Скопје билтен бр. 10 скопје март 2016 година



Дата23.07.2016
өлшемі294.94 Kb.
#217536


ВИШ УПРАВЕН СУД

СКОПЈЕ

БИЛТЕН

Бр.10



СКОПЈЕ

Март 2016 година


ИЗДАВАЧ:

ВИШ УПРАВЕН СУД











ПРЕТСЕДАТЕЛ:

ЛИДИЈА ИВАНОВСКА


Претседател на Виш управен суд





ЧЛЕНОВИ:



Судија Анита Данилова



Претседател на I – специјализиран судски оддел за имотно – правна област и други права


Судија Владанка

Панчурова Сулејманова



Претседател на II – специјализиран судски оддел за пензии, права од пензиско и инвалидско осигурување и други права

Судија Виолета Илиевска

Претседател на III – специјализиран судски оддел

за финансиски, царински, даночни и други права



Судија Лидија Георгиевска

Член на I – специјализиран судски оддел за имотно – правна област и други права

Судија Светлана Костова

Член на I – специјализиран судски оддел за имотно – правна област и други права

Судија Дијана Димитрова

Член на II – специјализиран судски оддел за пензии, права од пензиско и инвалидско осигурување и други права

Судија Фани Илиевска

Член на II – специјализиран судски оддел за пензии, права од пензиско и инвалидско осигурување и други права

Судија Мирјана Василевска

Член на III – специјализиран судски оддел

за финансиски, царински, даночни и други права



Судија Загорка Тноковска

Член на III – специјализиран судски оддел

за финансиски, царински, даночни и други права





Судски советник Верица Гавровска- Петровска

КОМПЈУТЕРСКА ОБРАБОТКА

Љупка Илиеска















На ден 02.03.2016 година, судиите одржаа седница, на која согласно член 72 од Судскиот деловник, донесоа и усвоија сентенци:




С О Д Р Ж И Н А

С Е Н Т Е Н Ц И од специјализираниот судски оддел за имотно – правна област и други права ----------------------------------------------------------------------------

С Е Н Т Е Н Ц И од специјализираниот судски оддел за пензии, права од пензиско и инвалидско осигурување и други права ------------------------------­­­­--

С Е Н Т Е Н Ц И од специјализираниот судски оддел за финансиски, царински, даночни и други права ---------------------------------------------------------
















СПЕЦИЈАЛИЗИРАН СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА ИМОТНО – ПРАВНА ОБЛАСТ И ДРУГИ ПРАВА
I - УЖ-1 бр.759/2015
Претседател на совет судија Анита Данилова
Не може да се бара бришење на запишаното право во Катастарот на недвижности, без притоа да се наведе со која потврда е извршено запишувањето, чие бришење се бара, а истовремено да се бара поништување на потврдата.
Управниот суд со Пресуда У-1.бр.492/2013 од 05.03.2015 година, тужбата на тужителот Државниот правобранител за подрачје К. против Агенцијата за катастар на недвижности, Одделение за катастар на недвижности К. за бришење на запишаното во катастарот на недвижности ја одбил како неоснована.
Тужителот до Управниот суд поднел тужба со која барал да се бришат запишаните права во Ил.бр.135 за КО Буковљане од Б.Д. по однос на Кп.бр.94 м2, место викано „Присојчина шума“ класа 4 со површина од 35906 м2, Кп.бр.312 место викано „Јасикар“ шума 3-та класа со површина од 29717 м2, Кп.бр.16 место викано „Тевоје“ шума 4-та класа со површина од 30711 м2, односно промените направени во Потврда бр.1113-474 од 01.03.2013 година во Ил.бр.33 на име Д.Д. и истите да се запишат во Ил.бр.1 на име на тужителот Република Македонија.
Против пресудата, жалба изјави тужителот, во која наведе дека при донесувањето на истата, Управниот суд сторил суштествени повреди на постапката, погрешно ја утврдил фактичката состојба и погрешно го применил материјалното право, со предлог жалбата да се уважи, обжалената пресуда да се укине и предметот врати на повторно одлучување пред Управниот суд.
Вишиот управен суд утврди дека Управниот суд при донесувањето на пресудата направил суштествени повреди на постапката, односно истото е неразбирлива и за решителните факти постои противречност меѓу она што е наведено во одлуката и исправите кои се наоѓаат во списите на предметот.
Имено, согласно член 42-г став 1 и 2 точка 11 од Законот за управни спорови, предвидено е дека суштествена повреда на постапката има ако одлуката има недостатоци поради кои не може да се испита, а особено ако изреката на одлуката е неразбирлива, ако противречи сама на себеси или на причините за одлуката, или ако одлуката воопшто нема причини или во неа не се наведени причините за решителните факти или тие причини се нејасни или противречни, или ако за решителните факти постои противречност меѓу она што во причините на одлуката се наведува за содржината на исправите или записникот за исказите дадени во постапката и самите тие исправи или записникот.

Во конкретниот случај Управниот суд сторил суштествена повреда предвидена во цитираниот член 42-г став 1 и 2 точка 11 од Законот за управните спорови, со оглед да прифатил дека непостојат услови за бришење на запишаното во Катастарот на недвижности, меѓутоа видно од списите по предметот не е прилженa Потврда со која се извршени промени во катастарот на недвижностите за да се бара бришење на запишаното.


Вишиот управен суд со увид во списите на предметот утврди дека постои само потврда за отстранување на техничка грешка во Катастарот на недвижности бр.1113-474/2013 со кое е извршено отстранување на техничка грешка, но истата ниту е потпишана, ниту има печат од тужен орган, заради што Судот не може со сигурност да утврди да ли истата е со правна сила.


II - Уж-1.бр.789/2015

Судија Лидија Георгиевска



Тужениот орган требал да ја определи вредноста на имотот според намената која земјиштето ја имало во време на одземањето.
Управниот суд со Пресуда У-2.бр.495/2013 од 26.11.2014 година, ја одбил како неоснована тужбата на тужителот Република Македонија преку Државен правобранител за подрачје С.изјавена против Решението на Министерот за финансии - Комисија за одлучување по барања за денационализација со седиште во општина К.В.-С. Дн.бр.19-08-2174(1587)-2/1 од 08.03.2013година.
Против пресудата на Управниот суд жалба изјави Република Македонија преку Државен правобранител за подрачје С. поради суштествена повреда на одредбите на постапката, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право и на Вишиот управен суд му предлага да ја уважи жалбата, да ја укине пресудата на Управниот суд и предметот да го врати на повторно одлучување, или Вишиот управен суд мериторно да одлучи и да го уважи тужбеното барање.

Од списите на предметот се гледа дека на ден 26.12.2007 година, барателите, поднеле барање за денационализација до тужениот орган заведено под Дн.бр.19-08-2174(1587) со кое бараат надомест во вид на обврзници за недвижен имот - градежно земјиште кп.бр.13511 во површина од 120 м2 и во површина од 180 м2, одземени од правниот претходник со две различни решенија. Со правосилно решение на Основен суд Скопје 2 Скопје, ОД.бр.278/00 од 17.04.2008 година, барателите се откажале од правото на денационализација. Со заклучок Дн.бр.19-08-2174(1587) од 12.06.2008 година, тужениот орган ја раздвоил постапката во два посебни предмети Дн.бр. 19-08-2174(1587)-1 за дел од кп.бр. 13511 со површина од 120 м2 и Дн.бр.19-08-2174(1587)-2 за дел од кп.бр.13511 со површина од 180 м2. Постапувајќи по барањето во повторна постапка, тужениот орган извршил увид во приложените докази и во доказите прибавени по службена должност и од Записник за увид на лице место на вешто лице утврдил дека бараниот имот на лице место преставува градежно изградено земјиште. Од известувања од Архив на РМ С. бр. 19-1/668 и бр. 19-1/669 двете од 25.03.2009 година и бр.19-01/670 од 26.03.2009 година, известувања од град Скопје бр.08/13-11/904 од 24.11.2008 година и бр.09/13-29/312 од 03.04.2009 година, известување од АКН- ЦКН Скопје уп.бр.1104/8161/1 од 19.12.2008 година, утврдил дека за имотот кп.бр.13511 во површина од 180 M2, одземен со решение бр.622 од 31.10.1960 година, нема доказ за платен надомест. Врз основа на вака утврдената фактичка состојба барањето на барателот, го уважил и за наведениот имот определил надомест во вид на обврзници во износ од 360.000,00 денари, по 2.000,00 денари за 1 м2 за градежно земјиште, во I зона.


Против наведеното решение до Управниот суд била поднесена тужба од Република Македонија изјавена преку Државен правобранител за подрачје С. Одлучувајќи по тужбата Управниот суд со побиваната пресуда ја одбил како неоснована.
Вишиот управен суд најде дека пресудата на Управниот суд е правилна и законита. Управниот суд, правилно прифатил дека надоместокот за одземениот имот е правилно утврден со оглед на фактот што е одземено градежно земјиште видно од актот за одземање, за кое е пресметана висина на надоместок согласно цитираните законски одредби.
Согласно член 37, став 2 од Законот за денационализација („Службен весник на РМ“ бр.43/2000 - пречистен текст), надомест се дава за имот кој не се враќа, како и кога имотот не се враќа затоа што престанал да постои. Согласно став 2, надомест во смисла на став 1 од овој член се определува според состојбата на имотот во моментот на одземањето, согласно со Уредбата за процена на вредноста и утврдување надомест за денационализиран имот што ја донесува Владата на Република Македонија.

III – УЖ-1 бр.973/2015
судија Светлана Костова
Вишиот управен суд смета дека повторувањето на постапката според наведениот член 43 став 1 точка 1 од Законот за управните спорови е можно само во случаите кога во постапката за управен спор пред Управниот суд истиот согласно одредите од наведениот закон одлучувал на јавна расправа, односно само во случаите кога судот самиот утврдувал факти и изведувал докази на кои ја засновал својата одлука.
Управниот суд со Решение У-2.бр.1306/2014 од 19.05.2015 година ја отфрлил тужбата на тужителот, за повторување на постапката правосилно завршена со Пресуда на Управниот суд У-2.бр.1979/2011 од 03.07.2013 година.

Против решението на Управниот суд, во законски предвидениот рок, жалба изјави тужителот поради битни повреди на постапката, погрешна фактичка состојба и повреда на материјалното право и на Вишиот управен суд му предлага да го укине решението на Управниот суд и предметот да го врати пред првостепениот суд на повторно одлучување или да ја преиначи пресудата на Управниот суд и да одлучи мериторно.


Вишиот управен суд, испитувајќи го побиваното решение, ценејќи ги наводите во жалбата во смисла на член 371, а во врска со член 354 став 1 од Законот за парничната постапка најде, дека жалбата е неоснована.

Со Пресуда на Управниот суд У-2.бр.1979/2011 од 03.07.2013 година била одбиена како неоснована тужбата на тужителот, изјавена против Решението на Министерот за финансии преку Комисијата за одлучување по барањата за денационализација со седиште во Општина К.В.-С. ДН.бр.19-08-691 (529) од 16.09.2011 година.


Тужителот на ден 11.12.2014 година до Управниот суд поднел тужба со која барал повторување на постапката правосилно завршена со Пресуда на Управниот суд У-2.бр.1979/2011 од 03.07.2013 година врз основа на член 43 став 1 точка 1 од Законот за управните спорови, бидејќи во меѓувреме тужителот стекнал можност да употреби нови докази врз основа на кои спорот би бил поволно решен за него доколку овие докази биле изнесени или употребени во поранешната постапка, а како нов доказ навел слика од теренско снимање на недвижностите.
Постапувајќи по тужбата на тужителот Управниот суд со Решение У-2.бр.1306/2014 од 19.05.2015 година ја отфрлил тужбата на тужителот. Во образложението на решението Управниот суд навел дека во конкретниот случај не се работи за нови факти и докази кои постоеле во време на водењето на судската постапка, туку кои настанале подоцна и дека не претставуваат доказ во смисла на одредбите од Законот за управните спорови, бидејќи барањето за денационализација било одбиено поради тоа што приложената тапија како доказ за сопственост не била убаштинета согласно со Законот за издавање на тапии од 1931 година.
Вишиот управен суд најде дека решението на Управниот суд е законито, но од други причини.
Согласно член 43 став 1 од Законот за управните спорови („Службен весник на Република Македонија“ број 62/2006 и 150/2010), постапката окончана со пресуда или со решение ќе се повтори на барање на странката: 1) ако странката дознае за нови факти, или најде или стекне можност да употреби нови докази врз основа на кои спорот би бил поповолно решен за неа, доколку тие факти, односно докази би биле изнесени или употребени во поранешната постапка; 2) ако до одлука на судот дошло поради кривично дело на судија или службеник во судот, или одлуката е издејствувана со измама од страна на застапникот или полномошникот на странката, на неговиот противник или на неговиот застапник или полномошник, а таквото дејствие преставува кривично дело; 3) ако одлуката е занована врз пресуда донесена во кривична или граѓанска работа, а таа пресуда подоцна е укината со друга правосилна судска одлука; 4) ако испрaвата врз која се заснова одлуката е лажна или лажно преиначена, или ако сведокот, вештакот или странката при сослушувањето пред судот дал лажен исказ, а одлуката на судот се заснова врз тој исказ; 5) ако странката најде или стекне можност да ја употреби поранешната одлука донесе во истиот управен спор; 6) ако на заинтересираното лице не му била дадена можност да учествува во управниот спор и 7) по одлука на Европскиот суд за човекови права.
Во член 44 став 1 од истиот закон, повторувањето на постапката може да се бара најдоцна во рок од 30 дена од денот кога странката дознала за причините за повторувањето. Ако странката дознала за причината за повторувањето пред да биде окончана постапката во судот, но таа причина не можела да ја употреби во текот на постапката, повторувањето може да се бара во рок од 30 дена од денот на доставување на одлуката. Согласно став 2 од истиот член по истекот на пет години од правосилноста на одлуката, повторување не може да се бара.
Имајќи ги во предвид цитираните законски одредби Вишиот управен суд смета дека Управниот суд правилно ја отфрлил тужбата на тужителот, бидејќи не биле исполнети условите од член 43 став 1 точка 1 од Законот за управните спорови да се повтори управно-судската постапка окончана со правосилна пресуда на Управниот суд.
Во конкретниот случај, Управниот суд ниту утврдувал факти, ниту изведувал докази, туку ја ценел веќе утврдената фактичка состојба од страна на органот за денационализација и ги ценел доказите кои биле изведени од страна на овој орган. Во ваква состојба не била применлива одредбата од член 43 став 1 точка 1 од Законот за управните спорови, односно тужителот не го сторил веројатно постоењето на законскиот основ за повторување на постапката пред Управниот суд, бидејќи оваа причина не можела да доведе од повторување на постапката за управен спор, туку можела доколку се исполнети и другите услови предвидени во законот во однос на тоа што се смета за нов факт и нов доказ кој може да доведе до повторување на постапката, евентуално да биде причина за повторување на управната постапка каде бил донесен управниот акт кој бил предмет на спорот, меѓутоа во конкретниот случај, бидејќи се работи за постапка, согласно одредбите од Законот за денационализација повторувањето не можело да се бара ниту во управната постапка пред управниот орган, од причини што овој закон ја исклучува ваквата можност.

СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИОТ СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА ПЕНЗИИ, ПРАВА ОД ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ И ДРУГИ ПРАВА

I- УПРЖ бр.1068/2015

Претседател на совет судија Владанка Панчуровска Сулејманова


Управниот суд не ја применил одредбата од член 125-а од Законот за парнична постапка која е во примена од 09.09.2011 година, каде е наведено: Доставувањето на писмената на адвокати, државни органи, односно органи на државната управа, единици на локална самоуправа, правни лица и на лицата на кои им се пренесени јавни овластувања, се врши по електронски пат во електронско сандаче. Согласно член 126-а став 1 од Закон за парнична постапка доставувањето по електронски пат се врши преку информатичкиот систем на судот на адресата на електронското сандаче на примателот на доставата.
Управниот суд со Решение УПР.бр.5397/2014 од 19.03.2015 година ја отфрлил како неуредна тужбата на тужителите Трговско друштво за вработување на инвалидни лица-заштитно друштво за производство, трговија и услуги, како правно лице, како одговорно лице во правното лице, изјавена против Решението на Министерството за труд и социјална политика-Прекршочна комисија С. бр.20-621/7-13 од 19.11.2014 година.
Против решението на Управниот суд, жалба изјавија тужителите поради суштествена повреда на одредбите од постапката, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право, со предлог жалбата да се уважи, решението на Управниот суд да се поништи и предметот да се врати на повторно разгледување и одлучување.

Вишиот управен суд, по проучување на списите по предметот, наводите во жалбата, испитувајќи го побиваното решение во смисла на член 354 став 1 од Законот за парнична постапка најде дека жалбата е основана.

Имено, Управниот суд до полномошникот на тужителите Т.С. адвокат од С. доставил писмо за уредување на тужбата УПР.бр.5397/2014 од 20.01.2015 година, со кое го поучил во рок од 8 дена од приемот на истото да ги отстрани недостатоците односно да изврши уредување на тужбата на начин што ќе достави оспорен управен акт во оригинал или препис. Судот му укажал на полномошникот дека доколку не постапи по укажувањето на судот, судот тужбата ќе ја отфрли како неуредна.
По два неуспешни обиди за достава на писменото задолжение на адреса наведена во тужбата и тоа на ден 20.01.2015 година и на ден 11.02.2015 година, Судот го огласил на огласна табла на ден 25.02.2015 година, со напомена дека доколку полномошникот на тужителите не се јави во судот во рок од 8 дена да го прими задолжението, ќе се смета дека задолжението е уредно извршено. Полномошник Т.С. адвокат од С. во наведениот рок не се јавил во судот да го прими писменото по што Управниот суд со Решение УПР.бр.5397/2014 од 19.03.2015 година, тужбата ја отфрлил како неуредна.
Вишиот управен суд наоѓа дека решението на Управниот суд е неправилно и и незаконито.

Имено, за Вишиот управен суд е неспорно дека до полномошникот на тужителите Т.С. адвокат од С. од страна на Управниот суд е сторен обид за доставување на барање за уредување на тужбата - и тоа со писмо препорачана пратка во два наврати и тоа: вратен со ознака „направен обид за достава“ на ден 23.01.2015 година и 11.02.2015 година, со забелешка „известен“, како и ставање на писмено известување на огласна табла од судот. По наоѓање на овој суд Управниот суд ја применил одредбата од член 125 став 2 од Законот за парнича постапка по однос на доставувањето на барањето за уредување на тужбата.

Полномошникот на тужителите, уште со доставувањето на тужбата до Управниот суд на 05.12.2014 година, уредно ја дал и својата е-mail адреса и како адвокат поаѓајќи од одредбата од член 125-а од Законот за парнична постапка која е во примена од 09.09.2011 година, оправдано, правилно и согласно законската одредба очекувал секакво известување-доставување од судот да се врши по електронски пат на даденото електронски сандаче од полномошникот на тужителите. При ваква состојба, Вишиот управен суд оцени дека неправилно и спротивно од горе наведената одредба постапил Управниот суд кога донел решение за отфрлање на тужбата како неуредна, без притоа да има во вид и да ја примени одредбата од член 125-а од Законот за парнична постапка.

II- УЖ-2 бр.607/2015
Судија Дијана Димитрова

Правото на меѓусебно издржување помеѓу маж и жена кои живееле во вонбрачна заедница и во ситуација кога постоењето на истата е утврдено со пресуда на редовен суд, но без утврдено право на издржување, согласно одредбите од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, не претставува основ за остварување на семејна пензија преку покојниот корисник на пензија.
Правото на семејна пензија согласно член 70 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување („Службен весник на Република Македонија“ број 80/93 ... 11/12), може да оствари брачниот другар што го издржувал осигуреникот, при што неспорно согласно ставот 2 од овој член семејна пензија може да оствари и брачниот другар од разведен брак ако со судска одлука му е утврдено право на издржување, како и ако ги исполнува условите по однос на возраста предвидени во член 72 став 1 од истиот Закон. Во ваков случај нема место за примена на одредбата од член 13 од Законот за семејството, со кој правото на меѓусебно издржување на вонбрачните другари по протек на една година од воспоставувањето на заедницата се изедначува со правата од брачна заедица.
Управниот суд со Пресуда У-4.бр.1078/2013 од 30.04.2014 година, тужбата на тужителот С.М. од К. поднесена против Решението на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен УП.бр.0701-248 од 04.10.2013 година, ја одбил како неоснована.

Со решение на првостепениот орган - Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија - Стручна служба - Филијала К. ФП.бр.16069 од 11.01.2013 година, на тужителот С.М. од К. и е одбиено барањето за признавање на право на семејна пензија по основ на умрен брачен другар со образложение дека барателот со починатиот корисник на пензија Г. М. била во брак од 04.03.1962 година до 14.05.1964 година кога бракот бил разведен со Пресуда на тогашниот Окружен суд Штип П.бр. 137/64 од 14.05.1964 година. Со пресуда П-2. бр. 43/2011 од 06.09.2011 година на Основниот суд Кочани утврдено било дека помеѓу С.М. и Г.М. поранешен од К. постоела вонбрачна заедница сметано од 01.06.1964 година се до 30.01.2011 година. Со оглед да право на меѓусебно издржување на маж и жена кои живееле во вонбрачна заедница не е предвидено со одредбите од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, барањето било одбиено како неосновано.


Тужениот орган, со оспореното Решение УП.бр.0701-248 од 04.10.2013 година ја одбил како неоснована жалбата на тужителот изјавена против решението на првостепениот орган.

Управниот суд со побиваната пресуда У-4.бр.1078/2013 од 30.04.2014 година, тужбата на тужителот С.М. од К. ја одбил како неоснована, наоѓајќи дека оспореното решение е донесено во согласност со закон. Имено, од списите по предметот по наоѓање на судот правилно биле утврдени фактите кои се од решително значење за одлучување по предметот кои не се спорни од тужителот во поглед на стапувањето во брачна заедница со сега покојниот корисник на пензија, разводот на бракот, како и во поглед на воспотавувањето и траењето на вонбрачната заедница.


За тужителката како спорно се јавува остварувањето на правото на семејна пензија по основ на вонбрачната заедница која постоела помеѓу неа и покојниот Г.М. Во овој контекст тужителката смета дека основот за остварување на правото произлегува од одредбата од член 13 од Законот за семејството, со кој правото на меѓусебно издржување на вонбрачните другари по протек на една година од воспоставувањето на заедницата се изедначува со правата од брачна заедица.
По наоѓање на овој суд, правилно органите на управата, а што е прифатено како правилно и од страна на Управниот оцениле дека во конкрениот случај не може да дојде до примена на одредбата од член 13 од Законот за семејството, затоа што во член 70 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување децидно се определени лицата и условите под кои може да се оствари правото на семејна пензија, а во конкретниот случај тие не биле исполнети. При тоа неспорно е дека со пресуда на Основниот суд К. било утврдено постоењето на вонрачната заедница помеѓу сега тужителката и осигуреникот Г.М. меѓутоа тужителката нема пресуда со која е било утврдено право на издржување за да може да претендира на право на семејна пензија.
Имено, согласно член 70 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување („Службен весник на Република Македонија“ број 80/93 ... 11/12), семејна пензија може да остварат членовите на семејството:1) брачниот другар ; 2) децата(родени во брак или навдор од брак или посвоени, посиноците кои ги издржувал осигуреникот, внучињата и други деца без родители кои ги издржувал осигуреникот), и 3)родителите (таткото и мајката, очувот и маќеата) и посвоителот, што ги издржувал осигуреникот. Согласно ставот 2 од овој член семејна пензија може да оствари и брачниот другар од разведен брак ако со судска одлука му е утврдено право на издржување.
Согласно член 72 став 1 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, вдовицата стекнува право на семејна пензија ако: точка 1) до смртта на брачниот другар наполнила 45 години живот; точка 2) до смртта на брачниот другар била неспособна за работа или таква неспособност настанала во рок од една година од денот на смртта на брачниот другар; точка 3) по смртта на брачниот другар останале едно или повеќе деца кои имаат право на семејна пензија по тој брачен другар, а вдовицата ги врши родителските должности спрема тие деца или точка 4) до смртта на брачниот другар имала наполнети 40 години, кога ќе наполни 45 години живот или ако во тие години станала за неспособна за работа. Став 2, вдовицата која во текот на користењето на правото по основ на вршење на родителската должност (став 1 точка 3) стане неспособна за работа или наполни 45 години живот трајно го задржува правото на семејна пензија. Став 4) вдовицата која го загубила правото на семејна пензија по основ на вршење на родителската должност по наполнети 40 години живот, стекнува право на семејна пензија кога ќе наполни 45 години живот, стекнува право на семејна пензија кога ќе наполни 50 години живот.
По мислење на Вишиот управен суд побиваната пресуда е јасна, разбирлива и во неа се наведени доволно образложени причини за решителните факти кои и овој суд ги прифаќа.

СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИОТ СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА ФИНАНСИСКИ, ЦАРИНСКИ, ДАНОЧНИ И ДРУГИ ПРАВА
I- УПРЖ.БР.1263/15

Претседател на совет судија Виолета Илиевска



Вишиот управен суд смета дека жалбениот навод на тужителите во однос на предлогот за прекин на прекршочната постапка согласно член 147 од Законот за општата управна постапка, а во врска со член 66 од Законот за прекршоци, е неоснован. Имено, во прекршочната постапка се утврдува дали постои противправното дело кое со закон е определено како прекршок, а утврдувањето на самата даночната обврска по основ персонален данок и ДДВ е друга постапка во која се донесуваат одлуки кои по нивната правосилност можат да се користат при поднесување на одредени правни лекови предвидени во закон. Судот, смета дека прекршочната постапка не треба да се прекине се до завршување на постапката за утврдување на даночната обврска која е предмет на друг управен спор. Судот, ја уважи жалбата на тужителите, прифаќајќи го истакнатиот приговор за застареност, а имајќи го во предвид описот на прекршокот и времето на сторување на истиот.

Имено, во конкретниов случај Комисијата за одлучување по прекршоци при Управата за јавни приходи - Регионална дирекција К. донела Решение со кое ги огласила за прекршочно одговорни и правното и одговорно лице во правното лице, за сторен прекршок по член 60 став 1 точка 2 и став 2 од Законот за додадена вредност и член 145 став 1 точка 1 и став 2 од Законот за персонален данок на доход. Било утврдено дека правното и одговорното лице во период од 01.01.2009 година до 31.12.2012 година постапиле спротивно на член 76 и 95 од Законот за персонален данок на доход на начин што не го пресметале данокот и не го уплатиле на соодветната сметка и во период од 01.01.2009 година до 31.01.2013 година постапиле спротивно на член 42 и 43 од Законот за данок на додадена вредност, на начин што не пресметале и не го уплатиле данокот на утврдената сметка. На правното лице, му била изречена глоба за сторените прекршоци по Законот за персонален данок на доход и по Законот за данок на додадена вредност. Исто така и на одговорното лице во правното лице му била изречена глоба за прекршокот по Законот за персонален данок и по Законот за данок на додадена вредност. Комисијата имајќи го во предвид членот 26 од Законот за прекршоци им изрекла единствена санкција на правното лице и единствена санкција на одговорното лице, при што сторителите на прекршокот биле задолжени глобата да ја платат во рок од 8 дена по правосилноста на решението под закана на присилно извршување.


Управниот суд тужбата на тужителите ја одбил како неоснована.
Вишиот управен суд жалбата на тужителите ја уважи и пресудата на Управниот суд ја преиначи на начин што тужбата на тужителите ја уважи и оспореното решение го поништи.
Судот, смета дека во повторното постапување тужениот орган ќе треба во описот на прекршокот да изврши прецизирање на периодот во кој е сторен прекршокот, притоа внимавајќи на законските одредби кои се однесуваат на застареност на прекршочно гонење, односно на членот 42 став 1, 2 и 7 од Законот за прекршоци (Службен весник на Република Македонија бр.62/2006) објавен 19.05.2006 година, како и членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоци (Службен весник на Република Македонија бр.51/2011) објавен 13.04.2011 година.
II - УЖ-3 бр.112/2015

судија Загорка Тноковска



Управниот суд правилно одлучил кога констатирал дека во конкретниот случај не се работи за основано право на тужителот како даночен обврзник за враќање на повеќе или погрешно наплатени даноци и други јавни приходи, од причина што во овој случај тужителот како даночен обврзник не се јавува директно како даночен должник, односно истиот не извршил погрешна уплата на парични средства заради наплата на даноци или други јавни приходи на име на Управата за јавни приходи, туку се работи за парични средства кои биле уплатени на сметка на Здружение на граѓани.
Управниот суд со Пресуда У-5.бр.1115/2013 од 14.05.2015 година, ја одбил тужбата на тужителот изјавена против Решението на Министерството за финансии У.бр.15-85/1 од 08.07.2013 година.
Од списите во предметот произлегува дека тужителот АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката, С. како давател на донација и ФК „В.“ АД од С. како примач на донацијата на 06.04.2012 година склучиле Договор за донација бр.03-4295/1, врз основа на кој договор од страна на примачот на донацијата било поднесено Барање од 05.09.2012 година за исплата на средства во износ од 6.000.000,00 денари, согласно кое давателот на донацијата (тужителот) на ден 11.09.2012 година извршил исплата на парични средства во износ од 6.000.000,00 денари кои поради техничка грешка во бројот на трансакциската сметка на примачот на донација (ФК „В.“ АД од С.), биле погрешно префрлени на примачот Здружение на граѓани ФК „В.“ од С. кој субјект во моментот на преносот на средствата бил со блокирана жиро сметка по основ на неплатени придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок на доход од плати. По книжењето на паричните средства на сметката на Здружение на граѓани ФК „В.“ од С., обврските поради кои жиро сметката на ова здружение била блокирана се наплатени од страна на надлежните органи. Како резултат на ова тужителот на ден 04.10.2012 година до Управата за јавни приходи, Регионална дирекција С. поднел Барање за враќање на погрешно уплатени средства, со кое Решение бр.24-16557/1 од 25.10.2012 година било одбиено како неосновано, бидејќи во конкретниот случај првостепениот орган оценил дека не постои основ за поврат на дел од погрешно префрлените средства во корист на ФК „В.“ АД од С.и искористени за покривање на обврски по основ на неплатени придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок на доход од плати.
Согласно член 10 од Законот за даночна постапка („Службен весник на Република Македонија“ број 13/06, 88/08, 159/08, 105/09, 133/09, 171/10 и 84/12), даночните факти се утврдуваат согласно даночните закони и нивната економска суштина.
Согласно член 28 од истиот закон, доколку даночниот обврзник има основано право на враќање на повеќе или погрешно наплатен данок, Управата за јавни приходи има обврска решението да го донесе во најкус можен рок.
Вишиот управен суд цени дека Управниот суд правилно одлучил кога констатирал дека во конкретниот случај не се работи за основано право на тужителот како даночен обврзник за враќање на повеќе или погрешно наплатени даноци и други јавни приходи, од причина што во овој случај тужителот како даночен обврзник не се јавува директно како даночен должник, односно истиот не извршил погрешна уплата на парични средства заради наплата на даноци или други јавни приходи на име на Управата за јавни приходи, туку се работи за парични средства кои биле уплатени на сметка на Здружение на граѓани ФК „В.“ од С.(без оглед на фактот дали се работи за техничка грешка или не), односно врз основа на уреден налог биле префрлени парични средства од жиро сметката на тужителот на жиро сметката на овој субјект, која била блокирана како резултат на неплатени обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок на доход од плати, од што произлегува дека се работи за наплатени даноци и други јавни давачки на товар на друг даночен должник во постапката за присилна наплата, додека прашањето на погрешно префрлените парични средства од страна на тужителот кон Здружение на граѓани ФК „В.“ од С., наместо кон ФК „В.“ АД од С. не може да се смета за повеќе или погрешно наплатен данок, туку може да биде основ за поведување на постапка пред надлежен суд.

III – УЖ-3 бр. 654/2015
судија Мирјана Василевска
Нема основ за примена на член 83 став 1 од Законот за даноци на имот, од причина што не се работи за погрешно или повеќе уплатен данок на промет на недвижности. Напротив, тужителот по друг основ и по одреден временски период по настанот во граѓанска постапка за вонсудско порамнување го раскинал предметниот договор што не претставува правен основ за поврат на претходно уплатени средства по поднесена пријава по која е донесено решение за утврдување данок на промет на недвижности.

Тужениот орган Министерство за финансии, донел Решение со кое ја одбил како неоснована жалбата на тужителот, изјавена против Решението на Градоначалникот на Општина со кое се одбива како неосновано барањето на даночниот обврзник сега тужителот за враќање на повеќе или погрешно уплатен данок, камата и трошоци за присилна наплата. Имено, Градоначалникот на Општина по поднесена даночна пријава за утврдување данок на промет на недвижности по основ Договор за купопродажба, на тужителот му утврдил данок на промет на недвижности. Данокот бил платен по конечноста на решението. Тужителот поднел до првостепениот орган Барање за враќање на уплатен данок на промет по основ даночната пријава од причина што пред надлежен Основен суд повел граѓански спор против продавачот на недвижноста предмет на утврдениот данок на промет на недвижности, која постапка завршила со Вонсудско порамнување и Спогодба за раскинување на договорот за купопродажба на недвижноста. Првостепениот орган донел Решение со кое се одбива како неосновано барањето на даночниот обврзник сега тужителот за враќање на повеќе или погрешно уплатен данок, камата и трошоци за присилна наплата.

Тужителот со тужба повел управен спор пред Управниот суд.

Со Пресуда на Управниот суд, тужбата на тужителот била одбиена како неоснована со образложение дека со оспореното решение не е повреден законот на штета на тужителот и дека во конкретниот случај правилно е утврден данок на промет на недвижности кој е платен од страна на сега тужителот.

Вишиот управен суд најде дека пресудата на Управниот суд е правилна и законита и со истата не е повреден законот на штета на тужителот.

Согласно член 138 став 1 од Законот за општа управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ број 38/05, 110/08 и 51/11), пред донесување на решението ќе се утврдат сите факти и околности што се од значење за решението и на странките ќе им се овозможи да ги остварат и заштитат своите права и правни интереси.

Согласно член 10 од Законот за даночна постапка („Службен весник на Република Македонија“ број 13/06, 88/08, 159/08, 105/09 и 133/09 ), даночните факти се утврдуваат согласно даночните закони и нивната економска суштина.

Согласно член 83 став 1 од Законот за даноци на имот („Службен весник на Република Македонија“ број 61/04, 92/07 и 102/08), даночниот обврзник има право на враќање на повеќе или на погрешно уплатениот данок, каматата и трошоците на присилната наплата.



Овој суд најде дека во конкретниот случај, не се работи за повеќе или погрешно уплатен данок, камата и трошоци на присилната наплата. Тужителот ја имал во сопственост предметната недвижност и ја владеел во одреден подлог временски период од денот на уредно платениот данок на промет, но подоцна повел граѓанска постапка по одреден основ која не е во корелација со претходно утврден и платен данок на промет за конкретната недвижност и истиот е правилно утврден согласно член 19 став 1 од Закон за даноците на имот.

IV- УЖ-3 бр. 677/15
судија Мирјана Василевска
Во конкретниот случај, не се доведува во прашање постоење на полиса за осигурување од штета на АД Осигурителна полиса, која е со важност во време кога е продолжена важноста на лиценцата за стечаен управник на тужителот. Од ова произлегува дека согласно законот, прво се добива лиценца за стечаен управник издадена од надлежното министерство, а потоа следи задолжението за доставување на полиса за осигурување од штета.
На тужителот како овластен стечаен управник со важечка лиценца му било продолжено важењето на лиценцата за период од две години. Пред истекот на рокот на важење на лиценцата тужителот откако го положил испитот за стечајни управници, кој е услов за да може да поднесе барање за обнова на лиценцата стечаен управник, поднел барање до Министерот за економија да му го продолжи рокот на лиценцата, но кон потребните документи не доставил потврда за членство на Комората за стечајни управници. Како барањето било некомплетно, тужениот орган Министерството за економија согласно начелата на Законот за општата управна постапка, од тужителот со посебни дописи побарал да достави и доказ за членство во наведената комора. Тужителот, иако во неколку наврати бил повикан да достави доказ за членство во Комората за стечајни управници, тоа не го сторил подолго време, а од друг страна тужениот орган не постапил по неговото барање за обнова на лиценцата, односно не донел никакво решение. Во меѓувреме, тужителот ја платил чланарината и доставил доказ за членство во Комората за стечајни управници, а воедно како доказ доставил и потврда за повторно положен испит за стечајни управници и со барања и ургенции побарал од тужениот орган да му донесе решение за обнова на лиценцата. Со оглед на тоа дека од првото поднесено барање за обнова на лиценцата до комплетирањето на документацијата за обнова на лиценцата поминало подолг период, било потребно да се достави нов доказ за осигурување, односно полиса за осигурување во случај на штета како стечаен управник, па затоа дополнително тужениот орган со известување го повикал тужителот да достави доказ, во согласност со член 28 став 1, 2 и 3 и член 20 став 1 и 4 од Законот за стечај. Тужителот, бил должен секоја година најдоцна до 31 декември претходната година да се осигура од одговорности за штета која може да биде предизвикана со вршење на работи на стечаен управник. Договорот, односно полисата за осигурување од одговорност за штета бил должен да ја достави до Министерот за економија во рок од 7 дена од денот на склучувањето, а доколку истите не бидат доставени во определениот рок, Министерот за економија ќе донесе решение за престанок на важење на лиценцата за овластен стечаен управник. Како тужителот не доставил доказ полиса или договор за осигурување за одговорност од штета, Министерот за економија донел Решение со кое на тужителот му престанува важењето на лиценцата за овластен стечаен управник, издадена од Министерот за економија. Против ова решение не е дозволена посебна жалба. Тужителот незадоволен од донесеното решение поднел жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, при што жалбата ја отфрлила како недопуштена.

Тужителот незадоволен од вака донесеното Решение на Министерство за економија за престанок на важење на лиценца за стечаен управник, поднел тужба до Управниот суд, кој со Пресуда, тужбата ја одбил како неоснована.



Вишиот управен суд најде дека пресудата на Управниот суд е неправилна и со истата е повреден законот на штета на тужителот.
Согласно член 1 став 1 од Законот за основање на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен (во понатамошниот текст: Државната комисија), („Службен весник на Република Македонија“ број 51/2011 ) е надлежна за решавање по жалби против решенија донесени во управна постапка во прв степен од страна на министерствата, другите органи на државната управа, организации утврдени со закон и други државни органи. Согласно став 4 од истиот член, надлежноста на Државната комисија да решава по жалби против решенија донесени во уравна постапка во прв степен од страна на министерствата, другите органи на државната управа, организации утврдени со закон и други државни органи се утврдува со посебните закони, односно со материјални закони со кои е утврдена определената област и во која овие органи и организации имаат јавни овластувања спрема трети лица.
Согласно член 213 став 7 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ број 38/05 ... 51/11), кога против решението не е можно да се изјави жалба, а странката е погрешно упатена дека против тоа решение може да се жали, па таа изјавила жалба и поради тоа го пропуштила рокот за поведување на управен спор, овој рок и тече од денот на доставувањето на решението со кое жалбата е отфрлена, ако странката веќе пред тоа не повела управен спор. Согласно член 227 став 1 од истиот закон, доколку со закон не е утврдено право на жалба на решение на орган на државната управа, може да се поведе управен спор. Согласно став 7 од истиот член, во сите случаи во управната постапка кога не е предвиден орган за решавање во втор степен, странката против првостепеното решение може да поведе управен спор.
Согласно член 12 став 4 од Законот за трговски друштва („Службен весник на Република Македонија“ број 28/04 ... 25/07), својство на трговец-поединец се стекнува со уписот во трговскиот регистар.
Согласно член 24 став 1 од Законот за стечај („Службен весник на Република Македонија“ број 34/06 и 84/07), министерот за економија ќе му издаде лиценца за овластен стечаен управник на лицето кое ќе достави: диплома за завршена соодветна висока стручна подготовка, доказ за најмалку пет години работно искуство во областа на трговската дејност по дипломирањето или да има најмалку 10 години континуирано работно искуство во областа на трговските дејности по дипломирањето, уверение за положен испит за овластен стечаен управник, доказ дека не е осудувано за кривични дела што го прават неподобно за стечаен управник. Доколку лицето е осудено за кривично дело што го прави неподобно за стечаен управник, министерот за економија ќе издаде лиценца за овластен стечаен управник кога лицето ќе достави доказ дека престанале правните последици од осудата и изјава дека во работењето ќе ги применува правилата содржани во Кодексот за етика на стечајните управници и професионалните стандарди. Согласно став 3 од истиот член, лиценцата е со времетраење од две години, а ја издава министерот за економија во рок од 15 дена од денот на доставувањето на потребните документи од ставот (1) на овој член.
Согласно член 28 став 1, 2 и 3 од истиот закон, стечајниот управник е должен секоја година најдоцна до 31 декември претходната година да се осигура од одговорност за штета која може да биде предизвикана со вршење на работи на стечаен управник. Договорот, односно полисата за осигурување се доставува до министерот за економија во рок од седум дена од денот на склучувањето на договорот и се доставува до Комората на стечајните управници. Ако договорот, односно полисата не бидат доставени во рокот од ставот (2) на овој член, министерот за економија ќе донесе решение за престанок на важње на лиценцата според членовите 24 и 25 од овој закон. Примерок од решението се доставува до Централниот регистар.
Вишиот управен суд цени дека побиваната пресуда е неправилна и незаконита, од причина што видно од приложените докази во целост не е утврдена фактичката состојба. Имено, судот оценил дека тужениот орган доследно ги применил одредбите од Законот за стечај по претходна анализа и оценка на прибавените потребни податоци и правилно утврдил дека тужителот иако бил должен не доставил доказ во смисла на член 28 од овој закон, односно не доставил договор или полиса за осигурување од одговорност за штета која може да биде предизвикна со вршење на работи на стечаен управник на име на тужителот и правилно го донел оспореното решение. Меѓутоа, Управниот суд не го ценел правилно фактот дека тужителот добил лиценца за овластен стечаен управник издадена од Министерот за економија и продолжена со Решение за две години. Од списите произлегува дека тужителот поседува полиса за осигурување од штета на АД Осигурителна полиса со релевантна важност и истата е со важност во време кога е продолжена важноста на лиценцата за стечаен управник на тужителот.



Достарыңызбен бөлісу:




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет