Информација за спроведени активности од проект во областа на вработувањето во соработка на Министерството за труд и социјална политика и Интернационалната организација за миграции



Дата09.07.2016
өлшемі42.5 Kb.
#185906
Информација за спроведени активности од проект во областа на вработувањето во соработка на Министерството за труд и социјална политика и Интернационалната организација за миграции

Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија во соработка со ИОМ ( Интернационална Организација за Миграции) и Агенцијата за вработување на Република Макеоднија, во периодот од септември 2009 до Јуни 2010 год спроведуваше проект за градење на капацитети и директни активности за превенција на илегална миграција и трговија со луѓе кај ромската заедница преку зајакнување на вештини за вклучување на пазарот на трудот. Проектот беше подржан од страна на Владата на Кралството Норвешка


Проектот беше успешно комплетиран и предвидените резултати беа успешно реализирани. Вкупно 75 корисници-Роми кои живеат во Скопје и Тетово посетуваа стручни курсеви по: монтажа на гипс картон, кроење и шиење, производство на здрава храна, градежништво, сметководство, прозводство и боење на мебел, производство на чевли, фризерство, заварување, монтажа на грејни тела и прозводство на санитарија. Со цел да се овозможи примена на знаењето стекнато на тренингот, како и да се придонесе кон можноста за самовработување на корисниците, на секој корисник му беа доделени алати/опрема во согласност со видот на завршениот стручен курс.
Во тесна соработка со Министерството за Труд и Социјална Политика, Агенцијата за Вработување и Работничките Универзитети беше организиран и тренинг на работно место за 40 корисници.
Проектот подржа и бизнис курс за 30 лица кои покажаа интерес да се здобијат со повеќе знаење за основање и менаџирање на мали бизниси.
Во склоп на проектот беа организирани и 5 циклуси на семинари за претставници од релевантните институции и невладини организации на теми поврзани со социо-економското зајакнување на Ромската популација.


  • Вкупно 75 корисници (39 од Тетово и 36 Скопје) посетуваа стручни курсеви и/ или тренинзи на работно место во селектирани фирми. Следните курсеви беа подржани од проектот: монтажа на гипс картон, кроење и шиење, производство на здрава храна, градежништво, сметководство, прозводство и боење на мебел, производство на чевли, фризерство, заварување, монтажа на грејни тела и прозводство на санитарија. Стручните курсеви беа организирани од страна на Работничките Универзитети, како и во селектирани претпријатија. Тренингот на работно место се организираше во селектирани претпријатија врз основа на потпишани договори за соработка помеѓу ИОМ, МТСП, АВРМ, НВОата и претпријатијата.




  • Вкупно 30 корисници (кои претходно го завршија стручниот курс) посетуваа основен бизнис тренинг. Со цел да се продонесе кон самовработување на корисниците беше организиран и бизнис курс за заинтересираните корисници. Целта на курсот беше да се зголеми знаењето на корисниците во областа на правните процедури за регистрација на мали бизниси, пред-услови за успешен бизнис и подготовка на бизнис план.




  • Вкупно 10 корисници без основно образование посетуваа основно образование за возрасни. Сите корисници успешно ги положија испитите и се здобија со диплома за завршено основно образование.




  • Вкупно 75 корисници беа обезбедени со опрема/алати во согласност со завршениот курс.


Подготовка на бизнис план од страна на корисниците на проектот


  • Организирани 5 циклуси на семинари за невладините организации, како и за институциите вклучени во имплементацијата на Стратегијата на Ромите




    • Семинар за подготовка на “Акционен План за Вработување на Општина Шуто Оризари (08-09 Октомври 2010, Маврово)”. Вкупно 20 претставници од Министерството за Труд и Социјална Политика, Агенцијата за Вработување, Општината Шуто Оризари, Министерството за Правда, НВОта и ИОМ присуствуваа на работилницата и придонесоа во елаборирање на целите и активностите на Акциониот План за Вработување. Акциониот План беше усвоен од страна на Советот на Општината Шуто Оризари, во Декември 2009 година.




    • Тренинг за јакнење на капацитетите на Ромските Невладини Организации (18 и 19 Фебруари 2010). Тренингот имаше за цел да ги зајакне капацитетите на Ромските Невладини Организации во областа на промоција на социо-економски активности за Роми. Учесници на тренингот беа 22 учесници од НВОа кои дејствуваат во областа на социо-економско зајакнување на Ромите. Тренингот беше спроведен на интерактивен начин, вклучувајќи практични вежби за промоција на активности за социо-економско зајакнување на Ромската популација.




    • Семинар за креатори на политики за социо-економско зајакнување на ранливи категории, со фокус на Ромската популација (29-30 Март 2010). Семинарот беше посетен од 35 учесници од Агенцијата за Вработување на Република Македонија, Агенцијата за Вработување-Центар за Вработување Скопје, Агенција за Вработување-Центар за Вработување Тетово, Министерство за Труд и Социјална Политика, Кабинетот на Министерот без Ресор, Национален координатор на Декадата и Стратегијата на Ромите и општинските власти. Следните теми беа опфатени на семинарот: мерки за вработување на Ромската Популација кои се применуваат во Македонија; мерки за вработување на Ромската популација кои се применуваат во Бугарија; заштита на правата на мигрантите работници, професионална интеграција на ранливата популација; преглед на трговијата со луѓе и илегалната миграција и родови аспекти на развојот. На семинарот присустваа претставници од Министерството за Труд и Социјална Политика од Бугарија, како и Романски екперт кои ги претставија мерките и политиките за вработување на Ромската популација кои се применуваат во нивните земји.




    • Меѓу-институционална работилница за Социјална Инклузија на Ромите (14 Мај 2010)-Семинарот беше посетен од 37 учесници од следните институции: Министерство за Здравство, Агенција за Вработување, Кабинетот на Министерот без Ресор, Национален координатор на Декадата и Стратегијата на Ромите, Министерство за Транспорт и Врски, Општини кои се караткеризираат со поголема застапеност на Ромската популација, Ромски Информативни Центри, Центри за Социјална Работа и релевантни Невладини Организации. Следните теми беа опфатени: мерки за вработување со фокус на Ромската популација/презентација и дискусија; законски решенија во oбласта на Здравствено осигурување (со фокус на Ромската Популација); прашања поврзани со домувањето со фокус на Ромите и социјална заштита со фокус на Ромската Популација.



    • Меѓу-институционална работилница за Социјална инклузија на Ромите, со фокус на жената Ромка-Работилницата беше посетена од страна на 26 претставници од следните институции-Министерство за Труд и Социјална Политика, Агенција за Вработување, Центри за Социјална Работа, Народниот правобранител, опшински власти, Секторите за Внатрешни Работи/ Министерство за Внатрешни Работи и претставници од Работничките Универзитети. Следните теми беа опфатени во тек на семинарот: Акциски план за унапредување на статусот на жените Ромки; Презентација на препораките добиени од теренското истражување за надминување на нееднаквиот третман на Ромите; Ромска популација-потекло и историја; Местото и улогата на Ромската жена во семејството; Дискриминација и Стереотипи-Презентација и Вежба; Еднаков третман и Социјална инклузија на жената Ромка- Презентација и Вежба; Зошто е потребен посебен пристап кон ромската жена; и Методи за пренос на знаењето стекнато на семинарот.


Анализата на евалуацините прашалници кои беа пополнети од страна на учесниците покажува дека повеќето од учесниците ги оценија со највисоки оцени организацијата на семинарите, корисноста на тренинг материјалите, примената на темите опфатени со тренингот во секојдневното работење на учесниците, како и размената на дискусии.

Достарыңызбен бөлісу:




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет