ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОЦЕНКА НА ВЛИЈАНИЕТО НА РЕГУЛАТИВАТА
Назив на министерство:
|
Министерство за економија
|
Назив на предлогот на закон:
|
Нацрт на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатие
|
Одговорно лице и контакт информации:
|
Снежана Петковска, Раководител на сектор за правни работи
|
Вид на Извештај
|
Нацрт
|
Обврската за подготовка на предлогот на закон произлегува од:
|
Согласно заклучокот на Владата на Република Македонија од Извадокот од Нацрт -записникот од четириесет и петата седница одржана на 29.12.2014 година по т.138, Министерството за економија е задолжено да подготви и за третата наредна седница на Владата да достави Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, во кој ќе се предвиди одредба со која статутите на јавните претпријатија ќе се дополнат со обврска за органот на надзор да дава одобрение на сите одлуки на органот на управување кои се однесуваат на износите над 50.000 евра.Поточно, предложената измена е општа и системска која овозможува надзорниот одбор за контрола да дава одобрение на актите донесени од управниот одбор, во случаевите кога тоа е утврдено со статутот на јавното претпријатие.
|
Поврзаност со Директивите на ЕУ
|
Нема
|
Дали нацрт извештајот содржи информации согласно прописите кои се однесуваат на класифицираните информации
|
Не
|
Датум на објавување на нацрт Извештајот на ЕНЕР:
|
|
Датум на доставување на нацрт Извештајот до Министерството за информатичко општество и администрација:
|
12.01.2015 година
|
Датум на добивање на мислењето од Министерството за информатичко општество и администрација:
|
22.01.2015 година
|
Рок за доставување на предлогот на закон до Генералниот секретаријат
|
16.01.2015 година
|
1. Опис на состојбите во областа и дефинирање на проблемот
-
Опис на состојбите
Во Република Македонија прашањата поврзани со јавните претпријатија, поточно поимот на јавните претпријатија, начинот на нивното основање, организација и начин на работење е уредено со Законот за јавните претпријатија (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/2014 и 138/2014). Имајќи предвид дека контролата на материјално финансиското работење на јавното претпријатие ја врши надзорниот одбор за контрола, со цел реализација на заклучокот на Владата на Република Македонија од четириесет и петата седница одржана на 29.12.2014 година по т.138: Прашања и предлози, се наметна потребата од изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, во насока на тоа да се воведе системска одредба со која ќе се даде можност статутите на јавните претпријатија да се дополнат со обврска за органот на надзор да дава одобрение на сите одлуки на органот на управување кои се однесуваат на износите над 50.000 евра.
1.2 Причини за проблемите кои се предмет на разгледување
Имајќи предвид дека согласно Законот за јавни претпријатија надзорниот одбор за контрола има општи надлежности како орган за материјално финансиско работење и не содржи одредба за одобрување на одредени одлуки на управниот одбор, неопходно е во насока на обезбедување поголема контрола во работењето на управниот одбор законот да се дополни со нова одредба со која ќе се даде можност (надлежност) на надзорниот одбор на јавното претпријатие да дава одобрение на актите кои ќе ги носи управниот одбор, но само во случај доколку истото е утврдено со статутот на јавното претпријатие.
2. Цели на предлог регулативата
Целта на предложеното изменување и дополнување на законот е да овозможи подобро функционирање и работење на јавните претпријатија преку зголемената контрола и надзор над работењето на органите на управување во јавните претпријатија, посебно над одлуките кои се од финансиски карактер.Ваквото решение особено ќе даде придонес за подобро финансиско работење на јавните претпријатија, на тој начин што дава можност статутите на јавните претпријатија да се дополнат со обврска за органот на надзор да дава одобрение на сите одлуки на органот на управување кои се однесуваат на износите над 50.000 евра.
3. Можни решенија (опции)
-
Опис на решението „не прави ништо“
3.2 Опис на можните решенија (опции) за решавање на проблемот
Решението е во насока на:
1.Дополнување на Законот за јавните претпријатија со системска одредба со кој се дава можност надзорниот одбор за контрола да дава одобрение на актите донесени од управниот одбор, доколку истото е уврдено со статутот на јавното претпријатие.
-
Проценка на влијанијата на регулативата
Можни позитивни и негативни влијанија од секоја од опциите:
-
Економски влијанија .
Нема
4.2 Фискални влијанија
Нема
-
Социјални влијанија ,
Нема
-
Влијанија врз животната средина,
-
Нема
4.5 Административни влијанија и трошоци –
а) трошоци за спроведување
Нема
б)трошоци за почитување на регулативата
Нема
5. Консултации
5.1 Засегнати страни и начин на вклучување
Јавните претпријатија
5.2 Преглед на добиените и вградените мислења
Позитивно мислење од: Секретаријат за законодавство, Министерство за правда,Министерство за информатичко општество и администрација и Министерство за финансии
5.3 Мислењата кои не биле земени предвид и зошто,
6. Заклучоци и препорачано решение
6.1 Споредбен преглед на позитивните и негативните влијанија на можните решенија (опции)
Со предложеното решение ќе се овозможи подобрување на работењето на јавните претпријатија со тоа што ќе се обезбеди поголема контрола и надзор во работењето на органите на управување во јавните претпријатија.
6.2 Ризици во спроведувањето и примената на секое од можните решенија (опции)
Ако не се донесе законот
6.3 Препорачано решение со образложение
Со Предлог на законот се воведува системска одредба, со кој се дава можност надзорниот одбор за контрола да дава одобрение на актите донесени од управниот одбор, доколку истото е уврдено со статутот на јавното претпријатие.
7. Спроведување на препорачаното решение
7.1 Потреба од менување на закони и подзаконска регулатива во областа или други сродни области,
Не
7.2 Потребни подзаконски акти и рок за нивно донесување,
Не
7.3 Органи на државната управа, државни органи и други органи надлежни за спроведување
Јавните претпријатија
7.4 Активности за обезбедување на ефикасно спроведување на предлогот на закон
Иплементација на законот односно дополнување на Статутите на јавните претпријатија со обврска за органот на надзор да дава одобрение на сите одлуки на органот на управување кои се однесуваат на износите над 50.000 евра.
8. Следење и евалуација
8.1 Начин на следење на спроведувањето
Изменување и дополнување на Статутите на јавните претпријатија.
-
Евалуација на ефектите од предлогот на закон и рокови.
На годишно ниво
Изјава од државниот секретар
Нацрт Извештајот за проценка на влијанието на регулативата е изготвен во согласност со Методологијата за проценка на влијанието на регулативата. Тој дава реална проценка на можните влијанија и очекуваните ефекти, како и трошоците кои се однесуваат на секоја од утврдените можни решенија (опции) за решавање на проблемот.
Датум: _____________ ..................................................
потпис на државен секретар
Изјава од министерот
Врз основа на резултатите од анализите прикажани во Извештајот за проценка на влијанието на регулативата сметам дека препорачаното решение (опција) претставува најдобар начин за решавање на проблемот и постигнување на очекуваните ефекти на најекономичен начин.
Министер,
Bekim Neziri
Датум:____________ ...........................................
Достарыңызбен бөлісу: |