Одлук а за пристапување кон измени и дополнувања на Статутот на Општина Богданци Член 1



Дата18.07.2016
өлшемі123.78 Kb.
#207564

13 септември 2010 god. SLU@BEN GLASNIK NA OP[TINA BOGDANCI br.9 - str.

__ _____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________



Врз основа на член 130 и 131 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“ бр.04/05), Советот на Општина Богданци на седницата одржана на 10.09.2010 година, донесе
О Д Л У К А

за пристапување кон измени и дополнувања на

Статутот на Општина Богданци
Член 1

Со оваа одлука се пристапува кон измена и дополнување на Статутот на Општина Богданци бр. 07-171/2 од 28.04.2005 година, објавен во „Службен гласник на Општина Богданци“ бр.04/05, на предлог на Градоначалникот на општината.


Член 2

Измената и дополнувањето на Статутот на општината ќе се спроведе по иста постапка како и постапката за донесување на Статутот на општината, утврдена во Статутот на општината.


Член 3

Измена и дополнување на статутот се врши со Статутарна одлука.


Член 4

Нацрт - Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот изготвува Комисијата за статут и прописи.


Член 5

Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавување во „Службен гласник на Општина Богданци“.



Бр. 07- 1687/3 Претседател

10.09.2010 год. на Советот на Општина Богданци

Богданци Душко Енџекчев с.р.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Врз основа на член 22 став 1 точка 6 и член 36 став 1 точка 10 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 05/02) и член 16 став 1 точка и член 25 став 1 точка 32 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 04/05), Советот на Општина Богданци, на седницата одржана на 10.09.2010 година, донесе




О Д Л У К А

за отстапување на користење и стопанисување на училишна

спортска сала во Богданци


Член 1

Со оваа Одлука, Советот на Општина Богданци ја отстапува на користење и стопанисување училишната спортска сала, која се наоѓа во дворот на СОУ „Богданци“ – Богданци, на СОУ „Богданци“ – Богданци, на неопределено време и без надоместок.


Член 2

Под училишна спортска сала се подразбира објектот и во него целата спортска опрема.



Член 3

Се овластува Градоначалникот на Општина Богданци да склучи договор и да го спроведе записнички примопредавањето со Директорот на СОУ „Богданци“ – Богданци.



Член 4

Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавување во „Службен гласник на Општина Богданци“.




Бр. 07- 1687/4 Претседател

10.09.2010 год. на Советот на Општина Богданци

Богданци Душко Енџекчев с.р.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Врз основа на член 4, 5, 6 и 7 од Законот за меѓуопштинска соработка („Службен весник на РМ“ бр. 79/09), член 14, 22, 50 и 62 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.05/02) и член 25 став 1 точка 43 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“ бр.04/05), Советот на Општина Богданци на седницата одржана на 10.09.2010 година, донесе




О Д Л У К А

за воспоставување на меѓуопштинска соработка

Член 1

Општина Богданци се согласува да заедно со Општина Валандово воспостават меѓуопштинска соработка од заеднички интерес и надлежност на локалната самоуправа.



Член 2

Меѓуопштинската соработка помеѓу општините од член 1 на оваа Одлука се воспоставува заради учество на Повикот на УНДП за доставување пријави за грантови, како дел од програмата „Меѓуопштинска соработка за подобра испорака на услуги и пристап кон ЕУ“.



Член 3

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавување во „Службен гласник на Општина Богданци“.



Бр. 07- 1687/7 Претседател

10.09.2010 год. на Советот на Општина Богданци

Богданци Душко Енџекчев с.р.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Врз основа на член 36 став 1 точка 10 и член 66 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 05/02) и член 25 став 1 точка од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“ бр.04/05), Советот на Општина Богданци на седницата одржана 10.09.2010 година, донесе



О Д Л У К А

за отуѓување на недвижен имот

Член 1

Со оваа Одлука се одобрува да се отуѓи недвижен имот, ресторант со развиена површина на спратови од 612 м2 кој се наоѓа на КП бр. 10236 и е во сопственост на Општина Богданци, заведен во ИЛ бр. 12001.


Член 2

Недвижниот имот од член 1 на оваа Одлука да се отуѓи по пат на јавно наддавање, во согласност со Закон.


Член 3

Се задолжува Градоначалникот на Општина Богданци да ја извести Комисија за спроведување на постапката за продажба и давање на користење на недвижни и движни ствари во сопственост на општината по пат на јавно надавање да ја спроведе постапката за јавното наддавање.


Член 4

Почетна цена на јавното надавање да биде вредноста на недвижната ствар што е предмет на продажба од членот 1 на оваа одлука, утврдена во проценката од овластен судски проценител.


Член 5

По успешно спроведената постапка, се задолжува Градоначалникот на Општина Богданци да склучи договор за регулирање на посебните права и обврски за отуѓување на недвижниот имот со најповолниот понудувач од јавното наддавање.


Член 6

Оваа Одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен гласник на Општина Богданци“.



Бр. 07- 1687/8 Претседател

10.09.2010 год. на Советот на Општина Богданци

Богданци Душко Енџекчев с.р.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Врз основа на член 17 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“ бр. 51/05, 137/07 и 91/09) и член 25 став 1 точка 43 од Статутот на Oпштина Богданци („Службен гласник на Oпштина Богданци“ бр.04/05), Советот на Општина Богданци на седницата одржана на 10.09.2010 година, донесе


П Р О Г Р А М А

за дополнување на Планската програма за изработување

на урбанистички планови во Општина Богданци за 2010 година


I. Во Планската програма за изработување на урбанистички планови во општина Богданци за 2010 година бр. 07-390/4 од 19.02.2010 , бр. 07-1067/11 од 27.05.2010, бр. 07-1225/4 од 23.06.2010 година, објавена во („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 03/10, 07/10 и 08/10), во дел II. Посебни одредби, табела IV, по точка 37, се додава:



Р. бр.

Активност

КП

Сопст.

ha

Намена

Финансирано од

38.

Изработување на ЛУПД за пароихиски дома

КП 10214

ПС

0,15

Дел од верски објект

Православна црква

II. Ова Програмата влегува во сила од денот на објавување во „Службен гласник на Општина Богданци“.

Бр. 07- 1687/9 Претседател

10.09.2010 год. на Советот на Општина Богданци

Богданци Душко Енџекчев с.р.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Врз основа на член 56 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 04/05), Советот на Општина Богданци, на седницата одржана на 10.09.2010 година, по разгледувањето на Иницијативата за отпочнување на соработка со Општина Калиновац – Република Хрватска, го донесе следниот




З А К Л У Ч О К

1. Се усвојува Иницијативата за отпочнување на соработка на Општина Богданци со Општина Калиновац – Република Хрватска.

2. Овој заклучок влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен гласник на Општина Богданци“.


Бр. 07- 1687/5 Претседател

10.09.2010 год. на Советот на Општина Богданци

Богданци Душко Енџекчев с.р.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Врз основа на член 56 од Статутот на Општина Богданци („Службен весник на Општина Богданци“ бр. 04/05), Советот на Општина Богданци, на седницата одржана на 10.09.2010 година, по разгледувањето на Иницијативата за меѓуопштинска соработка на Општина Богданци со Општина Валандово, го донесе следниот




З А К Л У Ч О К

1. Се усвојува Иницијативата за меѓуопштинска соработка на Општина Богданци со Општина Валандово.

2. Овој заклучок влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен гласник на Општина Богданци“.

Бр. 07- 1687/6 Претседател

10.09.2010 год. на Советот на Општина Богданци

Богданци Душко Енџекчев с.р.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Врз основа на член 56 од Статутот на Општина Богданци („Службен весник на Општина Богданци“ бр. 04/05), Советот на Општина Богданци, на седницата одржана на 10.09.2010 година, по разгледувањето на Извештајот за јавна безбедност и безбедноста на сообраќајот за подрачјето на Општина Богданци што ја покрива Полициското одделение Богданци за периодот од 01.01.2010-31.06.2010 година, го донесе следниот




З А К Л У Ч О К

1. Извештајот за јавна безбедност и безбедност на сообраќајот за подрачјето на Општина Богданци што ја покрива Полициското одделение Богданци за периодот од 01.01.2010-31.06.2010 година доставен од ПС од ОН – Гевгелија, ПО – Богданци, се враќа до подносителот.


2. Советот на Општина Богданци бара присуство на претставник од надлежната институција, на седница на Советот на Општина Богданци кој ќе даде образложение по доставениот извештај и одговори на прашања од советниците.

3. Овој заклучок влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен гласник на Општина Богданци“.



Бр. 07- 1687/10 Претседател

10.09.2010 год. на Советот на Општина Богданци

Богданци Душко Енџекчев с.р.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Врз основа на член 56, а во врска со член 25 став 1 точка 31 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“ бр.04/05), Советот на Општина Богданци на седницата одржана на 10.09.2010 година, донесе




З А К Л У Ч О К

по Извештајот за работата на СОУ „Богданци“ – Богданци

за учебната 2009/10година

1. СЕ УСВОЈУВА Извештајот за работата на Средното Општинско Училиште „Богданци“ – Богданци за учебната 2009/10 година.

2. Овој заклучок влегува во сила со денот на објавување во „Службен гласник на Општина Богданци“.

Бр. 07 – 1687/11 Претседател

10.09.2010 год. на Советот на Општина Богданци

Богданци Душко Енџекчев с.р.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Врз основа на член 56, а во врска со член 25 став 1 точка 31 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“ бр.04/05), Советот на Општина Богданци на седницата одржана на 10.09.2010 година, донесе




З А К Л У Ч О К

по Извештајот за работата на ОУ „Петар Мусев“ – Богданци

за учебната 2009/10година

1. СЕ УСВОЈУВА Извештајот за работата на основното училиште „Петар Мусев“ – Богданци за учебната 2009/10 година.

2. Овој заклучок влегува во сила со денот на објавување во „Службен гласник на Општина Богданци“.

Бр. 07 – 1687/12 Претседател

10.09.2010 год. на Советот на Општина Богданци

Богданци Душко Енџекчев с.р.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Врз основа на член 36 став 1 точка 9 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 05/02) и член 56, а во врска со член 25 став 1 точка 31 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 04/05), Советот на Општина Богданци на седницата одржана на ден 10.09.2010 година, донесе


З А К Л У Ч О К

по Извештајот за финансиското работењето на ЈП „Комунална чистота“

Богданци за периодот 01.01.2010 – 31.03.2010 година


1. СЕ УСВОЈУВА Извештајот за финансиското работење на Јавното претпријатие „Комунална чистота“ – Богданци за периодот 01.01.2010 – 31.03.2010 година.


2. Овој заклучок влегува во сила со денот на објавување во „Службен гласник на Општина Богданци“.



Бр. 07- 1687/13 Претседател

10.09.2010 год. на Советот на Општина Богданци

Богданци Душко Енџекчев с.р.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Врз основа на член 56 од Статутот на Општина Богданци („Службен весник на Општина Богданци“ бр. 04/05), Советот на Општина Богданци, на седницата одржана на 10.09.2010 година, по разгледувањето на барањето од ЈПКД „Водовод“ – Богданци бр. 03-173/1 од 07.09.2010 година, го донесе следниот



З А К Л У Ч О К
1. Советот на Општина Богданци го задолжува ЈПКД „Водовод“ – Богданци, согласно Барањето од Управа за јавни приходи, Регионална дирекција – Кавадарци бр. 22-21/08-100-40190-1/2 од 26.08.2010 година, да започне постапка пред Централниот регистар на РМ за запишување на видот и износот на основачкиот влог во трговскиот регистар.

2. Овој заклучок влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен гласник на Општина Богданци“.




Бр. 07- 1687/114 Претседател

10.09.2010 год. на Советот на Општина Богданци

Богданци Душко Енџекчев с.р.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Врз снова на член 32 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 61/04, 96/04 и 67/07) и член 56 став 1 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“ бр.04/05), Советот на Општина Богданци на седницата одржана на 10.09.2010 година, донесе


З А К Л У Ч О К

за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на

Општина Богданци за вториот квартал од 2010 година
1. Се усвојува Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци за вториот квартал од 2010 година.

2. Составен дел на овој Заклучок е Кварталниот извештај составен од образец К1.



3. Овој заклучок влегува во сила со денот на објавување во „Службен гласник на Општина Богданци“.

Бр. 07 – 1687/2 Претседател

10.09.2009 год. на Советот на Општина Богданци

Богданци Душко Енџекчев с.р.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

S O D R @ I N A


1. Одлука за пристапување кон измени и дополнувања на Статутот на Општина Богданци................................................................................................................................... 1

2. Одлука за отстапување на користење и стопанисување на училишна спортска сала во Богданци..................................................................................................................... 1

3. Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка...................................... 2

4. Одлука за отуѓување на недвижен имот................................................................ 3

5. Програма за измена и дополнување на Планската програма за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2010 година................................. 3

6. Заклучок по Иницијатива за отпочнување на соработка со Општина Калиновац – Република Хрватска....................................................................................... 4

7. Заклучок по Иницијатива за меѓуопштинска соработка................................... 5

8. Заклучок по Извештај за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот за подрачјето на Општина Богданци за периодот од 01.01.2010 до 30.06.2010 година.... 5

9. Заклучок по Извештај за работата и постигнатите резултати на СОУ „Богданци“ – Богданци за учебната 2009/10 година......................................................... 6

10. Заклучок по Извештај за работата и постигнатите резултати на ОУ „Петар Мусев – Богданци за учебната 2009/10 година.................................................................. 6

11. Заклучок по Извештај за финансиското работење на ЈП „Комунална чистота“ – Богданци за периодот од 01.01.2010- 31.03.2010 година.............................. 6

12. Заклучок по барањето од ЈПКД „Водовод“ – Богданци бр.03-173/1 од 07.09.2010 година................................................................................................................... 7

13. Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци за вториот квартал од 2010 година .............................................. 7


"SLU@BEN GLASNIK NA OP[TINA BOGDANCI" izleguva po potreba

Ureduva i izdava: Op{tinska administracija na op{tina Bogdanci

Ul. "Mar{al Tito" br.62, tel/faks 034 222 333

Достарыңызбен бөлісу:




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет