Правда и внатрешни работи


Кон кои меѓународни инструменти, кои се однесуваат на полицијата, вашата земја има пристапено и кои од нив ги применува (Совет на Европа, ОН, Конвенција на Интерпол и тн.)?



бет33/51
Дата29.06.2016
өлшемі3.39 Mb.
#166383
1   ...   29   30   31   32   33   34   35   36   ...   51

18. Кон кои меѓународни инструменти, кои се однесуваат на полицијата, вашата земја има пристапено и кои од нив ги применува (Совет на Европа, ОН, Конвенција на Интерпол и тн.)?

Република Македонија како членка на Обединетите Нации од 7 април 1993 година и Советот на Европа од 9 ноември 1995 година ги потпиша и ратификуваше следните конвенциии:



Конвенции на Совет на Европа

  • Европска Конвенција за заштита на правата на човекот и основните слободи; (Конвенцијата е потпишана на 09 ноември 1995 година, ратификувана на 10 април 1997 година и стапенa во сила 10 април 1997 година);

  • Протокол кон конвенцијата за заштита на човековите права и слободи (потпишана 14 јуни 1996, ратификувана 10.април 1997 година и стапена во сила на 10 април 1997 година);



  • Протокол број 2 кон Конвенцијата за заштита на правата на човекот и основните слободи, кој се однесува на Европскиот Суд за човекови права и надлежноста да дава советодавни мислења; (Протоколот е потпишан на 09 ноември 1995 година, ратификуван на 10 април 1997 година и стапен во сила на 10 април 1997 година);

  • Протокол број 3 кон Конвенцијата за заштита на правата на човекот и основните слободи, кој ги дополнува членовите 29, 30 и 34 на Конвенцијата; (Протоколот е потпишан на 09 ноември 1995 година, ратификуван на 10 април 1997 година и стапен во сила на 10 април 1997 година);

  • Протокол број 4 кон Конвенцијата за заштита на правата на човекот и основните слободи, кој се однесува на други права и слободи од оние кои се вклучени во конвенцијата и во првиот протокол; (Протоколот е потпишан на 14 јуни 1995 година, ратификуван на 10 април 1997 година и стапен во сила на 10 април 1997 година);

  • Протокол број 5 кон Конвенцијата за заштита на правата на човекот и основните слободи, кој ги дополнува членовите 22 и 44 на Конвенцијата; (Протоколот е потпишан на 09 ноември 1995 година, ратификуван на 10 април 1997 година и стапен во сила на 10 април 1997 година);

  • Протокол број 6 кон Конвенцијата за заштита на правата на човекот и основните слободи, кој се однесува на забраната на смртната казна; (Протоколот е потпишан на 14 јуни 1996 година, ратификуван на 10 април 1997 година и стапен во сила на 10 април 1997 година);

  • Протокол број 7 кон Конвенцијата за заштита на правата на човекот и основните слободи; (Протоколот е потпишан на 14 јуни 1996 година , ратификуван на 10 април 1997 година и стапен во сила на 1 јули 1997 година);

  • Протокол број 8 кон Конвенцијата за заштита на правата на човекот и основните слободи; (Протоколот е потпишан на 09 ноември 1995 година, ратификуван на 10 април 1997 година и стапен во сила на 10 април 1997 година);

  • Протокол број 11 кон Конвенцијата за заштита на правата на човекот и основните слободи; (Протоколот е потпишан на 09 ноември 1995 година, ратификуван на 10 април 1997 година и стапен во сила на 1 ноември 1998 година);

  • Протокол број 12 кон Конвенцијата за заштита на правата на човекот и основните слободи; (Протоколот е потпишан на 04 ноември 2000 година, ратификуван на 13 јули 2004 година);

  • Протокол број 13 кон Конвенцијата за заштита на правата на човекот и основните слободи, во врска со укинувањето на смртната казна во сите околности; (Протоколот е потпишан на 03 мај 2002 година, ратификуван на 13 јули 2004 година и стапен во сила на 1мај 2004 година);

  • Европска Конвенција за заштита од тортура и нечовечки или понижувачки третман или казнување и Протокол број 1 и протокол број 2 кон Конвенцијата;(Конвенцијата и Протоколите се потпишани на 14 јуни 1996 година, ратификувани на 06 јуни 1997 година и стапени во сила Конвенцијата на 01 октомври 1997 година а протоколите на 01 март 2003 година);

  • Европска конвенција за државјанство;(Конвенцијата е потпишана на 06 ноември 1997 година, а ратификувана на 18 февруари 2002 година);

  • Eвропска конвенција за правата на детето ( потпишана на 03 април 2004, ратификувана на 15 јануари 2003 година, стапува во сила на 01.мај 2005);

  • Европска Конвенција за меѓусебна правна помош во кривичната материја, со дополнителен протокол; (Конвенцијата и Протоколот се потпишани на 28 јули 1999 година, ратификувани на 28 јули 1997 година и стапени во сила на 26 октомври 1999 година);

  • Конвенција за компјутерски криминал (Конвенцијата е потпишана на 23 ноември 2001 година, ратификувана на 05 јули 2004 година);

  • Европска Конвенција за екстрадиција со дополнителен протокол број 1 и протокол број 2 кон Конвенцијата; (Конвенцијата и Протоколите се потпишани на 28 јули 1999 година, ратификувани на 28 јули 1999 година и стапени во сила 26 октомври 1999 година);

  • Европска Конвенција за трансфер на осудени лица со дополнителен протокол кон Конвенцијата (Конвенцијата и Протоколите се потпишани на 28 јули 1999 година, ратификувани на 28 јули 1999 година и стапени во сила 26 октомври 1999 година);

  • Казнена конвенција за корупција (Конвенцијата е потпишана на 28 јули 1999 година, ратификувана на 28 јули 1999 година и стапена во сила на 01 јули 2002 година);

  • Дополнителен протокол кон казнената конвенција за корупција (потпишана на 15 мај 2003 година);

  • Цивилна конвенција за корупцијата(потпишана на 08 јуни 2000 година; ратификувана на 29 ноември 2002 година, а стапува во сила 01. ноември 2003 година);

  • Конвенција за перење на пари, откривање, заплена и конфискација на имотна корист прибавена со кривично дело (Конвенцијата е потпишана на 14 декември 1999 година, ратификувана на 19 мај 2000 година и стапена во сила на 01 септември 2000 година);

  • Спогодба за мултинационалните мировни сили на Југоисточна Европа со дополнителен протокол (Спогодбата е склучена на 26 септември 1998 година а дополнителниот договор е склучен на 12 јануари 1999 година);

  • Европска Конвенција за меѓународните последици на одземањето на правото управување со моторно возило (Конвенцијата е преземена со сукцесија на 30 март 1994 година, стапува на сила 01 јули 1994 година);

  • Европска Конвенција за насилството и непримерното однесување на гледачите на спортските приредби и особено на фудбалските натпревари (ратификувана на 30 март 2004 година, стапена во сила на 01.мај 1994 година);

  • Европска конвенција за спречување на тероризмот (Конвенцијата е потпишана на 08 ноември 2001 година , ратификувана на 15 јули 2004 година);

  • Протокол за изменување на Европската конвенција за спречување на тероризмот (потпишан на 15 мај 2003 година);

  • Европска конвенција за взаемна судска помош за казниви дела (Конвенцијата е потпишана на 28 јули 1999 година, ратификувана на 28 јули 1999 година);

  • Дополнителен протокол на европската конвенција за взаемна судска помош за казниви дела (Протоколот е потпишан на 28 јули 1999 годиан, ратификуван на 28 јули 1999 година);

  • Конвенција за перење на пари, откривање, заплена и конфискација на имотна корист прибавена со кривично дело (Конвенцијата е потпишана на 14 декември 1999 година, ратификувана на 19 мај 2000 година),

  • Покрената постапка за ратификување на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на лица при автоматска обработка на лични податоци број 108 од 28.01.1981 година.

Конвенции на ОН

  • Универзална декларација за човековите права, донесена на 10.12.1948;

  • Меѓународен пакт за граѓански и политички права, донесен на 19 декември 1966 годиан (Службен весник МД,, - 7/71-73);

  • Меѓународна конвенција за сузбивање на терористичките напади со експлозивни материи (Конвенцијата е потпишана на 16 декември 1998 година, ратификувана на 6 мај 2004 година);

  • Меѓународна конвенција за спречување на финансирање на тероризмот (Конвенцијата е потпишана на 31 јануари 2000 година, ратификувана на 6 мај 2004 година);

  • Конвенција за сузбивање на нелегална заплена на авион (од 7 јануари 1998 година преземена по основ на сукцесија);

  • Конвенција за казнените дела и одредени други дела сторени во воздухоплов (од 30 август 1994 година преземена по основ на сукцесија);

  • Конвенција за физичка заштита на нуклеарниот материјал (од 20 септември 1996 година преземена по основ на сукцесија);

  • Конвенција за сузбивање на незаконски акти против безбедноста на цивилното воздухопловство (од 4 јануари 1995 година преземена по основ на сукцесија);

  • Протокол за сузбивање на незаконски акти на насилство на аеродроми кои служат за меѓународното цивилно воздухоплоство, дополнение кон Конвенција за сузбивање на незаконски акти против безбедноста на цивилното воздухопловство (од 4 јануари 1995 година преземена по основ на сукцесија);

  • Конвенција за маркирање на пластични експлозиви заради нивна детекција (од 21 септември 1998 година преземена по основ на сукцесија);

  • Конвенција за спречување и казнување на криминалот против меѓународно заштитени лица, вклучувајќи и дипломати (потпишана 29 јануари 1998 година, стапува во сила 17 декември 1991 година);

  • Конвенцијата за безбедноста на персоналот на ОН и сродниот персонал ( Конвенцијата е потпишана на 6 март 2002 година, во тек е постапка за ратификација);

  • Конвенција против ропството (стапена во сила на 17 ноември 1991 година, преземена со сукцесија на 18 јануари 1994 година);

  • Дополнителна конвенција против ропството, трговија со робови, институции и пракси слични на ропство (Стапена во сила на 17 ноември 1991 година, преземена со сукцесија на 18 јануари 1994 година);

  • Конвенција за спречување на трговијата со личности и експлоатација на други донесена на 21 март 1950 година (Сл.л. -МД - 2/51-39)(Конвенцијата е преземена по основ на сукцесија);

  • Конвенција за регулирање на државјанството на лица со двојно државјанство; (Сл.л.-МД 15/56-22) (Конвенцијата е преземена по основ на сукцесија);

  • Конвенција за правната положба на лицата без државјанство донесена на 29.09.1954 година (Сл.л-МД - 8/59-64) (Конвенцијата е преземена по основ на сукцесија);

  • Протокол за еден случај без државјанство донесен на 12 септември 1930 година (Сл.л - МД -7/60-69) (Протоколот е преземен по основ на сукцесија);

  • Конвенција за правната положба на бегалците, донесена на 28 август 1951 година;.

  • Протокол за правната положба на бегалците, донесен на 31 јануари 1967 година (Конвенцијата и протоколите се преземени по основ на сукцесија, а Република Македонија ги ратификуваше 1994 година);

  • Меѓународна конвенција против земање заложници (стапена во сила на 17 ноември 1991 година, преземена со сукцесија на 12 март 1998 година);

  • Конвенција против транснационален организиран криминал;

  • Дополнителен протокол за превенција, спречување и казнување на трговијата со луѓе, посебно жени и деца;

  • Дополнителен протокол против илегално пренесување на мигранти по сувоземен, воден и воздушен пат (Конвенцијата и протоколите се потпишани на 12 декември 2000 година, ратификувани на 28 септември 2004 година);

Во октомври 1993 година Република Македонија ги презема по основ на сукцесија следниве конвенции:

  • Единствена конвенција за наркотички дроги од 1961 година, дополнета со протокол од 1972 година;

  • Конвенција за психотропни сустанци од 1971 година;

  • Конвенција против незаконска трговија со наркотички дроги и психотропни супстанци од 1988 година.

Ратификацијата на конвенцииите значи обврска на Република Македонија односно надлежните институции да ги применат и усогасат со националното законодавство.

ИНТЕРПОЛ

На 62 -то заседание на Генералното собрание на Интерпол, одржано на Аруба, 1993 година Република Македонија е примена во членството на Меѓународната организација на криминалстичката полиција-Интерпол. Република Македонија ги исполнува сите обврски кои произлегуваат од ова членство и ги почитува меѓународните стандарди во тој контекст. Согласно со тоа е формирано одделение за НЦБ Интерпол во рамки на Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР.


19. Кој е Вашиот капацитет за учество во работата на Еуропол?

Превземајќи активности за усогласување на домашното со законодавството на Европска Унија, Република Македонија ја изрази својата волја за соработка со Европол, и во тој контекст достави одговори на прашалниците,врз основа на кои Европол може да изврши проценка за исполнување на условите за потпишување на договор помеѓу него и Република Македонија.

Одговорите на прашалниците беа направени врз основа на постоечкото законодавство на Република Македонија, при што запазувајќи го процесот на негово усогласување со европското законодавство, особено внимание беше посветено на делот на заштита на лични податоци како еден од условите за преговори со ЕВРОПОЛ. Со ратификација на Конвенцијата на заштита на лица при автоматска обработка на лични податоци (Конвенција бр. 108 на Совет на Европа, Стразбур, 28.01.1981 година), и донесувањето на Законот за заштита на податоци се создава неопходната правна рамка, усогласена со европското законодавство за заштитата на личните податоци и се исполнуваат условите за започнување преговори со ЕВРОПОЛ за потпишување договор.

Напоредно, во рамките на Стратегијата за реформа на полицијата, се реализираат активностите за зајакнување на капацитетите за соработка со ЕВРОПОЛ

Во 2003 година врз основа на промена на систематизацијата, во Министертсвото за внатрешни работи формиран е Сектор за меѓународна полициска соработка. Овој сектор ги извршува своите работни задачи врз основа на позитивните законски прописи на Република Македонија од областа на кривично/правната материја, потпишаните и ратификувани конвенции од страна на нашата држава и почитувајќи ги меѓународните стандарди. Во неговите рамки предвидено е работно место - офицер за врска со Европол. Описот на работните задачи ќе биде дефиниран по потпишувањето на договорот со Европол. Исто така, работното место ќе биде пополнето по потпишувањето на договорот со ЕВРОПОЛ.

Од технички аспект, со оглед на тоа што Секторот за меѓународна полициска соработка има искуство во поврзување и одржување на информационите системи на Интерпол и СЕКИ и располага со современа техничка опрема (донирана од Европска Комисија и преку СЕКИ од Германија), која ги задоволува современите стандарди за функционалност и заштита, поврзувањето со информациониот систем на Европол може да се оствари веднаш по потпишувањето на договорот, согласно стандардите на Европол.

Што се однесува генерално до човечките ресурси,.Министерството за внатрешни работи располага со стручен кадар за остварување на формите на полициска соработка кој ги задоволува бараните стандарди во однос на општите (задолжителни) и дополнителни услови.

20. Кои видови информатички алатки постојат и се користат (база на податоци (сопственик, содржина, пристап); регистри на податоци, online извори на податоци и тн.)?

Во Министерството за внатрешни работи од 1969 година функционира централизиран информациски систем базиран на IBM технологија и во досегашниот период повеќепати е надградуван. Министерството поседува и сопствена компјутерска мрежа во која се поврзани сите подрачни организациони единици на Министерството како и најголемиот дел на гранични премини. Апликативно програмскиот дел на информациониот систем е самостојно развиен од вработените во министерството и во најголем дел е изработен во програмската алатка PL/1, Visuel Age Generator и Lotus Notes. Основна база е IBM DB/2 базата, а во одредена апликација се користи и ORACL базата. За одредени потреби се користат и алатките Microsoft Word, Excel, Access и Analist Notebook.



Информациониот систем на Министерството за внатрешни работи на Р Македонија го сочинуваат:

  • Подсистем за јавна безбедност кој во себе ги содржи оперативно криминалистичките евиденции:

  • Евиденција на кривични дела и нивни сторители - содржи податоци за сите извршени кривични дела по Кривичниот Законик на Р Македонија и нивни сторители, како и кривични дела и сторители по други закони кои содржат одредби за кривична одговорност ;

  • Евиденција на општ азбучен индекс – содржи податоци од оперативните досија на извршителите на кривични дела и потешки прекршоци по јавниот ред и мир, изречени казни, прекари и лажни имиња и презимиња и вештини;

  • Евиденција за странци- содржи податоци за странци со постојан и привремен престој во Р Македонија, странци со признат статус на бегалец, странци со признато право на азил заради хуманитарна заштита и странци спрема кои е превземена мерка забрана за влез во Р Македонија.

  • Подсистем за управни работи кој во себе ги содржи евиденциите кои се формираат при извршување на управната постапка во Министервото за внатрешни работи.

  • Евиденција на единствен матичен број на граѓани - содржи податоци за сите живи и умрени граѓани на Р Македонија;

  • Евиденција на матични книги на родени и умрени граѓани – содржи податоци од матичните книги на родени и умрени граѓани на Р Македонија;

  • Регистер на државјани – содржи податоци за сите граѓани кои се државјани на Р Македонија, како и за оние граѓани кои добиле отпуст од македонско државјанство;

  • Евиденција на патни исправи – содржи податоци за издадени патни исправи, изгубени и исчезнати македонски патни исправи и забрани за издавање на патни исправи на државјани на Р Македонија.

  • Евиденција на моторни возила – содржи податоци за сите видови на моторни и приклучни возила со сила на моторот над 50 см3 и нивни сопственици;

  • Евиденција на возачки дозволи- содржи податоци за возачи на моторни возила и изречени ограничувања;

  • Евиденција на огнено оружје – содржи податоци за лесно огнено оружје и негови сопственици;

  • Евиденција на сообраќајни незгоди – содржи податоци за потешки сообраќајни незгоди и нивни учесници;

  • Евиденција на пожари – содржи податоци за пожари случени на територија на Р Македонија.

  • Подсистем за заеднички работи кој во себе ги содржи евиденциите од интерес на работењето на Министерството за внатрешни работи:

  • Евиденција на вработени – содржи податоци за вработени во Министерството за внатрешни работи;

  • Евиденција за финансово материјално работење – содржи податоци за финансово материјално работење на Министерството за внатрешни работи и плати на вработените.

  • Подсистем за статистички извештаи кој содржи редовни и специфични статистички извештаи:

  • Статистички извештај за криминалитет – содржи статистички извештаи за извршени кривични дела,последици и нивните сторители;

  • Статистички извештај за сообраќајни незгоди– содржи статистички извештаи за извршени сообраќајни незгоди, причини за настанување и нивните последици;

  • Статистички извештај за пожари– содржи статистички извештаи за настанати пожари, причини за настанување и нивните последици;

  • Специфични статистички извештаи – содржат статистички извештаи од сите евиденции кои се водат во електронска форма.

Сите наведени подсистеми меѓусебно се поврзани и заеднички го сочинуваат централниот информационен систем на Министерството за внатрешни работи.

Истовремено со овој централен информационен систем се развива и информационен подсистем на локална комјутерска мрежа.



  • Овој подсистем ги содржи евиденциите:

  • Евиденција на потраги и објави по лица – содржи податоци за лица по кои е распишана потрага;

  • Евиденција на украдени моторни возила – содржи податоци за украдени моторни возила на територијата на Р Македонија;

  • Систем за автоматска обработка на отпечатоци;

  • Евиденција за извршена набавка и транспорт на експлозиви и огнено оружје – содржи податоци за издадени и извршени набавки и транспорт на експлозивни материи, огнено оружје и муниција;

  • Евиденција за запленети дроги- содржи податоци за извршени заплени на дроги на територија на Р Македонија;

  • Евиденција на криминалистички вештачења – содржи податоци за сите видови на вештачење кои ги извршило Министерството за внатрешни работи на Р Македонија.

  • Евиденција на премин на граница- содржи податоци за лица и возила кои ја преминуваат границата на Р Македонија.

Базите на податоци се чуваат централизирано и постои сектор во министерството кој се грижи за сигурноста и расположивоста на податоците. Сопственик на базите на податоци е министерството односно соодветната служба која ги создава податоците. Пристапот до податоците е ограничен, и зависи од видот на овластувањето кое го поседува службата. Одобрение за пристап до податоците го дава службата која ги создава податоците.

Оn line извори на податоци се управните служби на Министерството за внатрешни работи каде се доставуваат барањата за водење на управна постапка; службите кои ги водат централните потерници и пријавени странци на територијата на Р Македонија; дежурните оперативни центри каде се евидентираат сите настани од безбедносен карактер и службите за аналитика кои ги обрабатуваат кривичните и прекршочните настани.


21. Каква опрема се користи за информирање (факс, телефон, радио врска, бипери, пејџери, мрежи на податоци итн.)?

