Упатство за електронско пријавување на испити



Дата09.07.2016
өлшемі15.06 Kb.
#185907
ВАЖНО: ON LINE ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ КОИ БЕА СЛУШАНИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР 2012/2013 ГОДИНА ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ ОД 22.04.2013 ДО 20.05.2013 ГОДИНА

СИТЕ СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ТЕХНОЛОШКО-МЕТАЛУРШКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ ВО УЧЕБНАТА 2012/2013 ГОДИНА СЕ ДОЛЖНИ ИСПИТИТЕ КОИ САКААТ ДА ГИ ПОЛАГААТ ВО ЈУНСКАТА СЕСИЈА ДА ГИ ПРИЈАВАТ ЕЛЕКТРОНСКИ НА WWW.IKNOW.UKIM.EDU.MK. ОТКАКО ЌЕ ЗАВРШАТ СО ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ, ПРИЈАВИТЕ ВО ХАРТИЕНА ФОРМА ДА СЕ ДОСТАВАТ ВО СТУДЕНТСКА СЛУЖБА ОД 20.05.2013 ДО 25.05.2013 ОД 9.00-10.00 И ОД 11.00 ДО 13.00.

УПАТСТВО ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ:
Откако ќе влезете во системот користејќи го корисничкото име и лозинката како што тоа беше случајот при уписот на Технолошко-металуршки факултет одите во табот на Пријави.

1.1Пријави

На страницата "Пријави" студентот има можност да прати електронска пријава за испит за некој од запишаните предмети.

На оваа страница се евидентираат сите испратени пријави од студентот за полагање на одредени предмети. Пријавувањето на предметите за полагање е овозможено само во период означен од студентската служба.

Во табела се прикажуваат сите предмети кои сте ги слушале и можете да ги пријавите. Предметите кои сакате да ги пријавите ги чекирате во полето од последната колона и од паѓачкото мени со понудени професори го избирате оној кај кој сте го слушале предметот.Со кликање на копчето “Пријави” одбраните предмети се пријавуваат за следната сесија.



Подоле во табела се прикажуваат сите пријавени предмети за следниот семестар. Во првата колона е означен серискиот број кој задолжително треба да го впишете на хартиената пријава која физички треба да се достави. Во колоната за таксени марки со кликање на одреден предмет се пријавуваат таксените марки кои сте ги уплатиле за пријавување на испитот. Таксената марка за пријава на испит е во вредност од 50 денари.





Слика 1. Листи за пријава на испити

Достарыңызбен бөлісу:




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет