Во насока на зајакнување на капацитетите на Државниот инспекторат за труд беа одржани повеќе семинари:
- јануари 2009 г. дводневен семинар во Струга со цел подобрување на знаењата и успешноста во работењето на трудовите инспектори со запознавање со новата законска регулатива (Измените и дополнувањата на Законот за работните односи и законот за безбедност и здравје при работа), Правилникот за минималните барања за безбедност и здравје при работа за привремени и мобилни градилишта, Правилникот за минималните барања за безбедност и здравје при работана вработените на работниот простор, Законот за претставки, Правилникот за упис на предмети во управна постапка, Електронска пријава и одјава на работници, Законот за вработување на странци како и Правилникот за начинот за изготвување на изјава за безбедност, нејзината содржина, како и податоците врз кои треба да се заснова проценката на ризик. Предавачи беа раководители од Државниот инспекторат за труд, претставници од Министерство за правда односно Управниот инспекторат, претставници од Агенцијата за вработување, претставник од Министерството за труд и социјална политика - Сектор за социјална заштита и претставници од Институтот за медицина на трудот. Трошоците на семинарот ги финансираше, поголемиот дел Светска банка, а дел, само околу транспортните трошоци на инспекторите, Министерството за труд и социјална политика. На обуката учествуваа 99 инспектори на трудот.
- мај 2009 г. еднодневна обука во Скопје со цел унифицирана примена на законската регулатива во Државниот инспекторат за труд. Предавачите беа од раководството на Државниот инспекторат за труд и од Прекршочниот орган на МТСП. Трошоците за сала беа финансирани од Светска банка, а транспортните трошоци беа на МТСП. На обуката учествуваа 99 инспектори на трудот.
- јуни 2009 г. еднодневна обука во Скопје за примена на Законот за претставки и Измените и дополните на Законот за општо управна постапка. Предавачи беа од Управниот инспекторат - Министерство за правда. Трошоците за сала беа финансирани од Светска банка, а транспортните трошоци беа на МТСП. На обуката учествуваа 99 инспектори на трудот.
- септември 25 - 26 2009 г. дводневен семинар во Струга со цел разрешување на проблеми и дилеми во имплементација на прописите од областа на Прекршочното право односно прекршочната постапка пред Прекршочниот орган на МТСП. Предавачи на оваа тема беа универзитетски професор од Правниот факултет и претставници од Академијата за обуки на судии и обвинители на Република Македонија. Трошоците за предавачите ги финансираше МОТ, трошоците за сместување и сала Светска банка, а транспортните трошоци беа на МТСП. На обуката учествуваа 99 инспектори на трудот.
- октомври 2009 г. петдневна обука за проценка на ризик во Скопје. Предавачи беа експерт од Институтот за безбедност и здравје од Велика Британија и експерт од Меѓународниот тренинг центар на МОТ од Торино-Италија. Трошоците за предавачите, салата,сместувањето на инспекторите и експертите ги финансираше МОТ, а транспортните трошоци беа на МТСП. На обуката учествуваа 22 инспектори на трудот, 2 претставници од Македонското здружение за заштита при работа, 3 претставници од Синдикатите и 2 претставници на Комората на работодавачи.
- ноември 02 – 03 2009 г. дводневен семинар во Струга со цел обука поврзана со Правилникот за минималните барања за безбедност и здравје на вработените од ризиците поврзани со изложување на азбест при работа и имплементација на Директивата 83/477/ЕЕС на Советот (2-ра поединечна Директива во рамки на член 8 од Директивата 80/1107/ЕЕС). Предавачи беа експерти од Франција кои беа финансирани од МОТ, а сместувањето на предавачите и инспекторите, претставници од Македонското здружение за заштита при работа и претставници од Институтот за медицина на трудот беше од Светска банка. Транспортните трошоци беа на МТСП. На обуката учествуваа 100 инспектори на трудот и по 2 претставника од Македонското здружение за заштита при работа и Институтот за медицина на трудот.
- ноември 20 – 21 2009 г. дводневен семинар во Струга на тема Инспекциски надзор од областа на трудот и искуства од инспекцијата на трудот од Шпанија. Трошоците за сместување се на Светска банка, а предавачите – експерти на МОТ. Транспортните трошоци се на МТСП. На семинарот ќе учествуваат 63 инспектори на трудот. По завршување на семинарот се оствари размена на искуства од страна на експертите од МОТ и раководните државни службеници на ДИТ (раководители на работни односи и безбедност и здравје при работа).
- ноември и декември 2009 г. ќе се одржат 4 дводневни регионални семинари од страна на Мисијата на ОБСЕ на тема Трговија со луѓе и трудова експлоатација. Трошоците се на ОБСЕ, освен транспортните трошоци на МТСП. Со семинарите ќе бидат опфатени сите инспектори од областа на работните односи односно 62 инспектора поделени во 4 групи од 15 - 17 инспектори на трудот.
- декември 2009 г. еднодневен семинар во Скопје во организација на МОТ на тема Запознавање со одредени конвенции на МОТ од областа на трудот. Сместувањето го финансира Светска банка, предавачите ги финансира МОТ, а транспортните трошоци се на МТСП. На семинарот ќе учествуваат 45 инспектори на трудот.
- декември 25 2009 г. еднодневен семинар на кој присуствуваа сите инспектори со цел разгледување на годишниот извештај за работата на трудовите инспектори чии резултати кои беа презентирани од стана на државниот сектретар г. Марјанчо Тодоровски и директорот г. Горан Јовановски.
Во текот на 2009 година согласно стратегијата за модернизирање на Државниот инспекторат за труд во тек е изработка на софтвер за потребите на ДИТ кој претставува веб-апликација поврзана со повеќе институции (Централен регистар на РМ, Управа за јавни приходи, Агенцијата за вработување, Агенција за државни службеници, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Центри за социјална работа, Управен суд, Институт за јавно здравје, Министерство за здравство и Заедница на заштитни друштва). Во тек е потпишување на договори за соработка и размена на податоци со институциите. Изработката на софтверот е финансирана од средства на Холандската амбасада во соработка со Светката банка. Со средства од Светска банка беа испечатени и дистрибуирани по 64.000 прирачници за обврски на работодавачите од областа на работните односи и безбедноста и здравјето при работа, до работодавачите. До крајот на 2009 г. со исти средства на Светска банка, ќе се испечатат и дистрибуираат прописите од областа на безбедноста и здравјето при работа до работодавачите во зависност од дејноста која ја вршат.
Во делот на јакнењето на капацитетите за транспонирање на acquis се остварува размена на искуства во рамките на билатералната соработка со Република Франција во оваа област.
Исто така, од страна на раководните државни службеници на ДИТ беше обезбедено присуство и презентација на семинари кои ги организира гранковниот синдикат за градежништво во врска со примената на легислативата за безбедност и здравје при работа, особено во однос на Правилник за минималните барања за безбедност и здравје при работа на привремени и мобилни градилишта .
Беше остварена средба и со Комората на занаетчиите на Република Македонија при која се разрешија дилеми и проблеми кои се наметнаа со имплементација на законската регулатива од областа на безбедноста и здравјето при работа.
Достарыңызбен бөлісу: |