Во Министерството за внатрешни работи на РМ, како опрема за пренос на информациите се користат следниве терминалски уреди: телефонски апарати, телефакс апарати, компјутери и радио станици.

Сите овие терминалски уреди се сопствени телекомуникациски системи.

1. Интегрирана дигитална мрежа за пренос на говор и податоци

Овој систем се состои од 52 комуникациски јазли, кои ги поврзуваат поголемите организациони единици на министерството (Сектори за внатрешни работи и Одделенија за внатрешни работи) и гранични премини во РМ. Комуникациските јазли се од типот NET Promina 800 series. Поврзувањето на овие јазли е во мешана структура (звезда и прстен) и е со 2Мб/с линкови. Во овие комуникациски јазли се врши интеграција на говорот и податоците. Комуникациските јазли се дигитални телекомуникациски уреди со различен тип на пристапни интерфејси кои овозможуваат пренос на дигитални и аналогни сигнали, податоци за различни типови на терминални компјутерски системи, поврзување на компјутерски мрежи, пренос на слика и видео, ИСДН и пристап кон Интернет.

1.1. Телефонски системи

Телефонскиот систем е затворен, автономен и безбедносно заштитен систем кои го сочинува мрежа од 35 дигитални телефонски централисо околу 5000 приклучоци, кои се инсталирани во сите поголеми организациони единици на министерството (Сектори за внатрешни работи и Одделенија за внатрешни работи). Телефонските централи се куќни централи од типот ОМНИ Џити С1 и С3. Поврзувањето меѓу нив се остварува со R2 digital сигнализација. Во останатите организациони единици на МВР се користат помали аналогни телефонски системи кои се исто така умрежени во системот. Овој систем освен за телефонски сообраќај, се користи и за телефакс сообраќајот.

1.2. Пренос на податоци

Пренос на податоци во МВР се одвива преку истите комуникациските јазли во кои се интегрирани рутери со CISCO софтвер и преку пристапните податочниканали интегрирани во компјутерски јазли. Првите се користат за поврзување на LAN мрежите во WAN мрежа, а вторите за поврзување на терминални компјутерски ситеми. Во сите СВР, ОВР и гранични премини се инсталирани LAN мрежи кои се од два типа Token Ring и Ethernet. Брзините на поврзување меѓу LAN мрежите е од 256 Kbit/s до 1Mbit/s и најчесто се користи протокол TCP/IP. Мрежата за пренос на податоци во МВР се користи за присап до базите на податоци, размена на податоците помеѓу организационите единици на МВР, е-маил и Интернет. Оваа мрежа е заштитена од надворешни упади со два Firewall система Checkpoint и PIX.

2. Радиокомуникациски системи

МВР во моментов користи аналогни радиокомуникациски системи во ВХФ и УХФ фрекфентен опсег. Истите се реализирани со репетитори од типот Сторно и Моторола и со нив се остварува покривање со радиосигнал на целата територија на РМ. На еден дел од територијата на РМ се користи и дигитална радио опрема од типот Астро-Моторола. Сите периферни уреди, рачни, мобилни и стационирани радиостаници се од типот Моторола. Поради конфигурацијата на теренот, покривањето со радио сигнал во некој рурални подрачја и погранични појаси не е целосно. Со оглед на технолошката и функционална застареност на системот се планира воведување на нов дигитален радиосистем ТЕТРА.

22. Кои се модалитетите и условите за соработка на полицијата со другите тела на јавна безбедност (царина, безбедносни и разузнавачки служби)?

Согласно Законот за внатрешни работи (“Службен весник на Република Македонија“ број 19/95, 55/97, 38/02, 33/03, и 19/04) :

Министерството во рамките на својата надлежност им укажува стручна помош на граганите, претпријатијата, и другите правни лица и на државните органи во остварување на пропишаните права и обврски, заштита на животот и личната сигурност на граганите и имотот.

На граганите, претпријатијата и другите правни лица и на државните органи, Министерството им дава информации, податоци и известувања за прашања за кои тие се непосредно заинтересирани.

Согласно Законот за Агенцијата за разузнавање („Службен весник на Република Македонија“ број 19/95) :

Агенцијата соработува со државните органи за прашања од заеднички интерес, Во остварувањето на мегусебната соработка,Агенцијата и државните органи се должни заемно да си доставуваат податоци, известувања и информации и да ги координираат акциите од надлежност на Агенцијата.

Со Одлука на Председателот на РМ и Председателот на Владата на Република Македонија, ДТ.бр.07-9 од 17.09.2003 година и ДТ.бр.66/1 од 16.09.2003 година предвидени се редовни средби на раководителите на безбедносните служби во Република Македонија на кое ниво се врши размена на релевантни безбедносни и разузнавачки информации.

Работата, модалитетите и условите за соработка на Министерството за одбрана односно на Воената полиција со полицијата , криминалистичката полицијата и другите тела на јавната безбедност како и со разузнавачките служби е регулирана со Законот за одбрана (“Службен весник на Република Македонија број 42/01 и 5/03“ ), Правила на службата на воената полиција, Упатства за:Организација и работа на службата за дежурство во Воената полиција;Воено полициско обезбедување на странски воени делегации; обезбедување на високи државни и воени личности и странски делегации; организација и работа на пријавните служби во објектите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија. Согласно Законот за одбрана и во согласност со напорите за усогласување со НАТО и ЕУ стандардите, Министерството за одбрана во рамките на својата надлежност за функционирање на интегриран комуникацискo -информациски систем фрекфентен менаџмент во радио комуникациите за потребите на одбраната, соработува и врши размена на информации со Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за разузнавање. Во оваа насока, согласно Стратегиско одбранбениот преглед на Министерството за одбрана при утврдување на мисиите на Армијата во делот на нејзиниот придонес во справување со регионални конфликти и кризи, Армијата соработува со Министерството за внатрешни работи со разузнавачки информации, подршка со средства и капацитети кои ги надминуваат нивните способности во граничното обезбедување, подршка во борбата против тероризмот, подршка во извршување акции на обезбедување на објекти од значење на одбраната и подршка во справување со асиметрични закани.

Согласно со член10 точка 17 и член 21 од Законот за Царинска Управа (“Службен весник на Република Македонија број 46/04“) како и член 11 точка 9 од Царинскиот закон (“Службен весник на Република Македонија број 21/98, 63/98, 86/99, 25/00, 109/00, 31/01, 4/02, 55/02, и 42/03“ ) пропишана е соработка и разменување на информациите со органите на државната управа и другите државни органи.

Во Министерството за внатрешни работи формирана е национална фокусна точка согласно со член 8 од Договорот за соработка во превенција и борба против прекуграничниот криминал (“Службен весник на Република Македонија“ 16/2000) и изработен е Водич за национална фокусна точка кој е прифатен од Советот на Европа на 28.04.1997/97/Ц251/01 и политичките насоки број 6-9 воспоставени од Европскиот совет. Во националната фокусна точка Царината како и Министерството за внатрешни работи имаат свои офицери кои доставуваат и примаат барања од СЕКИ центарот.

Согласно Правилникот за вршење на работите на Министерството за внатрешни работи (“Службен весник на Република Македонија“ број 12/98 и 15/03), во вршењето на внатрешните работи овластените службени лица и другите работници мегусебно соработуваат, ги усогласуваат своите активности, укажуваат мегусебна стручна и друга помош и постапуваат на начин со кој се обезбедува навремено, успешно и целосно извршување на службените работи и задачи.

Во однос на соработката во вршењето контрола при преминување на државната граница со наведениот правилник предвидено е дека овластените службени лица при извршувањето на работите од нивна надлежност соработуваат со:



  • граничните воени единици, царинските органи, како и другите органи и правни лица кои вршат работи на граничниот премин и во граничниот појас;

  • капетанијата , граничните воени единици и другите органи и правни лица кои вршат работи на инспекција и контрола на езерата;

  • царинските органи, управата за контрола на летање, претпријатието за аеродромски услуги и други органи и правни лица кои вршат рааботи на аеродромот;



Со Националната стратегија за интегрирано гранично управување предвидено е :

  • Сите вклучени органи во Интегрираното гранично управување взаемно да даваат„административна помош„-правен принцип според кој било кој орган може да побара од друг орган административна помош доколку поради одредени околности или законски пречки не е во можност да ја изврши својата законска обврска;

  • Да се потпише Меморандум за соработка меѓу Царинската управа и Граничната полиција со кој ќе се усогласат и развијат процедури за координација меѓу овие два органи;

  • Создавање и примена на Стандардни оперативни процедури засновани на определените надлежности на Граничната полиција и Царинската управа;

  • Да се потпише Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи, царинската управа и бирото за лекови за заедничка соработка заснована на стратегија за истрагите поврзани со дрогите.



Согласно Документот„Конкретни мерки и активности за спречување на организираниот криминал донесени од страна на Владата на РМ од 10.11.2003 година, формиран е Сектор за криминалистичко -разузнавачка анализа, во рамките на Одделот за организиран криминал. Во негова надлежност е собирање, проверување и оценка на оперативни информации и податоци, нивна анализа, при што така добиената аналитичка информација овозможува изведување на соодветни полициски акции.

Овој Сектор ќе овозможи поддршка на меѓуинституционална соработка на Министерството за внатрешни работи, Министерството за финансии и Царинската управа на Министерството за финансии, преку поставување на Офицери за врска и оперативно поврзување на базите на податоци на овие институции. Тој ќе ги врши работите на Национален центар за соработка за собирање, анализа, и размена на криминалистички информации, со цел зголемување на ефикасноста во борбата против организираниот криминал.

Склучен е Меморандумот за соработка за спречување на организираниот и друг вид криминал во Република Македонија меѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за финансии, а врз основа на Меморандумот склучен е протокол меѓу Министерството за внатрешни работи и Царинската управа. Претстои склучување н апророколи со Финансиската полиција и Дирекцијата за спречување на перење на пари.

23. Кои статистички податоци постојат (активности на полицијата, криминал, превенција, репресија)? Ве молиме дадете детали за методите и квалитетот на овие статистички податоци. Како се користат статистичките податоци за насочување на развојот на полицијата?

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија континуирано собира податоци за сите безбедносни настани, криминални и други недозволени активности, како и за мерките што ги презема полицијата за одржување на безбедноста. Постојат статистички податоци за сите видови кривични дела и сторители, за прекршоците против јавниот ред и мир, за прекршоците од областа на сообраќајот, за прекршоците во други области на недозволени однесувања, за сообраќајните незгоди, пожарите, самоубиствата,несреќните случаи, движењето на домашни и странски државјани и возила преку државната граница, податоци за бројот на моторни возила и за патната мрежа во Република Македонија, податоци за одземено оружје и дрога, за престојот и движењето на странски државјани во земјата и за сите други активности што полицијата ги презема врз основа на своите законски овластувања или по барање на некоја овластена институција.

Поголемиот дел од овие податоци се обработуваат и внесуваат во централниот информационен систем на Министерството, каде што се врши нивна натамошна обработка за потребите на стручните служби на Министерството, при што се презентираат статистички податоци за период од три, шест, девет месеци и годишни податоци. За одредени тековни потреби и за оперативно следење на актуелните безбедносни појави, дел од податоците се обработуваат на мануелен начин и на персонални компјутери и се изработуваат прегледи во форма на табели, осврти и слично, при што податоците се следат и за пократки временски периоди (месечно).

Од обработените статистички податоци може да се согледа обемот на безбедносните појави, нивната територијална застапеност и распространетост, динамиката и трендот на движење во земјата.

Врз основа на обработените статистички податоци се изработуваат проблемски информации, аналитички согледувања, осврти и други документи кои служат за следење на безбедносната состојба во земјата, движењето на криминалитетот и другите недозволени однесувања, согледувања за ефикасноста на полицијата во изминатите периоди и за насоки за планирање на идните активности.

За оперативното планирање на секојдневните полициски активности се користат месечните статистички податоци, за тактичките планови и насоки за работа на полицијата се користат кварталните податоци, а за стратешко планирање се користат годишните податоци.

Квалитетот на добиените статистички податоци обработени во централниот информационен систем и надополнети со другите мануелни начини на обработка на податоците, се на задоволително ниво и се во функција за оперативно, тактичко и стратешко планирање и насока на полицискиот безбедносен систем во Република Македонија.

24. Дали постојат национални статистички инструменти за мерење на стапката на криминал и стапката на расчистување на кривичните случаи? Ве молиме дадете соодветна статистика за последните две или три години.

Во рамките на извршување на својата функција, Министерството за внатрешни работи континуирано ги евидентира сите податоци од поднесените кривични пријави за сторени кривични дела на територијата на целата земја. Податоците од кривичните пријави се внесуваат во соодветните програми во централниот информационен систем во Министерството за внатрешни работи, кој работи по ИБМ технологија, а дел од податоците се обработуваат на посебни обрасци КРИМ-1 и КРИМ-2, кои исто така се внесуваат во информациониот систем. Со натамошна обработка на податоците се изготвуваат статистички податоци (тромесечни, полугодишни, деветомесечни и годишни) за обемот на криминалитетот на територијата на целата земја. Од овие податоци се добива и стапката на криминал, односно вкупниот број на кривични дела во однос на 100.000 жители на Република Македонија. Стапката на расчистување на кривичните дела претставува процент на расветлени кривични дела во однос на вкупниот број на пријавени кривични дела со непознат сторител. Стапката на расчистување на кривичните случаи како и стапката за криминалитетот се презентираат во сите статистички извештаи што Министерството за внатрешни работи ги доставува до државните органи и институции во Република Македонија, како и по барање на меѓународни институции, ИНТЕРПОЛ и медиумите.



Во табелата што следи се презентирани податоци за вкупниот број регистрирани кривични дела на територијата на Република Македонија, регистрираните кривични дела по одделни области на криминалот утврдени според номенклатурата на Министерството за внатрешни работи, како и одделни покарактеристични кривични дела регистрирани во изминатите две години. За сите овие кривични дела е пресметана стапката на криминал во однос на 100.000 жители, стапката на расветлени случаи во кривичните дела од областа на класичниот криминал во текот на извештајната година и вкупниот број пријавени сторители што се откриени како извршители на соодветните кривични дела.


2002 година

2003 година


ВИДОВИ

НА КРИМИНАЛИТЕТ

вкупно регистрирани кривични дела

стапка на криминал на 100.000 жители

стапка на расветлени случаи %

пријавени сторители ВКУПНО

Вкупно регистрирани кривични дела

стапка на криминал на 100.000 жители

стапка на расветлени случаи %

пријавени сторители ВКУПНО

Вкупно регистрирани кривични дела

18.308

898,3




15.651

22.547

1105




20.313

Кривични дела од областа на економскиот криминал

756

37,1




954

1.663

81,5




2.148

Кривични дела од областа на организираниот криминал

222

10,9




311

222

10,9




271

Кривични дела од областа на недозволена трговија

487

23,9




633

644

31,5




780

Кривични дела од областа на класичниот криминал

16.843

826,4

55,1

13.753

20.018

980,8

58,2

17.114

Покарактерис-тични кривични дела

























Убиство

61

3

67,2

45

73

3,6

76,7

72

Силување

36

1,7

97,2

40

56

2,7

92,9

62

Тешка кражба

8.370

411

41,8

6.229

9.128

447,2

41,4

6.811

Разбојништво

447

21,9

38,9

336

548

26,8

44,2

478

Насилство

95

4,6

95,8

231

109

5,3

93,6

217

Злоупотреба на службена положба

178

8,7




221

854

41,8




1.130

Криумчарење

53

2,6




58

19

0,9




29

Недозволена трговија со дрога

282

13,8




378

406

19,9




517

Недозволена трговија со оружје

153

7,5




215

213

10,4




238


25. Дали постојат показатели на успехот или критериуми за проценка на квалитетот на полициските активности? Доколку нема такви податоци, на кој начин се оценува учинокот на полицијата?

Податоците што укажуваат на успехот на полициските активности , се статистички податоци кои се однесуваат на расветлени НН ( непознат сторител)кривични дела и прекршоци во одреден временски период, во однос на вкупниот број пријавени кривични дела од НН сторител на 100.000 жители. Статистичките податоци се изготвуваат за период од 3, 6, 9 месеци, и 1 година .

Податоците се споредуваат со статистичките податоци од минатите години , како и со споредување со податоци од околните земји. Исто така се изготвуваат информации кои се однесуваат за конкретни безбедносни појави и настани, активности на полицијата како и ефектот од ангажирањето на полицијата.

Проучувањето на податоците и нивна обработка во согласност со правилникот за систематизација и организација на работните места во Министерството за внатрешни работи го врши Секторот за аналитика и истражување.

Согласно Акциониот план за реформа на полицијата, во рамките на Одделот за организиран криминал се формира Одделение за контрола на квалитетот на работењето. Една од основните функции на ова Одделение е развивање на соодветни стандарди за квалитет, кои ќе претставуваат основа за оценување на законските и техничките аспекти на квалитетот на истрагите.

26. Кои се инструментите за напредување во кариерата? Како се проценува работата на секој полициски службеник?

Напредувањето во кариерата во Министерството за внатрешни работи е опфатено со следните подзаконски акти: Правилник за систематизација на работните места во Министерството за внатрешни работи, Упатство за начинот и постапката за спроведување на интерен оглас во Министерството за внатрешни работи и Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи.

Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за внатрешни работи ги утврдува работните места, како и условите кои мора да ги исполнува работникот во Министерството за да може да биде распореден на тоа работно место, додека Кадровската служба, односно службата за човечки ресурси е одговорна за сите постапки за вработување, распоредување, унапредување и престанок на работен однос, како и остварувањето на правата од работниот однос. Службата води целосна евиденција со потребните податоци за вработените.

Можноста да напредува во својата кариера полицискиот службеник може да ја реализира преку поднесување на апликација во постапка за спроведување на интерен оглас во Министерството за внатрешни работи.Начинот и постапката за спроведување на интерен оглас за избор заради распоредување на работниците на работни места со посебни должности и овластувања во Министерството за внатрешни работи е пропишана со Упатството за начинот и постапката за спроведување на интерен оглас во Министерството за внатрешни работи, кој преставува подзаконски акт на Министерството.

Согласно одредбите од наведеното Упатство интерниот оглас во Министерството за внатрешни работи се спроведува со доставување на телеграма до сите организациони единици во Министерството.Телеграмата содржи податоци за називот на работното место кое е слободно и кое треба да се пополни по пат на интерен оглас, посебните услови што се бараат за тоа работно место согласно Правилникот за систематизација на работните места, рокот за поднесување пријави, како и податоци кои мора да ги содржи пријавата.

Упатството истовремено ги нормира и податоците кои мора да ги содржи пријавата, определувајќи дека пријавата содржи кратка биографија на кандидатот, во која меѓу другото мора да се содржани податоци за:работното искуство и движење во службата во Министерството за внатрешни работи, дополнителното образование, наградувања и казнувања, податок дали против него била водена постапка за кршење на работната дисциплина, а доколку била водена податок за исходот од истата, посетување на курсеви и семинари, познавање на странски јазици и познавање на работа со компјутери.

Со цел да му се овозможи на секој работник во Министерството да поднесе апликација по интерниот оглас, со наведеното Упатство е предвидена обврска на раководителите на сите организациони единици во Министерството за внатрешни работи задолжително да ги запознаат сите вработени во организационата единица за содржината на телеграмата со која се објавува интерниот оглас.

Постапката по интерниот оглас ја спроведува комисија која со решение ја формира министерот за внатрешни работи.

Комисијата е составена од претседател и четири члена, како и нивни заменици.Претседателот и тројцата членови, од кои еден е преставник од Македонскиот Полициски Синдикат, се постојани членови на комисијата и се избираат за период од 1 година, а петтиот член на комисијата е променлив член на комисијата кој е раководител на организациониот облик во кое работното место е слободно, односно упразнето и истиот е со мандат за спроведување само на поединечната постапка за интерен оглас на тоа работно место.Во зависност од условите кои се бараат за соодветното работно место, комисијата може да ангажира и надворешно лице од Полициската академија.

Комисијата е должна во најкраток можен рок, но не подолг од 30 дена од истекот на рокот за поднесување на пријавите да ја спроведе постапката по интерен оглас.

По завршување на постапката за избор, комисијата е должна во рок од 2 дена од денот на завршување на постапката да достави писмен предлог до министерот за внатрешни работи за донесување на решение за распоредување.

Писмениот предлог што комисијата го доставува до министерот за внатрешни работи содржи листа од 5 најуспешни кандидати и извештај за спроведената постапка.

Заради објективно утврдување на листата на кандидатите, а во зависност од видот на работните задачи за соодветното работно место, комисијата може да спроведе интервју со кандидатите, психолошко тестирање, оценување на физичката подготвеност, проверка на познавањето на законските и подзаконските прописи кои се потребни за извршување на соодветните работни задачи, како и проверка на степенот на познавањето на странските јазици и слично.

Покрај наведените активности, при утврдување на листата на најуспешните кандидати, комисијата ќе ги има во предвид и стекнатите сертификати на подносителите на пријавата за посетуваните семинари и курсеви,аналитичкиот осврт на кандидатот за организацијата и начинот на работа за соодветното работно место, познавањето на странски јазици, работа на комјутери и слично.Доколку оцени за потребно, комисијата може за работата на кандидатот да побара и мислење од непосредниот раководител на кандидатот.

Врз основа на предложената листа на 5 најуспешни кандидати, изготвена од страна на комисијата, министерот за внатрешни работи со решение за распоредување одлучува за избор на работникот на работното место за кое е спроведена постапка за интерен оглас.

Работата на полицискиот службеник постојано се оценува од страна на раководителот на организационата единица.Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 8/98, 11/98, 12/2000, 3/2003 и 3/2004) предвидува децидна обврска на раководителот на организационата единица за секој изминат месец да врши анализа на работата на организационата единица и на секој работник и истовремено да утврди дали конкретниот работник ги остварил просечните резултати во работата.

Доколку се утврди дека работникот остварил натпросечни резултати во работата, односно работата ја извршил со особен успех и квалитет, раководителот на организационата единица во која работникот работи, може да предложи платата за тековниот месец да му се утврди во зголемен износ.

Плата во зголемен износ, согласно одредбите од Колективниот договор, особено ќе се утврди во следните случаи:



  • особено ангажирање во извршувањето на работите и задачите од работното место или други определени работи и извршување на истите со особен квалитет,

  • покажана иницијативност во работата која се манифестира со давање корисни предлози и решенија кои придонесуваат за поголема ефикасност и остварување на поголеми резултати во работата,

  • извршување на посеопфатни работи и задачи во однос на работите и задачите кои обично се извршуваат,

  • покажана особена стручност и професионалност во примена на законски и други прописи,

  • значителен придонес во спречување на сторување на кривични дела и други недозволени дејствија,

  • извршување на работи и задачи во случаи кога е потребно одлучување на поединец со што се придонесува за зголемување на угледот на Министерството,

  • успешно и во текот на подолг временски период извршување на работи и задачи од отсутен работник,

  • учество во изведување на групни или поединечни, локални или републички акции и постигнување на особен успех во истите.



Доколку раководителот на организационата единица во која работникот работи утврди дека работникот не ги остварил просечните, односно очекуваните резултати во работата може да се предложи платата на работникот за тековниот месец да му се утврди во намален износ.

Согласно одредбите од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи, платата во намален износ особено ќе се утврди во следните случаи:



  • недоволно ангажирање во извршување на работите и задачите,

  • извршување на работите и задачите без потребен квалитет и начин како е програмирано, планирано или даден налог за работа,

  • неизвршување на работите и задачите во утврдените рокови,

  • покажана недоволна стручност и професионалност во примената на законски и други прописи,

  • неефикасно користење на работното време и

  • некоректно однесување кон работниците или трети лица и предизвикување на оправдани реакции и забелешки, што негативно се одразуваат врз извршувањето на работните задачи.



При утврдување на постоењето на наведените случаи се утврдува и нивниот обем, тежина и последиците на работата на конкретното работно место и работата на организационата единица во целина.

Предлогот од раководителот на организационата единица кој се однесува за утврдување на плата во зголемен односно намален износ се поднесува до организационата единица на Министерството надлежна за кадровските работи, која го разгледува предлогот и дава мислење за неговата усогласеност со критериумите утврдени со Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи.

Доколку се утврди дека предлогот се заснова на пропишаните критериуми, истиот се доставува на мислење до соодветната организациона единица во седиштето на Министерството која врши надзор над извршувањето на работите од соодветната област.

По добиеното мислење од наведената организациона единица, предлогот се доставува до потсекретарот, односно директорот на Дирекцијата заради нивна согласност и конкретен предлог за донесување решение.

Доколку раководителот на организацоната единица утврди дека работникот искажува незадоволителни резултати во работата, истиот може да поведе постапка за утврдување на незадоволителни резултати во извршувањето на работните задачи која е утврдена со Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи.

Постапката започнува со изготвување на извештај од страна на раководителот на организационата единица во кој е содржано:име и презиме, работно место и организационата единица во која работникот работи; време за кое се врши оценување на работникот; краток опис на работната задача што не е извршена или неквалитетно е извршена; кога и од кого бил даден налогот за работа, дали му се обезбедени потребните услови за работа на работникот, дали при тоа за време на работата биле давани соодветни упатства, насокои и предупредувања и на кој начин; последиците од таквото работење и кратко мислење од работникот во претходните три месеци.

Истовремено, на работникот му се доставува писмено укажување за тековното работење со предупредување да го подобри своето работење во наредниот месец.

Доколку работникот по истекот од 30 дена од даденото предупредување не го подобри работењето, а нема оправдани причини за таквото работење, се изготвува писмен и образложен предлог за покренување на постапка за утврдување на одговорност.

Предлогот му се доставува на работникот и веднаш од него се бара писмено изјаснување за причините за таквото работење.

Истовремено предлогот се доставува и до основната организација на Синдикатот во соодветната организациона единица и се бара писмено мислење што Синдикатот е должен да го даде во рок од 3 дена или преставникот на Синдикатот тоа мислење да го изнесе на расправата пред комисијата за отказ.

Постапката за утврдување на незадоволителни резултати во извршувањето на работните задачи ја спроведува Комисијата за отказ при Министерството за внатрешни работи која ја утврдува одговорноста на работникот и која изготвува писмен предлог до Министерот да донесе соодветно решение.

Ако комисијата утвди дека работникот не е одговорен или не се исполнети условите за донесување на решение за престанок на работниот однос со отказ, му предлага на Министерот да го отфрли предлогот, односно да ја запре постапката.

Во зависност од степенот на одговорноста на работникот, условите под кои е направена повредата, поранешната работа и однесување на работникот, Министерот може да донесе решение за отказ или негова замена со парична казна која не може да биде поголема од 15% од месечната плата на работникот во траење од 1 до 6 месеци.

Против решението донесено од страна на министерот за внатрешни работи работникот има право на приговор во рок од 8 дена од денот на приемот на решението.Приговорот се поднесува до надлежната комисија при Владата на Република Македонија.

Работникот истовремено има право на судска заштита, односно право да иницира постапка пред надлежниот суд во Република Македонија.

На работникот кој со посебни ангажирања и квалитет во извршувањето на работите и задачите позначително ќе придонесе во остарувањето на функцијата на Министерството може да му се додели награда во висина до една негова плата.

Исто така,на работникот кој остварил посебни успеси и резултати постигнати во остварување на функциите на Министерството може да му се доделат награди, благодарници и признанија утврдени со Правилникот за внатрешни работи за видот и начинот на доделување награди, благодарници и признанија бр.16.1-1730 од 01.06.2001 година.

27. Кои податоци се чуваат и доколку се чуваат, кој има пристап до следните податоци:
а) податоци за лица барани за екстрадиција;
b) податоци за странците на коишто им бил одбиен влезот во земјата;
c) податоци за исчезнати лица
d) податоци за лица кои се под полициска заштита;
e) податоци за сведоци или лица на коишто им е дадена покана да дојдат на суд;
f) податоци за лица (или возила) за кои постојат докази или причини да се претпостави дека ќе бидат извршени тешки кривични дела;
g) податоци за предмети (украдени возила, огнено оружје, документи, банкноти).



a) Податоци за лица барани за екстрадиција

Секторот за меѓународна полициска соработка при Министерството за внатрешни работи во Република Македонија согласно член 536 од Законот за кривична постапка (“Службен весник на Република Македонија“ број 15/97, 44/02 и 74/04, води повеќе евиденции за издадени потерници. Исто така, Министерството за внатрешни работи води евиденции за објави на лица кои се бараат од наши и странски судски органи со цел лицата да бидат екстрадирани. Врз основа на Европската конвенција за екстрадиција (донесена во 1957 година во Париз) за распишани меѓународни потерници од земјите членки на ИНТЕРПОЛ, во кои се дадени изјави дека лицата кои ќе бидат лишени од слобода, за нив ќе биде побарана екстрадиција, Секторот за меѓународна полициска соработка распишаните меѓународни потерници ги доставува до сите гранични премини и организациони единици во Министерството. Исто така, за лица кои се бараат од нашите судски органи, Секторот го известува Одделението за потражна дејност во Одделот за криминалистичка полиција на МВР, каде се води евиденција за тие лица и воедно се распишуваат потерници до сите земји членки на ИНТЕРПОЛ. Во системот на потерници во Република Македонија се заведува посебна ознака за наведеното лице дека покрај потерница на национално ниво за него се распишува и меѓународна потерница.



б) Податоци за странците на кои што не им е дозволен влезот во земјата

Секторот за странци и имиграциони прашања при Министерството за внатрешни работи, во координација со граничните полициски станици за контрола на премин на државна граница за патен и воздушен сообраќај имаат законска можност да не дозволат влез на странец согласно Законот за движење и престој на странци (“Службен весник на Република Македонија“ број 36/92; број 66/92; број 26/93 и број 45/02). За сите странци на кои не им е дозволен влезот во земјата се води евиденција, односно регистар во кои се содржани податоците за лицето и причините заради кои не му е дозволен влез во земјава. Исто така, постои и регистар за одредени странски државјани на кои им е изречена мерка откажување на престојот во времетраење повеќе од шест месеци. Секторот за странци и имиграциони прашања постапува согласно Законот за движење и престој на странци и Законот за преминување на државната граница и движење во граничниот појас (“Службен весник на Република Македонија“ број 12/93; број 11/94.)



в) Податоци за исчезнати лица

Одделението за потражна дејност во Одделот за криминалистичка полиција во Министерството за внатрешни работи води евиденции на пријавени исчезнати лица и лешеви со непознат идентитет.

Одделението за потражна дејност работи согласно Упатството за преземање на потражни дејствија, распишување на централни и меѓународни потерници и објави за лица и предмети. Во одделението за потражна дејност при пријава за исчезнато лице се пополнува образец Ante Mortem, додека пак при пронаоѓање на леш со непознат идентитет од страна на Одделението за идентификација при Одделот за кримианлистичка полиција во Министерството за внатрешни работи се пополнува образец Post Mortem. Во Оделението за потражна дејност постои и компјутеризиран систем на евиденција за лица за кои се води централна потерница, евиденција за украдени моторни возила и евиденција за украдено или изгубено огнено оружје.

г) Податоци за лица кои се под полициска заштита

Проблематиката за податоци на лица кои се под полициска заштита во досегашната важечка законска регулатива во Република Македонија не е регулирана, од причина што во досегашното практика на Министерството за внатрешни работи не е давана заштита на лица сведоци или жртви. Оваа проблематика ќе биде обработена во новиот Закон за заштита на сведоци, кој е во Собраниска процедура..



д) Податоци за сведоци или лица на кои што им е дадена покана за на суд

Во праксата во Република Македонија, согласно Законот за кривична постапка податоците за учесниците во постапката (сведоци и други лица) се чуваат во секој предмет пооделно, зависно во која фаза се наоѓа истиот. Таквите податоци се наоѓаат во Основото јавно обвинителство кај Заменикот јавен обвинител,додека при истрага податоците се наоѓаат кај Истражниот судија и кај судиите во Основните судови.



ѓ) Податоци за лица (или возила) за кои постојат основи на сомнение за претпоставка дека прават подготовка за вршење на тешки кривични дела

Во Министерството за внатрешни работи - Одделот за криминалистичката полиција, во случаи кога се располага со одредени индиции и сознанија за лица дека се можни сторители на тешки кривични дела, во тие случаи во полициската методологија на работа се отвараат оперативни обработки, преку кои на организиран начин се преземаат мерки за собирање на докази за документирање на недозволените криминални активности. За отворање и водење на оперативните обработки се води Локален и Републички регистар, но во него не се евидентираат лицата.за кои се отворени обработките.Со спроведувањето на реформите во полицијата се предвидува воспоставување на криминалистичко разузнавачка база на податоци во која ќе бидат опфатени лица за кои ќе постојат основи на сомнение дека подготвуваат, извршуваат или извршилие кривични дела од областа на организираниот криминал. Во оваа база на податоци ќе бидат опфатени и криминалните активности поврзани со патничките моторни возила и Постоечките сознанија за возила кои моментално се во сопственост на криминалните лица и групи кои се организирани за извршување на таков тип на кривични дела.



е) Податоци за предмети (украдени возила, огнено оружје, документи, банкноти)

Одделението за потражна дејност во Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи ги води следните евиденции:



  • евиднеција за украдено и изгубено оружје;

  • евиденција за украдени моторни возила, која евиденција ја има и во НЦБ Интерпол (Automated search facility;)- база со можност за автоматско пребарување

  • евиденција за одредени предмети (патни исправи)



Евиденциите за украдени моторни возила и украдени/изгубени патни исправи преку НЦБ Интерпол Скопје се внесуваат во базата за можност за автоматско пребарување во Генералниот секретаријат на Интерпол во Лион.

Секторот за криминалистичка техника в води евиденција за фалсификувани банкоти кои се предмет на вештачење. Постојат повеќе видови на евиденции:



  • евиденции за странски валути

  • евиденции за номинална вредност

  • евиденции по сериски број

  • евиденции од кои организациони единици се доставени барања за спроведување експертизи

  • база на податоци “Image archive“ на неоригинални банкноти

  • каталози на оригинални банкноти и во одредени случаи СД - ромови- Genuine (база на податоци на оригинални банкноти).



Пристап во сите овие евиденции имаат овластените службени лица кои работат на оваа проблематика.


Достарыңызбен бөлісу:
1   ...   29   30   31   32   33   34   35   36   ...   51




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет