Трајко Вељаноски: Ве молам госпоѓа Бендевска, ја утнавте целата тема, темата е за заменик генерален секретар.
Весна Бендевска: ... со сериозна демократска дебата да говориме за спротиставени концепции и затоа жалам и се плашам...
Трајко Вељаноски:Не жалете, продолжете ве молам по Предлогот за заменик генерален секретар.
Весна Бендевска: ...госпоѓата Стојменовска ќе мора да ги спроведува вашите промовирани политики, кои дефакто веќе се јасни, вашата намера, вашиот начин и манир со кој раководите во ова Собрание исклучиво е по налог и диктат на вашиот партиски шеф. Ова мора да се претвори во дом каде што ќе има демократска дебата. Заради вас господине на оваа седница можевме во паралела да разгледуваме на пример два спротивствени концепти околу измените на Законот за државни награди, наградата „8 Септември“ според нас е асоцијација на 8 септември, најсветлата дата во незвисност на Македонија треба и мора да го понесе називот Киро Глигоров и да се доделува за сериозни достигнување во рамките на демократскиот развој на Република Македонија . концептот што ни ги нуди Владата е поинаков. Претпоставувам 8 септември кај Владата на Груевски предизвикува асоцијација на врвни спортски дострели. Меѓутоа граѓаните ќе можеа на иста седница да споредуваат различна политичка понуда. Ние говориме дека имаме многу сериозна намера да нудиме решенија за секој проблем особено во оваа 2012 година.
Трајко Вељаноски: Госпоѓа Бедневска, точката е заменик секретар, скроз ја имате утнато точката, не само точката и дневниот ред го имате утнато, ве молам.
Весна Бендевска: Не можете да ме следите,
Трајко Вељаноски: Вие самите не можете да се следите, па јас ќе ве следам, ве молам.
Весна Бендевска: ...говорам за опасноста кога вие ќе ја изберете госпоѓата Стојменовска за заменик генерален секретар. Јас ја разбирам вашата нервоза, навистина немав намера ниту еднаш да го спомнам начинот на кој вие ....
Трајко Вељаноски: не е нервоза, вемолам, само ве насочувам на правиот пат, за заменик генерален секретар говорите.
Весна Бендевска: ....начинот на кој вие ја вработивте вашата ќерка во Народна банка на Република Македонија. Тоа не ни е денес тема.
Трајко Вељаноски: И што кажавте? Голема работа кажавте!
Весна Бендевска: Не ја разбирам вашата нервоза. Очекував ваквата нервоза да ја промовирате кога вчера го видовте Предлог ребалансот, на кој начин се кратат средствата за институцијата со која раководите. Сакам да сум коректна, сакам да сум сериозна, и најмногу од се сакам да предизвикам, одговорност кај вас колеги особено кај вашиот колега што ја врши должноста претседател на Собрание..
Трајко Вељаноски: Ако толку милувате за мене да зборите имате право на интерпелација. Ве молам госпоѓа Бендевска Весна, тогаш со големо задоволство ќе зборите за мене. Кадровско решение заменик секретар, ве молам.
Весна Бендевска: Затоа навистина начинот, и затоа навистина конечно го замрзнавме учеството на координациите, токму заради ваквите испади од страна на господинот Трајко Вељаноски, недозволиво е. Должни сме во оваа сериозна криза прво на вистински места да ставаме вистински луѓе, барем оние што можеме да ги гласаме како Собрание, а не госпоѓа која нема никакво искуство во работата на државни органи и институции да им дадете да раководи на 500 државни службеници. Ниту е прилично, ниту дозволете, одговорно, а најмалку од се ќе треба ова да помине без дебата. Зошто? Затоа што е дел од политички договор. Токму заради ваквите ефтини политички пазари ја доведовте Република Македонија онаму каде што денес е, во бесперспективност. Но ние имаме решенија и нема да се откажеме и натаму да иницираме сериозна дебата по нив ....
Трајко Вељаноски: Благодарам многу за говорот.
Господинот Илија Димовски има реплика, повелете.
Илија Димовски: Благодарам претседателе.
Иако многу од колегите мислат дека колешката Бендевска немаше дискусија околу која што немаше некоја сериозна дебата, беше инструирана политички да напаѓа без разлика што и како дали има аргументи или не. Мојата должна почит спрема нејзе со една порака, да госпоѓа Бендевска ние ќе продолжиме да стимулираме, да предлагаме и да назначуваме млади едуцирани луѓе, докторанти по факултети, како што е конкретниот пример, а вие госпоѓо Бендевска продолжете со Томе Тромбев, со Атанас Вангелов, со Горан Минчев, со Таки Фити, Никола Поповски, со Ѓунер Исмаил, со Љубомир Фрчковски, со Тихомир Илиевски, со Илинка Митрева, со Мирослав Грчев, со Радмила Шеќеринска, со Јани Макрадули, со Софија Тодорова, со Благој Стефановски, со Штерјо Зиков, со Зоран Заев, продолжете ако мислите дека така треба. Сите овие кои што ги спомнав 20 години се извртеа секој од нив на по дваесет функции. Освен што ги менувале функциите ништо добро не памтиме. Едни биле замешани во ТАТ, други ја креираа и спроведуваа приватизација, за трети се слушале вакви муабети, за четврти такви, за петти се докажале тие муабети. Тоа е разликата меѓу нас. Да, госпоѓата денеска која што ја предлагаме прв пат ја спомнуваме на јавна сцена. Таа е млада образована, магистар на правни науки. Нашата оценка е дека треба на тие луѓе да им даваме шанса, а вие продолжете со овие јас што ги набројав, давајте им шанса уште еднаш. Еве господинот Јани Макрадули по 17. пат назначете го за пратеник, на Радмила Шеќеринска овозможете и по трети пат да биде кандидат за премиер, Томе Тромбев ставете го за министер, Бузлевски стајте го за министер за финансии итн. Значи тоа се различни концепти госпоѓо Бендевска. Тоа се различни концепти, така се носат одлуките во партиите. Ние сме оцениле дека приоритет се помлади луѓе, вие сте оцениле дека приоритет за вас се луѓе од профилот на овие што ги набројав кои што по 20 години смениле по 20 функции и ги памтиме по тоа дека саделе патлиџани по амбасадите каде што биле амбасадори. Тоа се различните концепти, многу едноставно. Ве почитувам вас, ве ценам, знам дека се борите трудољубиво, работите и читате, се мачите овде да извлечете максимум како пратеник, меѓутоа, морате на крај да се соочите со оваа горка реалност, која и мене не ми е мило да ја споменам, меѓутоа, многу пати ме прозивате за овие предлози кои ги давам како претседател на Комисијата, морам должно да ви одговорам. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Госпоѓа Бендевска Весна има контра реплика, повелете.
Весна Бендевска: Благодарам колега Димовски, и јас кон вас со цело должно почитување ќе се обидам да повторам она што вчера го добивте од колешката Павловска Данева, кое ви е правото, која ви е силата да цените навистина сериозни одговорни луѓе кои поминале и сеуште се на функции во СДС, вие кој сеуште не можете да се пофалите ниту со една обична диплома за високо образование. Затоа колега Димовски, тоа не може да го сокрие фактот дека овие млади кадри доаѓаат само да ги амнестирате кадрите кои извршија криминал тежок со милиони евра. На пример денес говорите дека Чинговски дал оставка и го наградувате со амбасадорска функција, а зад него тежи криминал со увозот на струја, тежок 1,2 милиони евра. Точно е, многу различни концепти и многу големи разлики. Постојат меѓу нас.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Господине Китановски Илија за што се јавувате, за процедурално?
Ве молам колеги, да бидеме коректни, господинот Китаноски Илија има процедурално, повелете.
Илија Китаноски: Благодарам.
Навистина ова е врв на ниското ниво на дискусии, и после оваа дискусија од Весна Бендевска...
(Силни реакции)
Трајко Вељаноски: Ве молам колеги пратеници, господине Макрадули, ве молам.
Илија Китаноски: .... очекував и продолжува какафонијата од таму, јас наместо да и реплицирам на Весна Бендевска сега треба на Јани Макрадули бидејќи од него не можам ни...
Трајко Вељаноски: Ве молам само процедурално кажете господине Илија Китаноски.
Илија Китаноски: Па процедурално е, оставете ме да го кажам процедуралното, процедуралната интервенција е ова. Нивото на дискусија прилагодете го, ако немате домашно воспитување, ако дома мајка ви и татко ви не ве научиле што е пристојно однесување и да не навредувате човечки суштетства, тогаш однесувајте се барем како пратеници, сочувајте го дигнитетот. Следното што очекувам се навреди од типот овој има крива нога, скршена, тој носи диоптрија број 6 итн. Тоа ли е дискусија за Собранието? Засрамете се сите до еден.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Колеги пратеници, полека, ве молам господине Макрадули.
Повелете господине Спасовски.
Оливер Спасовски: Благодарам.
Навистина не треба да дозволувате процедуралните интервенции да служат за делење лекции на било кој од пратениците. Процедурална интервенција ако имаме повреда на Деловникот да укажеме и вие како најдоговорен за одржување на редот на седниците и за водење на седниците врз основа на Деловникот што треба да го направите. Неупатно е да се јавуваме за процедурална интервенција за да можеме да реплицираме на некој кој што претходно говорел или не говорел во оваа собраниска расправа и на тој начин да се ставаме во функција на заштита на било кој. Ние овде координаторите и замениците координатори заедн со вас сме тука за да уклажуваме на заштита на Деловникот на Собранието. Секако дека дигнитетот на Собранието треба да биде заштитен од сите, најмногу од вас и од сите нас пратеници на ова Собрание и со респект да зборуваме за сите оние кои ги спомнуваме овде, да не делиме навреди ниту меѓусебно, ниту да делиме навреди меѓу луѓе кои се надвор од оваа сала и нема да можат никако да учествуваат во оваа расправа, тоа е непримерено и заради тоа барам од вас стрикно да го почитуваме Деловникот и да реагираме на едно вакво однесување во Собранието. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Колеги пратеници точно е дека јас сум одговорен кога ја водам седницата за редот овде, но за она што го изговара некој пратеник најодговорен е тој самиот. Со тоа си покажува прво за своето воспитување и делењето лекции на другите, но за жал на тој начин го униптува дигнитетот на Собранието на Република Македонија, не само сопствениот дигнитет и рејтинг туку и на самото Собрание. Тоа е најголема жалост и затоа упатувам еден апел до сите пратеници во својот говор, реплика или контра реплика сепак д водат сметка за функцијата пратеник. Не се обични граѓани, сепак се пратеници избрани од народот, да водат сметка при изборот на своите зборови.
Продолжуваме понатаму.
Следен за збор е господинот Зеќири Изет, повелете.
Изет Зеќири: Благодарам.
Комисијата за избори и именувања поднесе предлог за кандидатката Весна Стојменовска за заменик на генералниот секретар на Собранието. Јас имам сериозна забелешка во однос на овој предлог и наспроти фактот што во Македонија се потрошени многу финансиски средства за менаџирање нахумани или човечки ресурси, повторно не сме научили да се прави регрутирање на луѓе, на определени позиции и кои се квалификациите, односно бараните способности, понудените способности за некоја позиција или работно место.
Немам ништо против кандидатката Весна Стојменовска, која што не ја познавам, меѓутоа анализирајки ја нејзината биографија, анализирајки ги податоците кои што се наведени во нејјзината биографија со полна компетенција можам да кажам дека оваа кандидатка не е соодветна за предложеното место, затоа што истата нема професионално искуство, нема искуство, надлежност и компетенции.
Кандидатката Весна завершила политички науки, потоа магистрирала, освен неколку семинари што вообичано ги нудат политичките партии во областа на лидер шипот, каде што младите се обидуваат да се образуваат за политички лидершип, кандидатката нема ништо друго.
Ако се анализира работното искуство, таа работела во асоцијацијата Алумни Иванов што не е некоја институција што има допирни точки со компетенциите или надлежностите на позицијата заменик генерален секретар на Собранието. Потоа наведува дека е кандидат која доаѓа од партијата на Павле Трајанов, кажувајќи дека адресата е ДС и во оваа институција таа работела на подготовка на нормативни акти, анализи, извештаи и партиски информации.
Ве молам, кандидат кој нема професионално искуство во ниту една менаџерска позиција да дојде во позиција заменик генерален секретар на највисоката државна институција, тоа може да се случи само во Собранието на Република Македонија. Потоа, колешката нема ништо друго освен што волонтирала. Ако се собере нејзиното работно искуство ќе се види дека воопшто нема професионален бег граунд и стручна подготовка за позицијата во Прламентот.
Се обидов да го извадам органограмот на Парламентот и да видам што кандидатката ќе работи во Прламентот.
Позицијата заменик секретар е позиција веднаш по претседателот на Парламентот. Таа ќе биде одговорна и еве со што ќе раководи оваа кандидатка и со кои сектори:
Ќе раководи со Секторот на кабинетот на Собранието, значи директно одговорна. Потоа, одговорна за закоанодавно-правниот сектор, за Секторот работни тела во Собранието, потоа за Секторот за меѓународна сорботка на Собранието, Сектор за информатички и комуникациски дејности, Сектор за стручни и административни прашања, Сектор за поддршка на Советот на собранискиот канал, Сектор на Генералниот секретар, Сектор седници, Сектор за истражување анализа библиотека и документација, Сектор за пддршка на Советот за национални евроинтеграции, Сектор за финансиско работење и Сектор за преведување. Замислете какви стручни луѓе имате во сите овие сектори, а ние добиваме раководител кој е пионер. Да предложевте некој махер, стратег, во областа што е способен, наспроти тоа вие прдлагате пионер раководител на сите овие сектори. Тоа е неприфатливо.
Ете ова се случува кога политиката некогаш влијае, кога се предлагаат партиски кадри на професионални и стручни позиции, луѓе за кои сум длабоко убеден дека оваа колешка нема да може да ги обедини ниту професионалниот авторитет, надлежностите или компетенциите што се бараат во дадената ситуација и во иднина во оваа институција.
Затоа мислам дека предлогот е погрешен и ќе беше добро, доколку Павле Трајанов е предлагачот кој го поднел овој предлог да го повлече и да најде поподговен кандидат. Се надевам дека во својата партија има такви подготвени кандидати со професионален бег граунд од областа на правните науки, човек кој има линеарна кариера во областа нз професијата, циклична кариера, одејќи од институција во институција за потоа да дојде во Парламентот, а не во Парламентот да ни доаѓаат пионери кои што ќе ги учат техничките служби и ќе го учат раководителот кој што е со сите овие надлежности во Парламентот. И затоа мислам дека ние сеуште не сме ги научиле лекциите на менаџирање хумани или човечки ресурси. Значи, главниот предизвик е да се најдат подготвени луѓе да ги внесат во системот, да се образуваат и да се задржат преку системот на оценување и наградување што и како држава и како институции не успеваме никако да го направиме. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Господинот Бајрам Амди има реплика, повелете.
Амди Бајрам: Почитуван Изет, колега, не се согласувам со тебе дека не се предлагаат стручни луѓе во Парламентот. Не се согласувам со тебе во едно дека од Павле Трајанов е тоа. Не можеш ти како Павле Трајанов овде само да го именуваш Павле Трајанов, бидејќи овде има заедничка коалиција и целата власт ја водиме заедно.
Овде има некој договор, коалиционен, во целата коалиција, ДУИ, ние, сите што сме со ВМРО ДПМНЕ, го предлагаме. Ние знаеме како предлагаме.
Секоја чест, вие имате свое знаење, имате проценти. Гледате дека не реплицирам околу процентите. Затоа што процентите што ги давате, јас бев порано 99,9% со 102%, јас не давам повеќе проценти. Вие мене ме заменивте со тие проценти. Јас имам тука заменик и нема потреба. Значи, вие се знаете.
Ако мислите дека е така и имате некој подобар кадар, дојдете во оваа коалиција, овде заедничка, дали со ДУИ, дали со нас, со мене во коалиција, ако имате некој добар кандидат, повелете, дајте го, па ќе го предложиме.
Вие сте во опозиција. Знаете што значи опозиција? Дури сега ќе научите што е опозиција. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Бидејќи е исцрпена на листата за пријавени за збор, констатирам дека општата расправа е завршена.
Молам службите да утврдат точен број на присутни пратенициј во салата.
Ги молам пратениците да влезат во салата и да седнат на своите места.
(Службите утврдуваат точен број на присутни пратеници во салата).
Со оглед на тоа што во салата нема доволно пратеници, не може полноважно да се гласа.
Согласно член 165 од Деловникот на Собранието, гласањето по оваа точка ќе се направи во понеделник на 30 април во 11,00 часот.
Минуваме на точката 5 - Предлог за избор на судии на Уставниот суд на Република Македонија.
Предлогот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, за избор на тројца судии на Уставниот суд на Република Македонија, ви е доставен.
Ве известувам дека, согласно точката 1 од амандманот 15 на Уставот на Република Македонија, двајца кандидати се избираат со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, а еден кандидат се избира со мнозинство од бројот на гласови на пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.
Отворам претрес по предлогот Никла Ивановски да биде избран за судија на Уставниот суд на Република Македонија.
Ги повикувам предлагачот и пратениците кои сакаат да говорат по Предлогот да се пријават за збор.
Благодарам.
Заврши пријавувње.
Претходно процедурално бара госпоѓа Бендевска Весна, повелете.
Весна Бендевска: Благодарам.
Ве замолувам вас да проверите по кој редослед ги нудите на дебата и секако на изјаснувње на избор пред ова Собрание трите нов предлози за судии на Уставен суд, што доаѓаат по предлог на Комисијата за избори и именувања.
Пред само 15-тина минути, во разговор со заменик генералниот секретар, кој седи до вас, ми беше покажано оригиналното сценарио по кое на оваа седница ќе работи Собранието.
Господинот Ангеловски пред мене понуди на увид дека прв предлог за избор на судија ќе биде госпоѓата Елена Гошева, како втор отворена дебата за господинот Сали Мурати, а како трет предлог ќе оди изборот на Никола Ивановски.
Затоа од вас замолувам за одговор дали тоа вие лично одлучувате да го менувате сценариото што е зацртано или пак господинот заменик генерален секретар пред мене, како заменик координатор, ми предочи навистина сосема друг материјал, со или без намера?
Ова, се разбира оди во прилог и на мојата дискусија околу избор на нов заменик и генерален секретар на Собранието. Ова само како увид до секој пратеник колку е сериозна надлежноста на сите заменици на генералниот секретар.
Господине претседател навистина, ако е ваша одлуката и изборот, тоаш навистина имате намера да ја уништувате сериозноста во работењето на Собранието на Република Македонија, со што, навистина, придонесувате за лошата атмосфера, се разбира на штета на граѓаните на Република Македонија.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Госпоѓа Бендевска Весна, вие дадовте процедурално.
Ве молам, што вие имате разговарано со заменикот генерален секретар тоа е ваш проблем. Не го префрлајте на мене или на Собрнието.
Јас работам согласно сценариото како што е и согласно предлогот доставен од Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Видете го предлогот? Доставен е до вас. За вистина на јавноста ќе прочитам: Предлог за избор на судии на Уставниот суд на Република Македонија. Под римско еден - Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собрнието на Република Македонија за членови на Уставниот суд на Република Македонија ги предлага:
1. Никола Ивановски,
2. Елена Гошева и
3. Сали Мурати.
Согласно тоа, така е правено сценариото.
Што вие имате разговарано по ходници со заменикот генерален секретар, тоа е ваш проблем. Затоа ќе работиме по сценариото што е официјално и е направено согласно Предлог-одлуката доставена од Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Продолжуваме понатаму.
Прв за збор, како овластен предлагач, како претседател на Комисијата за прашња на изборите и именувањата е и господинот Димоски Илија, повелете.
Илија Димовски: Блгодарам господине претседателе,
Само во насока да се отстранат овие технички нејаснотии на дел од колегите, го погледнав дописот. Го има на сајтот на Собранието, го има на Е-Парламент, веројатно е доставен и во хард копи верзија. Предлогот е токму таков како што е ставено денеска на разгледување. Никола Ивановски, па другите двајца предложени кандидати.
Меѓутоа, како и да е ирелевантно е, би се сконцентрирал и би се задржал на предлогот што Комисијата за прашања на изборите и именувањата го достави до Собранието на Република Македонија.
На почетокот, почитувани колеги би сакал да потенцирам дека за нас е неприфатлива и недозволлива интенцијата од дел на колегите во Собранието на Република Македонија по секоја цена, за секој предлог што доаѓа од оваа Комисија или од владиното мнозинство, апсолутно да се бара начин да се омаловажи, деградира, наруши интенгритетот и тн.
Мислам дека тоа не е коректен начин. Не е начин на кој што треба да работи Собранието на Република Македонија, каде членуваат, по претпоставка 120 сериозни луѓе, туку напротив, сметам дека треба дискусијата за сите предлози да оди на едно сосема повисоко ниво, за да го задржиме нивото. Ако еден го наруши тоа ниво, понатаму е незапирлив процес. После тоа ќе почне Собранието да личи на нешто на што апсолутно не треба да личи.
Конкретниот предлог, господин Никола Ивановски е човек кој потекнува од правосудната фела долги години. Неколку децении е член од правосудите органи во Република Македонија. Прв пат како приправник се вработува во 1984 година, тогашниот Окружен стопански суд во Скопје, а прв пат за судија е избран 1988 година. Својата функција ја обавува до 1996 година, како судија и генералниот реизбор на судии на овој човек, поради икс - ипсилон причини, познати на тогашните функционери не е избран за судија. Меѓутоа, повторно е избран за судијај во 1999 година, и успешно ја извршува својата функција до 2008 година.
Во 2008 година, како предлог за член на Советот на јавни обвинители на Република Македонија едногласно е усвоен од страна на Комисијата за прашања на избори и именувањата, кога имало членови од опозицијата на таа комисија и понатаму, како Предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, овој господин Никола Ивановски е сигурно изгласан од Собранието на Република Македонија со консензус за член на Советот на јавни обвинители на Република Македонија. Фактот дека овој господин напредувал и ја надоградувал својата правна кариера во периоди на различно-политичко и општествено уредување во Република Македонија, напредувал и ја надоградувал својата кариера и во периоди на разно-разно политичко управување со Република Македонија после 90-тата година. Говори дека човекот го има кредибилитетот, го има капацитетот да ја обавува оваа одговорна функција судија на Уставниот суд на Република Македонија.
Затоа почитувани колеги пратеници, без да навлегувам понатаму во претпоставените дискусии можеби и навреди можеби и измислени инфорамции, јас со целосен кредибилитет и легитимитет како претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата како пратеник избран од граѓаните на Република Македонија, предлагам господинот Никола Ивановски да биде избран за судија на Уставниот суд на Република Македонија. Благодарам.
Светлана Јакимовска: Благодарам.
За реплика е пријавен господинот Макрадули Јани, повелете.
Јани Макрадули: Благодарам почитувана потпретседателке.
Сакам да реплицирам во два дела.
Прво, ако единствен критериум за тоа е еден од критериумите дека господинот Никола Ивановски бил избран едногласно од ова Собрание, во интерес на вистината сакам да кажам дека на 31 јули, кога се направил тој избор, СДС не беше во Собранието и тој беше избран само од гласовите на ВМРО ДПМНЕ и од коалициониот партнер ДУИ. СДС на 31 јули беше надвор од Собранието заради атакот на власта тогаш да се пресмета со евидентниот кандидат во тоа време за преседатаел на СДС, господинот Зоран Заев. Еве го господине Димовски стенограмот и во овај момент, во интерес на атмосферата во Собранието, ќе кажам дека не ја зборувате вистината. 31 јули 2008 година СДС беше надвор.
Втора работа, првата ваша реченица беше - не знам зошто, секогаш кога ќе дојде некој предлог, некој ги омаловажува луѓето. Па, господине Димовски, пред само 5 минути вие, со најпогрдни зборови и навреди тргнавте кон личности како што е господинот академик Таки Фити. Човек со над 400 публикации во светот. Професор доктор Мирослав Грчев, поранешен декан на факултет. Професор доктор Илинка Митрева, што професор магистар Никола Поповски, зошто тргате со навреди кон сите тие луѓе кои дале печат во својата област во кој работеле? И сега вие, како прв дискутант, ни еден не се јавил од опозицијата, истуривте куп или претпоставки дека ние имаме против кредибилитетот, како што рекловте Вие, на овие луѓе. Никој, ве молам, за кандидатите, да ги оценуваме онака како шти е и да правиме разлика меѓу оној кој е партиски поставен и оној кој е стручен во својата област.
Ако еден академик не може, според вас, да биде функционер, тогаш имаме проблем со критериумите во ВМРО ДПМНЕ. Јас сметам дека еден академик кој предава на три светски јазици, со над 400 публикации, како што е господинот Таки Фити е добар да биде и да работи за Република Македонија. Седум доктори на науки кои се визитинг професори на други универзитети, еве колешката Ана Данва беше минатата недела како визитинг професор во Колумбија во САД, ако знаете каде е тоа, ама тоа не значи дека треба да ги навредуваме и напаѓаме тие луѓе оти некој ги повикал да предаваат во странство.
Дајте ми ги критериумите зошто мислите дека овој човек е добар, освен дека е другар на Шврговски. Благодатрам.
Достарыңызбен бөлісу: |