Законот е објавен во
‘Службен весник на
Република Македонија”
Бр. 84/008
Закон за изменување и дополнување на Законот за семејството
Член 1
Во Законот за семејството („Службен весник на Република Македонија„ бр. 80/92, 9/96, 38/04 и 33/06 ) во член 1 зборовите: „ нарушените односи и насилството во бракот и семејството „ се заменуваат со зборовите: „ семејното насилство „ а на крајот на реченицата се додаваат зборовите: „ и постапката за изрекување на привремена мерка за заштита од семејно насилство„.
Член 2
Во член 4 став 2 се менува и гласи:
„ Републиката обезбедува заштита од семејно насилство. „
Член 3
Во член 14 став 1 зборовите „ насилството во бракот и семејството „ се заменуваат со зборовите „семејното насилство„
Член 4
По член 94 насловот на главата VI-а : „ Нарушени односи и насилство во бракот и семејството „ се менува и гласи: „ Семејно насислство„
Член 5
Член 94-а се брише.
Член 6
Во член 94-б став 2 се менува и гласи:
„Под семејно насилство се подразбира малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психолошко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв спрема:
-
брачниот другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство;
-
поранешен брачен другар или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи, вклучувајќи ги односите кои настануваат со посвојувањето и старателството.
-
браќа и сестри, полубраќа и полусестри;
-
постарите членови во семејството или заедничкото домаќинство; и
-
лица - членови на семејството или заедничкото домаќинство чија деловна способност е делумно или целосно одземена.
По став 2 се додава нов став 3 кој гласи:
„Под блиски лични односи во смисла на овој закон се подразбираат лични односи помеѓу лица од различен пол кои се или биле во партнерски односи, а не живеат во вонбрачна заедница. „
Став 3 се брише.
Член 7
Член 94-в се менува и гласи:
,,Жртва на семејно насилство може да биде било кое лице од член 94-б на овој закон, без оглед на пол и возраст.
„ Извршител на семејно насилство може да биде било кое лице од член 94-б на овој закон. „
Член 8
Во член 94-г ставот 1 се менува и гласи:
" Центарот за социјална работа секогаш кога има сознание дека над лице е сторено семејно насилство, сам или на барање на лицето или член на неговото семејство презема мерки на заштита на жртвата на семејно насилство ".
Во став 2 зборовите :" во семејството" се брише.
Во став 4 бројот:" 48 " се заменуваат со бројот:" 72 ".
Во став 5 зборовите :" во семејството" се бришат.
Во ставот 5 точката 8 се менува и гласи:
" 8) покренува постапки пред надлежниот суд и презема мерки кои произлегуваат од односите помеѓу родители и деца "
По став 5 се додаваат два нови става 6 и 7 кои гласат:
" Здружение на граѓани, рeгистрирано за остварување на цели и задачи од областа на социјалната заштита, само или во соработка со центарот за социјална работа, може да ги преземе мерките на заштита утврдени во став 5 на овој член, освен мерките на заштита утврдени во точките 8 и 9. Здружението на граѓани е должно за преземените мерки во рок од 24 часа да го извести центарот за социјална работа, надлежен според местото на живеење на лицето жртва на семејно насилство.
Центарот за социјална работа по добивањето на известувањето од став 6 на овој член, во рок од 24 часа изготвува соодветно решение. Здружението на граѓани е должно во рок од 72 часа од како се преземени мерките за заштита, целокупната документација да ја достави до центарот за социјална работа заради негово понатамошно постапување."
Ставот 6 се брише.
Член 9
Во член 94-д пред став 1 се додава нов став 1 кој гласи :
,, Жртвата на семејно насилство може да поднесе предлог за изрекување на привремена мерка на заштита до надлежниот суд непосредно или преку центарот за социјална работа.
Во став 1 кој станува став 2 зборот:" барање " се заменува со зборот:" предлог ".
Во став 2 кој станува став 3 зборот:" барањето " се заменува со зборот:" предлогот " а бројот „ 1 „ се заменува со бројот „ 2 „.
Член 10
Во член 94-ѓ зборот:" барањето " се заменува со зборот:" предлогот".
Член 11
Во член 94-е воведната реченица се менува и гласи:
" Надлежниот суд на сторителот на семејното насилство може да му ги изрече следните привремени мерки на заштита: ".
Член 12
Во член 94-ж став 1 се менува и гласи:
" Предлог за изрекување на привремена мерка може да се поднесе без оглед дали се води кривична постапка."
Став 3 се брише.
Член 13
Во член 94-з став 1 по зборот:" трае" се додаваат зборовите:" најмалку три месеци, а".
Член 14
Во член 94-и во ставовите 1 и 2 по зборовите:" центарот за социјална работа" се додаваат зборовите:" односно жртвата на семејно насилство".
Член 15
Во член 124 по став 2 се додава нов став 3 кој гласи:
„ Републиката обезбедува заштита и на малолетни лица жртви на трговија со луѓе.„
Член 16
По член 177 се додава нова глава V-а „СТАРАТЕЛСТВО НАД МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА-ЖРТВИ НА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ„ и шеснаесет нови члена, 177-а, 117-б, 177-в, 177-г, 177-д, 177-ѓ, 177-е, 177-ж, 177-з, 177-ѕ, 177-и, 177-ј, 177-к, 177-л, 177-љ и 177-м, кои гласат:
“V-a“
Старателство над малолетни лица-жртви на трговија со луѓе
Член 177-а
Дете-жртва на трговија со луѓе е малолетно лице до 18 години, кое со или без негова согласност, на било кој начин, станало жртва на трговија со луѓе заради експлоатација.
Во случај на несигурност за возраста на жртвата и кога постојат причини да се верува дека таа е дете, се смета дека е дете и додека се чека да се потврди неговата возраст, му се изрекуваат мерки на заштита кои што се предвидени за дете-жртва на трговија со луѓе.
Член 177-б
Центарот за социјална работа секогаш кога ќе добие известување од Министерството за внатрешни работи, дека е идентификувано малолетно лице-жртва на трговија со луѓе, веднаш презема мерки за заштита на личноста, правата и интересите на детето и го става под старателство.
За старател на малолетно лице-жртва на трговија со луѓе се поставува лице кое е обучено за работа со деца-жртви на трговија со луѓе.
Член 177-в
Центарот за социјална работа, во извршувањето на своите работи, должен е да:
-
соработува со Министерството за внатрешни работи, јавниот обвинител, старателот, семејството, родителите и други органи, установи, институции и лица кои можат да му помогнат во осварувањето на најдобриот интерес на детето;
-
направи проценка на подобноста на семејството;
-
го следи однесувањето на детето;
-
дава стручна помош на семејството и детето; и
-
ги презема сите мерки за кои цени дека се во најдобар интерес на детето.
Член 177-г
Старателот од член 177-б став 2 на овој закон, во извршувањето на своите должности соработува со: центарот за социјална работа, Министерството за внатрешни работи, јавниот обвинител и други релевантни институции и установи, кои се надлежни да преземаат дејствија за заштита на личноста, правата и интересите на детето.
Член 177-д
Старателот на малолетно лице-жртва на трговија со луѓе, должен е да се грижи како родител за личноста, правата и интересите на детето под старателство, а посебно:
- да ја чува тајноста на идентитетот на детето; и
- да ја чува тајноста на идентитетот на семејството.
Старателот на дете-жртва на трговија со луѓе, во заштитата на детето, должен е да:
- обезбеди детето да добие здравствена и психо-социјална помош и заштита;
- го придружува детето до безбедното место на згрижување;
- обезбеди за детето целосна и навремена правна помош и заштита;
- извади лични документи за детето;
- обезбеди детето да ги добие сите информации на својот мајчин јазик;
- помогне во процесот на пронаоѓањето и враќањето на детето во семејството или враќање во земјата на потекло;
- преземе мерки за продолжување на образованието;
- биде во постојан контакт со центарот за социјална работа;
- редовно да доставува извештаи за преземените дејствија; и
- преземе други мерки за заштита на личноста, правата и интересите на детето, водејќи се секогаш од најдобриот интерес на детето.
Член 177-ѓ
Старателот над дете-жртва на трговија со луѓе, може само со одобрение на центарот за социјална работа, покрај работите од член 177-д на овој закон, да:
- го смести детето кај другиот родител, друго лице или во установа;
- го промени местото на престој на детето;
- го врати во матичното семејство;
- го врати во матичната држава;
- обезбеди здравствена и психо-социјална помош; и
- преземе дејствија или да донесе одлуки, кои се од значење за животот, здравјето и личноста на детето.
Член 177-е
Дете-жртва на трговија со луѓе по наполнување на 15 години возраст ги има овластувањата утврдени во член 162 од овој закон.
За дете-жртва на трговија со луѓе-странец во Република Македонија, во однос на правото на вработување или вршење на самостојна дејност, соодветно се применуваат одредбите од Законот за вработување и работа на странци.
Малолетникот од став 1 и од став 2 на овој член за прашањата кои се однесуваат на изборот на вработување и за секое движење, треба да го извести старателот.
Член 177-ж
Ако детето-жртва на трговија со луѓе е државјанин на Република Македонија и неговото семејство живее на територијата на Република Македонија, центарот за социјална работа во соработка со Министерството за внатрешни работи, ќе го пронајде семејството и ќе направи проценка на подобноста на семејството, со цел за враќање на детето во семејтвото.
Ако детето-жртва на трговија со луѓе е странски државјанин, центарот за социјална работа, во соработка со надлежните органи, ќе го пронајде семејството и во консултација со надлежните служби на државата чиј државјанин е детето, ќе преземе мерки за заштита на личноста, правата и интересите на детето и детето ќе го подготви за враќање во државата.
Член 177-з
Ако врз основа на проценката од став 1 на член 177-ж, центарот за социјална работа, оцени дека враќањето на детето во семејството, не го доведува во опасност здравјето и животот на детето и истото е во најдобар интерес на детето, веднаш ќе го врати детето во семејството.
Ако врз основа на проценката од став 1 на член 177-ж, центарот за социјална работа, оцени дека враќањето на детето во семејството, го загрозува здравјето и животот на детето или на неговото семејство, односно дека враќањето на детето не е во најдобар интерес на детето, ќе најде друго времено сместување.
Ако поради ненаоѓање на семејството, смрт на родителите, вклученост на родителите во кривичното дело трговија со луѓе или од било кои причини, не е можно враќањето на детето во неговото семејство, центарот за социјална работа е должен веднаш да го згрижи детето.
Сместувањето од став 2 и 3 на овој член трае додека се отстранат причините поради кои детето не е вратено во семејството, односно, додека се пронајдат родителите на детето или негови роднини кои ќе сакаат да се грижат за него, или додека се утврди дека родителите не се вмешани во кривичното дело.
По отстранување на причините од став 2 и 3 на овој член, детето веднаш се враќа во семејството.
Член 177-ѕ
Центарот за социјална работа, секогаш кога има сознанија дека постои опасност од вклучување на дете во трговија со луѓе или во друг вид присилна работа, додека се наоѓа во семејството, по службена должност, ќе донесе решение за надзор над вршењето на родителското право во поглед на сите деца или само во поглед на некое од нив.
Центарот за социјална работа, ќе донесе решение за постојан надзор над вршењето на родителското право, по службена должност и во случаите кога детето-жртва на трговија со луѓе е вратено во матичното семејство.
Времетраењето на надзорот над вршењето на родителското право од став 1 и 2 на овој член, ќе трае додека траат причините поради кои истиот е определен, но не подолго од една година.
Член 177-и
Центарот за социјална работа, доколку има сознанија дека родителите учествувале во вклучување на детето во трговија со луѓе или во друг вид присилна работа, со решение ќе го одземе детето од родителот или родителите и ќе го довери на чување и воспитание на другиот родител, на друго лице или установа.
Член 177-ј
На родителот кој на било кој начин учествувал во вклучување на детето во трговија со луѓе или во друг вид присилна работа, по прибавено мислење од центарот за социјална работа, му се одзема вршењето на родителското право со решение на судот, во вонпроцесна постапка.
На родителот може да му биде одземено вршењето на родителското право во поглед на сите деца или во поглед на некое од нив.
Член 177-к
Старателот на дете-жртва на трговија со луѓе, должен е на центарот за социјална работа, да доставува извештај за својата работа, еднаш неделно, како и тогаш кога тоа тој ќе го побара.
Од извештајот на старателот треба да се види неговата грижа за детето, потребите на детето, преземените дејствија, здравствената состојба на детето, предлози за подобрување на здравствената состојба, доколку тоа е потребно, контактите со другите органи доколку ги имало, проблемите со лицата кои го принудиле детето на ова дело и друго, од што може да се утврди комплетната состојба на детето и неговите потреби.
Член 177-л
Помошта на дете-жртва на трговија со луѓе и на семејството, се дава без оглед на вера, раса, пол, национална припадност или социјално потекло, генетски карактеристики, јазик, религија, психички или физички способности, сексуална ориентација, возраст и др.
Член 177-љ
Дејствијата кои ги преземаат и помошта која ја даваат центарот за социјална работа и старателот, заради заштита на детето-жртва на трговија со луѓе, секогаш треба да е прилагодена на возраста на детето и неговата зрелост да го сфати значењето на делото и да е во најдобар интерес на детето.
Член 177-м
Старателството над дете-жртва на трговија со луѓе, престанува со враќање на детето во семејството, со смрт на старателот, смрт на детето-жртва на трговија со луѓе, по барање на старателот, родителите или по одлука на центарот за социјална работа.,,
Член 17
Во член 279-а во став 2 зборовите :" барањето од член 94-е" се заменуваат со зборовите :" предлогот од член 94-д".
Член 18
Во член 279-в во ставовите 1 и 2 зборот :" барањето" се заменува со зборот :" предлогот", а по зборот:" работа," се додаваат зборовите:" односно на жртвата на семејното насилство " .
Член 19
Во член 279-д по зборот:" трае " се додаваат зборовите:" најмалку три месеци, а ".
Член 20
Во член 279-ѓ по зборот:" работа," се додаваат зборовите:" односно на жртвата на семејното насилство ".
Член 21
Насловот на глава V-б кој гласи „Казнени одредби„ се менува и гласи: „ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ„
Член 22
Членот 279-З се менува и гласи:
„Глоба во износ од 500 до 1000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице што нема да постапи согласно со обврските од членот 94-г став 3 на овој закон.
Глоба во износ од 3000 до 5000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок и на правно лице што нема да постапи согласно со обврските од членот 94-г став 3 на овој закон.
Глоба во износ од 500 до 1000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок и на одговорното лице во правното лице од став 2 на овој член.
Член 23
Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за семејството.
Член 24
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија„.
Достарыңызбен бөлісу: |