Правда и внатрешни работи


Опишете ја соработката со соседните земји (и во однос на граничната контрола и надзор)? Кои спогодби за полициска соработка постојат или се планирани ?



бет27/51
Дата29.06.2016
өлшемі3.39 Mb.
#166383
1   ...   23   24   25   26   27   28   29   30   ...   51

11. Опишете ја соработката со соседните земји (и во однос на граничната контрола и надзор)? Кои спогодби за полициска соработка постојат или се планирани ?

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија настојува да ја подобри соработката со соседните земји преку склучување договори како и реализирање на активности во контекст на унапредување на истата. Соработката помеѓу Република Македонија и соседните земји се реализира преку склучување на меѓународни договори..

Покрај редовната соработка која се одвива преку НЦБ Интерпол, Република Македонија со соседните земји соработува на следниот начин:

Република Албанија

Со Република Албанија склучени се следните договори:



  • Договор помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија за соработка во борбата против тероризам, организиран криминал, недозволена трговија со наркотични дроги, психотропни субстанции и прекурсори, илегална миграција и други нелегални активности, склучен во Скопје на 17.06.2004 година

  • Спогодба меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за одржување, обновување и обележување на граничната линија и граничните ознаки на македонско - албанската државна граница од 04.12.1997 година, ратификувана на 11.02.1998 година. За спроведување на оваа Спогодба формирана е мешовита комисија. Главната мешовита комисија, обновување и обележување на граничната линија и граничните ознаки на македонско - албанската државна граница, првиот состанок го одржа на 04.12.1998 година во Скопје.

  • Спогодба меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за укинување на визите за дипломатски и службени патни исправи и висината на таксите за издавање на други видови визи од 04.12.1997 година, ратификувана на 11.02.1998 година.

  • Спогодба меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за регулирање на малограничниот сообраќај на лица во пограничната зона од 04.12.1987 година, ратификувана на 19.03.1998 година.

  • Спогодба меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за меѓународен превоз на патници и стока во патниот сообраќај од 15.01.1998 година.

  • Спогодба меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за спречување и решавање на инцидентите на македонско - албанската државна граница од 04.12.1997 година, ратификувана 11.02.1998 година. Врз основа на оваа спогодба формирана е главна мешовита македонско - албанска комисија за гранични инциденти и две секторски мешовити комисии за гранични инциденти, за двата гранични сектора.

  • Договор за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за јавен ред на Република Албанија од 16.07.2000 година. Врз основа на овој Договор, на 16.07.2000 година, потпишан е и Протокол за определување на насоките, начинот и редот на соработка во областа на пограничната контрола и спречување на илегалната миграција меѓу Министерството за јавен ред на Република Албанија и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија од 16.07.2000 година. Врз основа на оваа спогодба потпишан е и:

  • Протокол за соработка во областа на безбедноста помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за јавен ред на Република Албанија и Националната информативна служба на Албанија од 05.06.1992 година.

  • Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Република Албанија за соработка и унапредување на контакти од 05.02.2003 година.



Од значење е да се спомене Проект документот “Данида“ за зацврстување на граничната соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија во делот на граничната линија Дибер - Дебар, потпишан во јануари 2004 година помеѓу Министерството за јавен ред на Република Албанија и Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана.

Целта на овој Проект документ е зацврстување на безбедноста и воспоставување на реципрочна доверба на граничната линија Дебар - Дибра меѓу Македонија и Албанија, преку тесна соработка во идентификувањето, превенцијата и борбата против прекуграничниот криминал и нелегалните активности, преку:



  • подобрување на размена на информации и комуникација;

  • обезбедување на образование и обука;

  • подготовка и зацврстување на заеднички акции и заедничка контрола; и

  • подготовка на законска рамка - Меморандум за разбирање.



Во тек е усогласување на ставовите околу Меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за јавен ред на Република Албанија, за унапредување и зајакнување на соработката во областа на граничното обезбедување.

Во тек е усогласување на текстот на Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Албанија за преземање на лица со незаконски престој, односно Договор за реадмисија.



Република Грција

Со Република Грција склучени се следните договори:



  • Протокол за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на Rепублика Mакедонија и Министерството за јавен ред на Република Грција, потпишан во Охрид на 8.07.1998 година

  • Привремена спогодба од 13.09.1995 година, со која Република Македонија и Република Грција ја потврдија меѓусебната постојна граница како трајна и неповредлива меѓународна граница

  • Протокол за гранична соработка од 23.06.1998 година



Со наведениот протокол, двете страни се согласија, до потпишувањето на билатерален договор, во меѓусебните односи во врска со прашањето на државната граница меѓу двете држави, да се раководат во согласност со одредбите на Спогодбата меѓу Владата на ФНРЈ и Владата на Кралство Грција за чување, одржување и обновување на граничните ознаки (копнени и водени) на југословенско - грчката граница и за предупредување, спречување, начинот на испитување и решавање на граничните инциденти, потпишана на 17.12.1958 година.

Република Бугарија

Со Република Бугарија склучени се следните договори:



  • Договор за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија од 20.10.1992 година , ратификуван 1993 година.

    Врз основа на овој Договор, меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија, на 20.10.1992 година потпишан е и;



  • Протокол за определување на насоките, начинот и редот на соработка во областа на пограничната контрола и спречување на илегалната имиграција.

  • Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за преземање на лица со незаконски престој од 04.06.2001 година, ратификуван 2002 година.

  • Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за мерките за спречување и решавање на граничните инциденти на Македонски - Бугарската граница од 15.05.2000 година, ратификувана на 23.01.2002 година.

  • Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за чување, одржување, обновување и обележување на граничната линија и граничните белези на Македонско - Бугарската државна граница, потпишана на 15.05.2000 година, ратификувана на 23.01.2002 година.

  • Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за соработка во борбата против тероризмот, организираниот криминал, нелегалната трговија со наркотички дроги, психотропни супстанции и прекурзори, нелегална миграција и кривични дела од 26.02.2002 година.

  • Врз основа на овој Договор потпишан е Протокол меѓу Одделот за полиција - Сектор за гранични премини при Министереството за внатрешни работи на Република Македонија и Националната служба „Гранична полиција„ при Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија за соработка во текот на 2003 година.

  • Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за отварање на два нови меѓународни патни гранични премини меѓу двете земји, ратификувана 1999 година.

  • Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за меѓународен патен превоз, ратификувана 1999 година.


Србија и Црна Гора

Со Србија и Црна Гора склучени се следните договори:



  • Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Црна Гора за соработка во борбата против тероризмот, организираниот криминал, нелегалната трговија со наркотични дроги, психотропни субстанции и прекурсори, нелегална миграција и други кривични дела. Склучен на 10.06.2003 година во Скопје, ратификуван на 22.07.2003 година, се чека да биде ратификуван од црногорската страна.

  • Меморандум меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за соработка во борбата против тероризмот, организираниот криминал, недозволената трговија со наркотични дроги, психотропни субстанции и прекурсори, нелегална миграција и други кривични дела. Склучен на 25.07.2003 година во Охрид ( не подлежи на ратификација).

  • Договор меѓу Република Македонија и Сојузна Република Југославија за протегање и опис на државната граница од 23.02.2001 година, ратификуван во март 2001 година. Врз основа на овој договор започнато е со демаркација на државната граница при што досега од тромеѓето на Република Македонија, Србија и Црна Гора и Република Бугарија до граничниот премин Табановце, поставени се сите главни гранични ознаки и околу 15 % од помошните гранични ознаки. Демаркацијата треба да заврши до крајот на оваа или почетокот на наредната година во зависност од временските услови.

  • Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Сојузната Влада на Сојузна Република Југославија за укинување на визи, од 03.07.1997 година, ратификувана на 25.09.1997 година.

  • Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Сојузната Влада на Сојузна Република Југославија за меѓународен патен превоз на патници и стока од 04.09.1996 година, ратификувана на 18.12.1996 година.

  • Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Сојузната Влада на Сојузна Република Југославија за регулирање на граничниот железнички сообраќај од 04.09.1996 година, ратификуван на 18.12.1996 година.

  • Протокол за отварање на гранични премини за пограничен сообраќај меѓу Република Македонија и Србија и Црна Гора од 29.03.2003 година, како и модалитети за спроведување на истиот.



Во тек е усогласувањето на ставовите по Предлог Спогодбата за основите за соработка во обезбедувањето на државната граница меѓу Република Македонија и Србија и Црна Гора.

УНМИК

Со УНМИК склучени се следните договори:



  • Протокол за соработка меѓу МВР на Република Македонија и УНМИК (27.11.2003 година)

  • Меморандум за разбирање меѓу Република Македонија и УНМИК од 2001 година

  • Протокол за полициска соработка од 29.08.2002 година.



Врз основа на Протоколот за отварање на гранични премини за поограничен сообраќај меѓу Република Македонија и Србија и Црна Гора потпишан е Привремен Протокол за утврдување на привремени гранични премини за пограничен сообраќај меѓу Република Македонија и УНМИК (Танушевци и Стрезимир).

Во однос на погранична соработка со УНМИК цениме дека е мошне корисна воспоставената пракса на одржување на редовни работни состаноци помеѓу претставниците на граничните служби на Република Македонија и УНМИК, со цел размена на информации околу проблемите што се јавуваат околу секојдневното функционирање на граничните премини.




Достарыңызбен бөлісу:
1   ...   23   24   25   26   27   28   29   30   ...   51




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет