ОБЈава за набавка на опрема



бет1/9
Дата04.06.2016
өлшемі5.83 Mb.
#113732
  1   2   3   4   5   6   7   8   9








ОБЈАВА ЗА НАБАВКА НА ОПРЕМА





  1. Објавa број: WUF/IK/FOSIM/CLEM/08121 IT

  2. Финансирање: Фондација Western Union, Извозна и кредитна банка и Фондација Институт отворено општество-Македонија

  3. Нарачател: Фондација Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) за потребите на проектот “Компјутерска лабораторија за прединкубациски и инкубациски обуки во ИТ Бизнис инкубатот“

  4. Корисници на опремата: Фондација Претприемачки сервис за млади



ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА

  1. Опис на набавката:

Предмет на набавката е испорака, инсталација, одржување во и вон гарантен рок и сервис обезбеден од страна на понудувачот на компјутерска опрема дадена во една целина.

  1. Име на целината (комплетната документација се добива согласно Точка 15.)

Целина 1: Компјутерска опрема за Фондација Претприемачки сервис за млади



УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

  1. Подобност и правила на потекло

Понудувачи можат да бидат трговски фирми од Република Македонија и од странство кои целосно, квалитетно и навремено ги имаат исполнето евентуалните поранешни обврски кон ФИООМ.

Потекло на производите и националноста на добавувачот: Компјутерската опрема треба да биде од познат светски производител (Brand Name), нема ограничувања врзани со националноста на понудувачот, добавувачот и потеклото на производите предмет на понудата.

  1. Основа за исклучување

Понудувачите мора да обезбедат изјава дека не се во ситуацијата наведена во првиот дел на Точка 7.

  1. Број на понуди

Еден понудувач може да даде само целосна понуда за целината. Секоја целина е предмет на еден договор и спецификацијата дадена во неа е неделива. Понудувачот е должен да ги понуди сите ставки на зададената целина. Во ниеден случај некомплетни понуди за поедина целинa нема да бидат разгледувани.

  1. Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција)

Понудувачите НЕ ТРЕБА да достават Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција).

  1. Гаранции

На успешниот понудувач ќе му биде побарано да обезбеди Гаранција за добро извршување на работите во вредност од 10% од вредноста на договорот изразена во МКД. Истата (со текст како што е даден во примерот) мора да биде доставена најдоцна 10 дена откако понудувачот ќе го прими потпишаниот договор од страна на Нарачателот. Ако понудувачот не го направи тоа во овој период тогаш договорот ќе биде поништен, а постапката ќе биде повторена со следниот најповолен понудувач.

  1. Валидност на понудата

Понудите мора да останат валидни 90 дена по крајниот рок за поднесување на истите.

  1. Краен рок на извршување

60 дена по потпишувањето на договорот.



КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА И ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ

  1. Бодување и критериуми

  • 60 % (од вкупните бодови) = Цена.

  • 20 % (од вкупните бодови) = Сервисна мрежа на понудувачот во РМ, должина на гарантен рок за стоката и услови на сервисирање.

  • 10 % (од вкупните бодови) = Референци на производителот и понудувачот во Македонија.

  • 10 % (од вкупните бодови) = Начин на плаќање и рок на испорака и пуштање во работа на опремата.



КОНКУРИРАЊЕ

  1. Како да ја набавите комплетната документација

Комплетната документација може да ја превземе преку Интернет од www.soros.org.mk најдоцна три дена пред истек на крајниот рок за поднесување понуди,

Сите прашања во врска со тендерот треба да се испраќаат исклучиво по писмен пат на адреса на ФИООМ, по електронска пошта на: vanco.dzambaski@soros.org.mk (со наведување на бројот на објавата од Точка 1), најдоцна 2 дена пред истек на крајниот рок за поднесување понуди даден во Точка 16. ФИООМ ќе одговори на прашањата на ист начин, најдоцна 1 ден пред истиот рок.



  1. Краен рок за поднесување на понудите

Заинтересираните понудувачи своите понуди (ЕДЕН ОРИГИНАЛ НА ХАРТИЈА И НА ЕДНО CD, во Акробат и МС Ворд) треба да ги достават во затворен и запечатен коверт со напомена “Понуда бр. WUF/IK/FOSIM/CLEM/08121 IT, на рака или по курирска пошта на следнава адреса:

ФИООМ, “Јане Сандански” 111, 3-ти спрат, 1000 Скопје, Република Македонија

Тел: (02) 2 44 44 88 лок.112 и (02) 2 44 67 44

За понудите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на пристигнување на пратката на адреса на ФИООМ, а НЕ времето на предавање на пратката во пошта.



Краен датум за достава на понудите: среда, 17.12.2008 год., најдоцна до 13.00 часот. Понудите добиени по назначениот рок нема да бидат земени предвид.


  1. Јавно отвoрање на понудите

Јавно отварање на понудите нема да има!







ГЛАВА 1



Достарыңызбен бөлісу:
  1   2   3   4   5   6   7   8   9




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет