БРИК - Бразил, Индија, Русија и Кина - комбинација на добитните економии
АРХИТЕКТИ НА ИДНАТА ГЛОБАЛНА ЕКОНОМИЈА
Акронимот БРИК (БРИЦ) промовиран 2001 е синоним за економската соработка на Бразил, Индија, Русија и Кина, во моментот најбогатите земји во светот, представени во заедничка површина повеќе од една четвртина од земјаната површина на глобусот на која живеат повеќе од 40% од светската популација. Иако четрите земји себе си се не се гледат како политичка или економска или трговска алијанса, тие сепак имаат потенцијал да бидат препознати како економски блок. Исто така, тие имаат потенцијал да можеби, до колку се созддаде потребата, да бараат формула и за "политички клуб" или "алијанса" за да можат " силата на своите растечки економии да ја обликува во како силна геополитичка тупница" до колку затреба. На оваков заклучок наведува и прв самит лидерите на БРИК земји одржан во јуни 2009, во Јекатеринбург (Свердловск), Русија, кога ја издадоа деклерацијата за воспоставување на мултиполарен светски пордок со предлог за воведување на глобалната резервна валута, која би била " разноврсна, стабилна и предвидлива ". Една недела пред Самитот, Бразил понуди на ММФ 10 милијарди САД$ . Тоа беше пораката за промени во Бразилската економиа бидејќи, Бразил беше барател на заеми од ММФ. Едновремено Кина најави подготвеност да инвестира 50,1 милијарди САД$ а Русија 10 милијарди САД $ најави подготвеност да инвестира. Инаку, лидерите на Самитот ја изразија подготвеност да ги интегрираат ресурси за заедничко производство во сектор авиација, рсофтверски развој, реконструкција на индустријата и измена на моделите на економскиот раст.
Тезата на БРИК е дека Кина и Индија, на глобално ниво ќе станат доминантни снабдувачи на индустријските производи и услуги а Русија ( огромни залахи на нафта и природен гас) и Бразил (несогледиво производство на соја и огромни залихи на железна руда) светски снабдувачи на суровини и енергија на светсна светскиот пазар. Идејата на овие четирите земји е да го обезбедат светот со енергија и храна. Поради конкурентна цена на работната сила и проиизводни трошоци, многу компании гледат на БРИК како на извонредна можност за ширење на бизнисите. Со цел да да ја изградат конкурентна пазарна позиција, економиите на овие земји се отворија кон глобалната економија и се концентрирани на едукацијата, странски инвестиции, јакнење на домашната потрошувачка и домашното претприемаштвото.
ЕУ, ја направи една компаративна студиа за своите односи со БРИК (2007), и има заклучено дека до 2005-тата година, перформансите на земјите членки на ЕУ во однос на технолошки напредок, биле неспоредиво подобри во однос на БРИК земјите, но студијата предупредува дека до 2015 година технолошките и иновативните перформанси ќе се изедначат и дека овие земји, до 2050 година ќе станат доминантни економски сили во светот. ЕУ си поставува прашење, како овие економии ќе влијаат врз економијата на ЕУ . Заклучок е дека треба да се примени пристап на дифузија на бизниите и инвестициите од ЕУ кон овие земји. Кина е веќе сега втор а Русија трет партнер на ЕУ и воедно ЕУ е наjголем инвеститор во Русија.
Редоследно Кина, Индија, Русија и Бразил се врвни инвестициони дестинации на глобалното ниво. Што е тоа што ги става овие земји во врвот на интерес на инвеститорите. Кина е земја со најголемиот внатрешен пазар, втор најголем потрошувач на нафта во светот, и најголем светски производител и потрошувач на јаглен со милијарди инвестиции во развојот на инфраструктурата, со раст од 8-10% во време на глобалната криза, отворена кон глобалната економија и со зацртана цел да се достигне просечен животен стандард на населението каков е во ЕУ, во период, не подолг од 30 години. Индија е седма најголема и втора земја по бројот на населението во светот. Сегашната и идната фаза на развој на земјата се должи на развој на руралниот и полуруралниот дел од земјата. Руралниот домашен пазар на малопрожба се вреднува преку 300 милијарди САД$. Рурална Индија бележи економски бум. Во последните 10 години приход по глава на население е покачен за 50% и се должи на раст на пазардните цени на производи и подобрување на продуктивност. Спротивно на кризата индијската економија предвидуваше раст во 2009 од 6.7% а Конфедерација на индијска индустрија за 2010 предвидува раст од 6.1%. По сектори предвидувања се дека во земјоделието раст ќе биде 2.8-3%, во индустријата од 5 - 5.5% а во услугите 7.5-8%. Русија, земја со најголема површина во светот, со неверојатен потенцијачл за раст и инвестициони можности во секој регион и во секој сектор на економијата. потикнувачка е широко распостранета мрежа на владините институции, инструменти и инвестициони програми како подршка на инвеститорите и тоа на сите нивоа, федерален, регионален и локален. Бразил ги привлекува инвеститорите со извонредено силен пазар на недвижности кој креира оптимални услови за раст на економијата. Иако првата асоциациоја на Бразил е лежерен начин живот и туризам, тоа е земја богата со нафтни резерви и био горивото што создава компаративните предности во развојот на производството и профит.
Трговска размена на Република Македонија со земјите од БРИК (Бразил, Руска Федерација, Индија и Кина) во 2009 година
Во САД долари
Име на земја
|
Извоз
|
Увоз
|
Вкупно
|
количина во кг
|
сума во УСА$
|
количина во кг
|
сума во УСА$
|
количина во кг
|
сума во УСА$
|
Бразил
|
120
|
4.810
|
61.986.271
|
62.914.715
|
61.986.391
|
62.919.525
|
Русија
|
11.528.089
|
22.535.512
|
1.085.702.797
|
495.017.849
|
62.919.525
|
557.004.120
|
Индија
|
12.172.955
|
33.533.690
|
9.416.588
|
30.702.673
|
21.589.543
|
64.236.363
|
Кина
|
4.013.938
|
3.243.627
|
71.380.433
|
289.409.300
|
75.394.371
|
292.652.927
|
ВКУПНО__27.715.102__59.317.639__1.228.486.089'>ВКУПНО
|
27.715.102
|
59.317.639
|
1.228.486.089
|
878.044.537
|
1.283.916.293
|
937.362.176
|
КОМПАРАТИВЕН ПРИКАЗ НА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА
01-12.2008 / 01.12.2009
Во САД долари
Име на земја
|
Вкупна размена
|
Извоз
|
Увоз
|
2008
|
2009
|
Индекс
|
2008
|
2009
|
Индекс
|
2008
|
2009
|
Индекс
|
Бразил
|
121.693.533
|
62.919.525
|
52
|
39.622
|
4.810
|
12
|
121.653.911
|
62.914.715
|
52
|
Русија
|
963.577.334
|
557.004.120
|
58
|
32.682.784
|
22.535.512
|
69
|
930.894.550
|
495.017.849
|
53
|
Индија
|
40.824.911
|
64.236.363
|
157
|
868.120
|
33.533.690
|
3863
|
39.956.791
|
30.702.673
|
77
|
Кина
|
316.379.661
|
292.652.927
|
93
|
1.606.093
|
3.243.627
|
202
|
314.773.568
|
289.409.300
|
92
|
ВКУПНО
|
1.442.475.439
|
937.362.176
|
65
|
35.196.619
|
59.317.639
|
169
|
1.407.278.820
|
878.044.537
|
62
|
Достарыңызбен бөлісу: |