Правда и внатрешни работи


Кои се актуелните и идните приоритети на полицијата?



бет29/51
Дата29.06.2016
өлшемі3.39 Mb.
#166383
1   ...   25   26   27   28   29   30   31   32   ...   51

13. Кои се актуелните и идните приоритети на полицијата?

Стратешките приоритети на полицијата се поставени со Стратегијата за реформа на полицијата, а конкретните мерки и активности – со донесениот Акциски план. Оттаму произлегуваат непосредните приоритети на полицијата:



  • Ефикасно заокружување на новата организациона структура на полицијата – (подразбира заокружување на законската и подзаконската рамка - Закон за полиција, измени и допполнувања на Законот за внатрешни работи).

  • Усогласување на законодавството со европските стандарди (Закон за странци, Закон за надзор над државната граница, други акти)

  • Изградба на системот на развој на човечки ресурси како комплементарен процес. Во овој контекст е и натамошно подобрување на соодветната и правична застапеност, со истовремено почитување на мерит – системот, зајакнување на професионаланите стандарди и внатрешната контрола

  • Развој на соработката со локалните заедници, особено во услови на децентрализација, вклучувајќи и имплементација на Законот за внатрешни работи (Сл. весник бр. 38/02) во поглед на именувањето на началниците на секторите за внатрешни работи.



Натамошните приоритети се поврзани особено со:

  • јакнење на превенцијата на криминалот

  • унапредување на координацијата на активностите меѓу полицијата и другите органи за спроведување на законот,

  • јакнење на меѓуполициската соработка.


14. Опишете го капацитетот на полицијата за откривање на корупција и тежок стопански криминал.

Во Минисерството за внатрешни работи функционира Оддел за организиран криминал, во чиј делокруг на работни задачи е и откривањето на корупција и тежок економски и финансиски криминал. Одделот за организиран криминал, согласно постоечката систематизација на работните места има 135 инспектори и со неговата работа раководи Потсекретар. Исто така во 12 регионални Сектори и 23 Одделенија за внатрешни работи, во составот на криминалистичката полиција дејствуваат отсеци и инспекторати за сузбивање на организираниот криминалитет, на кои покрај останатите задолженија, приоритетна задача и обврска им е откривање на тежок стопански криминал и корупција. Вкупниот број на полициски службеници кои работаат на сузбивањето на организираниот криминал во регионалните единици на МВР изнесува 116 извршители, вклучувајќи и 21 раководители. Сите полициски службеници по оваа проблематика се со факултетско образование, а поголемиот број имаат завршено и разни специјалистички курсеви и семинари организирани од домашни и странски полициски и научни експерти, на кои биле третирани теми и искуства од сите области на организираниот криминалитет.

Активностите за сузбивање на корупцијата и тешкиот економски криминал непосредно се извршуваат во рамките на Секторот за финансиски криминал составен од: Одделение за економски крминал и Одделение за перење пари и корупција, Истиот, континуирано ги следи состојбите,движењето и појавните облици на економскиот и финансискиот криминал и корупција и при тоа ги планира и организира најсоодветните и најефикасни мерки и активности за предупредување и сузбивање на наведените криминални дејанија. Во тие рамки,Секторот соработува со другите организациони единици во Министерството, органите на државната власт, правните субјекти,со полициите на другите држави и меѓународните здруженија; врши надзор над работата на полициските сектори и пружа стручна и друга помош во сузбивањето на економскиот и финансискиот криминал и корупцијата; ја планира и спроведува едукацијата на инспекторите по оваа проблематика, учествува во изработката на нормативните акти,извештаи и други стручни материјали и врши и други работи од доменот на своето работење.

Заради истражување и расчистување на сите сознанија воспоставена е и непосредна соработка со Државната комисија за спречување на корупцијата, и е обезбедена квалитетна координација. Ова посебно се однесува на случаите кога Државната комисија за спречување на корупцијата доставила сознанија за случаи на непочитување на законите и корупција, посебна во државната администрација и останатите институции од јавниот сектор.

Треба да се потенцира дека полициските службеници се оспособени да се справуваат со овој вид на кривични дела од областа на тешкиот економски и финансиски криминал и на коруптивните однесувања, но постои потреба од дополнително зајакнување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи заради водење на поквалитетни преткривични постапки за докажување на случаи на корупција. Во тој контекст акцент треба да се стави на техничката надградба, компјутерско допремување, и дополнителни технички и превозни средства.

Со донесениете измени на Законот за кривична постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.74/2004 ) се обезбедени потребните услови за зголемување на ефикасноста во откривањето на корупцијата и тешките форми на економски криминал, а посебно со воведување на посебни истражни мерки, како средство за обезбедување на потребни докази, како што се:



  • следење на комуникации и влез во дом и други простории или во превозни средства заради создавње на услови за следење на комуникации, под услови и постапка утврдена со закон;

  • увид и пребарување во компјутерски систем, одземање на компјутерски систем или дел од него или базата за складирање на компјутерски податоци;

  • тајно набљудување, следење и визуелно-тонско снимање на лица и предмети со технички средства;

  • привиден (симулиран) откуп на предмети на предмети, како и привидно (симулирано) давање поткуп и привидно (симулирано) примање поткуп;

  • контролирана испорака и превоз на лица и предмети;

  • користење на лица со прикриен идентитет за следење и собирање на информации или податоци;

  • отварање привидна (симулирана) банкарска сметка на која може да се вложуваат средства што потекнуваат од сторено кривично дело и

  • регистрирање на привидни (симулирани) правни лица и користење на постојни правни лица заради собирање на податоци.



Со имплементацијата на Стратегијата за реформи во полицијата, која постапно се спроведува и во тек е заокружувањето на делот за организиран криминал, како и со наведените измени и законски решенија, се создадени услови за успешно и квалитетно спротивставување на сите облици на организиран криминал.


Достарыңызбен бөлісу:
1   ...   25   26   27   28   29   30   31   32   ...   51




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет