Закон за изменување и дополнување на Закон за акцизите, по скратена постапка второ и трето читање



бет1/7
Дата06.07.2016
өлшемі395 Kb.
#181747
түріЗакон
  1   2   3   4   5   6   7
СТЕНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ

од Петтото продолжение на 85-тата седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 26 февруари 2014 година
Седницата се одржа во Собранието на Република Македонија, сала 1, со почеток во 12,42 часот.

Седницата ја отвори и на неа претседаваше господин Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија.



Трајко Вељаноски: Дами и господа пратеници,

Продолжуваме со работа по Осумдесет и петтата седница на Собранието на Република Македонија.

Пратениците: Ристо Манчев, Милорад Додевски, Косана Николиќ Мазнева, Благородна Дулиќ, Павле Саздов, Фијат Цаноски, Тито Петковски, Владимир Ѓорчев, Мендух Тачи, Наташа Савова Салковска, Станка Анастасова, Андреј Петров, Али Ахмети, Ермира Мехмети, Рафет Муминовиќ, ме известија дека се спречени да присуствуваат на седницата.

Продолжуваме со работа.

Ги повикувам сите пратеници да влезат во салата за да прејдеме на гласање.

Точка 93 – Предлог на закон за изменување и дополнување на Закон за акцизите, по скратена постапка – второ и трето читање.

Општиот претрес по предлогот на законот е завршен.

Предлогот на закон во целина го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Благодарам.

Вкупно гласаа 60 пратеници, сите 60 за, нема воздржани, нема против.

Констатирам дека Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Закон за акцизите.

Точка 94 - Предлог на закон за изменување и дополнување на Закон за субвенционирање станбен кредит, по скратена постапка – второ и трето читање.

Општиот претрес по предлогот на законот е завршен.

Предлогот на закон во целина го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Благодарам.

Вкупно гласаа 62, сите 62 за, нема воздржани, нема против.

Констатирам дека Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит.

Точка 95 – Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност, по скратена постапка – второ и трето читање.

Општиот претрес по предлогот на законот е завршен.

Предлогот на закон во целина го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Благодарам.

Вкупно гласаа 62, сите 62 за, нема воздржани, нема против.

Констатирам дека Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност.

Точка 96 – Предлог на закон за изменување на Законот за финансиската инспекција во јавниот сектор, по скратена постапка – второ и трето читање.

Општиот претрес по предлогот на законот е завршен.

Предлогот на закон во целина го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Благодарам.

Вкупно гласаа 63, за гласаа 62, воздржани нема, 1 против.

Констатирам дека Собранието го донесе Законот за изменување на Законот за финансиската инспекција во јавниот сектор.

Точка 97 – Предлог на закон за изменување и дополнување на Закон за државната ревизија, по скратена постапка – второ и трето читање.

Општиот претрес по предлогот на законот е завршен.

Предлогот на закон во целина го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Благодарам.

Вкупно гласаа 63 пратеници, сите 63 за, нема воздржани, нема против.

Констатирам дека Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за државната ревизија.

Точка 98 – Дополнет предлог на закон за дополнување на Закон за ревизија, по скратена постапка – второ и трето читање.

Општиот претрес и претресот по членот 1 од дополнетиот предлог на закон е завршен.

Предлогот на закон во целина го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Благодарам.

Вкупно гласаа 63 пратеници, сите 63 за, нема воздржани, нема против.

Констатирам дека Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за ревизија.

Точка 100 – Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар, по скратена постапка – второ и трето читање.

Општиот претрес по предлогот на законот е завршен.

Предлогот на закон во целина го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Благодарам.

Вкупно гласаа 62 пратеници, сите 62 за, нема воздржани, нема против.

Констатирам дека Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар.

Точка 101 – Предлог на закон за изменување на Закон за спречување на перење на пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам, по скратена постапка – второ и трето читање.

Општиот претрес по предлогот на законот е завршен.

Предлогот на закон во целина го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Благодарам.

Вкупно гласаа 62, сите 62 за, нема воздржани, нема против.

Констатирам дека Собранието го донесе Законот за изменување на Закон за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам.

Точка 102 – Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување, по скратена постапка – второ и трето читање.

Општиот претрес по предлогот на законот е завршен.

Предлогот на закон во целина го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Благодарам.

Вкупно гласаа 63 пратеници, сите 63 за, нема воздржани, нема против.

Констатирам дека Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување.

Точка 103 – Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за фондот за осигурување на депозити, по скратена постапка – второ и трето читање.

Општиот претрес и претресот по членот 1 од дополнетиот предлог на законот е завршен.

Предлогот на закон во целина го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Благодарам.

Вкупно гласаа 63 пратеници, сите 63 за, нема воздржани, нема против.

Констатирам дека Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Закон за фондот за осигурување на депозитот.

Точка 104 – Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиската полиција, по скратена постапка – второ и трето читање.

Општиот претрес по предлогот на законот е завршен.

Предлогот на закон во целина го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Благодарам.

Вкупно гласаа 62, сите 62 за, нема воздржани, нема против.

Констатирам дека Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиската полиција.

Точка 105 – Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош ИПА, по скратена постапка – второ и трето читање.

Општиот претрес по предлогот на законот е завршен.

Предлогот на закон во целина го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Благодарам.

Вкупно гласаа 62, сите 62 за, нема воздржани, нема против.

Констатирам дека Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош ИПА.

Точка 106 – Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за Народната банка на Република Македонија, по скратена постапка – второ и трето читање.

Општиот претрес по предлогот на законот е завршен.

Предлогот на закон во целина го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Благодарам.

Вкупно гласаа 61, сите 61 за, нема воздржани, нема против.

Констатирам дека Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за Народната банка на Република Македонија.

Точка 107 – Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, по скратена постапка – второ и трето читање.

Општиот претрес по предлогот на законот е завршен.

Предлогот на закон во целина го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Благодарам.

Вкупно гласаа 62 пратеника, сите 62 за, нема воздржани, нема против.

Констатирам дека Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати.

Точка 108 – Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за девизната инспекција, по скратена постапка – второ и трето читање.

Општиот претрес по предлогот на законот е завршен.

Предлогот на закон во целина го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Благодарам.

Вкупно гласаа 63 пратеници, сите 63 за, нема воздржани, нема против.

Констатирам дека Собранието го донесе законот за изменување и дополнување на Законот за девизната инспекција.

Минуваме на точка 109 - Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за стоковните резерви, по скратена постапка - второ и трето читање.

Општиот претрес по предлогот на законот е завршен.

Предлогот на законот во целина го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Вкупно гласаа 63 пратеници. Сите 63 за, нема воздржани, нема против.

Констатирам дека Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за стоковните резерви.



Минуваме на точка 110 - Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа, по скратена постапка - второ и трето читање.

Општиот претрес по предлогот на законот е завршен.

Предлогот на законот во целина го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Вкупно гласаа 63 пратеници. Сите 63 за, нема воздржани, нема против.

Констатирам дека Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа.



Минуваме на точка 111 - Дополнет Предлог на закон за Управата за јавни приходи, по скратена постапка - второ и трето читање.

Продолжуваме со општиот претрес и претресот по членот 29 на дополнетиот предлог.



Има збор господинот Самка Ибраимовски, повелете.

Самка Ибраимовски: Благодарам.

Почитуван заменик министер, почитувани колеги пратеници, можеби се може да оди по скратена постапка, но никако Законот за управата за јавни приходи. Добро е што ќе остане како стенограм во ова Собрание да некој зборел за овој данок односно за Управата за јавни приходи и добро е што ќе има дека некој кажал, а некој што ќутел за оваа работа, времето ќе покаже понатака. Јас укажувам на слабите места во законската регулатива. Јас не нудам готови решенија, знам дека до нив треба да се дојде низ широка дебата како што кажав и на Комисијата. По кој знае кој пат кажувам дека кога станува збор за закони од областа на даночниот систем мора да се консултираат бизнис заедниците. Тие се алфа и омега во Европска Унија. Да видиме што се случува кај нас? Не се консултираат ни бизнис заедниците, но за чудо уште повеќе што и бизнис заедницата ама воопшто глас не пушта кога се носат толку важни закони. Ајде ова направете го во било која европска земја, таму бизнисот заедницата жестоко ќе реагира со критика да никој не се осмели утре за три дена и три ноќи се донесе еден ваков нов Закон. За три дена и три ноќи се носи нов Закон, не само што ја нема бизнис заедницата не пушта глас, ја нема ниту стручната и научната јавност. Ова не зборува лошо само за стручните и научните работници, туку и за предлагачот, Владата на Република Македонија. До тоа дереџе дојдовме што никој не смее да пушти глас. За три дена и три ноќи, готов Закон. Јас сум од музичка фамилија и ме потсетува на онаа народната песна „Дење го ѕидаат, ноќе им паѓа“. Да се потсетиме само накусо на досегашната историја на даночната власт во Република Македонија. Имаме два клучни датуми, 1-ви јануари 1994 година основана е со закон Управата за јавни приходи и 1-ви јули 2005 година, со Закон за локална самоуправа се обврзуваат да основаат општинска и даночна администрација. До 1-ви јануари 1994 година Управните за јавни приходи беа општински органи. Имавме Управа за јавни приходи на град Скопје, Управа за јавни приходи на град Куманово, Управа за јавни приходи на град Тетово и други градови. Вкупно 34 управи за јавни приходи колку што имаше и општини. Според тогашната територијална поделба на Република Македонија имавме Републичка управа за приходи која беше во состав на Министерството за финансии кое вршеше стручен надзор на работењето на Општинската управа за приходи. Дотогаш немавме Закон за Управа за јавни приходи. Ова Собрание на 24-ти декември 1993 година за првпат донесе Закон за Управата за јавни приходи и со овој закон е основана Управата за јавни приходи на местото на дотогашната Републичка управа за приходи. Како организација во состав на Македонскиот фонд за општинските управи станаа подрачни единици. Нема заштитени сведоци, туку има живи сведоци, одлични познавачи на оваа материја од тогашното време. Генералниот секретар на ова Собрание господинот Жарко Денковски, колегата Стојко Пауновски и колешката Владанка Авировиќ. Сега доаѓаме до 1-ви јули 2005 година. Се појавува општинска даночна администрација. Ова општинска даночна администрација ја презема истата работа што дотогаш ја вршеше Управата за јавни приходи на полето на локалните даноци. Кога Управата за јавни приходи ја работеше истата работа имаше Закон за Управа за јавни приходи. Сега кога таа работа ја врши општинската даночна администрација нема закон, нема специјален закон за таа работа. Зошто? Ајде некој нека излезе и да ми објасни, еве тука е заменик министер, ако може да ми објасни, нека ми објасни. Јас не го доведувам во прашање концептот дали треба да имаме даночна администрација на две нивоа. Апсолутно не, тоа си е добро решено во Законот за локална самоуправа и тоа во ред според европската повелба за локална самоуправа, заложбите на Советот на Европа и е според доминантните практики на европските земји. Јас само укажувам на еден голем пропуст, законско уредување и на локално оданочување. Затоа реков јас не нудам готови решенија, јас укажувам на слабите места на законската регулатива, а сега ќе ви кажам кои се причините зошто не треба да оди ова по брза постапка. Законот е многу значаен за остварување на буџетот на Република Македонија, законот е многу значаен за фискалната стабилност на државата, законот е многу значаен за угледот на Република Македонија како земја кандидат во Европската Унија, законот е многу значаен за остварувањето на меѓународната правна помош односно за размената на информации од областа на даноци низ информациите, платформи што ги има составено Европската Унија. Законот е многу значаен за оценката на напредокот на Република Македонија што секоја година го добиваме од Европската Унија. Законот е многу значаен и за многу други суштински работи. Овој закон допира до најчувствителните односи меѓу државата и граѓаните, а тоа е собирањето на даноците за задоволување на заедничките потреби на заедницата. Овој Закон има силно влијание на целокупното работење на фирмите, на полето на даноците се остваруваат најзначајните контакти со државата, државната власт. Овој Закон мора да има европско знаме, овој Закон европското знаме го нема. Овој закон е значаен за привлекување на странски инвеститори. Овој закон е значаен за натамошниот развој на земјата. Овој закон не ја уредува соработката со даночните власти на другите држави. Овој Закон не ја уредува соработката во администрацијата на Европската Унија во Брисел. Овој Закон носи погрешен наслов Управа за јавни приходи не е единствена даночна власт во Република Македонија. Од 1-ви јули 2005 година имаме и даночна власт на локално ниво. Зошто овој Закон се ги уредува делокругот, финансирањето, организирањето на работењето на оваа даночна власт. Зошто овој Закон не ја уредува соработката со полициската даночна власт. Зошто овој Закон не се бави со заштитата и остварувањето на правата на даночните обврзници. Зошто овој Закон воопшто не се бави со прашањето на намалувањето на трошоците на собирање на даноците, кое прашање Брисел го постави како приоритетно во овие години. Затоа што џабе ако собереш 100 денари данок, а при тоа правиш трошок од 40 денари. Ние ова прашање дури не сме го ни отвориле. Зошто во Република Македонија можеби единствено во светот не во Европа, во светот, собирањето на националните даноци е по едни даночни правила, а собирањето на локалните даноци е по други даночни правила? Зошто Законот за даночна постапка да важи само за даноците кои ги собира Управата за јавни приходи, а даноците кои ги собираат општинските даноци, администрации, да е според постапката на утврдување и наплатата на даноци уште пред 50 - 70 години? Зошто извојуваме издигнување и надмоќ на Управата за јавни приходи, а покажуваме и потценуваме на локалните даноци. Сакам да укажам со тоа и ќе завршам, во овој Закон нема за организација на делокругот на надлежностите, финансирањето на општинските даночни администрации. Никаде нема и тоа е проблемот. Постапката е едно, а организацијата е друго. Тоа е слаба точка на овој закон и тоа треба да се поправи. Јас сум должен да го кажам и како што реков на почетокот и сега кажувам дека јас не нудам готови решенија, меѓутоа ги укажувам слабите места во законската регулатива на овој предложен закон. Затоа по кој знае кој пат укажувам и сега повторно ќе кажам дека станува збор за закони од областа на даночниот систем и мора да се консултира бизнис заедницата. Бизнис заедницата во Европа е алфа и омега, а кај нас тука не е консултирана ниту бизнис заедницата, ниту јавните стручњаци и познавачи и непознавачи на оваа политика. Затоа почитуван заменик министер ваквите законски решенија посебно кога се работи за Управата за јавни приходи не можат да одат по скратена постапка. Меѓутоа добро е што еден кажа, еве, тоа сум јас пратеник Самка Ибраимовски, ќе има како стенограм дека сум кажал дека вакви закони во делот на Управата за јавни приходи никако не смеат да се носат по скратена постапка.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Стојко Пауновски има збор, повелете.



Стојко Пауновски: Заменик министер не знам дали вие или од Управата за јавни приходи се сетиле барем од овие 130 закони што ни беа доставени овие денови каде што во најголемиот број беше за промена односно за барање за дополнителни услови да исполнуваат оние кои што ќе бидат раководители на институциите, овде Управата за јавни приходи верувам учествувала во изработката на предлог планот за овој закон и овој предлог закон е даден во целина како закон кој што треба да го донесеме, каде се вметнати сите измени и дополнувања и она што мислеле дека треба да се стави. Овој закон пред да биде во процедура ставен и да биде донесен она што вие во Министерството за финансии треба да го знаете е дека од Управата за јавни приходи оваа власт направи оние кои што го полнат буџетот, а поголемиот дел го полнат и преку Управата за јавни приходи, направивте една аждаја каде што луѓето наместо да мислат дека имаат работа со Управа која што е целта нејзина како државен орган да ги собира даноците, вие им дадовте да собираат буквално се и сешто, па дури и таксата за радио дифузија ја ставивте да биде како еден даночен товар на граѓаните, и за тој даночен товар уплатата да ја врши Управата за јавни приходи. Тоа се работи кои што буквално на Управата за јавни приходи им е последното нешто со кое што треба да се бави, да се занимава, Управата за јавни приходи ја направивте од 800 луѓе давајќи им работи кои што не се нејзини, сега да има преку 1.300 луѓе кои што земаат плата од Управата за јавни приходи. Ако зборуваме за ефектот кој што го постигнува Управата за јавни приходи барем на оние кои што имаат работа со Управата за јавни приходи, оние кои што бараат услуги од Управата за јавни приходи, на сите им е јасно дека ефектот може да го помножите со нула и дека Управата за јавни приходи последниве години не е она што треба да биде и она што заслужува да биде една Управа која што се стреми да биде европска институција. За жал тоа власта го направи, а оние кои што се вработени во Управата за јавни приходи мораат да ги работат сите работи кои што вие ќе им ги дадете. Наместо да донесете да се подобрат условите каде што работат Управите за јавни приходи, вие овде со овој предлог закон за Управата за јавни приходи доведувате до совршенство, па ако во другите закони барате англиски јазик да знаат и да го владеат и да имаат сертификат само оние кои што ќе бидат раководители, погледнете во ова законско решение, дури и до најнискиот вработен во Управата за јавни приходи сте определиле да оние нивоа кои што ги ставиле во овој предлог закон сите нивоа буквално е потребно да го знаат англискиот јазик. Дали тоа се спремаме да ни биде англискиот јазик државотворен јазик, да ни биде втор јазик, да ни биде јазик со кој што ќе комуницираме со даночните обврзници, а знаеме кои ни се даночни обврзници во Република Македонија или ова го правите само да се додворите на некого или пак она што секогаш го кажувам да им ги дособерете парите на граѓаните, а посебно на вработените во Управата за јавни приходи да сите тие мораат да вадат сертификати за положен некој од степените на англискиот јазик. Сметате ли дека со ова го нарушувате системот на образование во Република Македонија, а бидејќи вчера излеговте во јавност од ВМРО ДПМНЕ каде што кажуваат дека образованието сега е на највисоко можно ниво, со ова вие кажувате дека сето она што досега сте го правеле во високото образование каде што денес во основно одделение децата учат англиски јазик, каде што во средно образование се учи англискиот јазик, да не зборуваме на високите школи и на факултетите. И, сега вие после осум години владеење не ги признавате сите оние кои што завршиле на факултетите низ Република Македонија, за кои што кажувате дека и по селата сте отвориле испостави на тие факултети, вие нема да им го признавате нивното знаење на англискиот јазик се додека не донесат сертификат кој што нема да биде постар од пет години и тоа тој сертификат да биде од овластена институција, а овде во Република Македонија се знае која ќе биде овластена институција, тоа ќе биде Британската амбасада. Сметате ли дека оние кои што се овластени и кои што имаат лиценци да имаат школи за англиски јазик, не можат и не смеат да ги издаваат овие лиценци, па тоа да бидат само овластени од ваша страна и сметате ли дека со англискиот јазик ќе ја направите Управата за јавни приходи да биде и самостојна и независни и дека ќе може со англискиот јазик да собира повеќе приходи и дека со англискиот јазик ќе може подобро да комуницираат луѓето меѓу себе. Одете и проверете онаму каде што има Управи за јавни приходи, онаму каде што имате регионални дирекции. Доаѓам од Регионалната дирекција од Тетово само влезете вие од Министерството за финансии или некој од власта која што ја држи Управата за јавни приходи и нека проверат во какви услови работат вработените во таа Управа за јавни приходи. Дали можат луѓето кои што се даночни обврзници да си ги остварат своите права па на мира да можат да подигнат и да поднесат даночна пријава или мораат да чекаат во една канцеларија каде што има по пет, шест бироа а по седум, осум вработени, дали можат на мира и во целост, во доверба да ги кажат маките кои што ги имаат, да поднесат даночна пријава и за истото да бидат оданочени и данокот да си го платат. Се на се, вие од Управата за јавни приходи она што го реков создадовте едно чудо кое што дури и за работи кои што им се работа на финансиската полиција, кои што се работа на организиран криминал, кои што се работи на полицијата, инспекторите буквално ги направивте сеништа и да секој од нив кога ќе ги сретне од улица бега. Сметате ли дека во една држава која што треба да биде демократска, во една држава во која што сакаме да создадеме дека граѓанинот и оној даночен службеник меѓу себе да комуницираат, онаму каде што треба да им се помогне, да им се помогне, а најнебитното, посебно за Управата за јавни приходи е да сите вработени поседуваат лиценца односно сертификат за познавање на англискиот јазик. Она што вие го правите со ова денес да одредени лица кои што нема да го познаваат англискиот јазик а се добри стручњаци во областа каде што работат, тие лица ќе имаат и ќе земаат плата по вашиов по овој закон по овој предлог закон со 10% помала плата од некој кој што можеби е најнеработлив во Управата за јавни приходи од некој кој што можеби ги шпионира своите колеги а нема друга работа тие бидејќи го имаат сертификатот за англиски јазик ќе можат да добиваат дури и повисока плата. Она што на Управата за јавни приходи досега и било потребно тоа е дека во големите даночни обврзници таму каде што вршат контроли и на странски компании кои се во Република Македонија таму и досега се барало познавање на англискиот јазик. Што ќе им е познавање на англискиот јазик освен ако не мислите дека меѓу себе барем од регионот од каде што доаѓам помеѓу себе Македонците и Албанците ниту на едниот ниту на другиот јазик дека треба да комуницираат во даночната управа на англиски јазик. Ако тоа ви е целта отворено кажете овде бидејќи со овој предлог закон најсуштествените измени кои што сте ги правеле бидејќи овде е даден како целосен предлог на закон измените се однесуваат токму само на познавањето на англискиот и на делењето на нивоа Б, В, Г каде што одредени лица кои што обавуваат функции во Управата за јавни приходи наместо да ги ставате со градација на нивната успешност во работата вие ги обележувате со букви од нивоа А, Б, В и Г. Сметате ли дека со ова ќе постигнете Управата за јавни приходи да носите обврзници, граѓаните во Република Македонија да ја сметаат како своја да ја сметаат како еден орган кој што тоа и работа и основната работа и е да собира даноци низ Република Македонија. Ако сметате дека како државен орган Управата за јавни приходи треба да зборувате и за она каде што е членовите за плата. Тие членови за плата проверете кој е тој што одобрува и дозволува кога и како да се зголемуваат и да се намалуваат платите на вработените во Управата за јавни приходи. Тоа се законски одредби кои што треба да ги разгледувате, а не вработените од Управата за јавни приходи од првиот до последниот вработен да мораат да го познаваат англискиот јазик.


Достарыңызбен бөлісу:
  1   2   3   4   5   6   7




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет