Образец на записник од отворањето на понудите Договорен орган: Предмет на договорот: Број на огласот



Дата06.07.2016
өлшемі90 Kb.
#181320
Образец на записник од отворањето на понудите
Договорен орган: ___________________________

Предмет на договорот:___________________________

Број на огласот:____________


  1. Датум, време и место на отворањето на понудите: ___________.

  2. Членови на комисијата за јавна набавка:

  • ___________________

  • ___________________

  • ___________________

  • ___________________.

  1. Овластените претставници на понудувачите се наведени во евидентниот лист во прилог.

  2. Вкупен број на примени понуди: ____.

  3. Коверти за повлекување на понуда со име на понудувачите: _____.

  4. Коверти за измена или замена на понуда со име на понудувачите: ____________.

  5. Број на задоцнети понуди, нивни измени, замени или повлекувања _____.

  6. Податоци за елементите на понудите кои се читаат на јавното отворање се дадени во табелата во прилог.

  7. Забелешки на овластените претставници на понудувачите:

________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________.

Записникот е изработен на _______________ година.


Потпис на членовите на комисијата за јавна набавка:

______________________

______________________

______________________

______________________


Табела со податоци за елементите на понудите кои се читаат на отворањето на понудите
Договорен орган: _______________________________

Предмет на договорот:___________________________

Број на огласот:____________

Датум на отворањето на понудите: _______________


Опис

Понудувач 1

Понудувач 2

Понудувач 3

Понудувач ...

Назив на понудувачот













Понудата е примена во рок













Надворешниот коверт е затворен













Надворешниот коверт има ознака „не отворај“













Повлекување на понуда













Измена или замена на понуда













Понудата е доставена во оригинал и онолку копии колку што се барале во тендерската документација













Рок на важност на понудата













Валута на понудата













Вкупна цена (без ДДВ)













Гаранција на понудата













Износ на гаранцијата на понудата













Други податоци што се читаат согласно со тендерската документација












Потпис на членовите на комисијата за јавна набавка:

______________________

______________________

______________________

______________________



Евидентен лист на овластени претставници на понудувачите
Договорен орган: _________________________

Предмет на договорот:___________________________

Број на огласот:____________

Датум на отворањето на понудите: _______________


Бр.

Име и презиме на овластениот претставник

Назив на понудувачот

Потпис

1










2










3










4










...









Потпис на членовите на комисијата за јавна набавка:

______________________

______________________

______________________

______________________



Упатство

за пополнување на образецот на записник од отворањето на понудите
Записник од отворањето на понудите

  • Во точка 1 од образецот се внесува датумот, времето и местото на отворање на понудите.

  • Во точка 2 од образецот се внесуваат името и презимето на членовите на комисијата за јавна набавка кои ја спровеле постапката за отворање на понудите.

  • Точката 3 останува непроменета како што е дадена во образецот на записникот. Доколку е предвидено спроведување на електронска аукција, и согласно законот отворањето на понудите не е јавно, оваа точка се брише.

  • Во точка 4 се внеува вкупниот број на примени понуди, вклучувајќи ги задоцнетите понуди и ковертите за измена, замена и повлекување на понудите.

  • Во точка 5 се наведува со „да“ или „не“ дали има пристигнато коверти за повлекување на понуда. Доколку има пристигнато коверти за повлекување на понуда, се наведува и името на понудувачите кои ги доставиле ваквите коверти, откако истите ќе се отворат.

  • Во точка 6 се наведува со „да“ или „не“ дали има пристигнато коверти за измена или замена на понуда. Доколку има пристигнато коверти за измена или замена на понуда, се наведува и името на понудувачите кои ги доставиле ваквите коверти, откако истите ќе се отворат.

  • Во точка 7 се наведува бројот на задоцнети понуди.

  • Точката 8 останува непроменета како што е дадена во образецот на записникот.

  • Во точка 9 се внесуваат евентуалните забелешки на овластените претставници на понудувачите. Доколку е предвидено спроведување на електронска аукција, и согласно законот отворањето на понудите не е јавно, оваа точка се брише.

  • На крајот од записникот се внесува датумот на кој е изработен записникот од отворањето на понудите и се потпишуваат сите членови на комисијата за јавна набавка кои учествувале на отворањето на понудите.


Табела со податоци за елементите на понудите кои се читаат на јавното отворање

  • Во табелата се внесуваат податоци за елементите кои се прочитани во текот на отворањето на понудите за секоја понуда поединечно и таа претставува составен дел на записникот.

  • Во првата колона се дава опис на податокот кој е прочитан на јавното отворање за секоја понуда поединечно. При изготвување на табелата комисијата треба да ја прилагоди табелата во зависност од специфичноста на предметот на договорот за јавна набавка и елементите кои се читаат при отворањето на понудата. Оние полиња кои не се применливи за конретната постапка (на пример доколку не се бара гаранција на понудата), комисијата треба да ги избрише или да не ги пополнува, а доколку договорниот орган во тендерската документација предвидел читање и на други елементи од понудите согласно со член 136 став 6 од Законот за јавните набавки, комисијата треба да ги внесе овие елементи како нови редови во првата колона. Доколку бројот на понудувачи е поголем од бројот на колони во табелата, комисијата треба да додаде онолку колони колку што има понудувачи или да пополни нов лист со истата табела.

  • Во останатите колони од табелата се внесуваат податоци за елементите на понудите според редоследот на читањето на понудите. При тоа, најпрво се внесуваат понудувачите кои доставиле коверт со ознака „измена, „замена“ или “повлекување“ на понуда.

  • Во вториот ред се внесуваат називите на понудувачите.

  • Во третиот ред од табелата со „да“ или „не“ се утврдува дали понудата е навремена, односно поднесена во рокот утврден како краен рок за поднесување на понудата. Доколку понудата не е поднесена во овој рок (односно во случај на задоцнета понуда) останатите полиња за таа понуда не се пополнуваат.

  • Во четвртиот ред со „да“ или „не“ се утврдува дали понудата е доставена во затворен надворешен коверт.

  • Во петтиот ред со „да“ или „не“ се утврдува дали надворешниот коверт во кој е доставен ковертот со понудата има ознака „не отворај“.

  • Во шесттиот ред со „да“ или „не“ се утврдува дали за понудата е доставен коверт со ознака „повлекување“. Доколку е доставен коверт за повлекување на понудата, наредните полиња за таа понуда не се пополнуваат.

  • Во седмиот ред со „да“ или „не“ се утврдува дали за понудата е доставен коверт со ознака „измена“ или „замена“. Доколку е доставен коверт со ознака „измена“, во табелата се внесуваат новите елементи од измената на понудата, додека оние елементи кои остануваат неизменети се внесуваат од првичната понуда. Доколку е доставен коверт со ознака „замена“, во табелата се внесуваат елементите од заменетата понуда.

  • Во осмиот ред со „да“ или „не“ се утврдува дали понудата е доставена во оригинал и онолку копии колку што барал договорниот орган во тендерската документација.

  • Во деветтиот ред се внесува рокот на важност на понудата.

  • Во десеттиот ред се внесува валута во која е искажана цената на понудата.

  • Во единаесеттиот ред се внесува вкупната цена на понудата во која се вклучени сите давачки, без ДДВ. Во случај на договор за јавна набавка кој е деллив, комисијата додава онолку редови колку што има делови договорот за јавна набавка, при што за секој дел ја внесува вкупната цена на понудата.

  • Во дванаесеттиот ред со „да“ или „не“ се утврдува дали понудувачот доставил гаранција на понудата. Доколку во тендерската документација договорниот орган не барал гаранција на понуда, комисијата го брише овој ред.

  • Во тринаесеттиот ред се наведува износот на гаранцијата на понудата. Доколку во тендерската документација договорниот орган не барал гаранција на понуда, комисијата го брише овој ред.

  • Доколку во тендерската документација договорниот орган навел дека на отворањето на понудите ќе се читаат и други елементи на понудата, комисијата додава соодветни полиња за оние елементи кои се прочитале на отворањето на понудите.


Евидентен лист на овластени претставници на понудувачите

  • Во евидентиот лист се внесуваат имињата на сите овластени претставници на понудувачите кои учествувале во постапката на отворање на понудите. Секој овластен претставник го потврдува своето присуство со потпишување на евидентниот лист.

  • Комисијата додава нови полиња за внесување на овластените претставници од понудувачите во зависност од бројот на овластени претставници кои учествувале во постапката на отворање на понудите.

  • Доколку е предвидено спроведување на електронска аукција, и согласно законот отворањето на понудите не е јавно, евидентниот лист не се користи.





Достарыңызбен бөлісу:




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет