Извештај од третиот круг суб-регионални работилници Мај 2014



Дата09.07.2016
өлшемі8.25 Mb.
#185909



Извештај од третиот круг суб-регионални работилници Мај 2014


1Вовед


Проектот за Управување со Речниот Слив на Река Брегалница (ПУРС-Брегалница) цели кон развој на План за Управување со речниот Слив на Брегалничкиот регион. Истиот е поддржан од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), како и тим од национални и интернационални консултанти. Проектот е кофинансиран од Швајцарскиот секретаријат за економски работи, Владата на Република Македонија, и општините. Во проектот се вклучени 15 различни општини: Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново-Облешево, Штип, Свети Николе, Лозово, Конче и Кратово.

Имајќи во предвид дека за спроведувањето на проектот е избран пристап со учество на јавноста, суб-регионалните работилници се еден од начините за остварување на таа комуникација. На овој начин се овозможи на граѓаните и експертите да ги искажат своите идеи и да ги поделат своите мислења поврзани со развојот на Планот за Управување со Речниот Слив на реката Брегалница. Освен тоа, учесниците може да помогнат во промовирање на проектот на луѓето околу нив.

По успешната реализација на првиот круг работилници во Мај 2013, и вториот круг во Октомври/ Ноември 2013, ние продолжуваме со оваа активност. Третиот круг суб-регионални работилници беше организиран во Мај 2014. Тој беше фокусиран на Малите инфраструктурни проекти (прв и втор повик), и првичните резултати од втората јавна анкета од Април/ Мај 2014. Работата во групи, како и групните дискусии меѓу сите учесници беа дел од работилницата.

2Организација на работилниците

2.1Учесници


Сите засегнати страни беа поканети да учествуваат во суб-регионалните работилници. Освен тоа покани беа испратени на сите учесници од јавната анкета кои се изјасниле дека би сакале да учествуваат на работилниците. Како и во првите два ктуга на суб-регионални работилници и овојпат беа поставени промотивни постери за местот и времето на одржување на работилницата во сите 15 општини. Гостите беа поканети по е-маил и/ или по телефон. Оние кои беа заинтересирани да земат учество, беа замолени да го потврдат своето присуство пред одржувањето на работилниците.

Општините беа групирани, и три суб-регионални работилници беа организирани:



  • Горна Брегалница (Берово, Пехчево, Македонска Каменица и Делчево),

  • Централна Брегалница (Кочани, Виница, Зрновци, Чешиново- Облешево, Кратово и Пробиштип) и

  • Долна Брегалница (Штип, Карбинци, Конче, Свети Николе и Лозово).

Работилниците беа организирани во Кочани (23ти Мај 2014), во Свети Николе (27ми Мај 2014) и во Македонска Каменица (30ти Мај 2014).

На сите три работилници 20-35 луѓе зедоа учество од сите целни групи: општинска администрација, комунални претпријатија, еколошки НВО, луѓе од областа на земјоделство и шумарство, професори од локалните школи, локални државни инспектори за животна средина и земјоделство, градоначалниците од некои општини итн. Околу 80% од учесниците на првиот и вториот круг работилници, беа присутни и на третите работилници. Така, можеме да кажеме дека овие работилници веќе претставуваат ефективно и ефикасно јадро за вклучување на јавноста во ПУРС-Брегалница.


2.2Агенда на работилниците




1

Добредојде и Вовед во работилницата

Владимир Ставриќ

2

Презентација на резултатите од Втората јавна анкета 2014

Јулијана Лапевска

2a

Прашања & Одговори

Сите учесници

3

Презентација на резултатите од мониторингот на води

Костадин Рунчев

3a

Прашања & Одговори

Сите учесници

4

Презентација Мали инфраструктурни проекти (прв повик)

Никола Вангелов

5

Презентација на правила за аплицирање (Втор повик СИП)

Никола Вангелов

5a

Прашања & Одговори

Сите учесници

6

Следни чекори на ПУРСБрегалница

Никола Вангелов

6a

Прашања & Одговори

Сите учесници

7

Кафе пауза

Сите учесници

8

Работа во групи 1 (Активности за зголем. на јавната свест)

Сите учесници

9

Работа во групи 2 (Потенцијални места за ПСОВ)

Сите учесници

10

Заклучоци и завршеток



3Сумирање на Заклучоците од Работилниците

3.1Презентации


Секоја работилница започнуваше со порака за добредојде од страна на Владимир Ставриќ (заменик преоект менаџер). На првата работилница во Кочани добредојде на сите им посака и Матиас Гертх (експерт за комуникации од Швајцарија. Учесниците беа информирани дека работниците стануваат „официјално“ средство за комуникација и дискусии за локални прашања поврзани со Проектот за управување со речниот слив на Брегалница. На ова укажува фактот дека 80% од учесниците на првиот и вториот круг работилници, истотака зедоа учество и на третите работилници.

Јулијана Лапевска (локален консултант) накратко ги презентираше резултатите од втората јавна анкета од Април/ Мај 2014, каде беа анкетирани 343 лица од сите 15 општини од Брегалничкиот слив.За разлика од анкетата во 2013 година, кога околу 35 % од испитаниците истакнале дека Швајцарската влада го финансира проектот, овојпат околу 60% од испитаниците изјавиле дека проектот е финансиран од Швајцарската Влада. Во врска со квалитетот на водата за пиење анкетата покажува дека испитаниците од повеќето општини во регионот имаат позитивно мислење за квалитетот на водата за пиење. Сепак во некои општини квалитетот на водата е оценет како лош или многу лош. Учесниците на работилницата беа заинтересирани да ги видат резултатите по пооделни општини.

Костадин Рунчев го опиша речниот слив на Брегалница со дефинираните водни тела (површински и подземни), и заштитените области во Брегалничкиот слив. За време на презентацијата тој покажа мапи со моменталниот еколошки статус на водните тела во сливот. Мапите беа направени врз основа на резултатите од 4 те спроведени мониторинг кампањи во периодот од Август 2013 до Фебруари 2014. Во врска со овие резлтати особено беа заинтересирани претставниците од Пехчево, кои побараа да ги видат резултатите за Општина Пехчево.

Никола Вангелов (локален консултант) ги презентира 15те одобрени Мали инфраструктурни проекти од првиот повик, и ги објасни следните чекори. Претставниците на општините и јавните претпријатија беа особено заинтересирани за што се треба да се направи пред да се објави тендерот за избор на Изведувач.Избраните проекти опфаќаат канализациони мрежи, мрежи за водоснабдување, како и уредување на речните корита во урбаните делови.

Никола истотака ги информираше присутните и за условите за аплицирање на Вториот повик, пред неговото објавување во Јуни. Вториот повик е на конкурентска основа и приоритет се Мали пречистителни станици за отпадни води, но сепак во предвид ќе бидат земени и други проекти. Проектните идеи треба да произлезат од „Форумите за заедниците“, што треба задолжително да се организираат доколку општината сака да аплицира.

Одлуката за одобрени проекти ќе биде донесена на Управниот Одбор. Само избраните општини ќе треба да поднесат детален Предлог проект.

Некои од општините прашуваа за критериумите за оценување на проектните рамки, меѓутоа Никола кажа дека сите криетериуми за евалуација ќе бидат објавени и достапни за сите заинтересирани , заедно со објавувањето на повикот. Повикот ќе биде објавен на веб-страницата на проектот www.bregalnica.mk.

Дел од претставниците на водостопанските претпријатија беа заинтересирани, дали ќе бидат превземни одредни мерки за заштита од поплави. Владимир Ставриќ, заменик проект менаџер мерките за заштита од поплави се дел од Програмата на мерки во Планот за управување со речниот слив, но со овој проект не се предвидени подетални активности во таа сфера. Имајќи во предвид дека ова прашање станува се позначајно во последните неколку години, се надеваме дека наскоро ќе отпочне друг проект посветен на ова прашање, рече Владимир.

Пред почетокот на работата во групи, Никола кратко ги објасни следните чекори на проектот:


  • Проектот ќе продолжи со мониторингот на водните тела

  • Ќе се ажурира Драфт планот за управување со речниот слив

  • Ќе се надградува и ќе се прават симулации за водните текови со WEAP моделот

  • Ќе се објави Втор повик за Мали инфраструктурни проекти,

  • Ќе се продолжи активностите за вклучување на јавноста во проектот

Проектниот тим ќе продолжи да ги поддржува општините во спроведувањето на МИП од првиот повик, и подготовката на проектните предлози и спроведувањето на одобрените проекти од Вториот повик. Проектит ќе ја поддржи и подготовката и издавањето на геохемиски атлас за регионот на Брегалница, во соработка со Проф. Трајче Стафилов од Институтот за хемија , Природно Математички факултет при Универзитетот Кирил и Методиј Скопје.Проф. Стафилов веќе поседува вредни информации за регионот, собрани преку индивидуални истражувања.

Во истовреме, проектот ќе продолжи со активностите за зголемување на јавната свест. Третата Јавна презентација ќе се одржи во декември 2014, субрегионалните работилници повторно ќе се организираат или кон крајот на годината или во почетокот на наредната година, и во 2015, проектниот тим повторно ќе ги посети сите 15 општини за спроведување на третата јавна анкета.



Проектот за управување со речниот слив ан Брегалница има добра соработка и планира заеднички активности со другите проекти во регионот, кои се финансирани од Швајцарската влада. Проектната веб-страница редовно ќе се ажурира и надополнува со голем број ан инфомации од технички резултати, повици и информации за МИП, слики и видеа, пресконференции како и други новоси.

3.2Работа во групи


Првата задача на работата по групи, беше да се предложат мерки кои може да имаат позитивно влијание за зголемување на јавната свест, или веќе биле спроведени во некои од општините и имаат позитивен ефект. Учесниците беа поделени според општината од која доаѓаат. Во следнава табела се сумирани предложените мерки:

Кочани
23.05.2014


  • едукативни видеа

  • различни натпревари (цртање, слики, литературни текстови итн)

  • едукативни посети на фабриките за вода

  • информации на локални ТВ и веб-страни

  • промотивни материјали, обуки заекономична употреба на водните ресурси, за исфрлање на ѓубрето, користење на водата за наводнување и регулирање на пред-третманот на отпаднита вода од индустриите.




Свети Николе
27.05.2014


  • отворени дискусии со различни таргет групи

  • обуки за правилна употреба на пестициди за земјоделците

  • јавно објавување на „црна листа“ за најголемите загадувачи во регионот

  • игра или едукативна апликација (квиз) за деца

  • информационен флаер за економилна употреба на водните ресурси со сите сметки за вода

  • анимиран филм за децата

Македонска Каменица
30.05.2014





  • јавно објавување на „црна листа“ за најголемите загадувачи во регионот

  • информации на локални ТВ и веб-страни

  • поставување на информативни табли (знаци) со логото на проектот и името на реката на сите фрекфентни места во регионот,не само во населените места туку и на главните патишта, каде се гледа реката

  • активирање на локалните еколошки организации

  • организирање на натпревари со прашања поврзани со вода во училиштата

  • еко-лекции (дискусии) во училиштата секоја недела по 15 минути

  • поставување кути за „еко-идеи“ во сите општини

  • поактивно работење на еко-патролите заедно со еко-инспектор

  • организирање буки за различни целни групи 

  • едукативни флаери со сите сметки за вода

The second part of the group work was an exercise to define possible places for Small waste water treatment plants, in every sub-region. Each of the participants was asked to place one sticker on the map, at exactly the places where he or she thinks the treatment plants should be installed. The maps with the result follow: Вториот дел од работата во групи беше вежба за дефинирање на можните места за изградба на мали пречистителни станици, во секој под-регион. Секој учесник, требаше да стави еден стикер на мапата за да покаже каде според него е најдобро да се постави мала пречистителна станица. Ова се резултатите:

Место

Општина

Гласови

Блатец

Виница

1

Градец

Виница

1

Јакимово

Виница

1

Истибања

Виница

1

Зрновци

Зрновци

1

Probisthip

Пробиштип

1

Облешево

Чешиново-Облешево

2

Жиганци

Чешиново-Облешево

1

Бели

Кочани

1

Пантелеј

Кочаниi

3

Конче

Конче

2

Каратманово

Lozovo

2

Ерџелија

Св.Николе

3

Св. Николе

Св.Николе

2

Горобинци

Св.Николе

1

Аџибегово

Лозово

1

Карбинци

Карбинци

1

Д. Балван

Карбинци

1

Конче

Конче

2

Каменичка река

М.Каменица

7

Будинарци

Берово

3

Митрашинци

Берово

2

Чифлик

Пехчево

3



Забелешка:



  • Презентациите и сликите од работилниците ќе бидат испратени по електронска пошта на сите учесници.

  • Записникот од работилниците може да се превземе од следнава web-страна www.bregalnica.mk

4Слики од работилниците











Достарыңызбен бөлісу:




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет