Закон за изменување и дополнување на Закон за акцизите, по скратена постапка второ и трето читање



бет6/7
Дата06.07.2016
өлшемі395 Kb.
#181747
түріЗакон
1   2   3   4   5   6   7

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Бидејќи е исцрпена листата на пријавени за збор констатирам дека општиот претрес и претресот по членот 1 на Дополнетиот предлог на закон е завршен.

Врз основа на член 156 став 2 од Деловникот на Собранието, за седницата на Собранието не се поднесени амандмани на Дополнетиот предлог на закон.

Поради тоа што Собранието не усвои ниту еден амандман на Дополнетиот предлог, врз основа на член 162 од Деловникот на Собранието, преминуваме на гласање по Предлогот на законот во целина.

Согласно член 165 од Деловникот на Собранието, гласање по оваа точка ќе се изврши утре во 11 часот.

Минуваме на точка 124 - Предлог на закон за дополнување на Законот за заштита и јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, по скратена постапка, второ и трето читање.

Извештаите на Комисијата за здравство како матично работно тело и Законодавно-правната комисија ви се доставени односно поделени.

Комисијата за здравство како матично работно тело и Законодавно-правната комисија не поднесоа дополнет предлог бидејќи на нивните седници не беа усвоени амандмани што е услов за изготување на дополнет предлог на закон.

Отворам општ претрес.

Ги повикувам предлагачот и пратениците кои сакаат да говорат по општиот претрес по Предлогот на законот да се пријават за збор.

Благодарам.

Бидејќи е нема пријавени за збор констатирам дека општиот претрес по Предлогот на закон е завршен.

Со оглед на тоа што не е поднесен дополнет предлог на закон на кој може да се поднесуваат амандманите за седницата на Собранието, преминуваме на одлучување по Предлогот на законот во целина.

Согласно член 165 од Деловникот на Собранието, гласање по оваа точка ќе се изврши утре во 11 часот.

Минуваме на точка 125 - Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала, по скратена постапка, второ и трето читање.

Извештаите на Комисијата за здравство како матично работно тело и Законодавно-правната комисија ви се доставени односно поделени.

Комисијата за здравство како матично работно тело и Законодавно-правната комисија не поднесоа дополнет предлог бидејќи на нивните седници не беа усвоени амандмани што е услов за изготување на дополнет предлог на закон.

Отворам општ претрес.

Ги повикувам предлагачот и пратениците кои сакаат да говорат по општиот претрес по Предлогот на законот да се пријават за збор.

Благодарам.

Бидејќи е нема пријавени за збор констатирам дека општиот претрес по Предлогот на закон е завршен.

Со оглед на тоа што не е поднесен дополнет предлог на закон на кој може да се поднесуваат амандманите за седницата на Собранието, преминуваме на одлучување по Предлогот на законот во целина.

Согласно член 165 од Деловникот на Собранието, гласање по оваа точка ќе се изврши утре во 11 часот.

Минуваме на точка 126 - Предлог на закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, второ и трето читање.

Извештаите на Комисијата за труд и социјална политика како матично работно тело и Законодавно-правната комисија ви се доставени односно поделени.

Комисијата за труд и социјална политика како матично работно тело и Законодавно-правната комисија не поднесоа дополнет предлог бидејќи на нивните седници не беа усвоени амандмани што е услов за изготување на дополнет предлог на закон.

Отворам општ претрес.

Ги повикувам предлагачот и пратениците кои сакаат да говорат по општиот претрес по Предлогот на законот да се пријават за збор.

Благодарам.

Има збор госпоѓа Цветанка Иванова, повелете.

Цветанка Иванова: Благодарам.

Почитувани колеги пратеници, заменик министер, навистина чудна е атмосферава во ова Собрание овие неколку дена. Пратениците веќе не сакаат да дебатираат особено не пратениците од парламентарното мнозинство. Што е причината? Дали 115 закони што го носите онака под плаштот дека не се доволно обемни и сложени, не се важни и не го менуваат животот на граѓаните на Република Македонија. Дали навистина, не дека со сега тоа не беше, туку овие последни денови се поизвесните предвремени парламентарни избори покажувате дека во Република Македонија не треба Парламент затоа што доволно е Владата да поднесе било каков закон, а парламентарното мнозинство кое што ја подржува Владата да го верификува и да му го испорача на граѓаните да се имплентира. Значи денеска поминавме или расправавме за закони од областа на здравството, од областа на земјоделието, вчера од областа на културата, пред некој ден од областа на финансиите, пратениците од парламентарното мнозинство молчат. Навистина човек нема предизвик затоа што глува е атмосферата во ова Собрание. Јас и вчера на Комисијата за труд и социјална политика се обидов со аргументи да покажам или да докажам дека одредени измени кои што се прават се сулуди и не смеат вака да се прават набрзина затоа што не се добро обмислени, затоа што сега вие ќе дигнете прст, или ќе стиснете зелено копче, но кога ќе почнат да се имплементираат голем број на вработени или на граѓани на кои што се однесуваат овие закони ќе почувствуваат негативниот ефект. Меѓутоа тоа е што е. Ние како пратеници од опозиција мораме да кажуваме, мораме да анимираме, мораме да испорачуваме до граѓаните, до јавноста што е она што Владата го предлага, а парламентарното мнозинство го премолчува.

Во овие неколку дена или цела недела се соочуваме со еден феномен во Собранието каде што над 115 закони се донесуваат како на брз лента как да се штанцаат. Иако првиот човек на овој Парламент пред три години вети пред јавноста дека вакви работи нема да се случуваат затоа што граѓаните на кои што се однесуваат овие закони не се заморчиња за да може да се тестира одредена нота. Ова што се случува овие денови во Собрание за мене е демонстрација на сила, ако сакате и дрскост на парламентарно мнозинство и на Владата со порака еве никого не слушаме, можеме на една седница во еден миг да смениме 115 закони. меѓутоа испраќаат и друга порака, дека Собранието е само една гласачка машинерија која мора да потврди се што Владата поднела.

Почитувани колеги, во овој момент расправаме за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Јас искрено се порадував кога видов во порака дека добиваме измена на Законот за пензиско и инвалидско осигурување бидејќи сметав дека онака како што тоа ВМРО ДПМНЕ го прави од популизам пред претседателски избори или вонредно парламентарни избори ќе им ги реши клучните проблеми на пензионерите на граѓаните на Република Македонија кои што треба да во иднина да станат пензионери. Јас мислев можеби со овие измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување ќе им овозможи или ќе им го реши прашањето кое што вети да го реши оваа Влада на земјоделците во целост, на земјоделците кои што во 2007 година им беше со уникување со членот 203 им беше ускратено правото на пензионирање по основ на земјоделска дејност иако плаќале 10 години придонеси. За волја на вистината беше донесен закон, но како и Законот за стечајци како и многу други закони овој закон беше селективен и во Република Македонија колку што имам информации до денес немаат остварено пензија повеќе од 500 вакви граѓани, а ги има многу повеќе. Во мојот регион можеби има повеќе и од 2000. Се порадував на овој закон затоа што мислев дека можеби се олабавила политиката за стекнување на право со инвалидска пензија. Меѓутоа и тоа не е. причината заради која се изменува овој закон е повторно по 115 пат кажана усогласување на овој Закон со Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за административни службеници кој што треба да отпочне да се применува по една година. До толку повеќе се разочарав и сметав дека оваа Влада работи популистички во делот на оваа област, кога вчера добивме нова измена на истиот овој закон, Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Ја подржуваме таа идеја, секако, за субвенционирање и вработување на млади до 29 години, меѓутоа како, по кој концепт работи оваа Влада. Дали кога го поднеле овој Предлог за измена и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување немала во предвид или немала во прв план вработувањата на младите до 29 години па од популистички причини за ситни политички поени пред избори или се купување на гласови, вчера добивме нови измени. Ова покажува дека Владата нема концепт, се работи, како велат старите, што се сонило на баба преку вечер или она што во овој момент или во сегашниот момент е поповолно за нив. Тоа го покажува овие две измени во овој момент. Јас немам против, нели нормално е дека законите треба да се усогласуваат, мора да има конзистетност на законите, ако сте го донеле Законот за вработени во јавниот сектор и за административни службеници мора нели нормално да се усогласат законите.

Исто така не сум против заострување на одредени критериуми за вршители на одредени функции. Меѓутоа знам дека целта на ВМРО-ДПМНЕ не е да се подобри квалитетот на пружање на услуги кон граѓаните, туку се што прави го прави од лукративна причина. Сетете се пред неполн месец дена имавме исто така над стотина закони во кои што во сите области воведовме лиценцирање. И тоа овие испити да ги спроведува приватно правно лице. Сега со овој закон повторно воведуваме две лиценци, една е за познавање на англиски јазик и втора е психолошкиот тест. И зошто велам и го тврдам со аргументи дека секоја измена е од лукративна причина. Со овие измени и со измените пред два месеци ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ обезбедија повторно бизнис за своите блиски луѓе и подржувачи. Со воведување на лиценци на приватни блиски фирми кои што ќе го спроведуваат испитот за лиценцирање во сите области од ловџија па до правосуден испит, со психолошкиот тест еве оваа Виста груп веќе си го тера својот бизнис и ќе дели со оние кои што се на власт, останува сега да видиме која фирма или школа за странски јазици ќе ја добие улогата да дава лиценци или дозволи за познавање на странски јазик. Благодарам.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Заменикот министер за труд и социјална политика има реплика, повелете.



Ибрахим Ибрахими: Благодарам.

Почитувана пратеничке, не знам каде го гледате проблемот со воспоставување на критеруми на избор на директор и заменик директор. Дали со воведување на повисоки стандарди во делот на избор на директор и заменик директор е нешто спротивно со законот, туку сакаме да со тие институции и со наредните измени во другите закони да доведеме каде тој да аплицира лица кои навистина ќе бидат стручни. Е сега, кажавте за клучните проблеми на пензионерите. Да, ние кажувам дека ги решивме, ги решаваме и ги решивме барем во најголем дел проблемите што се однесуваат на пензионерите.

Прво и основно редовната исплата на пензиите. Малку за освежување на нашата меморија е дека од 2006 година до сега пензиите се зголемија за повеќе од 40% така што просечната пензија во 2006 година изнесуваше 7.683 денари, а 2013 година околу 12 илјади. Најниската пензија од 2006 до сега се зголеми дури за 55% поени. И она што е најбитно додека во период 2006 година се исплаќаше по групи ние исплатата на пензиите ја вршиме во првата седмица во месецот, редовно и секогаш имаме усогласување и зголемување на пензиите. Прашајте ги пензионерите дали беше подобро во ваше време или сега се задоволни со она што ние го нудиме. Бидејќи дефинитивно ако ги прашате пензионерите бидејќи и сите имаме ние родители, ќе кажат да, сега ги добиваме пензиите секој месец во првата недела, зголемени се пензиите, користиме услови други услови што ги нуди Владата т.е. преку Министерството за труд и социјална политика за бањско климатски одмор, дали, прашањето е дали тоа во ваше време го имаше воопшто, дури и им ги одземавте тие 8%, пензионерите никогаш не забораваат. Благодарам.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Госпоѓа Иванова Цветанка има контра реплика, повелете.



Цветанка Иванова: Благодарам.

Господине заменик министер, ако ме слушавте внимателно, јас кажав дека јас лично не сум против зајакнување критериумите за носители на јавни функции. Меѓутоа, ако би била вистина таа идејата и целта. Зошто за постоечките директори да не важат овие критериуми. Имаме пречка сега и веднаш, ако е услов за подобри услуги за граѓаните.

Втора работа господине заменик министер, вие можете да лажете но пензионерите знаат, сте качиле пензии. Кого го лажете господине заменик министер, 600 денари ја качивте пензијата, ама донесовте закони и го укинавте усогласувањето со закон кој што им припаѓа за оваа година и за минатата година. И што сте тогаш качиле господине заменик министер, вие можете тоа да го кажувате на партиски состаноци, но пензионерите знаат колку добиваат.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Има збор госпоѓа Бендевска Весна, повелете.



Весна Бендевска: Точно 9 пратеници од ДПМНЕ во сала и нула пратеници од коалициониот партнер ДУИ, нула. А како кажа господинот заменик министер, носите реформски закони, закони кои ќе потврдат успешна политика, каде ви се ДУИ колеги, да не имаат повторно состанок или пак боже мој да не отидоа да се потпишат на иницијативата за Ѓорѓе Иванов. Нешто се случува. Но најстрашно од се е што во овој момент ова дерогирано, ова развластено Собрание, штанца не реформски туку антиреформски закони со кои се руши цел административен систем во Република Македонија. Со децении создаван наназад, генерации и генерации, вложувале во изградба на тој систем. Не дека бил идеален, но никој не го даде правото на ДПМНЕ и ДУИ да го руши, ниту да го руши од едни мошне лукративни причини, пари, бизнис. Вулгарноста на политиката што ја промовираат на крајот од своето 8 годишно владеење ВМРО-ДПМНЕ ги прави провидни.

Откога ја презадолжија земјата и се потешко и потешко обезбедуваат странски кредити од надвор истите оние што ќе ги враќаат генерации што доаѓаат после нас и со помош на сеуште достапниот инструмент домашно задолжување, веќе станува јасно дека Буџетот во Република Македонија веќе нема капацитет да ги алиментира сите недомаќински, нерационални, криминални трошења на заедничките пари на најсиромашните граѓани во Европа, на Македонците на граѓаните на Република Македонија. И сега со сите овие измени со над 120 закони донесени на врат, на нос, во најбрза скратена постапка значат само едно, пред избори да се создаде можност за нов бизнис на Груевски и фамилијата.

Говореше и колешката Иванова, значи казните како инструмент ги употребувате и злоупотребувате на секое ниво, секој момент секој час казната ви е метод со кој се полни Буџетот, а се празнат џебовите на граѓаните и на фирмите во Република Македонија. И тоа не е доволно, особено не во предизборен период.

И сега кога гледам и кога читам дека некој измислил, а тоа првин во сите овие исти 120 закони го воведовте како задолжителна норма за задолжително лиценцирање без малку на секоја дејност. А бе дури и ловџиите ќе ги лиценцирате. Ќе лиценцирате и ќе прелиценцирате. Секоја општествена дејност во овој момент што егзистира во Република Македонија за пари бидејќи можноста за полагање на стручен испит му ја доверивте на како што пишуваше во законите некое правно лице што ќе го изберат министрите без објава на јавен оглас и тендер. Очи во очи, бизнис. И кога граѓаните ќе сакаат да видат, да поседуваат лиценца или да се кандидираат за било кое место за вработување во цел јавен сектор 160 илјади работни места, ќе мораат замислете да покажат дека поседуваат сертификат за познавање на странски јазик и наведени се. Госпоѓата заменик министер за администрација лажеше, манипулираше на Комисијата за политички систем, прогласувајќи дека трошокот за обезбедување на сертификат за познавање на странски јазик бил околу 800 денари. Гледајте колку чини еден сертификат што секој кандидат и секој вработен во јавниот сектор ќе мора да го достави во рок од две години. Центар за странски јазици Скопје, ценовник, само за посетување на припремна настава за полагање на Тоефел изнесува 8.750 денари, за ИЕЛТС кој е вториот можен сертификат што ќе биде прифатен во државната служба цената чини 9.300 денари само за припрема, дополнителни исто вакви средства ќе треба кандидатот што ќе ја помине обуката да уплати за да го полага курсот и да добие сертификат. ИЛЕТ чини 11.850 денари, можниот ПЦЕ за возрасни чини 10.900 денари, припремен курс чини околу 200 евра и околу 150 евра полагањето, 350 евра. Јавно повикувам, кажете на која фирма ќе доверите можност без тендер да ја спроведува и обуката и испитот за кој ќе достави сертификат за познавање на сите 160 илјади вработени. Ќар ќе имаат не граѓаните во подобри услуги од јавните служби, ќар ќе има само партиската фирма блиска на фамилијата и на Груевски. По истиот пример со полагањето на психолошкиот тест и тест на интегритет 1950 денари на Виста груп, партиската фирма на ДПМНЕ поврзана со Аналитико АИ на Јанкуловска, на Груевски, на Влатко Мијалков, кои беа сеуште таму, Канческа Милеска, Миле Јанакиевски, таа е таа фирма. Гледајте какви перфидни методи за полнење на партиските џебови во еден обем и многу повеќе, рекет од фамилијата за ваков вносен систем. Пет милиони евра ви кажав дека ќе земе Виста груп која е избрана без тендер да го спроведува психолошкиот тест на 160 илјади вработени. Замислете колку ќе земе избраната фирма претпоставувам дека станува збор или наеднаш ќе стане збор за некоја ново формирана фирма човек исто како Виста груп ДООЕЛ, ДООЕЛ значи дека поединец се јавува како сопственик на фирмата. И каква фирма човек поединец ќе печали 5-10 милиони евра од сите оние кои ќе имаат потреба за сертификат од странски јазик или за полагање на психолошки тест.

И што сега говориме, замислете граѓани на Република Македонија боже здравје за две години од денес новиот директор и заменик директор на Фондот за пензиско ќе знаеле англиски. 74 бода на Тоефел ќе имале и тоа се подобри услуги за граѓаните, за пензионерите. Навистина мислам дека играте мајтап, бидејќи Беким Незири партискиот војник од ДУИ и госпоѓата Марија Којзеклиска во овој момент член на ДПМНЕ, таа беше ДПМНЕ па замина, нели беше пратеник па пак се врати заменик директор на Фондот. Што добиваат граѓаните бидејќи замислете компетенциите на Којзеклиска и на Незири никој не бара да бидат зголемени. Мува не ги лази, до последниот ден ќе си го одработат мандатот. Никој од нив не бара ни психолошки тест, ниту пак странски јазик. Тоа за некое друго време и за некои нови кандидати. Дотогаш, Фондот со дупка буквално црна дупка од 25% тешки милиони евра од Буџетот се алиментираат редовната исплата на 291 илјада пензионери. Што очекуваме од господинот заменик министер. Тој не кажува дека нашле начин и метод како поефикасно да се полни Фондот за пензиско инвалидско, а притоа да не се чепка и чачка во Буџетот кој и така е распартален после зловладеењето на ДУИ и ДПМНЕ тој вели имаме супер идеја. Директорот и заменикот ќе знаат по малку англиски. Ве молам престанете со играње на мајтап, ако веќе навистина имате партиски договор да го дерогирате Собранието како највисока институција немојте да ја потценувате интелегенцијата на граѓаните на Република Македонија.

Трајко Вељаноски: Има збор господинот Ибраимовски Самка, повелете.

Самка Ибраимовски: Благодарам претседателе.

Почитувани пратеници, почитуван заменик министер, почитувани граѓани,

Во оваа држава се случуваат многу чудесни работи. Се знае секој филм пред да го гледаш не го знаеш крајот каков ќе биде. Меѓутоа во овој Парламент овде се случуваат такви работи така што уште филмот не почнал, а се знае како ќе заврши филмот. Ова го зборам за она што треба да се случи деновиве, тоа е дека ќе има парламентарни избори покрај претседателските. Меѓутоа, таа чудесна работа доаѓа и кај законите што ги предлагаат посебно кај пензискиот фонд односно Закон за пензиско и инвалидско осигурување. За неколку десетина дена три, четири измени се прават во овој Закон за пензиско и инвалидско осигурување. Не знаете на кој начин да и онака мртвиот фонд да го доумрете, кога знаете дека тој фонд дише на шкрги, нема пари, нема ништо, носиме некое решение сега за време на изборите популистички што не држи место не само што не држи место. Туку е навистина грев за овој народ такви лажни работи да се кажуваат. Јас многу сакам во овој дом да се дојде со предлог решение за научна, стручна, социјална, социјално решавање на проблемите, добри практики во развиените земји, од процесот на усогласување со европските права, ама за жал во ова Собрание не се доаѓа со такви решенија. Се помалку ги добиваме таквите решенија. Сакам да укажам на она пред малку што кажа заменик министерот дека се покачиле пензии, се покачиле 56%, 50, 60 и 70% нека се не е ни битно, меѓутоа има една реална работа што пензионерите си ја знаат работата многу добро и знаат дека усогласувањето што требаше да го направите за 7 години 14 пати вие го направивте само 4 до 5 пати. И разликата што е не е направена на усогласувањето, сега ги делите или во бањи ги праќате или покачувања, а тоа се всушност нивните пари, односно парите на пензионерите. Го знаат тоа пензионерите, немојте да мислите, туку само да се потсетиме дека веќе изминаа 12 години од постоењето на Агенцијата и 9 години од воведувањето на капиталното пензиско осигурување на Република Македонија веќе е време да си дојдат работите на свое место согласно правилата на Европската унија, доминантните добри практики во земјите членки и сопствените искуства и знаења. Да се потсетиме дека поради неусогласеноста на оваа поделба, а можеби и заради други прашања ние во почетокот на четвртото тримесечие на 2013 година направивме ребаланс на Буџетот на Република Македонија. Да се потсетиме што се случува со тој ребаланс господине заменик министер.

Со ребалансот се намалија средствата за пензии за 0,88% и тоа намалување во пари за пензии, за оваа година изнесуваше некаде околу 4 милиони 281 илјада евра, што не е мала сума и покрај тоа што буџетот се земаат пари и се префрлаат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Дотогашното префрлување од Буџетот беше во висина од 32,9% од прибираните средства и придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, а со ребалансот се предложи и се усвои да се намали ова префрлање во процент од 28,3% од средствата што беа планирани да се соберат во 2013 година од придонесите за пензиско и инвалидско осигурување. Сите овие бројки кажуваат една вистина што народот ја искажал во изреката, што мудриот Марко Цепенков ја кажал. Јас нема да ја кажам таа изрека, меѓутоа сите ја знаете. ЦПМКД на кратко ќе ви кажам, оваа народна изрека најреално ја одржува состојбата во пензискиот фонд, да ве потсетам дека тогаш кажав дека бројките го покажуваат следното. Има огромна дупка во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување кое изнесува околу 30% можеби и повеќе, затоа што нема официјални податоци колку е таа дупка и колку се потполнува со префрлањето на собраните даноци од граѓаните на Република Македонија. Средствата од придонесите на Пензиско и инвалидско осигурување не се остваруваат со потребна динамика, планирани се помалку средства да се соберат по тој основ во фондот. Сега видовме денеска уште едно предлог решение, уште една измена за вработување на млади лица.

Почитуван заменик министер, ова прашање е и до вас и до министерот за здравство и до Владата на Република Македонија, кога сакате да вработите млад кадар од 29 години што не ги вработувате волонтерите што се во клиниката во Скопје каде што по 4,600,00 денари и што не ги вработите младите кадри што работат во Владата и во другите министерства и ќе завршите работа, отколку да кажувате вакви решенија, односно решенија популистички, пред избори за да може да го придобиете народот. Е, народот не пие мастило. Вработете ги овие волонтери што се во Клиничкиот центар, 600 и нешто хигиенчиари замаат по 4.600,00 денари и старосната граница е до 35 години, а уште повеќе се јавуваат кај мене и кажуваат, добро пратениче што ќе правиме ние ако е до 29, а ние до 35 треба да умреме ли? Така велат. Значи, 29 години ограничено е, а правото на тие што се над 29 години го нема нигде. Тоа е најголемата грешка што ја правите меѓутоа тоа е популистичка мерка, го знаат граѓаните и ќе повторам, дали ќе превземете вие наместо вакви интриги да правите, игри на народот, дали ќе ги вработите тие волонтери што се вработени како хигиеничарки во сите институции во здравствениот систем низ Република Македонија, дали ќе ги вработите волонтерите што имаат по 29 години, од 22 до 29 во Владата на Република Македонија, тука во Собранието на Република Македонија, во сите други министерства, направете го тој потег и јас ќе ви честитам. Меѓутоа, со вакви пред изборни ветувања мислам дека не е добро да го лажете сопствениот народ. Ова е само популистичка мерка пред избори. Субвенции за само вработување и таму ви кажав, нереално е тоа и таа работа, не одите со една цифра, да се оди со 3000, 4000, да знае бизнисменот кога ќе го прими на работа, да знае која цифра ќе му се даде за субвенционирано вработување, вие одите со ако има една категорија до 1.840,00 денари и другата категорија до 4.500,00 денари, а вие многу добро знаете дека многу е помала бројката од 4.500,00 денари и затоа не ја давате поголемата ставка да биде на субвенционирано вработување и одите со тоа да кажете дека, еве демек имаме две ставки па ќе може да бирате дали едната или другата, па нормално, тој бизнисменот кога ќе прима, ви кажав и на самата комисија дека ќе го прими тој што има поголема ставка на субвенции што ќе му даде државата. Меѓутоа, дајте да дојдеме со овој дом, со предлог решенија за социјалната категорија на граѓани во Република Македонија. Тука е проблемот, ние сме социјална држава, многу добро знаете и според Уставот на Република Македонија, кажува дека сме социјална држава. Наместо да носиме предлог решенија кои се од социјална категорија, да ги усогласиме со сите европски права како што е во сите земји, ние уште се служиме со никои си интриги и со некои си законски решенија што сметам лично дека не е добро за граѓаните на Република Македонија.

На крајот, ќе ве потсетам уште еднаш, бидејќи нон стоп ми се јавуваат граѓаните, посебно волонтерите, бидејќи пред некој ден тоа го имаше во слободен печат, дали ќе ги вработите тие што се до 29 години, што се по министерствата, во Владата на Република Македонија и по сите здравствени установи низ републиката. Знаете ли дека тие во здравствената установа во Клиничкиот центар во Скопје не се ниту осигурани, ниту здравствено, немаат одмор, немаат слободен ден, немаат ништо, а примаат само 4.600,00 денари. Тоа се луѓе кои работат од 7 до 12 години, тоа е греота и срамота.




Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет