9. Дали постои обука осмислена за борба против посебни видови на криминал?
Во Република Македонија постои обука осмислена за борба против посебни видови на криминал. Во рамките на додипломските четиригодишни студии на Полициската академија, во четвртата студиска година предвидени се четири насоки: криминалистичко-криминолошка насока, безбедносна насока, насока безбедност во приватниот сектор и полициско-оперативна насока. Програмите на овие насоки опфаќат проучување на одредени видови криминал, како што се:организираниот криминал,тероризмот, сообраќајниот криминалитет, малолетничката деликвенција, еколошкиот криминалитет, економско-финанскиот криминалитет.
Покрај додипломските студии, Полициската академија во соработка со МВР ја подготви и програмата за Основна обука за организиран криминал, со која се опфатени сите лица (вкупно 155) кои во рамките на реформата во МВР ќе бидат определени за работа во Оддел за организиран криминал. Се очекува реализацијата на оваа обука да започне во средината на Јануари 2005, откако ќе заврши постапката за избор на вработените. Со оглед на големината на групата, обуката ќе се изведува во 4 циклуси. Во рамки на првиот циклус ќе бидат опфатени раководните лица, за кои во месец април 2005 се подготвува и спроведување на специјалистичка обука за менаџмент.
1. Со програмата подготвена за обуката за организиран криминал се предвидува обработка на повеќе теми како што се:
Организациска структура и надлежностите на Одделот:
-
Деталното запознавање со новата организациска шема и надлежностите на Одделот за организиран криминалитет и на пооделните организациони единици е претпоставка за обезбедување на функционалност во делувањето и во спроведувањето на законските надлежности. Ова ќе овозможи и подетално запознавање со координативно-надзорната функција на централно ниво, начинот на на пренесувањето на надлежностите на локално ниво, како и запознавање со професионалните стандарди во работата.
Најнови измени во националното законадавство:
-
Последните измени во националното кривично-правно законодавство (Кривицниот законик и Законот за Кривична постапка), донсените нови закони – Законот за попречување на комуникации, Законот за Јваното обвинителство, законот за спречување на перење пари и други закони. Во овие рамки посебно ќе се обработат и новите кривични дела, измените во кривично правната процедура и законските можности за заштита на сведоци и примена на специјални истражни мерки (СИМ).
Мултидисциплинарноста
-
Заради обезбедување на неопходната мултидисциплинарност во работата, како и заради запознавање на надлежностите на институциите вклучени во борбата против организираниот криминал, перењто пари и корупцијата, за учество во работата ќе бидат поканети и представници од Јавното обвинителство на РМ, кои согласно новиот закон за јавното обвинителство ќе бидат определени да работат во Специјализираниот оддел за борна против организиран криминал и корупција. Во обработката на посебни теми ќе бидат вклучени и представници на другите институции кои имаат одредени надлежности во борбата против организираниот криминал како што се Финансиската полиција, Дирекцијата за сперчување на перење пари, Царинската управа на РМ, Државната комисија за спречување на корупцијата и други.
Современи методи на работа
-
Со обуката посебно ќе бидат обработени современите методи на работа во сферата на откривањето на делувањето на организираните криминални групи. Покрај примената на СИМ, со обуката посебно ќе биде обработено знаењето на ИТ технологиите и познавањето на базите на податоци; криминалистичкото разузнавање и криминалистичката анализа како и со методите за проактивно делување и водење на финансиски истраги паралелно со криминалните истраги, со цел да се обезбеди ефикасна конфискација на криминалните приноси. Обуката за примена на современите методи во пооделни сегменти се одвива паралелно со обуката за промање на новите законски решенија.
Меѓународни документи и соработка
-
Меѓународните документи и меѓународната соработка се од исклучително значење за воспоставување на ефикасен систем за борба против организираниот криминалитет. Во текот на обуката посебно се обработуваат најзначајните меѓународни документи и можностите за меѓународна соработка во истите, обвиненијата и водењето на судските постапки.
10. Дали постои функционална соработка со офицери за врска во трети земји согласно заедничка рамка? Доколку постои таква соработка, каде има вакви офицери за врска?
Полициската соработка со други земји се остварува преку офицерите и каналите на Интерпол, офицерите за врска на СЕКИ (Иницијатива за соработка на Југоисточна Европа) и офицери за врска назначени во Република Македонија од трети земји.
СЕКИ Центар за борба против организираниот криминал
Во СЕКИ Центарот во Букурешт назначени се офицери за врска од Министерство за внатрешни работи и Царинската Управа.Во Секторот за меѓународна полициска соработка во Министерство за внатрешни работи е формирана Национална Канцеларија за СЕКИ за Република Македонија, во која исто така се назначени офицери за врска од Министерство за внатрешни работи и Царинската Управа. Размената на сознанија, информации и податоци помеѓу службите од Република Македонија со трети земји се одвива преку назначените офицери во Република Македонија и во седиштето на СЕКИ Центарот.
Бугарија
Во Република Македонија е назначен офицер за врски од Република Бугарија, со седиште во Амбасадата на Бугарија во Скопје, преку кој се остварува непосредна соработка со бугарските полициски служби.
Скандинавски земји
Соработката со скандинавските земји се остварува преку нордискиот офицер за врска кој се наоѓа во Амбасадата на Норвешка во Софија - Бугарија.
Канада
Соработката со Канада се одвива преку офицерот за врска кој се наоѓа во Амбасадата на Канада во Рим - Италија.
Соединетите Американски Држави
Меѓународниот тренинг програм за криминалистички истраги (ИЦИТАП) има назначено полициски советник во Амбасадата на САД во Скопје.
Полициската соработка со разни служби (ДЕА, ФБИ, Тајната служба на САД) од САД се одвива преку Регионалната Канцеларија за безбедност (РСО) во Амбасадата на САД во Скопје, меѓутоа директна долгодишна соработка е воспоставена и со Канцеларијата на ДЕА во Атина и Тајната служба на САД во Букурешт. Преку Амбасадата на САД во Скопје се одвива соработка и обука на кадри на Министерството за внатрешни работи во Акедемијата за спроведување на законот на ФБИ - ИЛЕА во Будимпешта.
Обединети Нации
Во Скопје се наоѓа Национална проект канцеларија (НПО) во рамки на Канцеларијата за дроги и криминал на Обединетите Нации, која претставува служба за техничка подршка и соработка, каде е определен офицер за врски за соработка со Министертвото за внатрешни работи.
Меѓународен кривичен суд за воени злосторства на територија на поранешна Југославија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија има назначено офицер за врска кој непосредно соработува со Канцеларијата на Меѓународниот кривичен суд за бивша Југославија со седиште во Скопје, а со затварањето на оваа Канцеларија, од август, 2004 година, соработката се одвива преку Канцеларијата на Меѓународниот суд со седиште во Приштина како и директна комуникација со преставници на Канцеларијата на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд за бивша Југославија во Хаг.
Достарыңызбен бөлісу: |