-
Понудите НА ХАРТИЈА мора да бидат потпишани и сите за тоа означени места. Покрај тоа треба да се достави електронска верзија во Акробат и МС Ворд НА CD. Понудите кои не се доставени на ваков начин нема да бидат разгледувани.
-
Доставената документација доволно е да содржи
-
ОБРАЗЕЦ ЗА ПОНУДА
-
ИЗЈАВА(-И) СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА ТЕНДЕРОТ
-
пополнети, потпишани и со печат Анекс I и Анекс II
-
Документи за финансиски капацитети, бонитет, неосудуваност на понудувачот и сл. НЕ ТРЕБА да се доставуваат. ФИООМ го задржува правото да ги побара од успешните понудувачи.
-
Објаснување на поимот “Опција-доплата”: Треба да се даде разликата во цена помеѓу компонентата во основната конфигурација и онаа што се бара како опција. Воколку се работи за целосен уред (печатар, фотоапарат или сл.), а моделот кој вие го нудите согласно барањата за минимална конфигурација ја нема можноста за таква доградба (на пример дуплекс или резолуција од 8Mpix), понудете како варијанта потполно нов модел кој ја има таа можност, во Анекс I и Анекс II наведете го моделот и наведете ја за доплата само разликата во цената помеѓу моделот со основната конфигурација и моделот кој ги исполнува опционото барање.
Прифатливи се и варијанти на понуденото. Во тој случај Анекс I и Анекс II, за таа Целина повторете ги во целост СО НАПОМЕНА “ВАРИЈАНТА”. Секоја варијанта мора да ги надминува минималните барања и ќе биде посебно бодувана.
-
Гаранции: Примерите се на последните страни од оваа тендерска документација. Текстот кој ќе се користи мора да биде тој што е даден во примерот, во спротивно ФИООМ нема да ја прифати гаранцијата и ќе го елиминира понудувачот од онаа фаза која таа гаранција ја покрива.
-
Гаранција дека успешниот понудувач нема да се повлече откога ќе биде избран е Банкарската гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција). Висината е дадена во Објавата за набавки. Штом ќе бидат избрани најуспешните понудувачи на сите други оваа гаранција ќе биде вратена. ВАКВА ГАРАНЦИЈА ЗА ОВОЈ ТЕНДЕР НЕ Е ПОТРЕБНА.
-
На успешниот понудувач ќе му биде побарано да обезбеди Гаранција за добро извршување на работите во вредност од 10% од вредноста на договорот. Истата (со текст како што е даден во примерот) мора да биде доставена најдоцна 10 дена откако понудувачот ќе го прими потпишаниот договор од страна на Нарачателот. Ако понудувачот не го направи тоа во овој период тогаш договорот ќе биде поништен, а постапката ќе биде повторена со следниот најповолен понудувач. Гаранцијата се враќа по завршен технички прием и доставување на следната гаранција. Оваа гаранција нема да се бара од оние понудувачи кои ќе бараат плаќање по целосно извршени работи и извршен технички прием и ЌЕ ПОНУДАТ ИСПОРАКА ОД ЛАГЕР И ЌЕ ИСПОРАЧААТ ВО ЦЕЛОСТ ЗА ПОМАЛКУ ОД 7 ДЕНА ПО ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА КУПУВАЊЕ/ПРОДАВАЊЕ. Воколку пак понуденото не го исполнат во тој рок ФИООМ ќе смета дека оваа гаранција не е исполнета и ќе ја исплати сумата на договорот намалена за висината на пеналите согласно договорот.
Комерцијални услови:
-
Начин на плаќање: ве молиме наведете. Авансно плаќање не е прифатливо!
-
Цена: во МКД со вклучени царина и данок. Понуди со цени дадени во друга валута нема да бидат разгледувани.
-
Наведете единечна цена за наведеното количество од секој вид. Цената треба да биде конечна со вклучување на сите трошоци: шпедиција, атест, транспорт, монтажа и др. трошоци во врска со набавката (но без царина и данок).
-
Паритет: оцаринето, испорачано и пуштено во работа кај корисникот.
-
Рок на испорака: наведете кога опремата ќе биде спремна за достава до корисниците и, одвоено, за колку време ќе биде доставена и пуштена во работа.
Предност ќе имаат оние понудувачи со строго гарантиран рок на испорака.
-
Гарантен рок и сервисирање: наведете го временскиот период на гарантниот рок и условите на сервисирањето.
-
Времетрањето на гаранцијата.
-
Детални услови околу сервисирањето во гарантниот рок. (што опфаќа/не опфаќа, време на отповикување).
-
Цена на чинење по интервенција на локација на корисникот (Скопје).
-
Цена на работен саат (во ЕУР) која ќе се фактурира за сервисирање (во и вон гарантниот рок).
-
Патни трошоци и наплата по фактура (во ЕУР) (во и вон гарантниот рок) за интервенција кај корисникот.
-
Изјава дека понудувачот е спремен да ги гарантира овие услови и цени за цело време на важење на договорот за набавка и одржување (најмалку 5 години) кој ќе биде со текст како во примерот даден во Дел 3 од овој тендер без разлика од цените и условите кои ќе му ги диктира овластениот сервисер за во РМ.
Документација: -
Каталози: се прифаќаат оригинални каталози од производителот или податоци од матичните Интернет страни на производителот. Воколку има различни податоци за некоја техничка карактеристика на производот, ќе се смета дека послабата е точна.
-
Референтна листа на понудувачот: да се достави референца за досегашните испораки на слична опрема од страна на понудувачот кон други купувачи во Р.М.
-
Референци: Да се достават оригинал пишувани референци од корисниците на сличната опрема со наведени контакт телефонски броеви и имејл адреса на потписникот на документот. Понудувачите кои имале испораки за Фондација Институт отворено општество-Македонија нема потреба да доставуваат вакви референци, ќе се бодува согласно квалитетот на претходната соработка. Другите треба да достават најмалку 5 вакви референци, не постари од една година, во спротивно нема да добијат бодови по основ овој критериум и ќе изгубат дел од бодовите за квалитет на сервисирање и оддржување.
-
Сервисна мрежа на понудувачот: да се достави опис на сервисната мрежа, да се наведе името на овластениот сервисер за понудената опрема за Р.Македонија вклучените услуги и сервисните услови.
Достарыңызбен бөлісу: |