Правда и внатрешни работи



бет1/51
Дата29.06.2016
өлшемі3.39 Mb.
#166383
  1   2   3   4   5   6   7   8   9   ...   51
ПРАВДА И ВНАТРЕШНИ РАБОТИ



A. НАДВОРЕШНИ ГРАНИЦИ 2

B. ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ 64

C. ВИЗНА ПОЛИТИКА 77

D. МИГРАЦИЈА 89

E. ИЛЕГАЛНА ИМИГРАЦИЈА 98

F. АЗИЛ 110

G. ПОЛИЦИСКА СОРАБОТКА 126

H. БОРБА ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ 204

I. ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ И ИЗМАМА 214

Заштита на финансиските интереси на Европските заедници (аспект на „трет столб„) 249

Заштита на еврото од фалсификување (аспекти на „третиот столб“). 254

J. ДРОГА 258

K. ЦАРИНСКА СОРАБОТКА 274

L. СУДСКА СОРАБОТКА КАЈ ГРАЃАНСКИ И КРИВИЧНИ ПРАШАЊА 291





A. НАДВОРЕШНИ ГРАНИЦИ



1. Ве молиме да дадете информации за законите и другите прописи со кои се регулира областа на управување со границите во вашата земја.


Управувањето со границите во Република Македонија регулирано е со повеќе законски и подзаконски прописи, имајќи ја во предвид надлежноста на различните министерствата инволвирани во оваа област.

Согласно одредбите на Законот за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија“, бр. 19/95, 55/97, 38/02, 33/03 и 19/04), една од надлежностите на Министерството за внатрешни работи е и заштитата на државната граница, контрола на преминување преку државната граница и престој во граничниот појас. Работите на заштита на државната граница, утврдување и решавање на граничните инциденти и други повреди на државната граница и други работи утврдени со закон, ги врши граничната полиција. Со Правилникот за начинот на вршење на работите на Министерството за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија’’, бр. 12/98 и 15/03), се пропишува контролата при преминувањето на државната граница и контролата на движењето и престој во граничниот појас и граничните премини. Режимот на преминувањето преку државната граница, движењето и престојот во граничниот појас и мерките потребни заради обезбедување на државната граница се уредува со Законот за преминување на државната граница и за движење во граничниот појас („Службен весник на Република Македонија’’ бр. 36/92, 12/93, 11/94 и 19/2004).

Во Република Македонија во тек е процесот на пренесување на надлежноста на обезбедување на државната граница од Министерството за одбрана на Министерството за внатрешни работи, така што работите на заштитата на државната граница, контролата на преминување на државната граница и престојот во граничниот појас на границата кон Република Грција, Република Бугарија и дел од границата кон Србија и Црна Гора, се во надлежност на Министерството за внатрешни работи, односно на Одделот за гранична полиција.

Со Законот за преминување на државната граница и за движење во граничниот појас („Службен весник на Република Македонија’’, бр. 36/92, 12/93, 11/94 и 19/04), во согласност со Националната стратегија за интегрирано гранично управување, утврдена е динамиката и роковите за пренесување на надлежноста на обезбедување на државната граница: од 1 мај 2004 година кон Република Грција, од 1 ноември 2004 година кон Република Бугарија, од 1 мај 2005 година кон Србија и Црна Гора и од 1 ноември 2005 година кон Република Албанија.

Обезбедувањето на државната граница и контролата на движењето и престојот на лицата во граничниот појас надвор од населените места и граничните премини заради спречување на неовластено преминување на државната граница и повредата на граничната линија кон дел од границата со Србија и Црна Гора и границата кон Република Албанија, во моментот е во надлежност на Армијата на Република Македонија, а контрола на преминувањето на државната граница и контрола на движењето и престојот во граничниот појас на овој дел од границата врши Министерството за внатрешни работи. Работите од својата надлежност Мининистерството за одбрана, односно Армијата на Република Македонија ги извршува и врз основа на Законот за одбрана („Службен весник на Република Македонија’’, бр. 42/01 и 5/03) и Правилото за гранична служба.

Со Правилникот за начинот на утврдувањето и решавањето на граничните инциденти и други повреди на државната граница („Службен весник на Република Македонија“, бр. 78/92), се пропишува начинот на утврдувањето и решавањето на гранични инциденти и други повреди на државната граница, водењето на евиденција за граничните инциденти и за другите повреди на државната граница.

Со Правилникот за начинот на вршење на контрола на преминувањето на државната граница, движењето и престојот на граничните премини и за водењето евиденција („Службен весник на Република Македонија’’, бр. 74/92), се утврдува начинот на вршење на контрола на преминувањето на државната граница, пренесувањето на оружје и муниција преку државната граница, движењето и задржувањето на граничниот премин, евиденцијата за контрола на преминување на државната граница, за издадени дозволи за движење и престој во граничниот појас и за издадени одобренија за населување во граничниот појас, како и обрасците на дозволите за движење и задржување на граничниот премин, за движење и престој надвор од местото на граничниот премин и за движење и престој во граничниот појас.

Со Правилникот за подрачјата и објектите што ги опфаќаат граничните премини („Службен весник на Република Македонија’’, бр. 69/92 и 9/97), се уредува прашањето на подрачјата и областите што ги опфаќаат граничните премини.

Со Правилникот за движење, престој, населување и режимот на ловот и риболовот во граничниот појас („Службен весник на Република Македонија’’, бр. 78/92), се регулира прашањето на движењето, престојот, населувањето и режимот на ловот и риболовот во граничниот појас, а со Правилникот за ознаките за обележување на граничниот појас на копно („Службен весник на Република Макеоднија“, бр. 26/95), се пропишува обликот, бојата, димензиите, содржината и местото на поставување на ознаките за обележување на граничниот појас на копно.

Согласно Законот за Царинската управа („Службен весник на Република Македонија’’, бр. 46/04), Царинската управа е непосредно надлежна за спроведување на царински надзор и контрола, царинење на стока и преземање истражни и разузнавачки мерки за спречување, откривање и истражување на царински прекршоци и кривични дела.

Во рамките на управувањето со границите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство има три основни функции: фитосанитарна контрола, ветеринарна контрола и контрола на шумите и сечата на шумите, што се остваруваат согласно одредбите на Законот за заштита на растенијата („Службен весник на Република Македонија’’, бр. 25/98 и 6/00), Законот за семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување, признавање, одобрување и заштита на сорта („Службен весник на Република Македонија’’, бр. 41/00), Законот за сточарство („Службен весник на Република Македонија’’, бр. 61/97), Законот за земјоделска инспекција („Службен весник на Република Македонија’’, бр. 38/04), како и Правилникот за здравствена контрола на растенијата во прометот преку државната граница („Службен лист на СФРЈ“, бр. 59/91), Правилникот за задолжителен здравствен преглед на посеви и објекти, семе и посадочен материјал на земјоделски шуми и растенија („Службен лист на СФРЈ’’, бр. 52/86) и Наредбата за определување на карантински надзор при увоз на саден материјал на повеќегодишни растенија („Службен весник на Република Македонија’’, бр. 81/03).

Во областа на управувањето со границите, Министерството за здравство ги применува одредбите на Законот за безбедност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната („Службен весник на Република Македонија’’, бр. 48/02), Законот за заштита на јонизирачко зрачење и радијација („Службен весник на Република Македонија’’, бр. 54/02), Законот за заштита на населението од заразни болести (“Службен весник на Република Македонија’’, бр. 66/04), Законот за прекурзори („Службен весник на Република Македонија’’, бр. 37/04), Законот за превоз на опасни материи („Службен лист на СФРЈ’’, бр. 27/90) и Законот за промет на отрови („Службен лист на СФРЈ’’, бр. 13/91).

Во рамките на системот на управување со границите, се третира и сегментот на планирање на граничните премини, односно прашањето на изработката на урбанистичките проекти за граничните премини согласно одредбите на Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија’’, бр. 4/96, 28/97, 18/99, 53/01 и 45/02).

Во тек е подготовка на Закон за надзор на државната граница, со кој ќе се регулираат прашањето на надзорот на државната граница, надлежностите на граничната полиција и меѓуграничната полициска соработка.



Достарыңызбен бөлісу:
  1   2   3   4   5   6   7   8   9   ...   51




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет