МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА
ПРЕДЛОГ НА
ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОT ЗА МАТЕРИЈАЛНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНАТА
ВОЈНА
по скратена постапка
Скопје октомври 2013 година
ВОВЕД
I. ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ДОПОЛНУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ
Во Република Македонија, посебната заштита на борците учесници во Народноослободителната војна кои немаат никакви приходи (старосна,инвалидска или семејна пензија) или кои немаат приходи во семејството повисоки од најниската пензија остварена во Републиката се опфатени со Законот за материјално обезбедување на учесниците во Народноосолободителната војна (НОВ) (“Службен весник на Република Македонија” бр.38/91,13/96 ).
Дополнувањата на Законот за материјално обезбедување на учесниците во Народноослободителната војна се во насока на усогласување на овој закон согласно член 16 Законот за изменување и дополнување на Законот за општата управна постапка (Службен весник на РМ бр.51/2011) според кој Законите со кои се уредуваат прашањата во врска со управната постапка ќе се усогласат со овој закон.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА
Основна цел на предложените дополнувања на Законот за материјално обезбедување на учесниците во Народноослободителната војна, е да согласно член 63 од Законот за изменување и дополнување на Законот за општата управна постапка (Службен весник на РМ бр.51/2011) според кој се предвидува обврска со која уште во текот на постапката на поднесување на поднесоци, органот што е наделжен за приемот на поднесокот, односно усното соопштение, е должен да ги користи личните податоци на подносителот за за потребите на постапката во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Исто така независно од одредбите на посебните закони и подзаконски акти, странката не е должна со барањето да поднесува исправи ( уверенија, сертификати, потврди и друго) за факти кои органот на државната управа и органот на локалната управа или пак друг субјект води службена евиденција.
Согласно член 139 од Законот за изменување и дополнување на Законот за општата управна постапка (Службен весник на РМ бр.51/2011) предвидува обврска за службеното лице кое ја води постапката по службена должност да ги прибави податоците за фактите за кои службена евиденција води органот надлежен за решавање како и во случај кога во однос на службена евиденција води друг државен орган, односно друг субјект кој води регистар на податоци, а се воведува обврска за државниот орган, односно субјект кој води службена евиденција, бараните податоци да ги достави во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето.
Со ставовите 4 и 5 од членот 62 се обезбедува електронско поднесување на поднесоците и се регулира рокот за завршување на услугата.
III.ОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН ВРЗ БУЏЕТОТ И ДРУГИТЕ ЈАВНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА
Предлогот за дополнување на за Законот за материјално обезбедување на учесниците во Народноослободителната војна нема да предизвика фискални импликации врз Буџетот на Република Македонија.
IV.ПРОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ И НАЧИНОТ НА НИВНОТО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, КАКО И ПОДАТОЦИ ЗА ТОА ДАЛИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ПОВЛЕКУВА МАТЕРИЈАЛНИ ОБВРСКИ ЗА ОДДЕЛНИ СУБЈЕКТИ
За спроведувањето на предложените дополнувања не се потребни дополнителни финансиски средства.
V.ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА
Со оглед на тоа што не се работи за обемен и сложен закон согласно со член 170 од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија (“Службен весник на РМ” број 91/08), овој закон се предлага да се донесе по скратена постапка.
Закон за дополнување на
Законот за материјално обезбедување на учесниците во Народноослободителната војна
Член 1
Во Законот за материјално обезбедување на учесниците во Народноослободителната војна („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија” бр. 38/91 и „Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/96), по член 11 се додава нов член 11-а, коj гласи:
Подрачната организациона единица на Министерството за труд и социјална политика во општината каде е поднесено барањето ќе ги користи личните податоци на подносителот за потребите на постапката, во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
Документацијата (уверенијата, потврдите и друго) за факти за кои органот на дражавната управа или друг субјект надлежен за решавање води службена евиденција, ќе се смета дека подносителот на барањето ја има поднесено со барањето, доколку надлeжната подрачна организациона единица на Министерството за труд и социјална политика може да ја прибави по службена должност.
Податоците за фактите како и соодветна документација за кои службена евиденција води Подрачната организациона единица на Министерството за труд и социјална политика, службеното лице кое ја води постапката ги обезбедува по службена должност и се смета дека подносителот на барањето ги има поднесено со барањето.
Начинот на прибавувањето и размената на личните податоци на подносителот на барањето, а кои се потребни во постапката за решавање на барањето се врши во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
Формата и содржината на образецот на барањето и потребната документација за остварување на правото на материјално обезбедување во полн и намален износ, правото на надоместок за нега и помош од друго лице, правото на еднократна парична помош во случај на смрт на корисник на материјално обезбедување или на член на неговото семејство, по долготрајна болест, пртпени штети поради елементарни и други непогоди и правото на сместување во установа и правото на здравствена заштита ги пропишува министерот за труд и социјална политика.
Формата и содржината на обрасците за прибавување на личните податоци ги пропишува министерот.
Член 2
По членот 12 се додаваат два нови членови 12 - а и 12 – б, кои гласат:
Член 12 – а
Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди за правата утврдени со овој закон е должна да донесе решение во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето со потребната документација.
Член 12 – б
Доколку Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди не донесе решение за остварување на правото, односно не донесе решение за одбивање на барањето во рок пропишан во членот 12-а од овој закон, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена по истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на директорот на Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди за донесување на решение и директорот да донесе решение.
Формата и содржината на барањето од ставот 1 на овој член ги пропишува министерот.
Кон барањето за донесување на решението од ставот 1 на овој член подносителот на барањето доставува и копија од барањето од членот 11 од овој закон.
Директорот на Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот 1 на овој член до писарницата, да донесе решение со кое барањето за остварување на правото е уважено или одбиено. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на Министерството за труд и социјална политика.
Доколку директорот на Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди не донесе решение во рокот од ставот 4 на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена.
Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот 5 на овој член да изврши надзор во Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди дали е спроведена постапката согласно закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува директорот на Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди во рок од десет дена да одлучи да по поднесеното барање, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести Државниот управен инспекторат за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање.
Доколку директорот на Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди не одлучи во рокот од ставот 7 на овој член инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена, во кој директорот на Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
Доколку директорот на Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди не одлучи и во дополнителниот рок од ставот 8 на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го инфорира подносителот на барањето за преземените мерки.
Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот 5 на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поденсе приговор до писарницата на директорот на Државиот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат.
Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот да го разгледа приговорот од ставот 10 на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето на подносителот на барањето согласно ставовите 6 и 7 на овој член или не поднесе пријава согласно ставот 9 на овој член, да поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и да определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во надлежниот орган дали е спроведена постапката согласно закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот 11 на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
Во случајот од ставот 12 на директорот на Државниот управен инспекторат, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш.
Во случаите од ставот 13 на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
Доколку директорот на Државниот управен инспекторат, не постапи согласно ставот 11 на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена.
Доколку директорот на Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди не одлучи во рокот од ставот 8 на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежен суд.
Постапката пред управниот суд е итна.
По донесувањето на подзаконскиот акт од ставот 2 на овој член истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на Министерството.
Член 3
По членот 15 се додава нов член 15 – а, кој гласи:
Член 15 – а
Податоците што се внесуваат во книгата за евиденција за корисниците и потрошените средства претставуваат класифицирани информации со степен на тајност определен согласно закон.
Како класифицирани информации со степен на тајност определен со закон, во смисла на овој закон, се сметаат поединечните податоци на физичките лица кои ги остваруваат правата согласно овој закон.
Член 4
Подзаконските акти предвидени со овој закон, ќе се донесат во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 5
Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за материјално обезбедување на учесниците во Народноослободителната војна.
Член 6
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МАТЕРИЈАЛНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНАТА ВОЈНА
I.ОБЈАСНУВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА ОДРЕДБИТЕ НА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МАТЕРИЈАЛНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНАТА ВОЈНА
Со членот 1 од Предлог на законот се предлагаат дополнувања на членот 11 од постојниот закон, а со цел да се донесат подзаконски акти – правилник во кои ке бидат наведени потребните документи формата и содржината на образецот кој странката треба да ги прибави или да го овласти државниот орган да ги прибави по службена должност за остварувања на правата предвидени во член 1,7,8,9,10-а, од законот. Односно да се донесат подзаконски акти во кои ке бидат наведени потребните документи, формата и содржината на образецот за остварување на правото на материјално обезбедување во полн и намален износ, додаток за туѓа нега и помош од страна на друго лице, еднократна парична помош по долготрајна болест,пртпена штета поради елементарни непогоди и во случај на смрт на корисник на материјално обезбедување или член на негово семејство,сместување во установа и здравствена заштита
Прописите за потребната документација, формата и содржината на образецот за остварување на правата од членот 1, 7, 8, 9 и 10-а на овој Закон ги пропишува министерот за труд и социјална политика .
Со членот 2 се дополнува членот 11 со нов член 11-а во кој се пропишува начинот на прибавувањето и размената на личните податоци на подносителот на барањето, а кои се потребни во постапката за решавање на барањето ќе се врши во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Односно се предвидува обврска за службеното лице кое ја води постапката по службена должност да ги прибави податоците за фактите за кои службена евиденција води органот надлежен за решавање како и во случај кога во однос на службена евиденција води друг државен орган, односно друг субјект кој води регистар на податоци, а се воведува обврска за државниот орган, односно субјект кој води службена евиденција, бараните податоци да ги достави во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето.
Со членот 3 се дополнува членот 12 со нов член 12 –а, во кој се пропишува начинот на користењето на личните податоци на подносителот за потребите на постапката, во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Службеното лице кое ја води постапката за податоците и фактите за кои се води службена евиденција ќе ги обезбедува по службена должност и се смета дека подносителот на барањето ги има поднесено со барањето.При тоа начинот на прибавувањето и размената на личните податоци на подносителот на барањето, ќе се врши во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
Прописите за потребната документација, формата и содржината на образецот за остварување на правата од членот 1 на овој Закон ги пропишува министерот за труд и социјална политика .
Со дополнување на постојниот членот 12 со членот 12 –б се пропишува рокот во кој Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди ќе донесе решение по поднесеното барање на странката за остварување на одредено право, односно во рок од 30 дена од денот на поднесеното барање со потребната соодветна докумантација.Со ова дополнување всушност се врши конкретизирање на законската одредба во која органот е должен да го донесе решението со цел да се намалат административните процедури во врска со остварувањето а одредено право според Законот.
Со дополнување на постојниот член 12 со членот 12 – в се овозможува странката да влијае на некој начин за навременото донесување на решенија по поднесено барање. Ако надлежниот орган не донел решение по поднесеното барање и се овозможува на странката да поведе постапка со поднесеување на барање до директорот на надлежниот орган да тој провери од кои причини и зошто не е донесено решение по поднесеното барање, одредувајќи при тоа кратки рокови со цел да се запази начелото на ефикасност и експедитивност во работењето.
Доколку директорот на Републичката управа не постапи во предвидениот рок со предложениот член се овозможува странката и понатака да влијае врз текот и начинот на работењето на надлежниот орган така што иницира постапка и пред државниот управен инспекторат. Утврдени се мерките и надлжностите што ги превзема државниот управен инспектор во случај директорот да не постапил по поднесеното барање на странката, дадена е можност за поведување на прекршочна постапка и одговорност на наделжниот орган, односно поголема одговорност и надзор врз работата на органот.Како последна инстанца до каде што може да се обрати странката по чие барање не е донесено решение во предвидениот законски рок е поведувањето на управен спор. Соодветно на оваа одредба, а заради остварување на правото се овозможува заокружување на регулативата и овозможување на примена на истата.
Со членот 4 се врши дополнување на членот 15 со нов член 15-а се пропишува дека податоците што се внесуваат во книгата за евиденција за корисниците и потрошените средства претставуваат класифицирани информации со степен на тајност определен согласно закон.
Како класифицирани информации со степен на тајност определен со закон, во смисла на овој закон, се сметаат поединечните податоци на физичките лица кои ги остваруваат правата по Законот за материјално обезбедување на учесниците во Народноослободителната војна. Како лични податоци кои ги обработува Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди се име презиме, единствен матичен број, адреса, документација за посебно утврдениот стаж по основ на учество во народноослободителната војна и др.Со овие податоци ќе се постапува со степен на тајност, односно да не можат да бидат предмет на обработка за други цели.
Дополнувањето на Законот за материјално обезбедување на учесниците во НОВ се во насока на усогласување на овој закон согласно член 16 Законот за изменување и дополнување на Законот за општата управна постапка (Службен весник на РМ бр.51/2011) според кој Законите со кои се уредуваат прашањата во врска со управната постапка ќе се усогласат со овој закон.
II.МЕЃУСЕБНА ПОВРЗАНОСТ НА РЕШЕНИЈАТА СОДРЖАНИ ВО ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ОДРЕДБИ
Решенијата содржани во предлог Законот за доплнување на Законот за материјално обезбедување на учесниците народноослободителната војна се меѓусебно поврзани со одделни одредби од Законот за материјално обезбедување на учесниците во народноослободителната војна.
III.ПОСЛЕДИЦИ ШТО ЌЕ ПРОИЗЛЕЗАТ ОД ПРЕДЛОЖЕНИТЕ РЕШЕНИЈА
Со предлог Законот за дополнување на Законот за материјално обезбедување на учесниците народноослободителната војна ќе се овозможи поцелосна и подоследна примена на законот согласно согледувањата од искуствата и праксата во примена на законот.
ТЕКСТ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МАТЕРИЈАЛНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО НАРДНООСЛОБОДИТЕЛНАТА ВОЈНА КОИ СЕ ДОПОЛНУВААТ
Член 11
Барањата за остварување на права според овој закон се поднесуваат до Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди.
Кон барањето се приложува соодветна документација со која се докажува дека се исполнети пропишаните услови за остварување на правото.
Член 12
За правата утврдени со овој закон во прв степен решава Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди, а по жалбите изјавени против решенијата донесени во прв степен решава Министерството за труд и социјална политика.
Достарыңызбен бөлісу: |