) е 0.1% од вкупната вредноста на Договорот за секој ден задоцнување, броено од денот предвиден за завршување до денот на кој е завршено со работите. Висината на пеналите не може да надмине 10 % од вкупната вредноста на Договорот.
ЧЛЕН 6
При доцнење на испораката по вина на продавачот подолго од 30 дена , ФИООМ може без било какво обештетување на продавачот, да го прекине договорот, да направи договор со следниот најдобар понудувач, а од продавачот да наплати оштета од 0.1% од вкупната вредноста на Договорот за секој ден задоцнување, броено од денот предвиден за завршување до денот на кој е прекинат договорот по писмен пат. Висината на пеналите не може да надмине 3% од вкупната вредноста на Договорот, а продавачот е должен да ја исплати за помалку од 60 дена дури и во случај кога немало претходни плаќања од страна на ФИООМ. (Или со активирање на гаранцијата за добра изведба)
ЧЛЕН 7
Во случај на непотполна испорака по вина на продавачот и некомплетирање на испораката во период подолг од 30 дена од крајниот рок, ФИООМ може да го прекине договорот, да избере дали ќе ја врати или ќе го плати веќе испорачаното. Продавачот, во ваков случај нема право на било каква надокнада на штета.
ФИООМ може да направи договор со следниот најдобар понудувач за целосна или делумна испорака, а од продавачот да наплати оштета од 0.1% од вкупната вредноста на Договорот за секој ден задоцнување, броено од денот предвиден за завршување до денот на кој е прекинат договорот по писмен пат. Висината на пеналите не може да надмине 3% од вкупната вредноста на Договорот, а продавачот е должен да ја исплати за помалку од 60 дена дури и во случај кога немало претходни плаќања од страна на ФИООМ. Во случај да е прифатена делумна испорака, ФИООМ ќе ја исплати сумата која ја должи намалена за погоре предвидените пенали.
ЧЛЕН 8
Во случај на задоцнето плаќање ќе се калкулира затезна камата и тоа:
- според реесконтната стапка која ја применува НБМ кога исплатите се прават во УСД, плус 3.5% (три и половина посто), на првиот ден од месецот во кој истекува крајниот рок. Казнената камата ќе биде пресметана за периодот помеѓу крајниот рок предвиден за исплата од страна на ФИООМ (исклучително) и датумот на кој реално е направена исплатата сметајќи го денот кога средствата се симнати од сметката на ФИООМ (вклучително).
ПРИЕМ НА СТОКАТА
ЧЛЕН 9
Квалитативен и квантитативен прием на стоката која се набавува, врши комисија составена од страна на набавувачот. Оваа комисија може по случаен избор, во присуство на набавувачот, да отвори потребен број на парчиња и со преглед на внатрешноста да утврди дали се работи за оригинали, произведени од наведениот производител согласно понудата со референца WUF/IK/FOSIM/CLEM/08121 IT. Овој преглед нема да ги измени гарантните услови. Во случај на рекламација, трошоците за оспособување, односно замена на производите паѓаат на товар на продавачот.
За евентуалните недостатоци констатирани при приемот на стоката се составува записник кој го потпишуваат овластените претставници од двете договорни страни.
ЧЛЕН 10
При неисполнување на критериумите на квалитет поради кои ќе дојде до доцнење на испораката подолго од 30 дена , ФИООМ може да го прекине договорот, да направи договор со следниот најдобар понудувач, а од продавачот да наплати оштета согласно Член 7 или Член 8 од овој договор.
ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТОТ
ЧЛЕН 11
Носителот на набавката гарантира за квалитетот на испорачаната стока во гарантен рок кој ќе се смета од денот на приемот на опремата. Во случај на рекламација, трошоците за оспособување на производите паѓаат на товар на продавачот, во согласност со следните гарантни услови:
-
Гарантен пок на компјутерските системи од точка 1 : xx месеци
-
Гарантен рок на хххххх опремата од точките 2а, 2б и 5 : xx месеци
-
Гарантен рок на HP опрема од точките 3 и 4: xx месеци.
Гаранцијата на понудената опрема опфаќа бесплатна работна рака, замена на неисправните делови како и xxxxxxxxxxxxx.
хххххххххх
хххххххххх
Забелешка:
-
за интервенции на лице место се наплатува xxxxxxxxxxxт)
-
ХХХХХХХХ
-
ХХХХХХХХ
Продавачот ги гарантира понудените услови за гаранција, сервисирање и одржување и за нив наведените цени во евра (кои ќе се фактурира по среден курс на НБМ на денот на плаќањето), за цело време на важење на овој договор без разлика од цените и условите кои за тој период ќе му ги диктира овластениот сервисер за продадената опрема во Р.Македонија. Во случај на неисполнување на гаранцијата што ја дава, продавачот на купувачот, во рок не подолг од 3 месеци ќе му исплати обештетување со висина од 10% од вкупната вредност на овој договор.
Член 12
Секоја од договорните странки може да бара раскинување на договорот и надомест на евентуално причинетата штета, доколку другата договорна страна не се придржува кон одредбите на договорот.
Член 13
Плаќање на фактурата од страна на купувачот се врши врз основ на доставената фактура од страна на продавачот, согласно член 2 и 3 од овој Договор.
Член 14
Со склучување на овој Договор, договорните страни се согласуваат сите меѓусебни спорови да ги решаваат спогодбено и во духот на добрите деловни односи, а во случај тоа да не е можно, спорот го решава стварно надлежниот суд во Скопје.
Член 15
Можните измени настанати по склучување на овој Договор, договорните страни ќе ги дополнуваат писмено кон овој Договор со анекси.
Член 16
Договорот стапува во сила почнувајќи од ХХ.ХХ.2008 година и важи до ХХ.ХХ.2013 (најмалку 5 години).
Член 17
Договорот е составен во два (2) еднообразни примероци од кои по 1 за секоја договорна страна.
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
Продавач:
|
|
Купувач:
|
ХХХХХХХ - Скопје
|
|
ФИОО - Македонија
|
|
|
|
ПРИМЕР: ГАРАНЦИЈА ЗА ДОБРА ИЗВЕДБА НА РАБОТИТЕ
(на меморандум од банката)
Покана за тендер бр […………………]
Ние, долупотпишаните, (име, назив на БАНКАТА, адреса), со ова изјавуваме дека на Фондација Институт отворено општество-Македонија, ул.Јане Сандански 111, Скопје, ќе и ги гарантираме, како главен должник, исплатите од (износ на гаранцијата за добра изведба на работите), спомнати во Точка 11 од Објавата за набавки, во име на (име и адреса на Изведувачот), без расправа, веднаш по приемот на првото пишано барање од Фондацијата.
Понатаму се согласуваме дека ниту една промена или додаток на Договорот која накнадно ќе биде направена од страна на ФИООМ и (име на Изведувачот), на било каков начин нема да не ослободи од обврската која е предмет на оваа гаранција. Воедно очекуваме писмена информација за сите такви измени или додатоци.
Гаранцијата ќе стапи на сила од (внесете го денот на стапување на сила на Договорот) и ќе важи 10 дена по завршување на испораката и пуштањето во работа.
Очекуваме гаранцијата да биде ослободена по писмен пат, не подоцна од 30 дена по комплетирање на обврските на Продавачот.
Било каков спор во врска со Гаранцијата ќе се води според легислативата на Р.Македонија, и ќе биде во надлежност на Основен суд Скопје 2-Скопје.
Дата ………….., ../../..
Име и презиме: ………………………За:……………………]
Потпис: ……………..
[печат на банката]
Достарыңызбен бөлісу: |