Малигна неоплазма на коски и на артикуларна рскавица (C40- C41)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, EХO на абдомен, РТГ, преглед од ортопед/ хирург /онколог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Во случаи каде е индицирана хоспитализација, како и при оперативно лекување, радио- и/или хемо- терапија до 10 месеци кога отпочнува обработката за ИПК.
Меланом и други малигни неоплазми на кожата (C43-C44) и Малигна неоплазма на мезотелијалното и на мекото ткиво (C45-C49)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, EХO на абдомен, преглед од дерматовенеролог/хирург/онколог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Во случаи каде е индицирана хоспитализација, како и при оперативно лекување, радио- и/или хемо- терапија до 10 месеци кога отпочнува обработката за ИПК.
Малигна неоплазма на дојка (C50)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, EХO на дојка, мамографија, биопсија со патохистолошка обработка, преглед од гинеколог/хирург/онколог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Во случаи каде е индицирана хоспитализација, како и при оперативно лекување, радио- и/или хемо- терапија до 10 месеци кога отпочнува обработката за ИПК.
Малигни неоплазми на женски генитални органи (C51-C58)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, колпоскопија, Papanikolau (ПАП) тест, EХO на генитални органи, биопсија со патохистолошка обработка, преглед од гинеколог/ хирург/уролог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Во случаи каде е индицирана хоспитализација, како и при оперативно лекување, радио- и/или хемо- терапија до 10 месеци кога отпочнува обработката за ИПК.
Малигни неоплазми на машки генитални органи (C60-C63)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, EХO на урогенитален тракт, биопсија со патохистолошка обработка, преглед од уролог/нефролог/хирург. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Во случаи каде е индицирана хоспитализација, како и при оперативно лекување, радио- и/или хемо- терапија до 10 месеци кога отпочнува обработката за ИПК.
Малигни неоплазми на уринарен тракт (C64-C68)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, EХO на урогенитален тракт, преглед од уролог/нефролог/хирург. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Во случаи каде е индицирана хоспитализација, како и при оперативно лекување, радио- и/или хемо- терапија до 10 месеци кога отпочнува обработката за ИПК.
Малигни неоплазми на око, мозок и на други делови од централниот нервен систем (C69-C72)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, EХO на око (само при C69), КТ, преглед од офталмолог/неврохирург/невролог/ендокринолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Во случаи каде е индицирана хоспитализација, како и при оперативно лекување, радио- и/или хемо- терапија до 10 месеци кога отпочнува обработката за ИПК.
Малигни неоплазми на тиреоидеа и на други ендокрини жлезди (C73-C75)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, EХO, биопсија со патохистолошка анализа (тиреоидна жлезда), хормонален статус (тиреоидна жлезда и хипофиза), преглед од невролог/неврохирург/ендокринолог/хематолог/специјалист по нуклеарна медицина. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Во случаи каде е индицирана хоспитализација, како и при оперативно лекување, радио- и/или хемо- терапија до 10 месеци кога отпочнува обработката за ИПК.
Малигни неоплазми на недоволно дефинирани, секундарни и неозначени локализации (C76-C80)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, EХO, преглед од соодветен специјалист. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Во случаи каде е индицирана хоспитализација, како и при оперативно лекување, радио- и/или хемо- терапија и трае до 10 месеци кога отпочнува обработката за ИПК.
Малигни неоплазми на лимфно, хематопоетичко и сродно ткиво (C81-C96)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, РТГ на бели дробови и срце, крвна размаска, хепатограм, преглед од интернист/хематолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Во случаи каде е индицирана хоспитализација, како и при оперативно лекување, радио- и/или хемо- терапија до 10 месеци кога отпочнува обработката за ИПК.
In situ неоплазми (D00-D09)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, EХO, преглед од соодветен специјалист. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Во случаи каде е индицирана хоспитализација, како и при оперативно лекување, радио- и/или хемо- терапија до 6 месеци.
Бенигни неоплазми (D10-D36), Неоплазми со несигурна или со непозната природа (D37-D48)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, EХO, преглед од соодветен специјалист. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо до 3 месеци од почетокот на боледувањето.
ГЛАВА III - БОЛЕСТИ НА КРВТА И КРВОТВОРНИТЕ ОРГАНИ И ОДРЕДЕНИ ЗАБОЛУВАЊА ШТО ГО ЗАФАЌААТ ИМУНИОТ МЕХАНИЗАМ (D50-D89) Нутритивни анемии (D50-D53), Хемолитични анемии (D55-D59), Апластични и други анемии (D60-D64)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, крвна размаска, преглед oд интернист/трансфузиолог/хематолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Кога Fe е под 5 mcg/L или хемоглобинот понизок од 100 g/L и трае до 2 месеци кај потешките форми до 6 месеци.
Коагулациони дефекти, пурпура и други хеморагични состојби (D65-D69)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, крвна размаска, основни тестови за испитување на хемостаза, преглед од интернист/хематолог/трансфузиолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: При тешки нарушувања на хемостазата до 6 месеци по хоспитализација.
Други болести на крвта и крвотворните органи (D70-D77)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, крвна размаска, преглед од интернист/хематолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо до 2 месеци, а при егзацербации на болеста до 6 месеци од почетокот на боледувањето.
Одредени заболувања што го зафаќаат имуниот механизам (D80-D89)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, хепатограм, имунолошки статус, преглед од соодветен специјалист. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо до постигнување ремисија.
ГЛАВА IV - ЕНДОКРИНИ, НУТРИТИВНИ И МЕТАБОЛИЧНИ БОЛЕСТИ (Е00 - Е90) Заболувања на тиреоидната жлезда (Е00 - Е07)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, хормонски статус, ЕКГ, EХO на штитната жлезда, преглед од интернист/специјалист по нуклеарна медицина. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Нема можност за продолжување на боледувањето при еутиреотична и некомплицирана гушавост.
При тиреотоксикоза до клиничка ремисија на болеста до 2 месеца, а кај тешките форми до 4 месеци од почетокот на боледувањето.
При хипотиреоза до постигнување на метаболната контрола, односно клиничка ремисија.
Кај гушавост пропратена со компресивен синдром при хируршка интервенција до 1 месец по хоспитализација.
Дијабетес мелитус (E10 – E16)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, профил на шеќер, ЕХО на абдомен, преглед од интернист/ендокринолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и / или отпусно писмо со препорака за боледување до 1 месец. При акутните компликации на болеста и во случаите на нестабилен (brittle) дијабет трае до постигнување на метаболната контрола до 2 месеци. Во случај на чести акутни компликации да се упати на ИПК. Во случаите на тешки хронични микроваскуларни и макроваскуларни компликации траењето спреченоста за работа се одредува според мислењето на соодветен специјалист (ендокринолог, кардиолог, нефролог, офталмолог, невролог) до 6 месеци, а пациентот се упатува на ИПК.
Заболувања на другите ендокрини жлезди (Е20 - Е35)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, EХO испитувања, преглед од интернист/ендокринолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување до 3 месеци од почетокот на боледувањето.
Метаболични заболувања (Е70 -Е78)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од интернист/ендокринолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и /или отпусно писмо со препорака за боледување до 1 месец од почетокот на боледувањето.
ГЛАВА V - ДУШЕВНИ РАСТРОЈСТВА И РАСТРОЈСТВА ВО ОДНЕСУВАЊЕТО (F00-F99) Органски, вклучувајќи ги и симптоматските, душевни растројства (F00-F09) се обработени на соодветни места со основната болест. Душевни растројства и растројства во однесувањето предизвикани со употреба на психоактивни супстанци (F10-F19)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од психијатар. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо до 3 месеци, од почетокот на боледувањето.
При оштетувања на личноста и психички нарушувања (алкохолна параноја, алкохолни халуцинози, соматски оштетувања) до 6 месеци.
При тешки нарушувања се прави обработка за ИПК за утврдување на потполна неспособност за работа.
Осигурениците лекувани во дневна болница потребно е задолжително да бидат упатени на лекарска комисија за продолжување на боледувањето на секои 30 дена со потврда од здравствената установа дека е на дневноболничко лекување.
Шизофренија, шизотипни растројства и налудничави растројства (F20-F29)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од психијатар. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Кај полесни форми со акутен почеток, со потполни ремисии и со незнатно оштетување на личноста, при дијагностицирање на болеста и подоцна во период на рецидиви во вид на психотични епизоди до 3 месеци по хоспитализација.
Кај тешките форми со чести рецидиви и благи ремисии до 6 месеци. Кај состојби со постепен почеток и долго траење на болеста, со пропаѓање на личноста обработка за ИПК за утврдување на потполна неспособност за работа.
Осигурениците лекувани во дневна болница потребно е задолжително да бидат упатени на лекарска комисија за продолжување на боледувањето на секои 30 дена со потврда од здравствената установа дека е на дневноболничко лекување.
Растројства на расположението (афектот) (F30-F39)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од психијатар. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: При акутната фаза и при рецидиви боледувањето трае до 3 месеци по завршената хоспитализација.
Кај тешки форми како делирантна манија, агитирана депресија, ступорозна депресија, или кога болеста без ремисија поминува во спотивната фаза, или добива хроничен тек може да трае до 6 месеци.
Доколку се работи за случаи со чести психотични епизоди со ремисии пократки од 6 месеци или епизоди резистентни на терапија без можност за постигнување задоволителни ремисии, се врши обработка на пациентот за ИПК.
Осигурениците лекувани во дневна болница потребно е задолжително да бидат упатени на лекарска комисија за продолжување на боледувањето на секои 30 дена со потврда од здравствената установа дека е на дневноболничко лекување.
Невротски растројства поврзани со стрес и соматоформни растројства (F40-F48)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од психијатар. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај при амбулантско лекување до 1 месец од почетокот на боледувањето или со отпусно писмо до 1 месец по хоспитализацијата.
Кај тешки форми со регресивни промени на личноста, резистентни на терапија (тешки опсесивни растројства, фобични состојби тешки депресивни состојби или изразени конверзивни растројства) може да се продолжи боледувањето до 6 месеци.
Осигурениците лекувани во дневна болница потребно е задолжително да бидат упатени на лекарска комисија за продолжување на боледувањето на секои 30 дена со потврда од здравствената установа дека е на дневноболничко лекување.
Растројства на личноста и растројства на однесувањето кај возрасни (F60 – F69)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, хетероанамнеза, преглед од психијатар. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: При декомпензација на состојбата, што поприма квалитети на психоза, кога е неопходна хоспитализација до 3 месеци по хоспитлизација.
Осигурениците лекувани во дневна болница потребно е задолжително да бидат упатени на лекарска комисија за продолжување на боледувањето на секои 30 дена со потврда од здравствената установа дека е на дневноболничко лекување.
ГЛАВА VI - БОЛЕСТИ НА НЕРВНИОТ СИСТЕМ (G00 – G99) Воспалителни болести на централниот нервен систем (G00 – G09)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, преглед од невролог/инфектолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: При хоспитализација и рехабилитација до 3 месеци по хоспитализација.
Кај случаите со сериозни невролошки дефицити и интелектуални нарушувања, може да трае и подолго, според мислењето на невролог, психијатар или инфектолог, а при трајни оштетувања се упатува на ИПК.
Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем (G10–G13)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, ЕЕГ/EMГ, преглед од невролог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: При хоспитализација до 2 месеци по излегување од болница.
Кај потешките форми како спастичен синдром со спастична слабост на екстремитетите; синдром на спинална мускулна атрофија со мускулна слабост и атрофии; булбарна парализа со дисфагија и дизартрија; атаксија; атрофија на оптикус со слепило, трае подолго по мислење на невролог.
Во одминат стадиум на овие заболувања со тешки параплегични, квадриплегични или булбарни нарушувања како и кај Huntington-овата болест во моментот на поставување на дијагнозата, пациентот се подготвува за ИПК за утврдување на потполно и трајно изгубена работна способност.
Екстрапирамидни заболувања и заболувања на движењето (G20 – G26)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, ЕЕГ/EMГ, преглед од невролог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо до 2 месеци од почетокот на боледувањето.
Кај потешките случаи со изразени невролошки знаци: ригор, акинезија, тремор или хореа, атетоза, бализам, дистонија или пак со психички нарушувања до 6 месеци од почетокот на боледувањето.
Во одминат стадиум на болеста со развиена клиничка слика и со интелектуално пропаѓање до деменција пациентот се обработува за ИПК за одредување на потполно и трајно изгубена работна способност.
Други дегенеративни болести на нервниот систем (G30 – G32)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, ЕЕГ/КТ, преглед од невролог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Поради природата на болеста во моментот на поставување на дијагнозата работната способност е потполно и трајно изгубена. По поставување на дијагнозата се врши обработка за ИПК.
Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем (G35 – G37)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, МР /КТ, преглед од невролог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо до 3 месеци од почетокот на боледувањето.
Во подоцните потешки фази на егзацербација со заостанати резидуи особено од типот на параплегија, атаксија и нарушена функција на свинктерите може да се продолжи боледувањето до 6 месеци.
Кај малигна форма на болеста трајно се губи работната способност и се прави обработка за ИПК.
Кај акутен и субакутен леукоенцефалитис–Hurst во моментот на поставување на дијагнозата постои потполн губиток на работна способност.
Епизодни и пароксизмални растројства (G40 – G47) Епилепсија (G40), Статус епилептикус (G41)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ).
По голем епилептички напад, без додатни компликации, боледувањето трае до 7 дена.
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, преглед од невролог, EEГ. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Нема основ за продолжување на боледувањето доколку нема повторувачки напади и додатни компликации. Кога е индицирана хоспитализација уште 1 месец по излегување од болница.
Кај формите резистентни на лекови, со лошо контролирани напади и со психички промени може да трае и до 4 месеци, кога ке се упати на ИПК за одредување на потполн губиток на работната способност.
Мигрена (G43), Други синдроми на главоболка (G44)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, преглед од невролог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со отпусно писмо и препорака за боледување до 7 дена по хоспитализација.
Транзиторни церебрални исхемични напади и сродни синдроми (G45), Васкуларни синдроми на мозокот кај цереброваскуларни болести (G46)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, преглед од невролог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо до 3 месеци, од почетокот на боледувањето.
Заболувања на нерви, нервен корен и плексус (G50 –G59)
Привремената спреченост за работа при оштетувања и болести на кранијалните нерви (G50 – G53) се оценува во склоп на основната болест и зависи од нејзиниот тек и исход, со исклучок на идиопатската форма на Neuralgia nervi trigemini (G50) и Paralysis nervi facialis peripherica Bell (G51).
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, преглед од невролог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Кај неуралгија на н. тригеминус во периодот на интензивни и чести напади и кај парализа на н. фацијалис во акутната фаза на болеста од 4 до 6 недели.
Заболувања на нервен корен и нервен плексус (G54) , Компресии на нервен корен и плексус кај болести класифицирани на друго место (G55), Мононевропатии на горен и долен екстремитет (G56-G57), Други мононевропатии (G58) Mононевропатии кај болести класифицирани на друго место (G59).
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, РТГ на рбетен столб, преглед од невролог/ортопед/физијатар. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: При спроведување на дијагностички процедури, лекување и рехабилитација како и во фаза на акутни болки може да се продолжи боледувањето до 2 месеци од почетокот на боледувањето.
При пролонгирани тегоби со изразени моторни промени (мускулни атрофии, угаснати рефлекси) и при оперативно лекување може да трае до 3 месеци по хоспитализација.
Полиневропатии и други заболувања на периферниот нервен систем (G60 – G64)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, преглед од невролог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо до 1 месец, при потешките невролошки нарушувања (парези, парализи, атаксија) до 6 месеци од почетокот на заболувањето, а по потреба во тој период се обработува за ИПК за одредување на потполно и трајно изгубена работна способност.
Болести на мионеврална спојка и мускул (G70 – G73) Миастенија гравис и други мионеврални заболувања (G70)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, Prostigminski тест, преглед од невролог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Кај окуларната и лесната генерализирана форма при акутната фаза и во фазите на егзацербација до 3 месеци.
Кај умерената генерализирана форма со зафатени скелетни и булбарни мускули и со незадоволителен одговор на лекови до 6 месеци.
Кај тешките форми со незадоволителен одговор на лекови се прави обработка за ИПК за траен и потполн губиток на работната способност.
Примарни заболувања на мускулите (G71), Други миопатии (G72), Заболувања на мионевралната спојка и мускул кај болести класифицирани на друго место (G73)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, преглед од невролог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај до 3 месеци од почетокот на боледувањето. Со отпусно писмо до 3 месеци по излегување од болница. Кај формите со нарушени движења, генерализирана мускулна слабост и оштетување на висцералните органи се прави обработка за ИПК за потполн и траен губиток на работната способност.
Церебрална парализа (G80)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Преглед од невролог/ортопед/физијатар. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување по мислење на соодветен специјалист.
Хемиплегија (G81), Параплегија и Тетраплегија (G82), Други паралитични синдроми (G83)
Оваа група опфаќа состојби кои што се предизвикани од различни причини. Привремената спреченост за работа се оценува во склоп на основната болест и зависи од нејзиниот тек и исход при што должината на боледувањето се одредува со наод од неврохирург/невролог/ физијатар, а при траен губиток на работната способност за работа се упатува на ИПК.
ГЛАВА VII - БОЛЕСТИ НА ОКОТО И ПОМОШНИОТ ОЧЕН АПАРАТ (H00-H54) Болести на очниот капак, лакрималниот систем и орбитата (H00-H06)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од офталмолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена : Со специјалистички извештај во акутни случаи до смирување на акутните симптоми до 4 недели. Отпусно писмо со препорака за боледување при хоспитализација и оперативен зафат до 2 недели по хоспитализација.
Заболувања на конјунктивата (H10-H13)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од офталмолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Нeмa основ за продолжување на боледувањето над 15 дена.
Заболувања на склерата, корнеата ирисот и цилијарното тело (H15-H22)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од офталмолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена : Со специјалистички извештај за спреченост за работа во акутната фаза до 4 недели. Отпусно писмо со препорака за боледување при хоспитализација до 2 недели по хоспитализација.
Заболувања на леќата (H25-H28)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од офталмолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 ден: Со отпусно писмо со препорака за боледување, за катаракта каде е индицирано оперативно лекување (класична метода) и тоа кај монокуларна катаракта, ако видната острина е под 0,1 а кај болни со бинокуларна катаракта, ако видната острина е од 0,1 до 0,5 до 4 недели по операцијата. При операција на катаракта со FAKO методата боледувањето трае до 2 недели по хоспитализација.
Заболувања на хориоидеата и ретината (H30-H36)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од офталмолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај со препорака за боледување во тек на конзервативан третман до 2 месеци од почетокот на боледувањето, при оперативан третман и рехабилитација до 2 месеци по хоспитализација.
Кај промени, кај кои не е нарушена видната острина, не постои спреченост за работа.
Глауком (H40-H42)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од офталмолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување спреченоста за работа трае до медикаментозна или оперативна компензација на најзначајните параметри - интраокуларен притисок до 3 kPa (22,4 mmHg) и запирање на стеснувањето на видното поле до 1 месец од почетокот на боледувањето. Во случај на оперативен третман до 2 недели по хоспитализација.
Заболувања на стаклестото тело и очното јаболко (H43-H45)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од офталмолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај со препорака за боледување во тек на утврдување на дијагнозата и конзервативно лекување до 1 месец од почетокот на боледувањето. За оперативно лекување потребно е отпусно писмо со препорака за боледување до 2 месеци по хоспитализација.
Кај промени каде не е нарушена острината на видот, не постои спреченост за работа.
Заболувања на оптичкиот нерв и видните патишта (H46-H48)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од офталмолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување од офталмолог до 2 месеца од почетокот на боледувањето.
Заболувања на очните мускули, бинокуларни движења, акомодација и рефракција (H49-H52)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од офталмолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај во тек на утврдување на дијагнозата, конзервативно лекувањето и рехабилитацијата до 1 месец од почетокот на боледувањето. Со отпусно писмо со препорака за боледување при оперативен третман до 6 недели од почетокот на боледувањето.
Нарушување на видот и слепило (H53-H54)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од офталмолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување според мислење од офталмолог во тек на утврдување на дијагнозата, за време на хоспитализација (ако е индицирана), во тек на лекување и рехабилитација до 4 недели од почетокот на боледувањето.
Кај тешки форми на нарушување на видот и при слепило се прави обработка за ИПК за траен и потполн губиток на работната способност.
ГЛАВА VIII - БОЛЕСТИ НА УВОТО И МАСТОИДНИОТ ИЗРАСТОК (H60 - H95) Болести на надворешното уво (H60 – H62)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
Спреченоста за работа постои во акутна фаза на болеста и истата трае до 7 дена од почетокот на боледувањето.
Над 7 дена нема основ за продолжување на боледувањето.
Болести на средното уво и на мастоидoт (H65 – H75)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, РТГ на мастоидниот продолжеток кај мастоидит, ОРЛ преглед. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Само при хоспитално лекување со отпусно писмо и препорака за боледување до 4 недели по хоспитализација.
Болести на внатрешно уво (H80-H83)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, ОРЛ преглед, аудиометрија, калоричен тест на вестибуларниот апарат. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Само при хоспитално лекување со отпусно писмо и препорака за боледување до 4 недели по хоспитализација.
Други заболувања на увото (H90 – H95)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, аудиометрија, ОРЛ преглед. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Во случај на задоцнето лекување без спроведена хоспитализација боледувањето трае до 14 дена.
Над 15 дена: Отпусно писмо со препорака за боледување само во случаите на акутно губење на слухот на едното или обете уши кога е индицирана хоспитализација поради навремено лекување и трае до 4 недели од почетокот на боледувањето.
ГЛАВА IX - БОЛЕСТИ НА ЦИРКУЛАТОРНИОТ СИСТЕМ (I00 - I99) Акутна ревматична треска (I00 - I02), Хронични ревматични болести на срцето (I05 - I09)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандарден лабораториски наод, ЕКГ, ехокардиограм, серолошки испитувања (AST, RF), преглед од интернист/кардиолог/ревматолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување во акутната фаза на болеста до 3 месеци од почетокот на боледувањето.
Хипертензивни болести (I10 - I15)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
Во случаите на средно тешка и лесна хипертензија со изразени симптоми (главоболка, вртоглавица и др.) боледувањето трае до 7 дена.
До 15 дена: Стандарден лабораториски наод, ЕКГ, преглед од интернист. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со отпусно писмо со препорака за боледување при случаите на малигна хипертензија (дијастолен притисок > 130 mmHg со прогресивно оштетување на целните органи) и тешка хипертензија (ТА > 180/ > 110 mmHg со знаци на висцерализација) во траење до 2 месеци од почетокот на боледувањето. Во случаите на хипертензивна криза и хипертензивна енцефалопатија до смирување на состојбата со траење до 1 месец од почетокот на боледувањето.
Исхемична болест на срцето (I20 - I25)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандарден лабораториски наод, ЕКГ, ехокардиограм, преглед од интернист/
кардиолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ) .
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување при нестабилна ангина пекторис со траење до 1 месец од почетокот на боледувањето. Отпусно писмо со препорака за боледување при акутен инфаркт на миокардот (при секој инфаркт на миокардот е индицирана хоспитализација) и истото може да се продолжуваи до 3 месеци од почетокот на боледувањето, а во тој период се изведува рехабилитацијата со контролната ергометрија (КСТ).
Пулмонална срцева болест и болести на пулмоналната циркулација (I26 - I28)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандарден лабораториски наод, ЕКГ, РТГ на бели дробови и срце (ПА и профил), преглед од интернист. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување при респираторна инсуфициенција до 3 месеци од почетокот на боледувањето.
Други форми на болест на срцето (I30 - I52)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандарден лабораториски наод, ЕКГ, преглед од интернист. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување при клинички манифестни хемодинамски нарушувања (пр. диспнеа, периферни едеми) и при сериозни нарушувања на ритамот (пр. атријален фибрилофлатер, суправентрикуларна пароксизмална тахикардија, мултифокални ВЕС, вентрикуларен флатер, АВ блок со Adams-Stokes-ов синдром) во траење до 2 месеци од почетокот на боледувањето. Во случај на оперативно лекување до 3 месеци по хоспитализација.
Цереброваскуларни болести (I60 - I69)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандарден лабораториски наод, преглед од интернист/невролог/неврохирург. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со отпусно писмо со препорака за боледување во акутната фаза кога е потребна хоспитализација и истото може да се продолжи до 10 месеци од почетокот на болеста зависно од невролошкиот дефицит и во тој период се прави обработка за ИПК за потполн и траен губиток на работната способност.
Болести на артерии, артериоли и капилари (I70 - I79)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандарден лабораториски наод, преглед од интернист/трансфузиолог/хирург. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со отпусно писмо со препорака за боледување при акутните состојби (тромбоза и емболија на артерија, акутна фаза на M. Burger, оклузивна артериска болест, дисекција) до 4 месеци по хоспитализација и во тој период се прави обработка за ИПК за потполн и траен губиток на работната способност.
Болести на вени, лимфни садови и лимфни јазли (I80 - I89)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандарден лабораториски наод, преглед од интернист/трансфузиолог/хирург. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување при акутните тромбофлебити на површните вени од 2 до 4 недели од почетокот на боледувањето, а при акутни тромбофлебити на длабоките вени на потколениците до 2 месеци од почетокот на боледувањето. При тромбоза на големите вени до 4 месеци од почетокот на боледувањето.
Хипотензија (I95)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
Спреченост за работа постои при клинички манифестни хемодинамички нарушувања со траење до 7 дена.
Нема основ за продолжување на боледувањето над 7 дена.
ГЛАВА X - БОЛЕСТИ НА РЕСПИРАТОРНИОТ СИСТЕМ (Ј00-Ј99) Акутни горнореспираторни инфекции (Ј00-Ј06)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандарден лабораториски наод. (ПЗЗ)
При појава на општ синдром (покачена температура, лабораториски промени и сл) трае до 15 дена од почетокот на боледувањето.
Нема основ за продолжување на боледувањето над 15 дена.
Инфлуенца и Пневмонија (Ј09-Ј18)
Инфлуенца (Ј09-Ј11)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандарден лабораториски наод. (ПЗЗ)
За грип спреченост за работа трае до 15 дена од почетокот на боледувањето.
Нема основ за продолжување на боледувањето над 15 дена.
Пневмонија (Ј12-Ј18)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандарден лабораториски наод, РТГ на бели дробови и срце (ПА и профил). (ПЗЗ, СЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување до 6 недели од почетокот на боледувањето.
Други акутни долнореспираторни инфекции (Ј20-Ј22)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандарден лабораториски наод. (ПЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување до 1 месец од почетокот на боледувањето.
Други болести на горниот респираторен тракт (Ј30-Ј39)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, РТГ на ПНС по Hürtz кај синузит. (ПЗЗ, СЗЗ)
Нема основ за продолжување на боледувањето над 15 дена.
Хронични долнореспираторни болести (Ј40-Ј47)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, РТГ на бели дробови и срце (ПА и профил), преглед од интернист/пулмоалерголог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за болничко лекување спреченоста за работа при акутните егзацербации до 4 недели од почетокот на боледувањето.
Белодробни болести предизвикани со надворешни агенси (Ј60-Ј70)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од специјалист по медицина на трудот/специјалист пулмоалерголог, РТГ на бели дробови и срце (ПА и профил), спирограм. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за болничко лекување при акутни компликации на болеста со траење до 1 месец од почетокот на боледувањето.
Други респираторни болести што главно го зафаќаат интерстициумот (Ј80-Ј84)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, РТГ на бели дробови и срце (ПА и профил), ЕКГ, преглед од интернист/пулмоалерголог/кардиолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување, до 3 месеци од почетокот на боледувањето.
Супуративни и некротични состојби на долниот респираторен систем (Ј85-Ј86)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, РТГ на бели дробови и срце (ПА и профил), преглед од интернист/пулмолог/ хирург. (ПЗЗ, СЗЗ,ТЗЗ)
Над 15 дена: Отпусно писмо со препорака за боледување во акутната фаза на болеста до 3 месеци по хоспитализација.
Други болести на плеврата (Ј90-Ј94) До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, РТГ на бели дробови и срце (ПА и профил), преглед од интернист/пулмолог/хирург. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)
Над 15 дена: Отпусно писмо со препорака за боледување во акутната фаза на болеста до 2 месеци по хоспитализација.
Достарыңызбен бөлісу: |