Правда и внатрешни работи



бет50/51
Дата29.06.2016
өлшемі3.39 Mb.
#166383
1   ...   43   44   45   46   47   48   49   50   51

10. Дали можат странките на граѓанска парница во вашата земја, кои не престојуваат во вашата земја, да побараат правна помош во земјата на нивното вообичаено престојување? Доколку можат, на кој начин вашата земја ги прима и обработува таквите барања? Дали постои иста таква можност за лицата кои престојуваат во вашата земја, а се странки на граѓански спор во странство? Доколку постои, на кој начин се примаат таквите барања и како се испраќаат во странство?

Република Македонија по основ на сукцесија е член на Хашката конвенција за граѓанската постапка од 1954 година и на Конвенцијата чија цел е да се обезбеди полесен пристап на правосудството на меѓународен план од 1980 година, со кои се предвидени повеќе можности за давање на правна помош на странските лица пред домашните судови и во граѓанските предмети.

Согласно Хашката конвенција, орган кој дава правна помош е Министерството за правда на Република Македонија, а барањето за правна помош може да се упати преку Министерството за правда - Сектор за меѓународна правна помош, кој пак, ги препраќа до надлежните органи во Република Македонија, односно до надлежните министерства на соодветните држави, доколку тоа е предвидено со билатерален договор или пак, постапува по дипломатски пат ако тоа го бараат меѓународни договори.

Напоменуваме дека до денес вакви барања кои се однесуваат на горе наведеното прашање, во Министерството за правда не се примени, но доколку во иднина бидат доставени ќе се постапува по нив било тие да потекнуваат од домашен правосуден орган или од странство. Имено, доколку замолницата потекнува од домашен правосуден орган Министерството за правда истата ќе ја достави до надлежните органи во земјата каде лицето престојува, а во обратен случај доколку потекнува од странство ќе ја достави до надлежниот правосуден орган во Република Македонија. Во зависност од конкретните случаи, Министерството за правда ќе постапува во согласност со меѓународните договори кои ја регулираат оваа материја и домашното законодавство, во кое е имплементирана областа од меѓународната правна помош.


11. Кои алтернативни методи на решавање на споровите постојат во вашата земја и како се организирани? На кој начин се обезбедува нивниот квалитет?

Во Законот за парничната постапка (“Службен весник на Република Македонија“, бр. 33/98 и 44/02), со посебна глава (член 438-459) е уредена постапката пред избрани судови, која може да се подведе како вид на алтернативно решавање на споровите.

Имено, со одредбите на оваа глава се уредува постапката пред избраните судови, чие седиште е во Република Македонија, освен ако од одредбите на друг закон или меѓународен договор не произлегува дека определен избран суд, чие седиште е во Република Македонија се смета како странски избран суд.

За споровите со меѓународен елемент, за правата со кои слободно располагаат, странките можат да договорат надлежност на домашен или на странски избран суд, ако барем една од нив е физичко лице со живеалиште или со трајно престојувалиште во странство односно правно лице со седиште во странство, ако за тие спорови не е предвидена исклучителна надлежност на суд во Република Македонија.

Споровите без меѓународен елемент странките можат да ги изнесуваат пред постојаните избрани судови, основани при стопанските комори и при другите организации предвидени со закон.

Договор за избран суд може да се склучи како во поглед на определен спор така и во поглед на идните спорови што можат да произлезат од определен правен однос, и се смета за полноважен само ако е склучен во писмена форма (законот прифаќа и размена на писма, телеграми, телекси или други средства за телекомуникации, што овозможуваат писмен доказ за склучениот договор).

Договорот за избраниот суд се смета за склучен и со размена на тужба, во која тужителот го наведува постоењето на тој договор и одговор на тужбата, во кој тужениот не го оспорува.

Договорот за избран суд може да се докажува само со исправи.

Бројот на судиите на избраниот суд мора да биде непарен. Ако со договорот на странките не е определен бројот на судиите, секоја странка назначува по еден судија, а тие избираат претседател. Судиите на судовите можат да бидат избрани само за претседател на избраниот суд.

Ако странките за решавање на определен спор договориле надлежност на избран суд, судот до кој е поднесена тужба во истиот спор и меѓу истите странки на приговор од тужениот ќе се огласи за ненадлежен, ќе ги укине спроведените дејствија во постапката и ќе ја отфрли тужбата. Ваквиот приговор тужениот може да го стави најдоцна на подготвителното рочиште, а ако подготвително рочиште не се одржува, на главната расправа пред да се впушти во расправање за главната работа.

Странката што според договорот за избраниот суд треба да назначи судија на избраниот суд може да ја повика противната странка во рок од петнаесет дена да го изврши ова назначување и да ја извести за тоа само ако назначила свој избран судија и ја известила за тоа противната странка. Доколку назначувањето на судија треба да го изврши трето лице, секоја странка може да му ја упати поканата на тоа лице. Лицето што е повикано да назначи судија на избраниот суд е врзано за назначувањето што е извршено штом тоа му е соопштено на противникот односно на една од странките.

Ако судијата на избраниот суд не биде на време назначен, судијата на предлогот од странката ќе го назначи судот.Ако избраните судии не можат да се согласат за изборот на претседателот него ќе го назначи судот на предлог од секој судија или странка.

За назначување на судија односно на претседател на избраниот суд е надлежен судот кој за спорот би бил надлежен во прв степен доколку не е склучен договорот за избраниот суд. Против решението на судот не е дозволена жалба.

Судија на избран суд е должен да се изземе од постапување кога постојат причините за изземање определени со Законот за парничната постапка. Од истите причини можат странките да бараат изземање на судија на избран суд, само ако причината за изземање настанала или странката за неа дознала откако избраниот судија е назначен.

Сослушувањето на сведоци пред избраниот суд се врши без полагање на заклетва. Спрема сведоците, странките и другите лица кои учествуваат во постапката избраниот, суд не може да употреби присилни средства ниту да изрекува казни.

Избраниот суд може да донесе пресуда по справедливост, само ако странките му дале такво овластување.

Кога избраниот суд се состои од повеќе од еден судија, пресудата се донесува со мнозинство на гласови, ако во договорот за избраниот суд поинаку не е определено. Пресудата на избраниот суд мора да биде образложена, ако странките не договориле нешто друго. Оригиналот на пресудата и сите преписи ги потпишуваат сите избрани судии. Пресудата важи и кога некој судија ќе одбие да ја потпише ако пресудата ја потпишале мнозинството судии и на пресудата го утврдиле ова одбивање на потпишувањето. До странките се доставуваат преписи од пресудата.

Пресудата на избраниот суд спрема странките има сила на правосилна пресуда, ако со договорот не е предвидена можност за побивање на пресудата пред избраниот суд од повисок степен.

Пресудата на избраниот суд може да се поништи по тужба од странката која може да се поднесе до надлежниот суд во рок од триесет дена. За решавање по тужбата е надлежен судот кој би бил надлежен да одлучува во прв степен. Причините за поништување на пресудата на избраниот суд се таксативно наброени во законот. По истекот на една година од правосилноста на пресудата на избраниот суд не може да се бара поништување на вака донесената пресуда.

Во однос на алтернативното решавање на споровите, со оглед дека вонсудското решавање на споровите, со користење на институтот медијација, најдиректно влијае врз намалување на бројот на судските предмети и врз растоварувањето на судството од непотребно постапување по предмети кои би можеле да бидат решени на овој начин, во Стратегијата за реформа на правосудниот систем се утврдува како потреба изготвување на Закон за медијација, со кој треба да бидат регулирани случаите и различните форми на посредување и помирување и на арбитражно решавање на споровите, како и правното дејство на актите и одлуките донесени во таква вонсудска постапка.




Достарыңызбен бөлісу:
1   ...   43   44   45   46   47   48   49   50   51




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет