Трајко Вељаноски: Благодарам.
Бидејќи е исцрпена листата на пријавени за збор, констатирам дека општиот претрес и претресот на закон е завршен.
Со оглед на тоа што не е поднесен дополнет предлог на закон на кој може да се поднесуваат амандмани за седницата на Собранието преминување на одлучување по предлогот на закон во целина.
Согласно член 165 од Деловникот на Собранието гласањето по оваа точка ќе се изврши утре во 11,00 часот.
Минуваме на точка 127 – Предлог на закон за изменување и допонување на Закон за спречување и заштита од дискриминација, по скратена постапка – второ и трето читање.
Извештаите на Комисијата за труд и социјална политика како матично работно тело и Законодавно правната комисија, ви се доставени односно поделени.
Ве известувам дека врз основа на точка 2 од Амандманот 10 на Уставот на Република Македонија и член 11 став 3 од Законот за комитетот за односи меѓу заедниците, овој закон се донесува со мнозинство гласови од присутните пратеници ко припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.
Комисијата за труд и социјална политика како матично работно тели и Законодавно правната комисија не поднесоа дополнет предлог на закон, бидејќи на нивните седници не беа усвоени амандмани што е услов за изготвување на дополнет предлог на закон.
Отварам општ претрес.
Ги повикувам предлагачот и пратениците кои сакаат да говорат по општиот претрес по предлогот на законот да се пријават за збор.
Благодарам.
Има збор, госпоѓа Иванова Цветанка, повелете.
Цветанка Иванова: Благодарам.
Како што кажав, навистина не е предизвик да се дискутира, ама мораме до крај како пратеници чесно да си го завршиме мандатот и да зборуваме овдека. Нас основно средство за работа ни е говорот, а нас на пратениците од опозицијата да им кажеме на јавноста на граѓаните што е она што парламентарното мнозинство со измените или со законите кои што ги предлага, прави и како ќе се одразат тие закони врз граѓаните на Република Македонија. Дотолку повеќе, нашата обврска е поголема, ако пратениците од парламентарното мнозинство молчат, не се заинтересирани, дури и не присуствуваат на седница со исклучок на неколкумина пратеници.
Почитувани колеги, малку присутни, почитуван господине заменик министер, граѓани на Република Македонија замислете се прави измена и дополнување на законот за спречување од дискриминација заради усогласување на овој закон со Законот за административни службеници и заради јавноста, бидејќи на Комисијата за труд и социјална политика не успеавме и покрај нашите напори и аргументирани дебати да ги убедиме, сакаме да знаат граѓаните што е она што се менува или што се усогласува во Законот за заштита од дискриминација со Законот за административни службеници. Ако беа измените за усогласување на овој закон со Законот за административни службеници во делот кој би се однесувал на стручната служба во ред, ќе го подржевме, меѓутоа овој Закон за спречување и заштита од дискриминација се усогласува со Законот за административни службеници верувале или не, во условите кои што треба да ги исполнува член на Комисијата за заштита од дискриминација. Сетете се колеги пратеници 2010 година, кога го донесувавме за прв пат во Република Македонија Законот за анти дискриминација, популарно наречен имаше голема дебата, пратеничката група на СДСМ и тогаш во опозиција поднесе голем број на амандмани. Овој закон ни беше услов за отпочнување на приговори за членство во Европската комисија и тогаш се договоривме во голем број на одредби се договоривме, во дел не се договоривме, меѓутоа заеднички го донесовме овој закон. Меѓутоа не поделени беа мислењата на сите пратеници и од позиција и од опозиција дека потребно е да се формира тело кое што ќе се бори против дискриминацијата, против стереотипите кои што не се така мали во Република Македонија и одлучивме тогаш по примерот на бројни држави од регионот и според европските стандарди ова тело и оваа Комисија да биде независна и така пишува во членот 16 од овој закон.
Во членот 16 пишува: Комисијата за заштита од дискриминација е самостоен и независен орган кој работи во согласност со надлежностите утврдени со овој закон. За мене не е незнаење, ако сакам да навредам ќе кажам незнаење, меѓутоа која дрскост да се стави се под своја рака. Оваа Комисија, условите за член на оваа Комисија сега се усогласуваат со Закон за административни службеници. Закон кој што благе везе нема да важи за ова тело кое што треба и по законот, ако сакате еве и по Устав да биде независно. Многу потрошивме време на Комисијата за труд и социјална политика да ги убедиме колегите членови на Комисијата и заменикот министер да се повлече овој закон. Не успеавме, еве уште еднаш ги молам, малку присутните членови пратеници од парламентарното мнозинство да го убедат министерот, да го повлече овој закон, затоа што не можете да усогласувате нешто што не може и не смее да се усогласува, затоа што не можете да усогласувате одредби од законот за анти дискриминација кој што се однесуваат на услови на утврдување на услови кои што треба да ги исполнат членовите на Комисија за анти дискриминација со Закон за административни службеници, а ова тело воопшто не спаѓа во системот на администрација во Република Македонија, туку напротив со закон тоа тело треба да биде независно.
Ајде сега еден или заменикот министер, или еден од пратениците од парламентарното мнозинство што се малку тука присутни нека се охрабри и нека каже. Кои се аргументите за усогласување на овој закон со Законот за административни службеници. Дали не треба овој закон да се повлече. Доколку сакате да ги зајакнете критериумите да бидат построги, за да може навистина постручни, поквалитетни луѓе да се справуваат со дискриминацијата во Република Македонија. Јас се согласувам, меѓутоа тоа немојте да го правите под плаштот на усогласување со Законот за административни службеници. Тоа не може да се направи. Ајде да го направиме тоа така, но тоа да важи од сега, од веднаш, затоа што во Република Македонија има нови облици и форми на дискриминација. Затоа што мора да имаме независно, стварно независно, неполитичко тело, независно тело кое што ќе се бори против дискриминацијата. Погледнете го извештајот на Народниот првобранител. Последниот извештај, знаете кој е најзастапен облик на дискриминација? Политиката дискриминација. Ако е така, ајде заедно да седнеме и да кажеме не вака на овој начин, да кажеме дека во Република Македонија ова тело кое што се бори за дискриминација за поуспешна борба против дискриминацијата, треба да биде составено од високо стручни кадри и треба да ги зајакнеме критериумите, а не да се повикуваме на Закон за администрација, која што воопшто не важи. Ако сакаме тоа да го правиме не како што сте го предложиле во овој закон, овие услови за да познаваат странски јазик да важеле после една година откако ќе влезе во сила овој закон со кој што го усогласувате. Не така, ако ни треба ефикасна борба треба сега и веднаш да почне да се применува овој закон. Овие измени ја покажуваат цела небулоза во овој цел процес што се прави и Владата по принцип, копи пејс, тргнала и менува и усогласува се и онаму каде што навистина не смее да се усогласува. Ако сакате колеги пратеници, навистина ефикасна борба против стереотипите и против дискриминацијата во Република Македонија, прво што треба да направиме не да пропишеме услов да член на Комисијата знаел Тоефел со 74 бода или ИЛТ или Илет, не знам што, јазик, туку веднаш да пропишеме услов за член на оваа Комисија да биде избрано лице експерт кое што воопшто не е поврзано со политичка партија. За жал, во Република Македонија и ова тело е исполитизирано. Секоја чест на колегата Миновски, кој што се труди да прави, меѓутоа цел состав, цел состав им е претставници на политички партии. Само уште еден момент, да дозавршам и сметате ли дека овие политички посланици, таму ќе се борат против најголемиот облик на дискирминација, политичката дискриминација. Не.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Колеги пратеници, тука ја прекинувам седницата, утре во 11,00 часот продолжуваме со оваа седница, а во 15,00 часот со 84-та седница.
Благодарам.
(Седницата прекина во 19,00 часот)
85-5/.-
Достарыңызбен бөлісу: |