Силвана Бонева: Благодарам претседателе.
Во име на огромното мнозинство на пратеници во Собранието на Република Македонија и во име на огромниот број на граѓани на Република Македонија кои што го подржуваат членството на Република Македонија во НАТО бараме итна точка на дневен ред на оваа седница да биде Декларацијата за реафирмирање на определбата за реализација на стратешка цел за членство на Република Македонија во НАТО имајќи го во вид Самитот на НАТО што ќе се одржи во Чикаго во мај 2012 година.
Со неа бараме подршка од земјите членки на престојниот самит за покана на Република Македонија за членство во НАТО.
Трајко Вељаноски: Благодарам и јас.
Предлогот на пратениците Предлогот на Декларација да се разгледа на оваа седница го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Вкупно гласаа 89 пратеници. Сите 89 гласаа за, , од гласањето не се воздржа никој, нема против.
Констатирам дека Предлогот на пратениците е усвоен.
Според тоа за денешната седница го предлагам следниот дневен ред:
1. Предлог на Декларација за реафирмирање на определбата за реализација на стратешка цел за членство на Република Македонија во НАТО поднесен од пратениците: Бонева, Џеват Адеми, Талат Џафери, Малиша Станковиќ, Рафет Муминивиќ, Авдија Пепиќ, Благодорна Дулиќ, Арбен Љабеништа, Михајло Џолонга, Весна Пемова, Јордан Пачков, Харалампие Шокаровски, Миле Пачемски, Светлана Јакимовска, Димитар Стеванаџија, Кенан Хасипи, Лилјана Затуровска, Ане Лашкоска, Стевче Трпковски, Косана Николиќ Мазнева, Надица Танчева Тулиева, Нада Ципушева, Сузана Салиу, Амди Бајрам, Илија Димовски, Антонио Милошоски, Васил Пишев, Владанка Авировиќ, Ромео Тренов, Милорад Додевски, Диме Маџовски, Сузана Анова, Трајчо Димков, Драган Цуклев, Ванчо Апостолов, Светлана Карапетрова, Драган Настески, Лилјана Кузмановска, Дарко Димитриевски, Нада Станчевска, Цена Матевска Дуза,Васко Пашвовски, Ѓорѓи Коџабашиев, Веле Георгиевски, Павле Трајанов, Владимир Ѓорчев, Елена Павлова, Лилјана Поповска, Бети Кузмановска, Славе Гошев, Александар Николовски, Илија Китановски, Изет Зеќири, Фламуре Демири Креци, Радмила Шекеринска, Гордан Георгиев, Наташа Савова, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стајановски Самка Ибраимовски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голубчо Ангелов, Станка Анастасова, Анреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугаревски, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгаловска Вучетиќ, Борче Ставрев, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јовковска Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Тито Петковски,Ивон Величковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска, Николче Ацевски, Рејхан Дурмиши, Фијат Цановски, Ленче Николовска, Мевмед Џемајловски и Сафет Бишевац.
2. Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на Европската унија во Босна и Херцеговина ЕУФОР, АЛТЕА;
3. Предлог на одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите нации, УНИФИЛ во Либан;
4. Предлог на одлука за именување на заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија.
5. Предлог за избор на судии на Уставниот суд на Република Македонија.
6. Предлог на избор на членови на Советот за радиодифузија.
7. Предлог за избор на еден член од Советот на јавните обвинители на Република Македонија.
8. Предлог на одлука за разрешување и именување претседател и членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата.
9. Предлог на одлука за избор на заменик директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци.
10. Предлог на одлука за именување членови на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер.
11. Предлог на одлука за именување на членови на Комисијата на Агенцијата за пошти,
12. Предлог на одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Советот за статистика на Република Македонија.
13. Предлог на одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда 11 Октомври.
14. Предлог на одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда Мајка Тереза.
15. Предлог на одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда Свети Климент Охридски.
16. Предлог на одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда 23 Октомври.
17. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Македонската Влада и Шпанската Влада за заемно признавање и замена на националните возачки дозволи;
18. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Хрватска за екстрадиција;
19. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Србија за екстрадиција;
20. Дополнет предлог на закон за изменување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија (второ читање).
21. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи (второ читање);
22. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за квалитет на амбиентниот воздух (второ читање);
23. Предлог на закон за дополнување на Законот за заштита на природата (второ читање);
24. Предлог на закон за престанок на важење на Законот за прогласување на локалитетот Алшар за споменик на природата (второ читање);
25. Предлог на закон за дополнување на Законот за платниот промет (второ читање);
26. Предлог на закон за задолжница (второ читање);
27. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија (второ читање);
28. Предлог на закон за изменување на Законот за инвалидски организации (второ читање);
29. Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за Републичкиот завод за унапредување на домаќинството, по скратена постапка;
30. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите, по скратена постапка;
31. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за подобрување на општинските услуги, по скратена постапка;
32. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, по скратена постапка;
33. Предлог на закон за легализација на јавните исправи во меѓународниот промет (прво читање);
34. Предлог на закон за изменување на Законот за шумарска и ловна инспекција (прво читање);
35. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за правното наследство на Република Македонија на членството во Меѓународниот монетарен фонд (прво читање);
36. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за договорен залог (прво читање);
37. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри (прво читање);
38. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државните награди (прво читање);
39. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за образование на возрасните (прво читање);
40. Предлог на закон за пензиското и инвалидското осигурување (прво читање);
41. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување (прво читање);
42. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности (прво читање);
43. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем (прво читање);
44. Предлог на закон за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност (прво читање), поднесен од пратениците: Силвана Бонева, Талат Џафери, Малиша Станковиќ, Иван Стоилковиќ, Авдија Пепиќ, Кенан Хасипи, Павле Трајанов, Лилјана Поповска, Амди Бајрам, Илија Китаноски, Антонијо Милошоски, Александар Николовски, Илија Димовски, Неџати Јакупи, Ромео Тренов, Светлана Јакимовска, Александар Спасеновски, Диме Маџовски, Нада Ципушева, Владимир Ѓорчев, Јордан Пачков, Лилјана Кузмановска, Веле Ѓоргиевски, Трајко Димков, Стефче Трпковски, Сузана Анова, Ане Лашкоска, Лилјана Затуроска, Цена Матевска Дуза, Благородна Дулиќ, Надица Танчева Тулиева, Димитар Стевананџија, Драган Настески, Павле Саздов, Ристо Манчев, Милорад Додевски, Весна Пемова, Михаило Џолонга, Васил Пишев, Тони Трајановски, Миле Пачемски, Славе Гошев, Светлана Карапетрова, Харалампие Шокаровски, Елена Павлова, Бети Кузмановска, Ѓорѓи Коџабашиев, Дарко Димитриевски, Косана Николиќ Мазнева и Нада Станчевска;
45. Предлог на закон за изменување на Законот за заштита на децата (прво читање), поднесен од пратениците: Изет Зеќири и Фламуре Демири - Креци;
46. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за акцизите (прво читање), поднесен од пратеникот Изет Зеќири;
47. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија на редовни и инвестициони активности на радио програмите наменети за соседните земји и Европа на странски јазици за 2012 година;
48. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија на редовни и инвестициони активности на радио програмите наменети за информирање на иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во соседните земји, во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2012 година;
49. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија на редовни и инвестициони активности на радио програмски сервис преку сателит наменет за иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2012 година;
50. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио - телевизија на редовни и инвестициони активности на телевизиски програмски сервис преку сателит наменет за иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2012 година;
51. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио - телевизија на редовни и инвестициони активности за Собранискиот канал за 2012 година;
52. Годишен извештај за финансиското работење на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија во 2011 година;
53. Годишен финансиски план за редовно работење на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија за 2012 година;
54. Предлог на одлука за давање согласност на Годишниот финансиски извештај на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2011 година;
55. Предлог на одлука за давање согласност на Извештајот за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2011 година;
56. Годишен извештај за работата на Народниот правобранител за 2011 година;
57. Годишен извештај за работа на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2011 година;
58. Извештај за работата на Советот за радиодифузија на Република Македонија за 2011 година;
59. Финансиски план на Советот за радиодифузија на Република Македонија за 2012 година;
60. Годишен извештај за работата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2011 година;
61. Годишен извештај за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2011 година;
62. Извештај за работата на Агенцијата за администрација за 2011 година;
63. Годишен финансиски извештај на Агенцијата за цивилно воздухопловство за периодот од 1 јануари 2011 година до 31 декември 2011 година;
64. Извештај за реализација на Годишната програма за работа и развој за 2011 година на Агенцијата за цивилно воздухопловство;
65. Годишен извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2011 година;
66. Годишен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2011 година;
67. Годишен извештај за работа на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2011 година;
68. Годишeн извештај за работата на Државната комисијата за жалби по јавни набавки за 2011 година.
69. Годишeн извештај за работата на Државната комисијата за спречување на корупцијата во 2011 година;
70. Барање за давење автентично толкување на член 64 став 2 од Изборниот законик поднесено од пратениците Фијат Цаноски, Рејхан Дурмиши и Мевмед Џемајлоски;
Дали има некој предлог за изменувње и дополнување на предложениот дневен ред? (Не)
Ги повикувам пратениците кои имаат предлози за изменување и дополнување на дневниот ред да се пријават за збор.
Благодарам.
За збор се јави и има збор господинот Величковски Ивон, повелете.
Ивон Величковски: Благодарам претседателе.
Почитувани колеги, предлагам точката 44 Предлог-закон за определување на услов за ограничувње за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на Државната безбедност да биде симната од дневен ред.
Почитувани колеги, лустрацијата е процес на соочување со минатото во државите што минаа низ својата општествена плитичка и економска транзиција. Ве потсетувам дека Законот за лустрација односно за определување на услов за ограничувње за вршење на јавна функција, Собарнието на Република Македонија го донесе во 2008 година, токму по предлог на Либералната партија, од чии политики се водам за застапување на интересите на граѓаните во ова Собарние.
Токму од тие причини денеска предлагам оваа точка да биде симната од дневен ред.
Собранието, во 2008 година едногласно го донесе Законот и со политички консензус на сите партии во Парламнтот покажа висока општесетвена совест и висока демократска свест и на ЛП и на партиите од власта и од опозицијата. Така, Собранието, консензуално го утврди концептот на лустрацијата, како што е таа замислена и како што се спроведуваше во сите пост-комунистички општества, како консензуален процес што не е процес на одмазда и казнување, како процес што го зачувува и јакне демократскиот капацитет на институциите, спречувајќи ги лицата кои прекршувале човекови и граѓански права и слободи од идеолошки причини да вршат јавни функции, односно да одлучуваат и да влијаат врз демократските процеси во земјата.
Денеска, вие предлагачите на оваа точка практично застапувате закон што бега од оваа суштина на лустрацијата и се наметнува како закон за санкција на поранешни функционери кои ниту се кандидати ниту вршт јавна функција.
Овој пристап на подметнување закони од вакво темелно значење и проектирани последици на разединување на општественото ткиво е сосема спротивен на досегашната пракса и потребите на наашта држава и општество. За него не беше организирана никаква јавна расправа, ниту се ангажираа експерти и комплетно, притоа, го менува пристапот и содржината на лустрацијата, што само се заканува да го испогани процесот.
И малата дебата во собраниските тела јасно покажа разлики во пристапот меѓу коалиционите партнери ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Лустрацијата, како што е веќе јасо напомнато од колегите нема да биде комплетен процес ако не започнеме да зборуваме и за рехабилитација.
Ве замолувам, промислено а пристапиме кон овие проекти да ги отвориме прашањта што ги контамонирале нашите односи во општеството и биле причина за длабоки поделби и социполитички и економски и етнички, ако тоа било така. Но, тоа да не го правиме на препад, со задна намера, со уцени и закани. Да го направиме онака како што доликува, одговорно кон граѓаните и како инвестирање во функционалното општесетво на Република Македонија.
Доколку не ја симнете оваа точка од дневниот ред, почитувани колеги од ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, вие ќе покажете дека етикетите, поделбите, пресметките и со тоа уништувањето на општественото ткиво се ваша цел. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Пратеникот Величковски Ивон предлага точката 44 да се тргне од дневниот ред.
Предлогот го ставам на гласање.
Ве повикуам да гласаме.
Благодарам.
Вкупно гласаа 94 пратеници, за гласаа 32, воздржани нема, против 62 пратеници.
Коснтатирам дека предлогот на Ивон Величковски не е усвоен.
Со оглед на тоа што е исцрпена листата на пратеници кои бараат збор, пред да го ставам дневниот ред на гласање, госпоѓа Бендеска Весна, прцедурално повелете.
Весна Бендевска: Благодарам.
Пред самото изјаснување за прашањата што ќе бидат разгледувани на 29-та седница, дозволете да констатирам:
Трајко Вељаноски ја пропушти пансата да се надмине себе си и самиот да даде предлог на дневен ред да се најдат и законите што се предложени од СДСМ, што се во собраниска процедура повеќе од 15 дена, со што согласо Деловникот мораа да бидат ставени на разгледување денес и само денес.
Со ваквиот чин тој свесно и намерно, под строг партиски диктат го дерогира Деловникот, но и собраниската пракса, на тој начин рушејќи го и дигнитетот на Собранието во целост. Со ова, по кој знае кој пат, Вељаноски покажа и докажа дека е само горд партиски послушник, а не прв меѓу еднаквите, претседател на највисокиот претставнички дом на граѓаните во Македонија и гарант на демократската дебата во Собранието.
Сите наши 7 закони и една иницијатива за пристапуваање кон измени на Уставот, беа со една цел да понудат решенија за подобар и полесен живот на граѓаните во овие безперспективни, вонредно тешки економски и социјални услови во кои што се наоѓаме, благодасрение на погрешните и погубни политики на Владата на Груевски.
Одлуката на Вељаноски да не ги стави нашите предлози на дневен ред, за нас е само доказ за нервозата на ДПМНЕ од фактот дека СДСМ има подобар концепт, подобри идеи и капацитет за излез од оваа криза, односно од фактот дека СДСМ е подобра алтернатива од вас. Затоа и го замрзнавме учеството на координациите кај Вељаноски, што не се ништо друго освен најобичен технички договор со што би требало консензуално да се договара и уредува работата на Собрнието и работните тела. Затоа и сметаме дека е пропаганда изнудена, дури ако сакате и многу ефтин обид на Вељаноски оваа наша одлука да ја прикаже како бојкот на работата на Собранието. Но, еве не, тука сме, подготвени сме да дебатираме и да ги застапуваме интересите на граѓаните.
Бидејќи јавноста веќе знае и препознава, Трајко Вељаноски во име на неговата партија, со овој чин де факто ги бојкотира интересите на сите граѓани во Република Македонија. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Ја сослушавме колешката Бендевска, го прочита соопштението што претходно го прочита од Бихачка по однос на моето делување, сепак за вистина дас излезе до јавноста. . .
(дофрлање од место)
Господине Минчев не се довикува „ало“, домашната култура не ви дозволува да викате „ало“.
Госпоѓа Бендеска имаше процедурално, јас треба да бидам коректен да одговорам и дозволете ми да одговорам господине Минчев.
Господо пратеници, јавноста треба да биде известена дека седница на 16 мај е закажана и тоа за прв пат во историјата на македонското Собрание да има седница во која што се само точки предложени од опозицијата. Има точка за измена на Уставот, има седум точки предложени од пратеничката група на СДСМ, НСДП, ПЕИ и СЛ, 4 закони има предложено од господинот Изет Зеќири и ве молам, ако на тоа наоѓате мана, дека јас не ги удоволувам барањата, инаку господо пратеници, никогаш не сум работел по диктат. Тоа сум го докажал и во претходниот парламентарен состав дека по диктат никогаш не работам и под уцени. Ве молам, секогаш работам согласно Деловникот, макар уцената да е дојдена од Весна Бендеска и од СДСМ.
Јас работам по Деловник. За мене Деловникот е светиња и така ќе продолжам.А вие продолжете понатаму со влагање и излегување од координација, со влагање и излегување од Собранието. Тоа сепак покажува за вас не за мене. Продолжете понатаму со вашето темпо на работа што ја отсликува лошата слика за вас, а не за самото Собрание.
Ако сте незадоволни за седницата што ви ја закажав за 16 мај, грешката е кај вас, не е кај мене.
Господинот Мисовски Горан има процедурално, повелете.
Горан Мисовски: Благодарам претседателе.
И во вашто излагање беше дел од соопштението што го дадовте пред јавноста. Немавте храброст да се соочите со медиумите, ова сега што го говорите да го соопштите на граѓаните на Република Македонија.
Ако добро ве разбрав, од сега Парламентот ќе работи со седници по закони од опозицијата и со седници со закони од позицијата. Тоа е страшен политички преседант во Република Македонија.
Господине претседателе, сите 8 закони што беа предложени од опозицијата беа предложени во ист ден, согласно Деловникот како што тоа го направија Силвана Бонева и Талат Џафери по Законот за лустрацијата. Надвор од Деловникот, законите од опозицијата вие не ги ставивте на дневен ред.
Јас не можам да го разберам мотивот зошто го прекршивте Деловникот. Но, што е уште пострашно, не можам да го разберам политичкиот мотив да извршите притисок врз опозицијата да ја напушти координацијата кај претседателот на Собранието. Навистина тоа не ми е јасно. Дали, претседателе се работи за вовед во некакво поголемо сценарио, ќе видиме.
Оваа седница што ја закажавте само со закони од страна на опозицијата е благодарение е само на притисокот што опозицијата го направи во јавноста и притисокот на јавноста.Јас, господине претседателе, навистина немам информација дали пред странците сте се извинувале по втор пат или не. Ќе покаже времето. Убеден сум претседателе дека можеби мотивот за ваква, спротивна на Деловникот, седница, само со закони од опозицијата е само затоа што сакате да се додворувате на еврокомесарот Филе, кој, веројатно „ви ги измкнал ушите“, како на мало дете и ви рекол немојте законите од опозицијата да не ги ставате на дневен ред и да го прекршувате Деловникот.
Законите што во континуитет ги предлагаат пратеници од опозицијата е видентно е дека кај јавноста предизвикуваат внимание, се многу подобри и поквалитетни отколку законите што ги предлага позицијата. Во услови, претседателе, кога Република Македонија на криминален начин се задолжува со преку 600 милиони евра и кога економијата е во колапс, кога се повеќе има најава за социјални немири во Република Македонија, заради бедата, заради сиромаштијата, заради погубната политика на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, вие не сакате во овој Парламент да се говори за добри и квалитетни закони.
На крајот, завршувам претседателе, во овие осум предлози имате Предлог-закон за воведување на полициски омбуцман, со кој што законски проект дефинитивно ќе се стави крај на полициското насилие, промовирано од страна на Гордана Јанкуловска во име на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ. За квалитетни и добри закони не сакате да говориме во ова Собрание. Се умилкуате на еврокомесарот Филе пртседателе. .
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Господинот Мисовски даде процедурална забелешка, односно го повтори она што го кажа госпоѓа Бендевска Весна. Тоа е стално во пракса така, како што кажува еден, така и друг кога е во коалиција. Заедно излегоа, никој со сила не ве истера од координација, туку заедно излеговте, по барање на СДСМ, вие како придружна членка на коалицијата излеговте од координација.
Колеги пратеници, само едно сакам да ви кажам, како што кажав и прееска, за мене Деловникот е светиња, на координација молчеа сите овие пратеници сега што излегуваат дека ќе поднесуваат закон и дека ќе поднесуваат измена на Уставот. Откако јас го кажав датумот за одржување нова седница, тие тогаш премолчеа, ништо не кажаа, бевме сведоци сите кои присуствуваат на координација и после одеднаш доставија седум закони и Устав. Согласно Деловникот, како што налага Деловникот така е доставено до Собранието, така е закажана седницата, на 16 мај е закажана новата седница. Тоа е согласно Деловникот, дали ви се допаѓа вам Горан Мисовски, тоа е ваш проблем. Мислам дека треба да си го решавате сами меѓу себе тука и јас ве повикувам доколку мислите за доброто на Македонија, јас постојано велам не треба праксата што ја имате од претходниот парламентарен состав, да влегувате да излегувате, да вежбате гимнастика во влегување и излегување, да не ја применувате во овој парламентарен состав. Не беше добро и за нас, но и за вас се покажа дека таа гимнастика не беше добра. Се надевам дека, откако се закажа седницата и се ставија точките на дневен ред, ќе се вратите на координација. Тоа треба да го направите пред се за вас лично. Благодарам, толку е од мене, па понатаму ќе цени јавноста.
Предложениот дневен ред го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Благодарам.
По предложениот дневен ред вкупно гласаа 91 пратеник. Од нив за гласаа 59, воздржани нема, 32 против.
Констатирам дека е усвоен предложениот дневен ред.
Пред да преминеме на расправа по точките од дневниот ред ве потсетувам дека согласно член 80 ставови 2 и 3 од Деловникот на Собранието, пратениците се пријавуваат за збор во рок од една минута по отворањето на претресот.
Предлагчот и координаторите на пратеничките групи можат да се пријават за збор и во текот на претресот.
Листата на пратениците не може да се менува и дополнува во текот на претресот.
По исклучок согласно член 10 од Деловникот за изменување и дополнување на Деловникот на Собранието, пратениците кои во една минута по отворњето на претресот се спречени да се пријават за збор, поради присуство на седници на работните тела или делегациите на Собранието чии членови се тие, имаат право да се пријават за збор од моментот кога присуствуваат на седицата на Собранието, доколку претресот по точката од дневниот ред сеуште трае.
Едновремено ве известувам дека согласно член 85 став 3 од Деловникот на Собранието пратеникот кој се пријавил за збор, а не е присутен во салата кога е повикан да говори го губи правото на збор, за претресот за кој се пријавил и не може повторно да се јави за истиот претрес.
Согласно член 86 од Деловникот на Собранието и член 12 од Деловникот за изменување и дополнување на Деловникот на собранието, пратеник во текот на претресот може да говори само еднаш во траење од 10 минути, известителот на матичното работно тело и на Законодавно-правна комисија 10 минути, координаторот на пратеничката група или еден пратеник определен од пратеничката група или од координаторот на пратеничката група и предлагачот може да говорат повеќе пати, но не повеќе од 15 минути вкупно.
Достарыңызбен бөлісу: |