8. Ве молиме да го опишете системот за обука на полициските службеници. Кои институции и програми за обука постојат (училишта, содржина на обуката, целни групи, мрежи на знаење, посебни вештини)?
Полициската академија е високообразовна државна установа од областа на безбедноста.
На Полициската академија се образуваат кадри за потребите на МВР и други органи, установи и правни лица кои вршат дејност од областа на безбедноста.
Полициската академија врши образование за:
-
Стекнување високо образование;
-
Стекнување стручен степен – специјалист
-
Стекнување научен степен – магистер
-
Стекнување научен степен –доктор на науки
-
Стручно образование и обука на лица со веќе стекнат степен на образование во други образовни институции:
-
Основно полициско образование и обука
-
Специјално образование и обука
-
Образование и обука за раководење во подрачја на безбедноста (менаџмент во безбедноста).
Дејноста на Полициската академија се остварува на две образовни нивоа: високо образование и континуирано образование.
Високото образовната дејност ПА ја врши како: додипломски и последипломски (стручни и научни) студии.
Додипломските студии се организираат како четиригодишни студии и се остваруваат врз основа на студиски и предметни програми.
Организационата структура на високото образование на ПА ја претставуваат /сочинуваат шесте катедри: катедрата за криминалистички науки, катедрата за полициски науки, катедрата за кривично правни и криминолошки науки, катедрата за безбедносни науки, катедрата за безбедност во приватниот сектор, катедрата за општествено-политички и правни науки
Во четвртата студиска година предвидени се четири насоки: криминалистичко-криминолошка насока, безбедносна насока, насока-безбедност во приватниот сектор и полициско оперативна насока. Во рамките на овие насоки студентите се обучуваат за борба против одредени видови криминал како што се: организираниот криминал, комјутерскиот криминал, тероризмот, сообраќајниот криминалитет, малолетничката делинквенција, еколошкиот криминалитет, економско-финансискиот криминалитет.
На Академијата студентите се обучуваат по следниве академски способности: информатика,странски јазик,македонски јазик и култура и специјално физичко образование.
Како вонредни студенти на Академијата, мeѓу другите, можат да се запишат и полициски службеници кои сакаат да се стекнат со високо образование.
Согласно студискиот програм на Полициската академија се образуваат стручни кадри со висока школска спрема во областа на криминалистичките, безбедносните и полициските науки за потребите на МВР и други институции кои ги покриваат овие области.
Покрај додипломските студии ПА ќе организира и последипломски научни студии (магистерски студии) во траење од две години и последипломски стручни студии ( специјалистички студии ) во траење од една година чии програми ќе бидат дизајнирани за обучување/тренинг во борбата против одредени видови криминал.
На Академијата може да се стекне и научен степен доктор на науки.
На Академијата се остварува и континуирано образование за лица со веќе стекнат степен на образование преку спроведување на основна обука за полицаец, специјална обука и обука за раководење во подрачјето на безбедноста ( менаџмент во безбедноста).
а)Основна обука за полицаец
Основната едукација и обука за полицаец се однесува за лица кои се вработуваат во МВР без предходно полициско искуство за работни места со посебни должности и овластувања.
Основната обука за полицаец трае една година, од кои три месеци се предвидени за практична обука на терен.
б) Специјална едукација и обука
Специјалната обука и едукација се однесува за лица кои се вработени во МВР, со предходна завршена основна полициска обука, работно искуство ипокажани резултати во работата. Во зависност од видот на работата и сложеноста на работните задачи, со посебни наставни програми се организираат специјални обуки за борба против одреден вид на криминалитет и социо-патолошки појави.
Оваа обука трае зависно од нејзината содржина но не подолго од 12 месеци.
в ) Полициски менаџмент обука
Полицискиот менаџмент едукација и обука се однесуваат за лица кои се вработени во МВР и служи за нивно понатамошно оспособување во областа на раководењето и управувањето со полициските структури и односи. Оваа обука трае зависно од нејзината содржина/програма но не подолго од 12 месеци.
На Полициската академија во Скопје се реализираат курсеви за:
Основна обука за полицаец
Содржината на обуката може да се групира во следниве наставни области:
-
Полициска работа во демократското општество со правна регулатива
-
Полициско постапување со правна регулатива
-
Криминалистика со криминологија
-
Општообразовни содржини (македонски јазик и правопис, странски јазик, информатика, телекомуникации и прва помош)
-
Актуелни теми во функција на подобрување на полициската работа
Како посебни вештини се изучуваат:
-
Одбрамбени техники (самоодбрана) со општа физичка подготовка и тестирање на способности
-
Ракување со оружје, стрелање и логорување
-
Практични вежби и теренска обука
-
Странски јазик
-
Информатика
Целна група: лица со завршено средно училиште ( до 25 години старост) приправници во МВР кои по успешно завршување на обуката би продолжиле да работатс во МВР како компетентни полициски службеници.
Основна обука на гранична полиција ( во траење од 3 месеци)
Содржината на обуката може да се групира во следниве наставни области:
-
Општа полициска подготовка
-
Правно-криминалистичка област
-
Полициско постапување
Посебни вештини:
-
Одбранбени полициски техники
-
Информатика
Целна група: лица со завршено средно училиште кои се веќе вработени во АРМ а се обучуваат за полициски службеници за гранична полиција.
Менаџмент обука на гранична полиција ( во траење од 3 месеци)
Содржина на обуката: стекнување основни знаења од полициските, правните, криминалистичките, менаџерските и на нив слични области од страна на старешинскиот персонал на регионалните центри на граничната полиција за да се оспособат како компетентен полициски кадар за вршење на полициските и раководните работи во обезбедувањето на државната граница
Посебни вештини:
-
Техники на примена полицициски овластубања
-
Информатика
Целна група: припадници на АРМ – Гранична бригада кои се обучуваат за високи раководни полициски службеници за граничната полиција.
Полициската академија е членка на Европската асоцијација на полициски колеџи.
На регионален план соработува со Полициските академии од регионот , како и пошироко со Полициските академии од Холандија , Турција и Естонија во правец на размена на искуства, , размена на наставен кадар и студенти, реализација на проекти и др.
Достарыңызбен бөлісу: |