Повик за учесници на обука



Дата16.06.2016
өлшемі340.5 Kb.
#140176




ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА ОБУКА
Подобрување на вештините при барање работа за

младите од скопскиот регион
Отворен за: Невработени млади жители од сите 17 скопски општини на возраст до 30 години

Краен рок за пријавување: 31 мај, 2013

Локација: Центар за млади и НВО, населба Железара, Скопје 1

Датуми: 06 Јуни 2013

11 Јуни 2013 13 Јуни 2013

18 Јуни 2013 20 Јуни 2013


Cакате да ги подобрите вашите вештини неопходни во процесот на барање работа? 

Се обидувате да ги зголемите вашите можности за наоѓање работа?

Не знаете како да имате соодветно и конкурентно CV и мотивациско писмо кои ќе се издвојат од останатите?
Подготовката на квалитетно CV и мотивациско писмо може да биде пресудно во добивањето на посакуваната работна позиција. Доколку на работодавачите им се допадне она што ќе го прочитаат и видат во вашето CV и мотивациско писмо, сигурно ќе ве повикаат на интервју!
За таа цел, Младиинфо во рамките на својата програма наменета за младите од скопскиот регион, поддржана од програмата CIVICA Mobilitas, спроведена од Центар за Институционален развој – ЦИРа, а финансиски поддржана од Швајцарската Агенција за развој и соработка – SDC, организира серија бесплатни еднодневни обуки за младите на возраст до 30 години од општините: Аеродром, Арачиново, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Зелениково, Илинден, Карпош, Кисела Вода, Петровец, Сарај, Сопиште, Студеничани, Центар, Чаир, Чучер Сандево и Шуто Оризари.
Бидете дел од обуките и дознајте како треба да подготвите добра биографија, каква содржина да ставите во вашите CV и мотивациско писмо и како да се подготвите за интервјуто за вашето идно работно место.
Повикот е отворен за сите млади жители од скопските општини на возраст до 30 години. Обуките се еднодневни и ќе се одржуваат во текот на месец јуни, 2013 година, во Центар за млади и НВО, Ул. Филип Филиповиќ бр. 22, Месна заедница Железара, Скопје.

За да учествувате на обуките, пополнете ја пријавата и изберете два од термините кои најмногу ви одговараат. Местата се ограничени на 15 учесници за секој од предвидените термини. Затоа побрзајте!



Пријавата заедно со копија од вашата лична карта каде јасно се гледа адресата на живеење испратете ја на mirjana@mladiinfo.com најдоцна до 31 мај 2013.


1https://maps.google.com/maps/ms?ie=UTF&msa=0&msid=203148299300876955430.0004cde4a0dae80d42f67




Достарыңызбен бөлісу:




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет