Поштенска адреса



Дата11.07.2016
өлшемі60.83 Kb.
#190027





Влада на Република Македонија

Министерство за транспорт и врски

Црвена Скопска Општина

бр.4, 1000 Скопје,

Република Македонија


Поштенска адреса

Ул. Даме Груев број 6, 1000 Скопје,

Република Македонија
Тел. + 389 (0)2 3145 497

Факс: + 389 (0)2 3126 228

Епошта:info@mtc.gov.mk

Сајт:www.mtc.gov.mk



Врз основ на член 14 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/15 и 226/15), член 207 од Законот за општа управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/05, 110/08 и 51/11) и актот број 22.2-21144/1 со датум 01.04.2016 година, Министерот за транспорт и врски го издава следното:

ОДОБРЕНИЕ


за времена измена на режим на сообраќај

на регионален пат Р1302, делница: Делчево-Берово, во с.Чифлик, Општина Пехчево, поради изградба на фекална канализација на дел од регионален пат
Се издава Одобрението за времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1302, делница: Делчево-Берово, во с.Чифлик, Општина Пехчево, поради изградба на фекална канализација на дел од регионален пат, кое се издава врз основ на барањето на ДОО “Бау Инвест“, со следните услови:

  • Времената измена на режимот и условите на сообраќајот да се изврши согласно изготвениот Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот на регионален пат Р1302, делница: Делчево-Берово, во с.Чифлик, Општина Пехчево, поради изградба на фекална канализација на дел од регионален пат, и согласно прилозите за означување на сообраќајната сигнализација;

  • Предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 60(шеесет) дена сметано од денот на издавање на одобрението;

  • Предвидените активности кои се однесуваат на изградба на фекална канализација во фаза 1 и фаза 2 може да се реализираат само во времето од 07.00 до 17.00 часот;

  • Обезбедувањето и регулирањето на сообраќајот да се изврши согласно приложеното сообраќајно решение за времена измена на режимот на сообраќај;

  • Времената сообраќајна сигнализација и опрема која треба да се постави на наведениот пат додека се изведуваат предвидените работи треба да биде изработена согласно постоечките и важечките стандарди и поставена според утврдените критериуми дефинирани со Правилникот за сообраќајни знаци, опрема и сигнализација на патот (“Службен весник на Република Македонија“ бр.47/10);

  • Доколку при изведувањето на работите, органот надлежен за безбедност и контрола на сообраќајот оцени дека е потребно да се преземат одредени дополнителни активности за подигнување на нивото на безбедност и проточност на сообраќајот, тогаш подносителот на барањето е должен да ги почитува дадените насоки и да ги превземе сите неопходни мерки за надминување на проблемите;

  • Се задолжува изведувачот на градежните работи да воспостави перманентна контрола над времено поставената сообраќајна сигнализација и ја одржува истата во постојана функција;

  • При изведувањето на градежните работи, изведувачот е должен да обезбеди нормален и безбеден сообраќај за сите учесници во сообраќајот;

  • По завршување на активностите на наведениот пат да се отстрани целокупната времено поставена сообраќајна сигнализација, а споменатата делница од патот да се доведе во првобитната состојба;

  • Доколку при изведувањето на работите, подносителот на барањето не се придржува кон условите наведени во предметната сообраќајна согласност и одобрениот сообраќаен проект за времена измена на режимот на сообраќај ќе бидат превземени мерки со кои ќе се запре понатамошното изведување на работите, согласно член 349 од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/15).

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Барателот ДОО “Бау Инвест“, до Министерството за транспорт и врски достави барање со број 11-уп-19/1 со датум 17.02.2016 година за Одобрение за времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1302, делница: Делчево-Берово, во с.Чифлик, Општина Пехчево, поради изградба на фекална канализација на дел од регионален пат.

Министерството за транспорт и врски согласно член 14 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/15 и 226/15) поднесе барање со број 11-уп-19/2 од 08.03.2016 година до Министерот за внатрешни работи, за издавање Согласност во врска со сообраќајниот проект за времено одвивање на регионален пат Р1302, делница: Делчево-Берово, во с.Чифлик, Општина Пехчево, поради изградба на фекална канализација на дел од регионален пат.

Како одговор на дописот од Министерството за транспорт и врски, Министерот за внатрешни работи, до овој орган достави допис со број 22.2-21144/1 и датум 01.04.2016, со кој ја дава бараната Согласност во врска со сообраќајниот проект.

Министерството за транспорт и врски врз основ на увидот во документацијата, увидот на локацијата и дописот број 22.2-21144/1 и датум 01.04.2016 година, од Министерство за внатрешни работи, одлучи како во диспозитивот на ова Одобрение, со следните услови:


  • Времената измена на режимот и условите на сообраќајот да се изврши согласно изготвениот Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот на регионален пат Р1302, делница: Делчево-Берово, во с.Чифлик, Општина Пехчево, поради изградба на фекална канализација на дел од регионален пат и согласно прилозите за означувањена сообраќајната сигнализација;

  • Предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 60(шеесет) дена сметано од денот на издавање на одобрението;

  • Предвидените активности кои се однесуваат на изградба на фекална канализација во фаза 1 и фаза 2 може да се реализираат само во времето од 07.00 до 17.00 часот;

  • Времената сообраќајна сигнализација и опрема која треба да се постави на наведениот пат додека се изведуваат предвидените работи треба да биде изработена согласно постоечките и важечките стандарди и поставена според утврдените критериуми дефинирани со Правилникот за сообраќајни знаци, опрема и сигнализација на патот (“Службен весник на Република Македонија“ бр.47/10);

  • Доколку при изведувањето на работите, органот надлежен за безбедност и контрола на сообраќајот оцени дека е потребно да се преземат одредени дополнителни активности за подигнување на нивото на безбедност и проточност на сообраќајот, тогаш подносителот на барањето е должен да ги почитува дадените насоки и да ги превземе сите неопходни мерки за надминување на проблемите;

  • Се задолжува изведувачот на градежните работи да воспостави перманентна контрола над времено поставената сообраќајна сигнализација и ја одржува истата во постојана функција;

  • При изведувањето на градежните работи, изведувачот е должен да обезбеди нормален и безбеден сообраќај за сите учесници во сообраќајот;

  • По завршување на градежните работи на наведениот пат да се отстрани целокупната времено поставена сообраќајна сигнализација, а споменатата делница од патот да се доведе во првобитната состојба;

  • Доколку при изведувањето на работите, подносителот на барањето не се придржува кон условите наведени во предметната сообраќајна согласност и одобрениот сообраќаен проект за времена измена на режимот на сообраќај ќе бидат превземени мерки со кои ќе се запре понатамошното изведување на работите, согласно член 349 од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/15 и 226/15).

Заради овие причини Министерот за транспорт и врски постапува согласно претходно споменатата одредба и одлучи како во диспозитивот на ова одобрение.


ПОУКА : Против ова Одобрение може да се поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот, преку овој орган до Државната комисијата за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Жалбата според тарифен број 2 согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на законот за административни такси (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 61/04) да се таксира со таксени марки од 250.00 денари.
Министерство за транспорт и врски, 07.03.2016 година, 11-уп-19/4

Владо Мисајловски

Министер за транспорт и врски

Изготвил: Антон Фајдига _______



Контролирал: Марјан Копевски _______

Одобрил: Елена Ангеловска-Атанасовска _______

Достарыңызбен бөлісу:




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет