2. Ве молиме дадете преглед на вашите активности за имплементирање на документот - конкретни мерки – активности за спречување на организираниот криминал во Република Македонија кој го усвои Владата како последователна активност на Лондонската конференција и го презентираше на Министерскиот состанок за правда и внатрешни работи на ЕУ- Западен Балкан на 28 ноември 2003.
Согласно преземените обврски од Лондонската Конференција за борба против организираниот криминал во Југоисточна Европа (одржана на 25.11.2002 год.) и состанокот на ЕУ Тројката за областа правда и внатрешни работи (одржан во Солун на 22.04.2003), Република Македонија подготви документ - Конкретни мерки и активности за спречување на организираниот криминал на Владата на Република Македонија од 10.11.2003 год. и презентиран на Министерскиот состанок на ЕУ Тројката за областа Правда и Внатрешни работи одржан на 28.11.2003 година во Брисел.
Исполнувањето на договорените активности и реализацијата на планираните приоритети во документот се следи од Секторот за европска интеграција (СЕИ) при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија. На заедничите состаноци со надлежните субјекти кои се должни да ги спроведат утврдените мерки се даваат информации за активностите и се координираат натамошните мерки и активности. Истовремено се информира Владата на Република Македонија за текот на мерките и постигнатите резултати.
Документот Конкретни мерки и активности за спречување на организираниот криминал во Република Македонија ги има следните приоритени мерки:
Приоритет 1: Регионална мрежа на обвинители.
-
Изготвен е Меморандум за разбирање и соработка со земјите од Западен Балкан и истиот се очекува да се потпише на почетокот на 2005 година.
-
Формирано е и отпочна со работа Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата во рамките на Јавното обвинителство;
-
Јавниот Обвинител назначи обвинители за кривично гонење на дела од областа на организираниот криминал и корупцијата. Нивната обука е во тек;
-
Јавниот Обвинител ги изготви сите подзаконски акти за спроведување на Законот за Јавно обвинителство (како и Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинители и Правилникот за организација и работа на Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата);
-
Во контекст на зајакнување на борбата против организираниот криминал, одржана е национална работилница за елементарните практични аспекти поврзани со откривањето на организираниот криминал.
Приоритет 1’: Регионална соработка во областа на правдата (регионални соработници во областа на правдата и заштитата на сведоци)
-
Донесен е Законот за изменување и дополнување на Законот за кривична постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 74 од 22.10.2004 г.), и е отпочната постапката за донесување на Закон за заштита на сведоци;
-
18.05.2004 година во Букурешт, Република Романија, Министрите за Правда и внатрешни работи на земјите на Југоисточна Европа потпишаа Заедничка изјава за заедничка кампања против организираниот криминал и корупцијата во Југоисточна Европа;
-
Министерството за правда подготви Проценка на чинењето на опремувањето и уредувањето на Сала за сослушување на сведоци со видео конференција;
-
Преку Европската Агенција за реконструкција се обезбедени 375.ООО евра потребни за опремување на три судски сали за сослушување на сведоци со видео конференција.
Приоритет 2: Министерство за финансии - зајакнување на капацитетот за борба против перење пари и финансиски криминал и регионална размена на информации
-
Парламентот на Република Македонија донесе нов Закон за спречување на перење на пари и други приноси од казниво дело (“Службен весник на Република Македонија“ бр.46/04);
-
Изработени се потребните измени на Законот за финансиска полиција во поглед на посебните овластувања на Финансиската полиција како тело надлежно за спроведување на законите.
-
Дирекцијата за спречување на перење пари на Република Македонија, потпиша билатерални Меморандуми за разбирање и Писма за размена на доверливи информации за сомнителни трансакции со единиците за спречување на перење пари на Република Хрватска ; Република Србија и Црна Гора; Република Албанија и Република Романија и Украина.
-
Назначен е нов Директор на Дирекцијата за спречување на перење пари;
-
Воспоставен е систем на електронска размена на информации меѓу финансиските институции.
-
Дирекцијата е вклучена во имплементација на регионалниот проект CARDS за развој на ефикасни и функционални полициски системи, засилување на борбата против главните криминални активности и соработка меѓу полицијата. Во контекст на тоа, на 6.09.2004 во соработка со Советот на Европа, Дирекцијата организираше работилница за сите институции вклучени во борбата против спречување на перење на пари кој го означи почетокот на проектот.
-
Дирекцијата е главен партнер во имплементацијата на Националниот CARDS Проект 2002 за зајакнување на борбата против перењето на пари (0.7 МЕУР), кој започна со својата имплементација. Овој проект ќе трае 18 месеци и вклучува исполнување на неколку цели:
-
зајакнување на организационата поставеност на Дирекцијата
-
ревидирање на целокупното законодавство
-
помош во креирањето на систем за обработка, анализа и заштита на информациите,
-
поставување на механизми за соработка меѓу Дирекцијата и органите на прогонот,
-
зајакнување на капацитетите на полицијата, обвинителството и судството.
На 12 - от состанок на EGMONT групата, Дирекцијата за спречување на перење пари е примена како нов член;
Дирекцијата за спречување на перење пари направи дополнителни напори за да ги зајакне своите капацитети, при што го зголеми бројот на вработените од 4 на 8 извршители и обезбеди специјалистичка обука за сите вработени;
Постигнат е напредок во однос на логистичката подршка на Дирекцијата за спречување на перење пари, при што е поставен алармен систем и е обезбедено возило. Во постапка е обезбедување на нов деловен простор.
Приоритет 3: Воспоставување на специјална единица за борба против организираниот криминал и корупција во рамките на Канцеларијата на Јавниот Обвинител на Република Македонија
-
Собранието на Република Македонија го донесе Законот за јавното обвинителство (“Службен весник на Република Македонија“ бр.38/04);
-
Согласно изготвениот проект формирано е и опточна со работа Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата, во рамките на Канцеларијата на Јавниот Обвинител;
-
Во постапка е обезбедување на нови простории на Јавниот Обвинител на Република Македонија;
-
Канцеларијата на Јавниот Обвинител на Република Македонија усвои правила за постапување на Јавниот Обвинител и правила за постапување на Единицата за кривично гонење на извршители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата. Воедно се донесени сите подзаконски акти.
-
Јавното обвинителство на РМ согласно својата законска основа ја зајакна соработката со релевантните институции (МВР, Царинската управа на РМ, Дирекцијата за спречување на перење на пари, Управата за јавни приходи, Финансиската полиција). Договорено е да со изготви Меморандум за меѓусебна соработка, да се одржуваат редовни состаноци, да се назначат контакт лица и да се одржуваат редовни состаноци на општинско ниво. Досега се одржани 3 состаноци (редовни месечни) на заедничката група, а отпочна со пракса и оддржување на редовни состаноци на регионално и општинско ниво на релевантните институции со цел размена, собирање и анализа на податоци.
-
Во тек се обуки на именуваните обвинители во Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата. Како дополнување на природата на нивната работа воведени се и јазични обуки, како и дообука за користење на копјутери.
Приоритет 4: Специјализирана обука на судии за борба против организираниот криминал.
-
Назначени се судии кои ќе одлучуваат за случаи од областа на организираниот криминалитет;
-
Во постапка е обука на судии кои ќе одлучуваат за случаи од областа на организираниот криминалитет.
Приоритет 5: Оддел за организиран криминал
-
Согласно утврдениот Акциски план за реформа на полицијата, во јануари започна со работа Одделот за организираниот криминал при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Претпоставките за отпoчнување со работа беа создадени по целосното одредување на внатрешна структура, донесувањето на Правилник за организација на работа и Правилник за систематизација на работни места (со опис на работните задачи и потребните квалификации за секое работно место). Одделот е централизирана служба надлежна за целата територија на Република Македонија со околу 300 извршители. Создадени се основните материјално - техничко услови и информатичка подршка за функционирањето на Одделот;
Приоритет 6: Единица за централно разузнавање
-
Формирано е Координативно тело со учество на сите инволвирани институции (Министерство за внатрешни работи, Јавно обвинителство, Министерство за финансии - Царинска управа, Дирекција за спречување на перење на пари, Финансиска полиција, Управа за јавни приходи) во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Ова тело има улога на место каде претставниците на институциите редовно се среќаваат, собираат, разменуваат и анализираат податоци. Претставниците на институциите имаат улога на liаson officers – офицери за врска кои се во директна 24 часовна комуникација меѓу себе.
-
Од страна на Јавното обвинителство е изготвен Меморандум за соработка меѓу институциите. Се очекува негово потпишување.
-
Спроведена е обука на 10 аналитичари со цел зајакнување на капацитетите на Одделението за криминалистичка анализа, но и за потребите на претстојната организациона единица предвидена со процесот на реформи во Министерството за внатрешни работи.
Достарыңызбен бөлісу: |