Врз основа на член 89-е и член 89-ж од Законот за социјална заштита ( “Сл.весник на РМ“ бр.50/97, 16/2000, 17/2003, 65/2004, 62/2005, 111/2005, 40/2007, 98/2008 и 161/08) и Правилникот за начинот и постапката за доделување на средства на здруженија на граѓани за вршење на одредени работи од областа на социјалната заштита ( “Сл.весник на РМ“ бр.24/05 и 38/07), Министерството за труд и социјална политика, објавува
ЈАВЕН КОНКУРС
за поддршка на Проект на здружение на граѓани за заштита на жртви на семејно насилство
-
Цел на проектот
-
обезбедување на информации за стручна и друг вид на помош;
-
обезбедување на сигурен и безбеден привремен престој од 24-48 часа
-
поврзување и упатување во релевантни институции
-
зајакнување на сервисите за работа со жртвите на семејно насилство
-
Активности
-
стручна помош при обезбедени директни контакти со жртвите;
-
психо-социјална поддршка и јакнење на жртвите;
-
информации и услови за привремено сместување;
-
придружување на жртвите до останатите институции, кои работат на проблемот со семејно насилство, по потреба и
-
комуникација и постојана соработка со релевантни институции и организации.
-
Критериуми за учество
-
искуство во работа на проблемот-жртви на семејно насилство
-
расположиви човечки,просторни и технички ресурси и
-
да не добиле средства или поднеле пријава за добивање на средства од/до друг орган на државната управа за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава.
-
Потребни документи
-
пријава;
-
Предлог-проект;
-
регистерски број и број на решението на здружението, издадено од Министерството за труд и социјална политика;
-
полн назив и адреса на останатите субјекти со јасно дефинирани активности во текот на реализација на проектот;
-
детален опис на активностите со конкретен работен план за имплементација и периодот на реализација на проектот, со кои ќе се обезбеди реализација на предвидените цели, активности и услуги дефинирани во јавниот конкурс;
-
детална финансиска структура на активностите во рамките на вкупните средства кои се предвидени за реализација на проектот;
-
број на трансакциона сметка на здружението на граѓани;
-
потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки;
-
име, презиме и матичен број на лицата кои ќе бидат ангажирани во реализација на проектот, како и нивната квалификациона структура и нивното професионално искуство (биографија на лицата);
-
име, презиме и телефонски број на одговорното лице за реализација на проектот;
-
информации за работното искуство во областа на социјалната заштита, согласно со барањата и потребите од јавниот конкурс
Напомена: Пријавите со непотполна документација нема да се разгледуваат.
-
Висина и средства кои се доделуваат и временскиот период во кој ќе се извршуваат работите
-
Министерството за труд и социјална политика ќе обезбеди финансиска поддршка во износ од 35.000,00 денари месечни трошоци (триесет и пет илјади денари) од целокупните трошоци, заклучно со месец декември 2009 година, а останатите трошоци за имплементација на Проектот треба да ги покрие здружението на граѓани кое ќе биде избрано;
-
финансиската поддршка на Проектот ќе отпочне по завршувањето на целокупната постапка по јавниот конкурс и
-
во Предлог-проектот задолжително треба да се наведе износот и видот на средствата кои ќе ги обезбеди здружението на граѓани за имплементација на Проектот.
-
Селекција и избор на најдобриот Проект
-
селекцијата и изборот ќе се врши согласно Правилникот за начинот и постапката за доделување на средства на здруженијата на граѓани за вршење на одредени работи од областа на социјалната заштита (“Сл.весник на РМ“ бр.24/05 и 38/07)
-
за предност ќе се смета доколку со Проектот се обезбеди поголема опфатеност на национално ниво и
-
ќе се смета за предност доколку со Проектот се обезбеди поекономичен и поефикасе пристап до инфпрмации за крајните корисници.
-
Рокови за спроведување на постапката
-
конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето;
-
крајниот рок за доставување на апликациите е до 15 часот на последниот ден на конкурсот;
-
Комисијата за соработка со здруженијата на граѓани во рок од 30 дена по истекот на рокот за поднесување на пријавите изготвува мислење до министерот;
-
Министерот за труд и социјална политика во рок од 15 дена по доставувањето на мислењето од страна на Комисијата за соработка со здруженијата на граѓани, донесува решение за доделување на средствата и писмено ќе ги информира сите апликанти за крајниот резултат;
-
договорот за меѓусебните права, обврски и одговорности во реализацијата на финансиската поддршка на здружението на граѓани, министерот за труд и социјална политика ќе го склучи во рок од 15 дена од денот на правосилноста на решението за доделување на средствата и
-
пријавата со приложените документи треба да се достават до архивата или преку пошта на Министерството за труд и социјална политика на адреса ул.“Даме Груев“ бр.14-Скопје-комисија за соработка со здруженија на граѓани, во затворен плик, со назнака за Јавниот конкурс за поддршка на Проект на здружение на граѓани за заштита на жртви на семејно насилство.
Напомена: Пријавите кои ќе пристигнат по предвидениот рок за доставување нема да се разгледуваат
Здруженијата кои ќе бидат поддржани од страна на Министерството за труд и социјална политика, имаат обврска на сите материјали (печатени и електронски) кои ќе бидат продуцирани во рамки на тој проект на видно место да стои:
Поддржано од:
Република Македонија
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД
И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА
Достарыңызбен бөлісу: |